Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
ПСЖ има стабилна голамска ситуација со Матвеи Сафонов и Лукас Шевалие, но актуелниот европски шампион мисли на иднината и денеска го договори трансферот на еден од најперспективните светски голмани. Зион Сузуки воодушеви со своите настапи за Парма и се претвори во еден од најпосакуваните млади голмани во светот, а иако некое време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, сега ПСЖ е клубот кој ја комплетираше операцијата. Како што јавуваат ...
Ромелу Лукаку целосно ги наруши односите со водечките луѓе на Наполи откако го одложи своето враќање во клубот на крајот на минатата сезона, па откако го заврши својот настап на мундијалот, беше јасно дека приоритет број еден на „наполитанците“ ќе биде да го продадат Белгиецот. Лукаку влезе во последните 12 месеци од договорот и Наполи како клуб не можеше да се занесува со барање на некоја нелогична сума за негова продажба, а ова попладне ...
Марк Кукурелја вчера го одработи првиот тренинг како член на Реал Мадрид и се запозна со дел од квалитетот на новите соиграчи, но и со тренерот Жозе Мурињо. Левиот бек пристигна во шпанската престолнина како актуелен светски шампион и таквиот статус сигурно му годи во период кога го направи најголемиот трансфер во кариерата, но тој уште при првиот работен ден дозна дека на тренинзите ќе има доста работа. Дефанзивецот има за соиграчи екстремно ...
Пелистер продолжува да го збогатува својот кошаркарски ростер за новата натпреварувачка сезона, а најново засилување за битолскиот клуб е нов надежен кошаркар од Македонија. Лука Савиќевиќ потпиша договор со Пелистер и набрзо ќе се придружи на тренинзите кои ги води тренерот Тан Спасев, кој претходно доби неколку засилувања во имиња како Бојан Димитриев, Камрон МекДауел, Виктор Златевски, Иван Сапунџиев, Коста Кириловски, Алонзо Едвард Денинг ...
Вест Хем драстично го намали буџетот и мораше да ги продаде своите најдобри фудбалери поради испаѓањето во понизок ранг, но во тимот се уште задржа елитни и звучни имиња како Боуен, Соучек, Кастелјанос, Мавропанос и Ворд Праус. Менаџерот Нуно Еспирито Санто реши да не го напушти бродот кој тоне и како кормилар одлучи да го продолжи проектот и во Чемпионшип лигата, а бидејќи негова цел ќе биде експресно враќање во Премиер лигата, до крајот на ...
Вчерашниот тренинг на ПСЖ беше одбележан од враќањето на голем број репрезентативци, а меѓу нив беше и оној најсреќниот и најрасположениот, новиот светски шампион, Фабијан Руиз. Шпанскиот играч за врска го почна турнирот како резерва, но во продолжение од турнирот повторно ја покажа својата класа на дело, па како тивок херој кој ретко добива комплименти во јавноста, Луис Енрике сега реши да го возвише името на Руиз пред да почнат главните ...
Дин Хаусен имаше подеми и падови во својата прва сезона како играч на Реал Мадрид, а сега втората ќе ја стартува со нова енергија и со сменет број на својот дрес. Заминувањата на искусни фудбалери и носењето на нови засилувања донесоа ротации кај одредени фудбалери, со тоа што шпанскиот фудбалер реши да го земе бројот кој до пред два месеци го носеше Давид Алаба. Хаусен ја избра „4-та“ како број кој ќе биде препознатлив за него во продолжение ...
Интер во добар дел од месец јули изгледаше како клуб кој е во најдобра позиција да го ангажира Кристијан Ромеро, но откако во целата акција се вклучија Атлетико и Чоло Симеоне, сега се чини дека аргентинскиот стопер е многу блиску до преселба во шпанската престолнина. Висината на трансферот треба да достигне 40 милиони евра поради фактот што Ромеро самиот побара да си замине од Тотенхем, а со оглед на тоа што станува збор за елитен дефанзивец ...
Доналд Трамп воспостави одлична конекција со Џани Инфатино и во неколку наврати го пофали првиот човек на ФИФА за време на Светското првенство, па сега во период кога претседателот на ФИФА добива безброј забелешки за својата работа и се бара негово заминување, со свој став се јави и човекот кој го извршува својот втор мандат како претседател на САД. Инфантино посебно го навлече гневот поради тоа што понуди предлог-проект според кој ...
УЕФА се дистанцираше од дел од правилата кои ги имплементираше ФИФА на Светското првенство, но во пресрет на новата сезона во најквалитетните три натпреварувања под капата на европската Федерација, пристигна вест која влева оптимизам меѓу искрените фудбалски фанови. Најважното фудбалско тело во европскиот фудбал претстави нова платформа наречена „Clear Line“ преку која ќе бидат активирани и фудбалските фанови за пронаоѓање на аномалиите на ...
Жозе Мурињо јасно стави до знаење дека очекува раздвиженост до крајот на летниот преоден рок од Реал Мадрид, не толку кога е во прашање ангажманот на нови играчи, колку што очекува заминувања на играчи кои не се во неговиот план. Мурињо побара „краток состав“ и јасно нагласи дека не сака да биде ставен во ситуација во која би бирал од 26 играчи во првиот тим, а тоа значи дека Реал ќе мора да направи рез во периодот кој следи. Реал Мадрид ја ...
Алексис Санчез се афирмираше како голем талент во Европа пред 18 години кога воодушеви со настапите во Удинезе, а оттогаш промени многу клубови и настапуваше за великани како Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Марсеј. Последнава сезона, Алексис водеше грчевите борба за опстанок и и помогна на Севилја да опстане во елитата, па иако доби понуда од шпанскиот клуб за нова соработка, Чилеанецот реши да си ја бара среќата на друго ...
Дино Раѓа е легендарен хрватски кошаркар кој поради својот квалитет заврши и во најсилната НБА лига, а бидејќи во тоа време за свои соиграчи имаше големи легенди на југословенската и балканската кошарка, тој и натаму со голема носталгија се навраќа на тој период. Раѓа ги следи модерните трендови во кошарката и во повеќе наврати има потенцирано дека е воодушевен од доминацијата на Никола Јокиќ во најсилната кошаркарска лига во светот, но ...
Роналд Араухо комплетираше изненадувачки трансфер во Ливерпул и истиот беше официјализиран вчеравечер од двата клуба, а сосема очекувано, оној од „Енфилд Роуд“ му направи и прво интервју на уругвајскиот стопер. Досегашниот капитен на Барселона реши да ја промени средината и да искуси нешто ново, па иако во прв момент станува збор позајмица, во операцијата е вклучено и право на откуп за сума од 55 милиони евра. Доколку Араухо ја пронајде ...
Марк Кукурелја имаше интензивни три недели по крајот на Светското првенство и вчера за првпат се појави во тренинг комплексот на Реал Мадрид, а откако ги мина стандардните медицински тестови, го одработи и првиот тренинг со Жозе Мурињо и новите соиграчи. Големото засилување од Челси треба да се наметне како стандарден лев бек во тимот на португалскиот стручњак и очекувањата се актуелниот светски шампион да добие предност пред Карерас и Менди, ...
Трансфер шпекулациите се вообичаени за актуелната фудбалска сцена, а социјалните мрежи овозможија нивно експресно ширење и дезинформации за фановите. Турските власти денеска направија невообичаен потег, притворајќи новинар кој пред одреден период тврдеше дека Џамал Мусиала ќе потпише за Галатасарај. Се работи за новинарот Бурхан Џан Терзи, кој бил приведен од полицијата со обвинение за намерно ширење неточни информации, нешто што првпат се ...
Аталанта летово остана без еден од најискусните фудбалери и човек кој помина десет години во клубот од Бергамо. Берат Џимсити се сели во екипата на Ал Дирија во Саудиска Арабија, а откако неговиот договор со азискиот клуб е потврден, тој со емотивно писмо се прости и со клубот, фановите и градот Бергамо. – Денес започнува ново поглавје, но, има места што никогаш навистина не ги напуштате. Можете да напуштите тим. Можете да напуштите град. Но, ...
Јулијан Брандт постигна гол на дебито за новиот клуб Ајакс и на одличен начин се најави пред фановите на холандскиот великан, но Рафаел ван дер Варт не гледа причина за посебна еуфорија поради неговото доаѓање во Амстердам. Во свој стил, поранешниот холандски репрезентативец зборувал за Брандт, па и покрај тоа што не го негира неговиот квалитет, истакнал дека фудбалерот треба да биде почестен што игра за клуб со такво реноме, а не да се прави ...
Денеска со ждрепка беа одредени паровите за второто коло на англискиот Карабао или Лига куп, а свои противници добија и единаесет екипи од Премиер лигата. Ждрепката сакаше да има и еден премиерлигашки дуел, па така Нотингем Форест ќе го пречека Лидс во најинтересната двојка од оваа рунда, по што само еден член на елитата ќе може да го продолжи настапот во ова натпреварување. Челси пред своите фанови ќе го пречека Лутон, додека Тотенхем доби ...
Џенаро Гатузо го презема Лацио и ќе се обиде да ги оствари клупските амбиции во новата сезона, но тоа дефинитивно нема да биде лесен предизвик. Таков впечаток се добива од потезите на римскиот клуб во овој преоден рок, во кој Лацио тешко ги убедува фудбалерите да се преселат на „Олимпико“, а таков е и последниот пример, односно обид за заем на квалитетен играч. Фрањо Ивановиќ ги имаше договорено условите со Лацио, Бенфика дала зелено светло ...
Рома наскоро официјално ќе го потврди новото засилување на бековските позиции, бидејќи вечерва во Рим пристигнал Нахуел Молина. Аргентинскиот репрезентативец досега настапуваше за Атлетико Мадрид, но решил да ја прифати понудата на „волчицата“ и да се врати во Италија, каде и се наметна со своите одлични игри. Стотина фанови на Рома вечерва го пречекале Молина на еден од римските аеродроми, а по лекарските прегледи, тој ќе биде потврден како ...
Ливерпул и Барселона истовремено го потврдија заемот на Роналд Араухо на „Енфилд“, со што премиерлигашот и официјално доби засилување во одбраната. Новиот менаџер Андони Ираола инсистирал на нови имиња во дефанзивата поради проблемите со повреди и заминувањето на Конате, а Араухо е интересен потег кој претходно не беше најавуван од медиумите. Уругвајскиот репрезентативец доаѓа на заем до крајот на сезоната, но Ливерпул има можност и да го ...
Европскиот шампион ПСЖ полека ги пополнува испразнетите места во тимот, а откако Луис Енрике ги доби на располагање француските репрезентатвци Аклиуш и Дињ, очекува уште три нови имиња до крајот на преодниот рок. Преговорите се во тек за голманот Зион Сузуки од Парма и Феран Торес од Барселона и најавите се дека деновиве тие трансфери ќе бидат официјализирани, додека последниот слот во ростерот е оставен за напаѓач. Заминувањето на Гонсало ...
Тренерот Рубен Аморим неколку пати најави дека оваа недела ќе мора да бидат донесени одлуки поврзани со конечниот изглед на ростерот на Милан за новата сезона, а тоа подразбира и заминување на дел од актуелните членови на првиот тим. Португалецот и менаџментот веќе донеле одредени заклучоци кои се базираат на претходната сезона, но и на текот на досегашните подготовки, а прв на кој му е соопштено дека треба да замине е Јусуф Фофана. ...
Раководството на Баерн Минхен најавуваше дека е блиску до официјален договор со голем фудбалски талент, а денеска е потврдено дека Бара Сапоко Ндиаје ставил потпис за соработка со германскиот великан до 2031 година. Баварците ја искористија соработката со фудбалската академија Гамбинос Старс и уште на почетокот на годината го доведоа Сапоко Ндиеја во Минхен, за сега да стане јасно дека клубот очекува многу од него на долгорочен план. ...
Додека Јувентус се подготвува за утрешното соочување со Палермо на австралиска територија, раководството во Италија работи на уште неколку посакувани трансфери и засилувања побарани од тренерот Лучијано Спалети. Еден од круцијалните потези е засилувањето на одбраната, а за овој дел од тимот е пикиран Џон Лукуми од редовите на Болоња. Подолг период се зборува за опцијата Лукуми, но според „Тутоспорт“, Јувентус деновиве дефинитивно го ...
Барселона се уште не го затворила преодниот рок и може да се очекуваат уште неколку излезни и влезни трансфери до крајот на истиот, а она што беше реално е Рони Барџи да најде нова опција за да ја добие посакуваната минутажа. Шведскиот фудбалер одамна му потврдил на раководството дека е незадоволен од статусот кој го има кај Ханси Флик и му било дозволено да преговара со други клубови, но сега се шпекулира дека заработил голем удар во клучен ...
Џан Пјеро Гасперини веќе неколку пати потенцираше дека на Рома и се потребни засилувања, медиумите тврдат дека поради оваа причина влегол и во конфликт со раководството, а нова цел на „волчицата“ е голем талент на Порто. Италијанскиот клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите се обидува да доведе неколку нови играчи на различни позиции, а сега најголемата офанзива е поврзана со Родриго Мора од редовите на Порто. Големиот талент веќе најави ...
Конзорциум во кој се наоѓа и сопственикот на гигантот „Амазон“, Џеф Безос, е во напредни преговори да купи голем акционерски удел во фудбалскиот клуб Ливерпул. Сите британски медиуми потврдија дека преговорите се во финална фаза и дека групацијата предводена од британско-индискиот бизнисмен Амит Батија ќе купи 30 проценти од сопственичката структура на „црвените“. Ова е само потврда за претходната информација објавена пред околу еден месец, а ...
Шкендија вчера оствари голема победа на „Тодор Проески“ и го надигра Вардар во големото македонско дерби, но пред да се насочи на новиот голем предизвик во Европа, клубот денеска излезе со соопштение за едно заминување. Македонскиот вицешампион реши предвреме да ја прекине соработката со крилниот фудбалер Себастијан Спахиу, кој од денеска може да си бара нов клуб како слободен агент. – Шкендија му се заблагодарува на Себастјан Спахиу за ...