Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Рафиња ја залечи повредата која ја заработи на последната репрезентативна пауза во месец март, па сега е подготвен за тоа што следи, односно Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Како еден од лидерите на Бразил, Рафиња се очекува да биде еден од највлијателните во тимот на Карло Анчелоти, а откако се дозна кои играчи ќе патуваат на мундијалот, ѕвездата на Барселона си посака и идеално сценарио за финалето. Рафиња верува дека Бразил ...
По неодамна одиграните државни првенства во поединечна конкуренција, дел од најмладите ученици од школата на ШК Алкалоид избраа да настапат и на турнирот „Квалитет“, кој се одржа во Домот на културата во Ѓорче Петров. Двете категории со најмлади учесници – до 8 и до 10 години – имаа посебни турнири. Калин Стаменковски со 6,5 поени од 7 кола го освои првото место меѓу повозрасните јуниори, односно меѓу 37 играчи, притоа оставајќи го зад себе, ...
Астон Вила освои прв европски трофеј по пауза од 44 години, а еден од најсреќните и најемотивните на трибините во Истанбул беше Принцот Вилијамс. Членот на кралското семејство е познат како голем фан на клубот од Бирмингем, па откако се најде во центарот на вниманието со низа реакции во ВИП ложата, стана доста интересен за јавноста и поради изјават на Џон МекГин. Капитенот на Астон Вила не криеше дека е презадоволен од страста и емоциите кои ...
Лаутаро Мартинез веќе подолго време е дел од италијанскиот великан Интер, клуб во кој со своите настапи, посветеност, верност ја доби и капитенската лента. Аргентинецот важи за еден од најдобрите светски напаѓачи и понекогаш е изненадување како дел од екипите кои се моќни, амбициозни не притискаат за потписот на некогашниот член на Расинг. Меѓутоа како и тие да се свесни, да знаат дека Лаутаро е среќен во Милано и дека нема намера да направи ...
Како човек кој повеќе од една деценија работи во шпанската Федерација, Луис Де ла Фуенте дочека период да ја има и најодговорната функција, односно да го води најсилниот национален тим. Откако ги мина речиси сите младински категории, Де ла Фуенте доби шанса да го води и најсилниот тим, и тоа брзо по заминувањето на Луис Енрике во 2022-ра година. Набрзо откако беше назначен за селектор, од Де ла Фуенте се очекуваше да носи тешки одлуки и да се ...
Фудбалскиот клуб Шкендија не успеа во намерата да освои трета титула во Купот и загуби од Слекс во големото финале на „Тодор Проески“, но иако водеше достојна битка на теренот, доскорешниот македонски првак крена голема врева во јавноста со одлуката да не се појави на доделувањето на медалите. Играчите на Шкендија ја изигнорираа завршната церемонија и воопшто не ги примија своите сребрени медали, па откако настана голема бура во јавноста, ...
Астон Вила го надигра Фрајбург во големото финале во Лигата на Европа и освои прв европски трофеј по пауза од 44 години, успех кој целосно му се препишува на Унаи Емери, човек кој уште во најавата за завршниот меч се најавуваше како „крал на Лигата на Европа“. Шпанецот го потврди ваквиот статус со петта победа и петти трофеј во финалињата на второто по ранг европско натпреварување, па последниот судиски свиреж доби признание и од човекот кој ...
Тјери Анри им остави простор на играчите на Арсенал да се израдуваат на титулата во Премиер лигата, а откако малку спласнаа првичните импресии, популарниот Тити испрати порака преку социјалните мрежи. Французинот веруваше дека ова е сезоната во која Арсенал може да ја мине „целната линија“ како првопласиран и во неколку наврати го повторуваше тоа во различни телевизиски студија, но сега конечно дочека да види нешто што последно го доживеа ...
Арсенал по повеќе од две децении е шампион на Англија, резултат со кој оваа генерација конечно ја надмина бариерата, го остави зад себе вицешампионското место и се искачи на тронот. Огромно е задоволството, среќата кај играчите, стручниот штаб, навивачите што е сосема очекувано затоа што долго време се чекаше на овој момент. „Фор-фор-тунс“ на свој начин ја одбележаа титулата на Арсенал, победничка песна, а и интересна посета на целиот тим на ...
Шкендија беше во игра за двојна круна до последната натпреварувачка седмица во македонскиот фудбал, но сега во период од само неколку дена остана без двата трофеи и сезоната ќе ја заврши без ниту една титула. Откако ја загуби битката со Вардар во домашното првенство, Шкендија вчеравечер претрпе пораз од Силекс во големото финале во Купот, но покрај тоа што ќе се тагува за поразот, клубот од Тетово треба да очекува и сериозни дисциплински ...
Ријад Марез веќе неколку години настапува надвор од Европа и со тоа го загуби чекорот кога е прашање „трката“ со најдобрите играчи, односно повеќе не е во фокусот на јавноста. Алжирецот едно време важеше за најквалитетните крила на светот особено по епизодата во Лестер, клуб со кој направи историски успех, вистинско чудо и ја освои титулата. Потоа замина во Манчестер Сити каде се задржи пет години, период во кој играше значајна улога пред да ...
Татабања е ривалот на нашиот ГРК Охрид во финалето на Еверопскиот Куп на ЕХФ, а токму унгарскиот прволигаш со убедлива партија испрати јасна порака дека е во добар ритам пред престојниот двомеч. Имено тимот за кој настапува нашиот Филип Талески го преслуша Будаи Фаркасок со 41:34. Домаќините беа расположени за игра, ефикасни и двете полувремиња ги добија со 20:16 и 21:18. Прв стрелец беше Терјек со осум голови, Талески пак имаше еден погодок ...
Силекс по четврти пат во својата историја го освои пехарот во Купот на Македонија и со тоа обезбеди излез во европските купови. Клубот од Кратово беше подобар од Шкендија со 1-0 со погодокот кој во второто полувреме го постигна Алиќ на асистенција на Додев. Силекс ја реши Шкендија и го освои трофејот во Купот на Македонија (ВИДЕО) Со ова Александар Васоски дојде до уште еден трофеј како тренер на домашната сцена, а по мечот откри како ...
Премиерлигашот Астон Вила ја оправда улогата на фаворит и славеше над Фрајбург со 3-0 во вечерашното финале на Лигата на Европа кое се одигра во Истанбул. Клубот од Бирмингем издоминира и заслужено дојде до победа за потврда на одличната сезона во која клубот со ограничени ресурси успеа и преку Премиер лигата да обезбеди место во Лигата на шампионите. Ова за составот од „Вила Парк“ е прв европски пехар по пауза од 44 години, а за тоа огромна ...
Касемиро го завршува својот престој во Манчестер Јунајтед и Англија и веќе станува се појасно каде ќе ја продолжи кариерата. Бразилецот иако одигра навистина квалитетна сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ одлучи да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен фудбалер и од понудите што ги имаше на маса ја одбра онаа од Соединетите Американски Држави. Повеќе извори пренесуваат дека големиот борец е на добар пат да потпише за Интер Мајами, тим ...
Андреј Ѓурчиновски го покажа и потврди својот голем потенцијал на првото издание од „НекстЏен“ турнирите во билјард дисциплината „деветка“, а организаторите најавија дека ќе биде прв носител на претстојната втора епизода, закажана за во Лондон. Билјард фановите од 26 до 31. мај ќе имаат можност да ги гледаат најдобрите билјард играчи на новото издание на Отвореното првенство на Обединетото Кралство, а во „Брентвуд центар“, во пократка ...
Фудбалерите на Силекс се освојувачи на пехарот во Купот на Македонија и тоа откако во вечерашното финале славеа над Шкендија со 1-0 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Ова беше четврто соочување на овие екипи во тековнава сезона, Силекс дојде до првата победа и тоа во најважниот момент, триумф со кој избори пласман во европските купови. Мечот беше тврд, со многу дуели, неколку шанси и беше јасно дека само еден детал и момент може ...
Составот на Еурофарм Пелистер издвојува победа над ГРК Охрид од 25:22 во дерби средбата од 9. коло од плејофот во Суперлигата. Ова беше исклучително важен меч за двете екипи, директна битка за второто место на табелата кое треба да носи пласман во Лигата на Европа, битка во која подобро се снајдоа гостите од Битола и ја освоја салата „Билјанини Извори“. Доскорешниот шампион има квалитетно прво полувреме во кое го неутрализираше домаќинот и на ...
Екипата на МЗТ Скопје славеше над Маџари со 81:76 во вториот меч од финалната серија во Суперлигата и сега е на чекор од одбрана на тронот во мак-баскетот. „Штрковите“ беа доста сигурни, доминантни во првото полувреме кое го реализираа со плус 16 (47:31), но таа игра не ја повторија во вторите 20 минути во кои му дозволија на ривалот постепно да „топи“ дел од негативата за да на крајот се влезе и во тензична завршница во која фаворитот го ...
Вечерва ќе го добиеме освојувачот на првиот голем трофеј во натпреварувањата на УЕФА и тоа во Лига Европа каде во финалниот меч во Истанбул силите ќе ги одмерат Астон Вила и Фрајбург. Премиерлигашот има статус на фаворот поради квалитетот, но и пред се искуството на тренерот Унаи Емери кој е експерт за освојување на овој трофеј, поточно веќе има победено со две различни екипи Севилја и Вилјареал, a со Арсенал има играно финале. Клубот од ...
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија беше разгледана состојбата со финансиските обврски на клубовите од Втората македонска фудбалска лига кон ФФМ. И покрај поддршката од страна на Федерацијата и пренамената на дел од средствата од УЕФА за намалување на долговите преку компензации, дел од клубовите и понатаму се соочуваат со значителни финансиски обврски. Заклучно со 18 мај 2026 година, вкупниот долг на ...
Управниот одбор на ФФМ ја потврди распределбата на финансиски средства од УЕФА кон домашните клубови од Прва, Втора, Женска МФЛ и Прва футсал лига. Имајќи ја предвид важноста на овие средства за развојот на клубскиот фудбал, како и обврската за транспарентно и отчетно управување со истите, вкупниот износ на средства што ФФМ ги има префрлено кон клубовите во сезоната 2025/26 изнесува 9.414.689 евра. Средствата се распределени согласно ...
Кошаркарите на ТФТ излегоа како победници од драматичниот дуел со Пелистер во битката за третото место во Суперлигата. Скопскиот состав славеше во Битола со 116:112 по дополнителните пет минути што значи дека ќе имаме „мајсторка“ за „бронзата“ во најсилната домашна кошаркарска конкуренција. Соочувањето во Битола донесе по две добиени четвртини за двете екипи и резултат 98:98 по 40 минути по што во екстра периодот избраниците на Смилковски беа ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) усвои големи правила и промени за натпреварувањата на националните тимови почнувајќи од 2028 година, а новиот систем ќе биде многу посличен на форматот што веќе се користи во европските клупски натпреварувања. Според новата структура Лигата на Нации ќе биде поразлична од сегашниот модел со четири дивизии и групи од почетири репрезентации и ќе се игра во три лиги поделени со 18 репрезентации. Секоја лига ...
Фермин Лопез беше еден од најконстатните и најдобрите играчи на Барселона во изминатава сезона и посакуваше таа форма да ја потврди, пренесе и во шпанската репрезентација која летово ја очекува сериозен предизвик, настап на Светското првенство каде важи за еден од топ фаворитите за титула. Меѓутоа кога најмалку се очекуваше Фермин се соочи со огромен проблем, заработи скршеница на метатарзалната коска на десната нога и за него мундијлскиот ...
Виктор Вембањама имаше нестварна партија и го предводеше Сан Антонио Спарс до прва победа над Околахома Сити Тандер во финалето на плејофот во западната конференција. Ова беше прв пораз за ОКЦ во разигурвањето, односно за да се случи тоа Вембањама мораше да испорача дабл-дабл од 41 поен и 24 скока, а Спарс да слават дури по две продолженија со 122:115. Французинот заслужено доби доста комплименти, но и нов прекар од легендарниот Шекил O’Нил ...
Џејсон Кид е минато, а тоа значи дека Далас Маверкс по пет години ќе добие нов тренер. Ова е последната информација која доаѓа од клубот од Тексас кој се одлучи за промена на тренерската позиција, збогување со Кид прво беше дел од Далас како играч, генерацијата која донесе НБА титула за да потоа седне и на жешкото столче. Некогашниот плејмејкер ја извршување оваа функција од 2021 година, учинокот му е 205-205, во плејофот 22-18, а најголемиот ...
Њујорк Никс на драматичен начин успеа да слави над Кливленд Кавалирс во првиот натпревар од финалната серија во источната конференција во НБА лигата. Домаќините имаа фантастична четврта четвртина која потоа продолжи и во дополнителните пет минути за конечно славје од 115:104. Од соочувањето во „Медисон Сквер Гарден“ ги имаме најдобрите моменти на денот, а позицијата број еден е намената за Донован Мичел и мајсторијата при која постигна тројка ...
Добар дел од ѕвездите на Арсенал не биле ниту свесни што се случува во фудбалскиот свет кога последен пат клубот ја освои титулата во Премиер лигата, но после долго чекање и безброј зајадливи коментари на нивна сметка, конечно го дочекаа моментот за кој мечтаеја. Арсенал стана национален шампион по пауза од 22 години, а тоа стана официјално откако Манчестер Сити ремизираше со Борнмут на гостувањето на „Виталити“. Играчите на Арсенал не добија ...
Битката за титулата во Премиер лигата беше голема непознаница се до вчеравечер, а откако Манчестер Сити остана без математички шанси да влезе жив во последното коло, започна огромно славје во Северен Лондон. Арсенал ја скрши клетвата и после 22 години се радува на трофејот во домашното првенство, па иако звучи чудно, еден од оние кои најмногу веруваа во вакво сценарио беше Вејн Руни. Најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед му ...