Градското дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра утре од 12 часот, невообичаен термин кој беше изнуден поради терминот за финалето на тенискиот Мастерс во Рим, а иницираше во овој термин да се играат и другите натпревари во кои учесниците се борат за место во Лигата на шампионите. Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, пред неколку дена истакна дека нема да се појави на натпреварот ако тој се игра од 12 часот, но сега ретерирал од таа позиција. ...

Македонската машка ракометна репрезентација утре ќе го одигра реваншот од бараж двомечот со Словачка за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи на почетокот на следната година. Избраниците на селекторот Кире Лазаров обезбедија голема предност од првиот натпревар во Прешов и седумте голови предност би требало да обезбедат мирна потврда на уште еден мундијалски пласман за нашата репрезентација. Словачките репрезентативци уште по ...

Сан Антонио стигна до убедлива гостинска победа против Минесота (109:139) и со втор брејк стави крај на конференциското полуфинале во НБА плејофот. Спарс го решија противникот со одлична игра на гостински терен за триумф со 4:2 во серијата, а гостинската победа на Детроит му обезбеди мајсторка на домашен терен со Кливленд. Касл со 32 и Фокс со 21 поен беа најефикасни во редовите на Сан Антонио, Вембањама беше задржан на 19 поени, додека ...

Реал Мадрид ја завршува сезоната без освоен трофеј, но и многу контроверзни ситуации кои целосно ја нарушија атмосферата во соблекувалната. По физичката пресметка на Валверде и Чуамени и вербалниот конфликт меѓу тренерот Арбелоа и Мбапе, во шпанските таблоиди активна е и аферата во која се инволвирани Винисиус и Едер Милитао. Бразилски таблоид тврди дека Винисиус и Милитао плаќале за ескорт друштво од Бразил и во Мадрид се забавувале со ...

Наполи сезонава не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, но претседателот Аурелио Де Лаурентис и натаму има голема доверба и почитување за тренерот Антонио Конте. Првиот човек на клубот не сака разделба со искусниот стручњак, но од друга страна Конте ќе треба да прифати два услова ако планира да ја одработи и последната година од својот договор. Де Лаурентис планира да направи сериозна реформа, односно да го подмлади тимот чија просечна ...

Роберт Левандовски ќе има можност да се збогува со фановите на Барселона на дуелот со Бетис и каталонските медиуми тврдат дека тој дефинитивно ќе го напушти шпанскиот шампион. Полскиот напаѓач заминува како слободен агент, а најавите се дека решил да ги игнорира понудите од Италија и да се пресели во Саудиска Арабија. Чикаго бил МЛС тимот кој се обидувал да го убеди Левандовски да се пресели во МЛС, но таа понуда е одамна во втор план, пред ...

Вчерашниот пораз на Ливерпул од Астон Вила го зголеми незадоволството во фан базата на „црвените“, па менаџерот Арне Слот ќе биде под уште поголем притисок во пресрет на последното коло. Шампионот од сезоната 2024/25 треба да го потврди пласманот во Лигата на шампионите на дуелот со Брајтон, а Џејми Реднап вели дека и покрај неубедливата сезона, менаџерот заслужува да остане на клупата и да добие уште една шанса. – Тешко е да се лоцира ...

Карло Анчелоти ќе се обиде да го врати Бразил на врвот во светскиот фудбал и за да го направи тоа ќе треба да се поклопат навистина многу коцки, не само поради падот кој владее во оваа земја од Јужна Америка, туку и поради конкуренцијата која е навистина силна и застрашувачка. Искусниот Италијанец го презема Бразил со цел да воведе ред и дисциплина кај „кариоките“, а првиот вистински испит ќе го има на мундијалот кој се игра во САД, Мексико и ...

Бруно Фернандеш е симбол за тоа како едно засилување треба да се адаптира и дефинира во Манчестер Јунајтед, а како играч кој најмногу ги исполни очекувањата во последната деценија, Португалецот посебно воодушевува и со комплиментите за ривалите кои ги дава на слична позиција од теренот. Капитенот на Манчестер Јунајтед често знае да се огласи на социјалните мрежи и да издвои некое импресивно индивидуално издание на ривал од Премиер лигата, а ...

Градското дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра во невообичаен термин, односно во недела од 12 часот, а тој натпревар ќе значи и простување на Стефан Ел Шарави со фановите на „волчицата“. 33-годишниот крилен напаѓач денеска самиот потврди дека ќе ја напушти Рома по крајот на сезоната, а неговата посвета за клубот и фановите беше пренесена и од клубот. – Одредени места ти стануваат дом без да го сфатиш тоа. За мене последните десет години беа ...

Јаник Синер и Данил Медведев ќе го доиграат полуфиналето на Мастерсот во Рим во текот на утрешниот ден и победникот дефинитивно ќе има помалку време за подготовка за неделното финале. Атрактивното полуфинале во италијанската престолнина беше прекинато поради дожд во третиот сет, со што е задржана неизвесноста и покрај минималната предност на фаворитот. Синер го доби првиот сет со 6:2, но Медведев му се спротивстави посериозно во продолжението ...

Астон Вила го доби петочното премиерлигашко дерби со Ливерпул и тоа со убедливи 4:2, резултат кој ќе биде уште едно големо разочарување сезонава за фановите на „црвените“. Домаќините повеќе ја посакуваа победата, притискаа кон противничкиот гол, а Роџерс во првото полувреме донесе минимална предност за тимот на Унај Емери. Ван Дајк со својот прв гол барем привремено израмни во 52. минута, но потоа следуваа три гола на Вила. Воткинс погоди во ...

Манчестер Сити се подготвува за финалето во ФА купот против Челси, а Пеп Гвардиола денеска бил расположен во комуникацијата со новинарите и одговарал на различни прашања, исклучувајќи ја темата за битката за премиерлигашката титула. Шпанскиот стручњак потенцирал дека деновиве не размислува за првенството и следниот противник во ова натпреварување, туку фокусот е ставен на обидот за освојување уште еден трофеј. Откако Сити го освои Карабао ...

Игли Таре ќе го напушти Милан и ќе ја заврши кратката етапа како спортски директор во редовите на италијанскиот великан. Недоволно успешниот претходен летен преоден рок и тензијата меѓу него и Златан Ибрахимовиќ донела до ситуација во која Албанецот дефинитивно ќе се раздели со „росонерите“ по само една сезона. Неубедливите резултати на Милан во финишот на сезоната донесе расправии меѓу Ибрахимовиќ и Таре, конфликт има и меѓу Ибра и тренерот ...

Матијс де Лихт долго време се обидуваше да се рехабилитира од повредата на грбот на конзервативен начин, но на крајот мора да направи оперативен зафат. Дефанзивецот сега ќе остане без настап на СП 2026, што секако беше сценарио кое најмногу сакаше да го избегне, но со кое сега мора да се соочи. Де Лихт последен пат настапи на дуелот со Кристал Палас на 30. ноември, а иако тогашниот менаџер Рубен Аморим тврдеше дека се работи за мал проблем, ...

Судиската комисија на ФИФА решила да исклучи еден судија од официјалниот список на арбитри предвидени за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Се работи за холандскиот судија Роб Диперинк, за кого е утврдено дека предизвикал голем скандал во текот на минатиот месец. Диперинк бил уапсен од лондонската полиција поради наводен сексуален напад над малолетно момче, а самата информација за инволвираност била доволна за Холанѓанецот да биде ...

Манчестер Јунајтед имаше сериозна дилема во однос на менаџерското прашање за наредната сезона, но раководството на крајот решило да го задржи Мајкл Карик. Поранешниот играч на Јунајтед дојде како привремена замена за отпуштениот Рубен Аморим, но со резултатите кои ги постигна со екипата се избори за доверба кај менаџментот и останување на клупата на „црвените ѓаволи“. Англиските медиуми тврдат дека одлуката е донесена и Карик дефинитивно ќе ...

Борнмут зад себе ќе остави уште една одлична сезона во Премиер лигата, во која теоретски се уште имаат шанса да обезбедат историски пласман во Лигата на шампионите, а сигурно ќе играат во некој од другите европски купови. Но, по крајот на сезоната заминува тренерот Андони Ираола, а како што стана јасно денеска, тоа ќе се случи и со одличниот дефанзивец Маркос Сенеси. Договорот на Аргентинецот истекува следниот месец, тој добил понуда за ...

Фудбалерите на Вардар денеска ја потврдија титулата во македонското првенство, а триумфот над Струга значи крај на постот кој траеше шест години. Скопскиот тим повторно е на врвот на македонската фудбалска сцена и си избори место во квалификациите за Лигата на шампионите, а една од првите поважни честитки дојде од ракометниот клуб Вардар. Во ситуација кога „црвено-црните“ уште претходно ја прославија титулата во ракометната конкуренција, сега ...

Жозе Мурињо останува најсериозен кандидат за иден тренер на Реал Мадрид, но и на денешната прес-конференција одбил да потврди дека преговара со шпанскиот великан. Португалскиот стручњак зборувал за Бенфика и важноста на завршниот дел од сезоната, како и периодот во кој ќе има можност да размисли дали да остане во Лисабон, а новинарите го прашале за коментар и за неочекуваниот вербален дуел меѓу Алваро Арбелоа и Килијан Мбапе. Актуелниот ...

Тренерот Лучијано Спалети ќе има поголемо влијание во летниот преоден рок на Јувентус, а италијанските медиуми тврдат дека клубот на негова иницијатива започнал преговори за трансфер на член на Аталанта. Се работи за стоперот Џорџо Скалвини, фудбалер кој и покрај возраста веќе го докажа својот квалитет со настапите за составот од Бергамо, а би требало да биде една од идните предводници на „бјанконерите“ и дел од етапата во која Јувентус сака ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра уште еден пријателски натпревар со учесник на претстојното светско првенство, а тоа ќе биде селекцијата на Турција. Фудбалската федеација на Македонија денеска го потврди соочувањето со Турците кое е закажано за 1. јуни, а натпреварот ќе се одигра во Истанбул. Селекторот Гоце Седлоски и неговите избраници ќе имаат можност да играат против квалитетен ривал и тоа на стадионот „Шукру Сараџоглу“, ...

Мануел Нојер и Баерн Минхен денеска ставија крај на неизвесноста околу иднината на искусниот голман, кој ставил потпис на новиот договор со бундеслигашот. Нојер потврдил дека останува во редовите на баварскиот великан барем до следното лето, со што Баерн заврши голема работа во обидот да го задржи ветеранот кој и сезонава импресионираше со своите перформанси. Покрај Нојер, договорот до 2027 година го продолжил и Свен Улрајх, па овој тандем со ...

Вардар победи на гостувањето кај Струга (0:1) и на посакуван начин ја потврдија шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ имаат недостижна предност во однос на Шкендија на едно коло до крајот, односно пред меѓусебниот дуел кој сега ќе се игра само за престиж. Единствениот гол на дуелот во Струга го постигна Стефан Цветковиќ во 5. минута, а истиот беше доволен за нова победа на Вардар. За Вардар ова е прва титула ...

Ромелу Лукаку не игра натпревари во својот актуелен клуб Наполи, но ќе добие шанса да се бори за место на мундијалските натпревари на белгиската репрезентација од следниот месец. Селекторот Руди Гарсија денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат повикани за СП 2026, а искусниот Лукаку допрва ќе треба да потврди дека заслужил ваква доверба и шанса од човекот кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“. – Ромелу нема проблем со повреди, но ...

Тимот на Валенсија е последниот патник на завршниот фајналфор турнир во Евролигата и тоа откако ја доби мајсторката со Панатинаикос. Шпанскиот прволигаш беше отпишан по првите две средби кои ги загуби на домашен терен, меѓутоа потоа покажа силен карактер, квалитет и успеа двапати да го нокаутира ПАО во Атина и да ја врати серијата во Валенсија каде пред своите гледачи славеше со 81:64 и избори место на Ф4 каде во полфуфиналето ќе ги одмери ...

Старо-новиот шампион на Шпанија, Барселона може да почне да ја планира наредната сезона и да влече потези со кои екипата би била поконкурентна, подобра во натпреварувачката 2026/2027. Што каталонците ќе можат да направат на трансфер пазарот се уште е знак прашање, се споменуваат доста имиња, ама засега нема ништо поконкретно, официјализирано, но она што е јасно е дека екипата дефинтивно ќе ја напуштат дел од играчите. Некој од нив ќе се ...

Бернардо Силва беше еден од најзначајните играчи на Манчестер Сити во изминатава деценија, но по крајот на тековнава сезона тој го напушта „Итихад“ и тоа како слободан фудбалер. Португалецот верува дека му е потребна промена, а со оглед на тоа што наредниот клуб може да го добие без обештетување има сериозен интерес за него од Италија, Шпанија, Турција, Португалија… Меѓутоа веќе една опција отфрли и најави дека планира да го затвори ова ...

Доскорешниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер потврди уште еден потпис за наредната сезона, засилување кое доаѓа од Босна и Херцеговина. Се работи за 23-годишниот Едвин Џелиловиќ, играч кој ја покрива позицијата десно крило, играч кој во Битола доаѓа од редовите на Извиѓач. Џелиловиќ со „зелено-белите“ потпиша тригодишен договор, а во досегашната кариера има настапува и за Грачаница. Претходно Пелистер ги обезбеди услугите на ...

Њукасл има лоша сезона на домашната сцена, сезона која може да донесе сериозни промени во играчкиот кадар кога е во прашање престојниот летен преоден рок. Неколку значајни фудбалери можат да го напуштат Њукасл, има доста шпекулации, но засега најконкретни се вестите за офанзивецот Ентони Гордон. Гордон се поврзува со Баерн Минхен, веќе има вести дека играчот има постигнато договор со клубот, па сега останува да се заврши потешката работа. Во ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Цинк

0.00