Новак Ѓоковиќ мина фуриозно во првиот сет од дуелот со Тиаго Тиранте кој значеше прв меч за него по полуфиналето на Вимблдон, но долгата пауза која ја направи Србинот од третиот грен слем во годината, очигледно направи да остане без здив во вториот сет. Откако го доби првиот сет со 6:2, Новак имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на ...
Новак Ѓоковиќ во изминатите две-три години во повеќе наврати се најде во ситуации во кои многу брзо „издишува како балон“, а тоа посебно доаѓа до израз кога игра на турнирите во САД и во Австралија каде се игра во екстремни услови. Високите температури и високата влажност ги прават мечевите исклучително непријатни за големиот грен слем рекордер, кој вчеравечер загуби меч на кој изгледаше дека има добри предуслови да победи. Новак го доби ...

