Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Жозе Мурињо ќе го има на располагање цел тим најдоцна до среда, откако денеска на официјалниот тренинг се појавија дури четири повратници кои имаа продолжени обврски на Светското првенство. Настапот на мундијалот им даде продолжен одмор на неколку ѕвезди, а денеска топ тема во шпанската престолнина е тоа што во Валдебебас се пријавија Французите Мбапе, Конате и Чуамени, како и големото летно засилување, Марк Кукурелја. За Мбапе и Чуамени ова ...
Манчестер Сити и Челси ги имаат убедливо најскапите операции ова лето и искешираа по 116 и 117 милиони фунти за Елиот Андерсон и Морган Роџерс, но според Џон Оби Микел, најимпресивен е трансферот кој го режираше Манчестер Јунајтед за далеку помала сума. „Црвените ѓаволи“ промовираа три засилувања во досегашниот тек на летниот преоден рок во Сантош, Дарлоу и Тилеманс, а токму ангажманот на белгискиот репрезентативец е оној кој посебно го ...
Виктор Ѓокереш пристигна во Арсенал со цел да ја поправи ефикасноста во завршната третина од теренот, па иако тимот освои титула која долго ја чекаше во неговата прва сезона како „топчија“, реалноста е дека јавноста имаше многу поголеми очекувања од Швеѓанецот. Ѓокереш ќе мора да им се докажува на Англичаните и во сезоанта во која Арсенал ќе ја брани титулата во Премиер лигата, но пред да дојде до официјален старт на шампионатот, сеирџиите ...
Фудбалските возбудувања во Бразил се во полна пареа и вчера видовме момент кој уште еднаш ни долови какво лудило може да видиме на стадионите во Јужна Америка, но веќе денеска пристигнува ново видео кое стана вирален хит, а истото носи урнебесна содржина. Станува збор за најновото засилување на Крузеиро, кое на официјалната презентација имаше момент по кој сигурно сакаше да „пропадне во земја“. Лусијано Родригез беше претставен како големо ...
Фрањо Ивановиќ беше голема трансфер мета на Лацио и клубот од Рим направи се за да го има Хрватот во своите редови, но кога требаше да се финализираат преговорите, пристигна неочекувана пречка во вид на сериозен ривал од Франција. Ленс се вклучи во трката за потписот на хрватскиот напаѓач и брзо успеа да го убеди со проектот кој му го понуди, па тоа го призна и самиот Рино Гатузо на обраќањето пред италијанските новинари. Тренерот на Лацио го ...
Кошаркарската Федерација на Македонија денеска објави конкурс за пополнување на едното празно место кое остана во Суперлигата, опција која се отвори откако Чаир 2030 не успеа да ги исполни предвидените финансиски услови за издавање лиценца во најсилното друштво. Со цел да има транспарентност и да се биде фер кон сите клубови во македонската кошарка, КФМ реши да распише конкурс на кој ќе можат да конкурираат сите потенцијални кандидати, со ...
Џани Инфантино го навлече гневот кај голем број фудбалски фанови со своето однесување на Светското првенство, но и со предлог-проектот кој го понуди по крајот на турнирот во САД, Мексико и Канада, а според многумина, тоа треба да претставува иницијална каписла за она што е неизбежно, односно негова смена на претседателската функција. УЕФА веќе неколку недели води „војна“ против Инфантино и го „разоктри“ со неколку експлозивни соопштенија, а ...
Македонските кадети уште еднаш покажаа дека ракометот има светла иднина во нашата земја, па откако триумфираа на Светското училишно првенство кое се одржа во Скопје, сега се прикажаа во извонредно светло и на Европското првенство кое се одигра во соседна Србија. Избраниците на Горан Кузмановски го потврдија својот квалитет и го освоија деветтото место на континенталниот турнир, па сосема оправдано, денеска беа пречекани во просториите на РФМ ...
Фудбалскиот клуб Вардар фати нов курс откако ја заврши соработката со Гоце Седлоски на крајот на сезоната во која стана шампион, но неговиот наследник испадна дека нема да го дочека ниту третото коло во Првата македонска фудбалска лига. Кристијан Фабијани најавуваше агресивен и напаѓачки фудбал од Вардар под негово водство, а откако скромните изданија во Европа дадоа лош предзнак за тоа што следи, вчерашната лекција од Шкендија на „Тодор ...
Сер Алекс Фергусон и ден денеска важи за последниот менаџер кој му донесе премиерлигашка титула на Манчестер Јунајтед, а 13 години по неговото пензионирање, се уште доста свежи се спомените од патот кој го фати клубот од тој момент. Легендарниот Шкотланѓанец беше наследен од Дејвид Мојс во најтешката етапа за клубот од „Олд Трафорд“, но пред да падне изборот на тогашниот менаџер на Евертон, Манчестер Јунајтед бил одбиен од еден од најголемите ...
Фабрис Табма направи клучна разлика на вчерашното македонско дерби во Првата лига и му пресуид на Вардар со двата гола во мрежата на Талески, блесок кој пристигна во најдобро време за Шкендија во пресрет на големиот предизвик кој следи. Дербито со Вардар се играше измеѓу двомечот со Хибернијан во третото квалификациско коло во Конференциската лига, па јасно е дека вчерашното издание на „Тодор Проески“ треба да влијае позитивно врз четата на ...
Килијан Мбапе се уште е на продолжен одмор и се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид на крајот на оваа недела, но пред да дојде да размислува за првите тренинзи под водство на Жозе Мурињо, францускиот капитен е во заврши преговори за комплетирање на една неочекувана зделка. Како што јавуваат добро упатени извори од Франција, Мбапе ставил крај на својот долгогодишен договор со Најк и раскинал со угледната американска компанија, а уште ...
Даниеле Де Роси очекува тежок старт на сезоната за Џенова по лошите резултати кои ги оствари тимот во пресезонските подготовки, но легендата на Рома има поголеми стравувања од тоа да не остане без уште некој клучен фудбалер до крајот на летниот преоден рок, отколку што е загрижен за првите два ривали во Серија А. Џенова ќе ја отвори сезоната со дуел против Асколи во Копа Италија, потоа ќе следат натпревари против Наполи и Лацио во првите две ...
Трево Чалоба се издигна во англиски репрезентативец и стана составен дел од тимот кој имаше настап на Светско првенство, пред се благодарение на извонредната сезона која ја остави зад себе како еден од најконстантите играчи на Челси. Младиот стопер успеа да се наметне во сезоната за заборав која ја имаше великанот од „Стемфорд Бриџ“, па иако беше меѓу најстандардните, големата промена која настана ова лето направи да стане играч за кој клубот ...
Додека во најсилните лиги во Европа се чека стартот на новата натпреварувачка сезона, во Шведска натпреварувањето е веќе на средина на сезона и екипите се во полн натпреварувачки ритам. Изминатиот викенд се комплетираше 15-то коло во најсилната натпреварувачка лига во Шведска, па иако станува збор за натпреварување кое не е така атрактивно, играчот Дијан Вукојевиќ се погрижи еден момент да биде посебно споделуван. Играчот на Дагерфорс ...
Арсенал во саботата го потврди Бруно Гимараеш како најново летно засилување за натпреварувачката сезона која следи, па иако беше премногу рано да дебитира еден ден подоцна, Бразилецот вчера беше на „Емирејтс“ и ги поздрави новите фанови. Досегашниот играч на Њукасл пристигна како огромно засилување за сума од 75 милиони фунти и самиот се претстави пред фановите како голем борец на теренот, а оваа карактеристика беше коментирата и од Микел ...
Тибо Куртоа го скрати својот летен одмор и порано од предвиденото се врати во Реал Мадрид, потег со кој уште еднаш покажа максимална професионалност и посветеност кон работата која најмногу ја сака. Искусниот белгиски чувар на мрежата го заврши Светското првенство со повреда против Шпанија и самиот вели дека тоа било клучна причина за да се врати неколку дена порано, од едноставна причина што сакал да се увери дека нема никаков проблем да се ...
Ливерпул доживеа непосакувано дежа ви на втор натпревар во низа во пресезоната, односно по вторпат загуби на меч на кој поведе со 2:0. Андони Ираола може да биде задоволен од тоа како неговите играчи ги отвораат натпреварите, но никако не може да биде задоволен од играта во одбрана и големиот број примени голови. Лидс пред неколку дена направи пресврт и славеше со 2:4, а сега по водство од 2:0, „црвените“ претрпеа пораз од Монако со резултат ...
Паоло Малдини беше еден од оние примери кои се издвојуваа по лојалноста која ја прикажуваат кон еден клуб, а бидејќи таквиот тренд полека изумира во модерниот фудбал, таквите наследства од минатото уште повеќе добиваат на значење. Малдини цела своја кариера му ја посвети на Милан од првиот до последниот ден во професионалната кариера и замина во пензија како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, но тоа што тој го направи во ...
Македонскиот напаѓач, Даниел Мусовски ја прекина серијата без погодок и по подолго време стрелаше за Сиетл Саундерс и тоа во рамките на Лига Купот, натпреварување на екипите од северна и средна Америка. МЛС тимот му одржа лекција на мексикански Керетаро совладувајќи го со 3-0 со тоа што еден од головите беше дело на Мусовски. Офанзивецот кој пред неколку месеци дебитираше за македонската репрезентација ја затресе мрежата на гостите во 41 ...
Вардар одигра очајно второ полувреме против Шкендија и едноставно не можеше да поврзе повеќе паса на теренот во противничката половина, а со таков распоред на силите, актуелниот шампион може да биде среќен што загуби само со 2:0. Индолентноста и немоќта која ја покажаа вардаровите фудбалери ги натераа најверните навивачи да пеат песни против упрвата на клубот со која водат „војна“ подолго време, па во период кога тимот брзо испадна од ...
Додека јавноста се подготвува за старт на топ 5 лигите во Европа, некои првенства стартуваа овој или изминатиот викенд, а во Русија викендов се играше петтото коло. Поради воениот конфликт со Украина, руското првенство не е во фокусот како што беше некогаш, но денеска еден фудбалер од редовите на Спартак од Кострома се погрижи да стане вирален хит. Второлигашот Спартак успеа да слави со 3:1, но сите зборуваа за асистенцијата која претходела ...
Артим Положани мора да биде задоволен од изданието кое го имаше Шкендија во второто полувреме од дербито на „Тодор Проески“, а тренерот на македонскиот вицешампион искажа токму такви чувства по победата од 2:0. Тетовци допатуваа во Скопје после тешко патување во Шкотска и се вратија во петокот наутро, па денеска играа дерби натпревар во 17:00 часот и издоминираа во неверојатно добро второт полувреме во кое можеа да постигнат уште два или три ...
Американската кошарка денеска поздравува една од најголемите тренерски легенди во својата историја, но и човек кој остави свој белег и како играч во НБА лигата. Дон Нелсон починал денеска опкружен од своите најблиски на 87-годишна возраст, а оваа тажна вест во јавноста ја проследи неговото семејство со кратко и концизно соопштение. – Денеска не напушти нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо Дон Нелсон. Тој мирно се упокои пред Бога, ...
Ајакс ја отвори новата сезона во Првата холандска лига со очекувана победа, но истата беше остварена потешко од очекувањата и во ситуација кога Цволе остана со играч помалку. „Копјаниците“ имаа доста маки во првиот дел и успеаја да направат разлика откако имаа играч повеќе на теренот, а резултатот беше непроменет на паузата и поради една извонредна реакција на Тер Штеген. Големото засилување од Барса сигурно ќе сака да ја остави ужасната ...
Родри се претвори во најголема трансфер приказна за Манчестер Сити ова лето, бидејќи медиумите прво го преселуваа во Реал Мадрид, а сега во Барселона. Каталонскиот гигант направи исчекор и отпочна преговори со Манчестер Сити, но откако беше одбиена првата формална понуда која беше доставена, сега се исчекува втора во периодот кој следи. МВП играчот од Светското првенство е подготвен да направи промена и да се врати во родната земја, па иако ...
Коритиба го победи Чапекоенсе на домашен терен на утринскиот натпревар во најсилната бразилска Серија А лига, но овој меч се најде во фокусот поради еден момент кој стана вирален хит. Домаќините славеа со головите на Тиаго и Педро и извојуваа триумф од 2:1, меѓутоа најкоментиран момент во Бразил е оној од пред крајот на првиот дел. Играчите на Коритиба се добро запознаени дека влезот и излезот од соблекувалната се наоѓа на еден од аглите зад ...
Ливерпул го дочека Монако на пријателскиот меч што се одигра на „Енфилд Роуд“, но наместо победа и радост им донесе ново разочарување на навивачите по слично сценариот како на претходниот тест против Лидс Јунајтед. Имено Ливерпул против Лидс водеше со 2-0, а на крајот загуби со 4-2 со четири гола во второто полувреме. Денеска пак „црвените“ делуваа сигурно против Монако, па имаа сигурна предност со головите на Исак и Вирц. Во самата завршница ...
Шкендија го доби првото сезонско дерби против Вардар и успеа да слави во домот на македонскиот шампион, кој денеска изгледаше навистина лошо и непрепознатливо во второто полувреме. Тренерот Кристијан Фабијани ќе мора да промени многу работи ако сака да си ја задржи својата задача како шеф на стручниот штаб, а тоа може да се заклучи и од нервозата на неколку фудбалери на Вардар по последниот судиски свиреж. Играчите на Шкендија беа далеку ...
Второто коло го донесе најголемото дерби во македонскиот фудбал во овој момент, па така најдобрите тимови ги вкрстија копјата во Скопје и добивме јасна слика дека Шкендија во моментов е далеку подобар и поразигран тим од оној на Вардар. Актуелниот шампион доби непријатен удар на домашен терен пред своите фанови на „Тодор Проески“, без оглед на фактот што одигра коректно и прифатливо прво полувреме. Во едни тивки и мирни први 45 минути, двата ...