Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Екипата на Сандерленд го нокаутираше Евертон на „Хил Дикинсон“ и се врати во трката за местата кои водат во Европа во наредната сезона. „Црните мачки“ имаа негатива од 1-0 по првиот дел, меѓутоа во вторите 45 минути го надиграа домаќинот и со погодоците на Броби, Ле Фе и Исидор остварија триумф од 3-1 со кој сега се на 9. место на табелата со еден бод од осмопласираниот Брентфорд кој исто денеска не ја оправда улогата на фаворит против ...
Наполи славеше на денешниот натпревар со Пиза (3-0), победа со која официјално стана втор италијански тим со обезбеден билет за Лигата на шампионите за натпреварувачката 2026/2027. Нашиот Елиф Елмас беше асистент при погодокот на Амир Рахмани, а во листата на стрелци се запишаа уште Скот Мектоминеј и Расмус Хојлунд. Токму за Хојлунд овој меч беше посебен и тоа не поради голот туку дека од денеска дефинитивно е член на Наполи. Тој досега ...
Екипата на Интер не успеа на идеален начин да ја круниса оваа сезона во Серија А или поточно на последниот меч на домашен терен освои само бод против испаднатата Верона. Двете екипи немаа некој мотиви со оглед на ситуацијата, но дефинитивно се очекуваше повеќе од домаќините во славјето на Скудетото. Фаворитот поведе преку автоголот на Едмундсон во 47 минута, предност која беше активна до 91 минута кога избраниците на Киви беа премногу ...
Најдобриот играч на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александер втора години по ред ќе го понесе признанието МВП во НБА лигата. Ова допрва ќе биде официјално потврдено во текот на денешниот ден, но американските медиуми веќе излегоа со информација дека репрезентативецот на Канада ќе ја понесе наградата за најквалитетен кошаркар на сезоната. Со ова Шеј ќе стане само петти активен играч кој во две сезони во низа бил број еден во лигата, тоа ...
Македонија е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Германија. Од новиот мундијал не дели уште еден меч и тоа реваншот против Словачка во Скопје, соочување во кое ќе влеземе со предност од 31:24, позитива која пред неколку денови ја остваривме во Прешов. Сите фактори се наша страна, салата Борис Трајковски е распродадена и играчите ќе ја имаат соодветната ...
Манчестер Јунајтед забележа победа во последниот домашен меч за оваа сезона во Премиер лигата и тоа во соочувањето со Нотингем Форест со 3-2. Домаќините беа далеку поконкретен ривал и можеа да забележат поубедлив триумф ако беа пофокусирани во завршницата на акциите. Шо донесе водство за Јунајтед во раната фаза, но токму тој гол во 5 минута се покажа како единствен во првото полувреме. „Шумарите“ израмнија во 53 преку Андерсон, меѓутоа веќе ...
Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и славеше над Челси со 1-0 во финалето на англискиот ФА Купот. „Граѓаните“ на истиот овој терен на „Вембли“ го освоија пехарот во Лига Купот за да вчера добијат уште една финална битка и тоа против уште еден ривал од Лондон. Погодокот на Семењо во вториот дел беше доволен за осмо славје на Сити во ова натпреварување, нова среќа и задоволство кај сите во клубот од Манчестер. -Многу сме среќни. ...
Започнува борбата за пехарот во македонската кошарка, финалната серија во која силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Маџари. Клубот од Аеродром е апсолутен фаворит во оваа битка, но ќе мора да внимава на ривалот кој во полуфиналето го суреди ТФТ и тоа со 2-0. –Финалето секогаш носи посебен предизвик, како круна на сезоната во која сте пролеале милиони капки пот. Се подготвуваме максимално, веруваме во својот квалитет и сме подготвени да дадеме се ...
Македонија е домаќин на Словачка во вториот меч од баражот за пласман на Светското првенство, меч закажан за вечерва од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Составот што го предводи Кире Лазаров беше убедлив во Прешов (31:24), но денеска ќе има задача со уште една квалитетна партија да стави печат и го потврди пласманот на уште едно големо натпреварување во низа. Играчите ќе имаат голема поддршка од трибините затоа што РФМ информираше ...
Наполи е вториот тим од Италија по Интер кој официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона и тоа откако денеска славеше над „фенерџијата“ Пиза со 3-0. Нашиот Елиф Елмас по подолго време доби шанса за биде стартер за наполитанците, шанса која ја искористи и запиша асистенција при погодокот на дефанзивецот Рахмани. Во листата на стрелци се запишаа и некогашните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Мектоминеј и Хојлунд. ...
Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се враќа на островот, но овојпат како тренер и тоа на актуелниот светски клупски шампион Челси. „Сините“ се откажаа од Енцо Мареска и тоа само неколку месеци откако Италијанецот им донесе два трофеи, потег кој се покажа како катастрофален затоа што Лиам Росениор не го испорача она што се очекуваше и токму поради се што направи управата во оваа цела година премиерлигашот може да остане без пласман во Европа. ...
Даниел Мусовски од пред неколку месеци прифати да го носи дресот на македонската фудбалска репрезентација, но тој не е единствениот фудбалер со наши корени кој игра одлично во МЛС лигата. Тука е и Милан Илоски кој има одличен почеток на новата кампања во МЛС каде рано утрово одново беше стрелец и тоа во соочувањето со Колумбус. Филаделфија на домашен терен се избори за бод и тоа токму благодарение на Илоски кој стрелаше во 70 минута за 1-1. ...
Кол Палмер вчера сигурно беше разочаран откако не успеа да освои Куп трофеј со Челси, но едно видео снимено претходно стана вирално меѓу премиерлигашките фанови. Како дел од интересно интервју, ѕвездата на Челси открила зошто не поднесува кино проекции, односно зошто мрази да оди во кино. Палмер истакнал пет причини кои му пречат и поради кои не би решил да гледа некој филм на ваков начин. На Палмер му пречи големиот екран, гласните звуци, ...
Германските медиуми последниве денови се преполни со тврдења дека Мануел Нојер решил да се врати во германската репрезентација, односно селекторот Јулијан Нагелсман му ветил „број еден“ позиција и ќе го вклучи во составот за СП 2026. Ваквите информации отворија дебата во германската јавност, а интересна реакција пристигнала од легендарниот голман Сеп Мајер. Мајер е во деветтата деценија од својот живот, ретко се појавува во медиумите, но сега ...
Вејн Руни вчера бил дел од екипата стручни коментатори на финалето на ФА купот, а зборувајќи на различни теми, открил и зошто му е бандажирана левата рака. Поранешниот напаѓач заработил повреда снимајќи видео за „Би-Би-Си“ и обидувајќи се да му одбрани удар на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд. – Застанав на голот на Евертон и се обидов да одбранам еден удар на Пикфорд. – Успеав во тоа, но заработив повреда на раката. Во понеделник ќе го ...
Марко Ројс беше инспиратор на петтата победа сезонава за екипата на Лос Анџеле Галакси, воодушевувајќи ги американските фудбалски фанови со фантастична аситенција. Тимот од Ел-Еј гостуваше кај Сиетл на Дени Мусовски и успеа да стигне до победата со резултат 0:2, со по еден гол во првото и второто полувреме. Потегот кој стана вирален на социјалните мрежи и кој ја најави победата на Галакси е асистенцијата на Ројс, по која Габриел Пек го отвори ...
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте допрва ќе го објави составот кој ќе ја претставува „фуријата“ на СП 2026, но медиумите сметаат дека најголем дел од позициите се веќе резервирани и може да се претпостави кои играчи имаат сигурен мундијалски билет. Сепак, како што потенцира „АС“, неколку места ќе донесат неизвесност до последен момент, пред се поради слабата форма или некој проблем со повреда на помалку од еден месец до стартот на ...
Манчестер Сити вчера го совлада Челси со голот на Семењо и стигна до уште еден трофеј во ФА купот, но Пеп Гвардиола бара максимален фокус на завршните дуели од Премиер лигата. Арсенал има предност и сам ќе си ја решава судбината, но Сити очекувајќи кикс мора да оди на максимален учинок на последните две средби. Во таа насока, по триумфот на „Вембли“, Гвардиола потенцирал дека нема да дозволи еуфорија во екипата и опуштање во пресрет на ...
Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо е подготвен за нов предизвик и новата сезона ќе ја почне како менаџер на Челси. По неочекувано кратката авантура во редовите на Реал Мадрид, Алонсо деновиве се договорил со премиерлигашот да ги води лондонските „сини“ и да се обиде да ги врати во битката за шампионската титула. Утринава, Челси официјално го потврди својот иден менаџер, ставајќи крај на шпекулациите и потврдувајќи дека ќе биде предводен од ...
ММА фановите може да се подготвуваат за официјален камбек на Конор МекГрегор, кој потврди дека ќе се појави на УФЦ ивентот во Лас Вегас. Ирецот ќе има соочување во октагонот со Макс Холовеј, а настанот е закажан за 11. јули и ќе предизвика голем интерес меѓу љубителите на овој спорт. 37-годишниот МекГрегор ќе се врати во октагонот првпат по пауза од пет години, односно откако заврши со фрактура на ногата на дуелот со Дастин Појре во 2021 ...
Атлетико Мадрид сака да го задржи Нико Гонзалес и за наредните сезони, но не планира да ја исплати трансфер сумата која Јувентус можеше да ја добие со активација на откупната клаузула во договорот за заем. Под одредени услови, Гонзалес требаше да остане во Атлетико, а Јувентус да добие 32 милиони евра, но Италијанците сега ќе треба да одредат попуст ако сакаат да се ослободат од Аргентинецот. Откупната клаузула содржела услов за одигрување на ...
Манчестер Сити направи премногу киксови оваа сезона и во најголем дел му дозволи на Арсенал да зависи сам од себе, па дури и кога се чинеше дека се врти моментумот со победата во дербито на „Итихад“, тимот на Пеп Гвардиола испушти драгоцени два бода кај Евертон. Тоа го става Арсенал во ситуација да ја освои титулата ако победи на последните два меча против Барнли и Кристал Палас, а иако на хартија тоа изгледа како лесна задача, Родри верува ...
Жозе Мурињо го одработи последниот натпревар за оваа сезона, а веднаш по крајот на истиот, почна да добива низа прашања за неговата иднина како тренер. Португалскиот стручњак е прв пик на Флорентино Перез и се очекува преговорите да се интензивираат во наредните неколку дена, а токму во таа насока оди и изјавата која ја даде „специјалниот“ по победата која ја оствари Бенфика над Есторил со 1:3. Тоа не беше доволно „лисабонските орли“ да се ...
Составот на Задар за кого настапува македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ избори пласман во полуфиналето на плејофот во Хрватска. Задар го доби и второто соочување со Кварнер, овојпат како гостин со 96:72 и со вкупни 2-0 ја затвори оваа серија и закажа битка со Дубровник во наредната рунда. Мекиќ добро ги искористи своите минути на паркетот и реализираше 12 поени со 3 скока. Тишма со 20 поени и 9 скока беше најрасположен поединец, додека ...
Пеп Гвардиола имаше стандардни обврски кон телевизиските куќи во Англија по крајот на големото финале во ФА Купот, а додека тој професионално си ја вршеше задачата, Рајан Шерки реши да го украде шоуто со комичен перформанс. Францускиот фудбалер освои нов трофеј како играч на Манчестер Сити и веќе ужива во соработката со шпанскиот стручњак, па наоѓа причина за задоволство дури и кога не е стартер. Шерки во неколку наврати беше уловен како ...
Кристијано Роналдо не ја криеше фрустрацијата и бесно го напушти теренот по поразот од Гамба Осака во финалето на втората по ранг Лига на шампиони во Азија, но за да биде уште повеќе во центарот на вниманието, Португалецот се погрижи со својот потег за време на церемонијата. Искусниот голгетер експресно се упати кон соблекувалната по последниот судиски свиреж и не им честиташе на противниците, но на крајот не им се приклучи ниту на соиграчите ...
Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Ал Наср може да освојат два трофеи во еден ден, но наместо тоа, вечерва останаа со празни раце во финалето во втората по ранг Лигата на шампиони во Азија, а не добија добра вест и од мечот на Ал Хилал. Ал Наср вечерва играше финале против Гамба Осака во второто по ранг клупско натпреварување во Азија (пандан на европската Лига Европа), па иако важеше за голем фаворит, на крајот загуби со 1:0. ...
Последниот натпреварувачки ден во Бундеслигата даде одговор на сите неодговорени прашања во Лигата на шампионите и битката за опстанок, видовме нова убедлива победа на Баерн Минхен за спуштање на завесата, но и три заминувања кои денеска беа само потврдени. Баерн како старо-нов шампион се поздрави и прости од тројца свои првотимци уште пред почетокот на мечот со Келн, односно им подели убави колажи и признаници за сето она што го направија во ...
Рио Фердинанд беше воодушевен од Роберт Левандовски кога му правеше интервју за своето јутјуб шоу, а сега дочека шанса да сподели вест која тој смета дека е добра прилика за Манчестер Јунајтед да добие врвен голгетер. По неколкумесечно размислување, популарниот Леви реши да стави крај на својата етапа во Барселона и најави заминување од Шпанија, па иако има 37 години, нема да му недостасуваат понуди во периодот кој следи. Полјакот е подготвен ...
Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Ал Наср може да освојат два трофеи во еден ден, но наместо тоа, вечерва останаа со празни раце во финалето во втората по ранг Лигата на шампиони во Азија, а не добија добра вест и од мечот на Ал Хилал. Ал Наср вечерва играше финале против Гамба Осака во второто по ранг клупско натпреварување во Азија (пандан на европската Лига Европа), па иако важеше за голем фаворит, на крајот загуби со 1:0. ...