Томас Тухел мораше да се соочи со лавина коментари и критики по изборот на составот на Англија за СП 2026, но има и такви кои изразуваат поддршка за германскиот стручњак. Џејми Карагер смета дека англискиот селектор има визија и формира победнички тим, а не тим исполнет исклучиво со големи ѕвезди и во својата колумна потенцирал дека таков селектор недостасувал во неговата генерација. – Со одредувањето на составот за светското првенство, Тухел ...

Ули Хенес вчера бил присутен на финалето на германскиот Куп, на кое Баерн Минхен освои еден трофеј и тоа со победата над Штутгарт. Баварците ги израдуваа своите фанови, а Хенес како еден од нив, но и човек кој се уште има сериозно влијание врз одговорните во клубот, зборувал на различни теми, вклучувајќи ги и шпекулациите за продажба на Хари Кејн. Барселона е клубот кој беше поврзуван со трансфер на Кејн како природна замена за Роберт ...

Интер ја заврши сезоната со реми, но тоа нема да го наруши славјето по освојувањето на двојната круна. Тренерот Кристијан Киву може да биде задоволен од првата сезона на клупата на „нероазурите“, а сега вели дека едвај чека да одмори и да му се посвети на семејството. Романија нема да биде дел од претстојниот мундијал, а на прашањето за кого ќе навива на СП, романскиот стручњак дал поинаков одговор. – Ќе навивам за семејството, бидејќи ...

Шпанското првенство за сезоната 2025/26 завршува викендов, а „Марка“ веќе го направи изборот на најдобрите фудбалери, оние кои биле блиску до најдобрите и се дел од втората и третата постава, но и најголемите разочарувања. Во најдобриот тим има пет претставници на шампионот Барселона, а тоа се голманот Гарсија, Е. Гарсија, Педри, Фермин и Јамал, додека од Реал Мадрид место имаше за Мбапе и Чуамени. На позицијата напаѓач угледниот медиум го ...

Олександр Усик успеа да го задржи приматот на светски боксерски шампион во тешка категорија, по контроверзната победа над кикбоксерот Рико Верховен, за кого ова беше само второ професионално соочување во боксерски ринг. Верховен го изненади Украинецот со својата офанзивна тактика и агресивност, имаше повеќе освоени поени од судиите, но во единаесеттата рунда, судијата во рингот го прекина дуелот и му ја додели победата на Усик. Верховен ...

Иранската фудбалска репрезентација дефинитивно ќе учествува на Светското фудбалско првенство, но одговорните во федерацијата решиле да ја променат мундијалската база. Првичниот договор со ФИФА беше дека иранската делегација ќе биде сместена во Тусон, но Светската фудбалска федерација одобрила преместување во Мексико. Федерацијата објави дека базата сепак ќе биде во Тихуана, Мексико, со што Иранците се надеваат дека ќе си овозможат и ...

Кливленд не успеа да ја врати неизвесноста во серијата со Њујорк и противникот е блиску до обезбедување финале во НБА плејофот. Никс стигнаа до уште комотна победа во соочувањата со Кливленд, овојпат како гости славеа со 108:121 и поведоа со 3:0 во конференциското финале. Брансон со 30, односно Бриџис со 22 и Ануноби со 21 поен беа најдобри поединци во победничката екипа, додека кај Кливленд, Мобли го заврши натпреварот со 24, додека Мичел ...

Дани Карвахал го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид и тоа го доживеа со многу емоции, но уште повеќе се разнежни кога имаше можност да говори пред фановите на „Сантијаго Бернабеу“. Капитенот на Реал е последниот член на златната генерација кој стави крај на својата авантура во „кралскиот клуб“, а во период кога сите беа подготвени за неговата вечер, десниот бек се потсети на неколку соиграчи и побара аплаузи за златната ...

Столе Димитриевски брани во страшна форма во вториот дел од сезоната во шпанската Примера, односно од првиот момент кога доби шанса редовно да го брани голот на Валенсија. Македонскиот чувар на мрежата доби шанса поради повредата на Агиресабала и максимално ја искористи оваа прилика, па во завршницата од сезоната без никаков сомнеж беше еден од најдобрите поединци во тимот на Карлос Корберан. Иако тренерот не му даваше шанса, во вториот дел ...

Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити по крајот на оваа сезона со што се заокружува една успешна приказна. Диего Симеоне не може да се пофали со истите успеси како Шпанецот, но многу добро знае што значи да се задржиш во една средина толку долго, со какви предизвици, притисок се соочуваш да испорачаш резултати. -Вистината е дека вчера прочитав малку од она што го кажа Гвардиола, неговото објаснување на прес-конференцијата и, ако го ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел успеа да биде најбрз и ја обезбеди пол позицијата во трката за Големата награда на Канада. Расел во претходните две сезони успеваше да забележи најдобро време во квалификациите, па ова е еден вид на хет-трик, но и потврда дека обожава да вози во Канада, стаза на која претходно во текот на денот славеше во спринт трката. Британецот го остави зад себе тимскиот колега Кими Антонели што можеби е јасен знак, сигнал ...

Валенсија на Столе Димитриевски славеше над Барселона со 3-1 во средбата од последното 38. коло во шпанската Примера. Клубот од „Месталја“ посакуваше победа, победа со која можеше да избори пласман во Европа под услов да се поклопат и одредени резултати од останатите натпревари што не се случи и на крајот „лилјаците“ ја завршија сезоната на деветтата позиција на табелата. Левандовски донесе предност за старо-новиот шампион во 61 минута, но ...

Фудбалерите на Лацио славеа над Пиза со 2-1 во вториот натпревар од денешната програма од 38. коло во Серија А. Ова беше посебен меч за искусниот Педро Родригез затоа што истиот беше негов последен во дресот на клубот од Рим. Тој беше стартер и воедно го даде клучниот гол за домаќините за освојување на трите бода. Се играше 35 минута Педро по комбинацијата со Нослин, Шпанецот шутираше мајсториски и ја затресе мрежата на гостите. Инаку ...

Баерн Минхен ја потврди доминацијата во германскиот фудбал во оваа сезона откако вечерва го освои и Купот славејќи против Штутгарт. Баварците издоминираа во првенството, претходно славеа и во Супер Купот, а денеска ја заокружија кампањата со освојување на трофејот кој им бегаше во изминативе шест сезони. Тимот што го предводи Компани славеше со 3-0 и тоа пред се благодарение на неверојатниот Хари Кејн. Англичанецот испорача хет-трик во ...

Џенаро Гатузо не успеа да ја одведе Италија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико по што ја заврши епизодата како селектор, но од наредната сезона одново можеме да го видиме на клупската сцена. Последните вести кои доаѓаат од Апенините се дека Гатузо е можеби и главен кандидат за тренерската позиција во Лацио. Се очекува искусниот Маурицио Сари да ги напушти лацијалите и да се пресели во Аталанта или Наполи по што ќе се отвори ...

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ продолжува да игра на високо ниво во Баерн Минхен, тим кој со вечерашната победа над Трир обезбеди пласман во полуфиналето на плејофот во Германија. Баварците овојпат беа убедливи на теренот на противникот, славеа со 99:62 и со вкупни 3-0 ја затвори серијата, поточно сега мирно ќе може да го почека победникот од битката меѓу Бон и Вирзбург каде првите имаат предност од 2-1. Нено беше еден од ...

Барселона од 2015 година нема титула во Лигата на шампионите, но затоа женската секција на клубот доминира во ова натпреварување во изминативе сезони, а токму денеска во Осло дојде до уште еден пехар. Девојките на Барселона го разбија Олимпик Лион со 4-0, односно дојдоа до четвртиот трофеј во последните шест сезони. Лион во првиот дел успеа да даде гол, ама истиот беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме шпанскиот првак се разбуди и ...

Составот на Алкалоид издвојува победа над Бутел од 37:21 во последниот домашен меч за оваа сезона во Суперлигата. Избраниците на Лазаров ја потврдија разликата во квалитет и остварија убедлив триумф со доминантни изданија во двете полувремиња, првото го добија со 19:11, а второто со 18:10 Најрасположен за игра беше Тордарсон со осум погодоци. Воедно клубот од Автокоманда официјално ја потврди разделквата со тројца играчи и тоа ветеранот ...

Болоња и Интер со фантастичен меч се одјавија од оваа сезона во Серија А, меч кој беше вистински спектакл, шоу на „Ренато Дал’Ара“, соочување кое донесе шест погодоци за конечни на крајот 3-3. Двете екипи одигра отворено, без притисок, а под овие услови беше уживање да се гледа, но и да се прати овој натпревар. Ваквото сценарио беше најавено со мајсторискиот погодок на Димарко во 22 минута, поточно Италијанецот ја потврди неверојатната ...

Екипата на Вардар со убедлива победа над Шкендија од 3-0 ја заокружи оваа сезона во која покажа дека е најдобар клуб во Македонија. Новиот првак го надигра клубот од Тетово и со стил ја заокружи приказната за натпреварувачката 2025/2026. Домаќините имаа значајна поддршка од трибините на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, па така уште во првиот дел се стекнаа со сериозна предност од 2-0 со комичниот автогол на Ајетовиќ и погодокот ...

„Плазма спортските игри за млади“ – најголемата аматерска спортска манифестација за млади во Европа се пресели Штип. Штип беше домаќин на уште еден значаен настан во кој младите беа обединети преку спортот, тимскиот дух, фер-плејот и позитивните вредности. Учениците од основните и средните училишта имаа можност да се надигруваат, натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, а најдобрите ќе можат да се надеваат дека ќе обезбедат учество на ...

Тимот на Еурофарм Пелистер доведе уште едно засилување за наредната сезона и тоа засилување на левата бековска позиција од Словенија. Се работи за 20-годишниот Малик Татар, играч со потенцијал, играч кој со Пелистер потпиша двегодишен договор. -Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот ...

Екипата на Брегалница се враќа во Првата македонска фудбалска лига во натпреварувачката 2026/2027 и тоа откако успеа да биде најдобра во второлигашката конкуренција во изминатава сезона. Клубот од Штип со стил и со убедлива победа го обезбеди статусот на прволигаш, поточно ја потопи Победа со 7-0. Интересно е тоа што седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци, се тргна од Костов во 8 минута по што погодија Михолов, Наумоски, ...

Оклахома Сити Тандер го врати брејкот и поведе со 2-1 во финалната серија против Сан Антонио Спарс во западната конференција во НБА лигата. ОКЦ славеше во Тексас со 123;103 и како полека да пронаоѓа начин и да има контрола во оваа битка во која влезе во улога на фаворит. Од третиот меч ги имаме најдобрите моменти, а потегот број еден е за центарот Хартенштајн и магичната асистенција до Џо. Оклахома Сити Тандер го врати брејкот и поведе со ...

Најскапиот меч во фудбалот со години наназад се игра на „Вембли“, а тоа е плејоф натпреварот кој го носи третиот и последен патник во Премиер лигата. Оваа година, битката на натпреварот вреден 200 милиони фунти го играа Хал Сити и Мидлзброу, и тоа после скандалот со шпионирање кој изби непосредно пред финалето на најпознатото фудбалско здание во Англија. Саутемптон поради шпионирање на ривалите остана суспендиран од ФА и беше отстранет од ...

Лучијано Спалети неодамна потпиша договор да го води Јувентус на долгорочен план, но бидејќи тоа се случи во период кога екипата беше на местата кои водат во Лигата на шампиони, пред завршната рунда во Серија А се појави шпекулација која брзо стана доста коментирана. „Ла Стампа“ вчера излезе со сензационални гласини дека Спалети е подготвен да преземе одговорност и да се повлече ако тимот не обезбеди Лига на шампиони, сценарио кое е доста ...

Арсими мирно ја приведе до крај својата прва сезона во Првата македонска фудбалска лига, па откако обезбеди опстанок, го заврши шампионатот и со две победи. Откако славеше со 0:1 против Силекс, тимот од Чегране денеска на домашен терен славеше и против третиот најдобар тим во Првата лига, екипата на Струга. Арсими славеше со 1:0 благодарение на голот кој го постигна Бесагиќ на стартот на второто полувреме, па до крајот не ја испушти предноста ...

Трката за Премиер лигата доби сериозен заплет на 19-ти април и во тој момент се доби впечаток дека Манчестер Сити прави гигантски чекор кон нов трофеј, но точно еден месец подоцна, титулата заврши во Северен Лондон. Двата кикса на Сити против Евертон и Борнмут му овозможија на Арсенал да слави титула на коло пред крајот, а во ситуација кога опуштено се дочекува натпреварот со Кристал Палас, Деклан Рајс се наврати на еден од моментите на ...

Пеп Гвардиола вчера официјално потврди дека си заминува од Манчестер Сити и оттогаш имаше неколку јавни излагања за својата десетгодишна етапа во клубот, од која составен дел стана и еден од најдобрите голгетери во модерната фудаблска ера. Ерлинг Халанд пристигна како голема ѕвезда од Борусија Дортмунд и експресно се покажа како топ засилување за шпанскиот стручњак, но три сезони по трансферот на „Итихад“, Норвежанецот сега ќе соработува со ...

Масимилијано Алегри не сакаше да потврди дали ќе остане во Милан по крајот на сезоната која полека привршува, од едноставна причина што тој вели дека пред него и играчите е најважниот меч во сезоната. Иако пласманот во Лигата на шампионите изгледаше прилично обезбеден во месец март и почетокот на април, лошата серија на резултати направи тимот да се бори за такво нешто до самиот крај, па во последната рунда ќе мора да брка победа против ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Сребро

2186.28