Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Раководството на Барселона одамна го следи Хулијан Алварез и „јавна тајна“ е дека Каталонците го имаа пикирано Аргентинецот како идеално засилување на напаѓачката позиција и наследник на Роберт Левандовски. Сепак, добрите настапи на Алварез и неговите индивидуални приоритети го приближија до трансфер во ПСЖ и шпанските медиуми тврдат дека Барса веќе ја прифатила реалноста и веќе се рефокусира на друг фудбалер. Како „План Б“ е одреден ...
Астон Вила полека ја финишира сезоната во која се бори за место во Лигата на шампионите преку првенствената табела, но и преку финалето на Лига Европа, а менаџерот Унај Емери денеска пред новинарите зборувал и за една непријатна тема, која го следи клубот во текот на оваа сезона. Се работи за невообичаениот заем на Харви Елиот, фудбалер кој требаше да биде засилување со оглед на фактот што дојде од редовите на Ливерпул, но на крајот ќе ја ...
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска ги соопшти казните за голем дел постапки што се водеа изминатиот период, вклучувајќи го епилогот за инцидентот на дуелот меѓу Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново во рамките на Втората лига. Казни заработија неколку фудбалери, службени лица, како и тренерот на домаќините, Влатко Костов, кој доби забрана за вршење на својата функција во период од еден месец. Во продолжение ...
Лацио и Рома треба да се соочат во големото градско дерби, кое за „волчицата“ има посебно значење и во битката за Топ 4 пласман. Поради фактот што Рома е ривал на неколку екипи за истите позиции, натпреварите треба да се играат во ист термин, па лигата го одреди терминот во недела од 12:30 часот за почеток на дури пет натпревари. Сепак, поради фактот што на слична локација и во слично време треба да се игра финалето на тенискиот Мастерс во ...
Екипата на Тиверија Брера е освојувач на македонскиот фудбалски Куп во женска конкуренција и тоа откако денеска славеше со убедливи 5:0 на дуелот со Каменица Саса. Финалето се играше на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров, а по стартните возбудувања кои донесоа шанси на двете страни, Тиверија Брера го отвори резултатот во 28. минута. Галабоска од пенал донесе почетно водство, Николовска и Пановска до крајот на полувремето зголемија на ...
Мајкл Карик успеа да го врати Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и ги поправи резултатите на екипата за многу краток период, а тоа му беше доволно да добие номинација и за признанието „Менаџер на сезоната во Премиер лигата“. Денеска се објавени номинациите по кои следува гласањето на фановите и панел од фудбалски експерти, а Карик влезе меѓу потенцијалните кандидати иако го водеше Јунајтед само на 15 натпревари. Но, добрите резултати ...
Михајло Михајловски беше ексклузивен гостин во отвореното студио на „Спортското радио 90,3 фм“, а покрај тоа што откри дека Иван Чупиќ ќе добие нов договор, првиот човек на Вардар говореше и на други интересни теми за време на разговорот. Искусниот спортски работник се врати во Вардар пред шест години со цел да го спаси клубот од најцрно сценарио, а од денешна гледна перспектива, овој тим кој го предводи Чупиќ има светла иднина, без оглед на ...
Јаник Синер денеска си обезбеди место во полуфиналето на Мастерсот во Рим, а триумфот во четвртфиналето му донесе и значаен рекорд. Италијанецот стигна до 32 последователни победи на турнирите од Мастерс 1000 серијата, со што собори еден од позначајните рекорди на Новак Ѓоковиќ. Синер го победи Андреј Рубљов со 6:2/6:4 во денешното четвртфинале и без загубен сет и со доминантен настап стигна до важнио рекорд. Противник на светскиот рекет број ...
Карло Анчелоти си даде за предизвик да го води Бразил на Светското првенство и првиот голем тест ќе го има во месеците кои претстојат, но како човек што оствари толку многу рекорди и освои важни титули во фудбалот, често знае да биде потценет кога се тактичките познавања во прашање. Многу често на Дон Карло знаат да му се дадат заслуги само поради тоа што знае да се справи со големите ега и поради фактот што добро ги менаџира големите ѕвезди, ...
Масимилијано Алегри направи кам-бек во Милан за да го врати тимот во Лигата на шампиони, па иако се уште има добри шанси да го оствари тоа, се чини дека тој експресно ќе си замине од клубот без оглед на исходот во последните две кола. По шпекулациите дека е раскаран со директорот Џорџо Фурлани, сега се појавија гласини кои откриваат дека проблемот е доста поголем, бидејќи во целата ситуација е вмешан и главниот советник на клубот, Златан ...
Михајло Михајловски како специјален гостин во отворената програма на „Спортско радио 90,3 фм“ го привлече вниманието со искрените изјави кои ги даваше за време на разговорот со новинарот Ристе Влахов, а во опширното обраќање не изостана и темата која беше доста болна за некои фанови на Вардар. Првиот човек на клубот реши да му даде шанса на Иван Чупиќ и покрај тоа што имаше притисоци да го назначи Столе Стоилов, па откако се реши за така ...
Бепе Марота продолжи да реди успеси како главен оперативец и претседател на Интер, а по првата двојна круна која ја освои клубот од 2010-та година, го одреди и правецот по кој ќе се движи клубот во периодот кој следи. Интер го победи Лацио за 2:0 во големото финале во Копа Италија и ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал оваа сезона, по што Марота со неколку зборови се обиде да ја објасни политиката која ќе ја негува клубот и во ...
Рафаел Надал денеска го инаугирираше својот музеј во Мајорка кој е во склоп на познатата тениска Академија, а по тој повод, славниот шпански тенисер одработи и ексклузивно интервју за „Марка“. 22-кратниот освојувач на грен слем турнирите важи за еден од најголемите тенисери во историјата на спортот, па иако освои се што може да се освои на највисоко ниво, Рафа во текот на кариерата доживеа и некои болни порази кои секако се дел од ...
Арне Слот има турбулентна втора сезона во Ливерпул после извонредната прва која ја имаше на „Енфилд Роуд“, а токму освоената титула во Премиер лигата од пред една година се чини дека е главен аргумент на водечките луѓе да му се даде уште една шанса. Иако фановите на Ливерпул се незадоволни од менаџирањето на тимот и веќе бараат смена на Холанѓанецот, самиот Арне Слот тврди дека сите планови за наредната сезона се поврзани со него, па затоа не ...
Поради добриот настап на последниот голем собир, Македонија го прескокна првиот бараж круг за Светско првенство, а како фаворит и носител во ждрепката, за ривал во бараж финалето ја доби селекцијата на Словачка. Нашиот најсилен национален тим денеска го игра натпреварот во Прешов во 19:00 часот и ќе брка поволен резултат пред реваншот во Скопје, па на неколку часа пред истиот, стана познато кој е конечниот избор на Кирил Лазаров. Селекторот ...
Вардар се врати на врвот во макеоднскиот ракомет со доминантна игра и извонредни настапи во сезоната во која промовиран за прв тренер беше Иван Чупиќ, а после освоените титули во домашното првенство и во Купот, клубот е решен да го награди хрватскиот стручњак. Иако во раната фаза од сезоната имаше сомнежи околу тоа дали Чупиќ е доволно искусен да го води Вардар, поранешното крило докажа дека и тоа како е подготвен да го води тимот, па после ...
Селтик и Хартс во директна пресмекта во последното коло ќе го одлучат новиот шампион на Шкотска, но пред да дојде до главните возбудувања претстојниот викенд, вчера на програмата беа два натпревари кои беа во центарот на вниманието. Хартс лесно си ја заврши својата задача и победи против Фалкирк со 3:0, додека Селтик остана сериозно во играта за титулата благодарение на пенал кој го доби во 98-та минута. Селтик славеше на гостувањето кај ...
Веднаш по големата прослава која ја имаше Барселона низ улиците во својот град, Ханси Флик си постави една цел до крајот на сезоната, односно побара од своите играчи да победат на преостанатите три меча и да стигнат до сезона со 100 освоени бода во Ла Лига. Германецот се обиде да ги мотивира и стимулира своите фудбалери во период кога се беше резервирано за забава, но откако реши да одмори добар дел од првотимците со Алавес, на крајот ...
Флорентино Перез најави важни трансфери кои ќе се реализираат ова лето, па иако не споменуваше имиња, јасно е дека во Реал Мадрид ќе следат поважни промени во играчкиот кадар. Двете сезони без освоен трофеј се доволно силен аларм за клуб како Реал Мадрид, а Предраг Мијатовиќ смета дека во низата тешки одлуки, ќе треба да биде донесена и најтешката. Пеџа смета дека двоецот Винисиус-Мбапе не може да функционира заедно, па го советува Флорентино ...
Македонија вчера го одработи својот тренинг во Прешов и направи завршни подготовки за првиот бараж меч со Словачка на нејзин терен, натпревар на кој ќе биде многу важно да се одигра паметно и концентрирано во текот на сите 60 минути. Селекторот Кирил Лазаров во најавата за овој двомеч потсети на непријатното искуство кое го имаа во баражот за СП со Фарски Острови, а Никола Митревски како најискусен играч во репрезентацијата вели дека мора да ...
Ергин Атаман е познат како човек кој не ги прифаќа лесно поразите, па откако се бунеше за судиите по двата порази во ОАКА од Валенсија, сега во ист стил продолжи и по поразот во „мајсторката“ во „Роиг арената“. Валенсија направи сензационален пресврт и по негатива од 0:2 за првпат се пласираше на еден фајнал-фор турнир во Евролигата, но додека Шпанците слават, Атаман одлучи да користи непотребни методи и да ја доведува во прашање победата на ...
Манчестер Сити остана во трката за титулата во Премиер лигата со сигурната победа која ја оствари над Кристал Палас, а поволна вест за Пеп Гвардиола беше тоа што стигна до три бода без да ги измори своите ѕвезди. Дел од најважните играчи на Сити останаа на клупата за резерви и добија поштеда пред финалето во ФА Купот и дуелот со Борнмут во Премиер лигата, а во такви услови, до израз дојдоа играчи кои поретко добиваат шанса. Фил Фоден е еден ...
По „два од два“ на првите натпревари на домашен терен, рано утрово го видовме првиот брејк во серијата меѓу Детроит и Кливленд, па со тоа Кавалирски стигнаа на чекор од пласман во конференциско финале во НБА лигата. Детроит отвори навистина добро на домашен терен и се чинеше дека одново ќе го одбрани својот паркет, поведе со максимални плус 15 во раната фаза на вториот период, но како што одминуваше времето, Кејд Канингем добиваше се помалку ...
Кристијан Киву беше пречекан со голем скептизицам во Милано пред една година, но неполни 12 месеци подоцна, романскиот стручњак заедно со своите играчи ја прослави првата двојна круна во клубот од ерата на Жозе Мурињо. Интер го победи Лацио со 2:0 во вчерашното финале на „Олимпико“ и ја завери и втората титула на домашната сцена, со што само го потврди приматот на најдобар тим во италијанскиот фудбал во овој момент. Италијанскиот првак ...
По експлозивното обраќање кое го имаше во вторникот, Флорентино Перез се одлучи да направи ексклузивно интервју за „Ла Секста“ со новинарот Хосеп Педрерол, а бидејќи станува збор за соговорник кој доста го почитува, претседателот на Реал учтиво одговараше на сите поставени прашања. Првиот човек на Реал Мадрид е свесен дека секоја сезона во која нема освоено трофеј се смета за неуспешна во „Кралскиот клуб“, но истовремено е сигурен дека тој и ...
Интер ја потврди својата класа и доминација во италијанскиот фудбал со двојна круна, односно со титула во Серија А и во Купот. По освоениот трофеј во Калчото, тимот на Кристијан Киву без проблеми го совлада Лацио за пехарот во Копа Италија, а покрај тоа што победата од 2:0 се слави во Милано, истата донесе радост и во еден дел од Рим. Победата на Интер во финалето и донесе на Рома математичко учество во Лигата на Европа наредната сезона, а ...
Македонскиот интернационалец Бехар Фета и неговиот Алуминиј успеаа да го освојат трофејот во Купот на Словенија. Во битката за титулата, составот Алуминиј беше подобар од второлигашот Гросупље со 1-0 со погодок во второто полувреме. Херој беше Бамба Сусо кој постигна убав гол во 78 минута. 🎯 Bamba za pokalni naslov Aluminija 🏆🔴⚪️#PokalUnion 🏆 pic.twitter.com/bPikaB3FjZ — NZS | FA Slovenia (@nzs_si) May 13, 2026 Фета беше стартер на ова ...
Задар на македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ ја оправда улогата на фаворит против Кварнер во првиот меч од четвртфиналната плејоф серија во хрватскиот шампионат. Домаќините славеа со 90:70 и тоа во натпревар во кој имаа фуризони први десет минути (21:5), па пад до крајот на првиот дел (16:27) за да по паузата се стабилизираат и дојдат до првиот триумф во разигрувањето за пехарот. Михаиловиќ и Тишма со по 21 поен беа први стрелци, нашиот ...
Денес во Скопје заврши државното првенство во тенис за играчи до 14 години, а шампионските титули поединечно ги освоија Андреј Темов и Деа Крстевска. Андреј Темов ја потврди фаворитската улога на државното првенство за јуниори до 14 години и со убедлива победа од 6:1 и 6:0 во финалето го совлада Олег Мирчески. Овој играч минатиов период беше активен на меѓународната сцена и имаше забележителни настапи во Анталија, Тирана и Улцињ, па на ...
Ханси Флик си постави цел по освоената втора титула во шпанската Ла Лига, односно побара од својот тим да го брка рекордот од 100 освоени бода во една сезона, нешто што ќе беше возможно со три победи во последните три рунди. Сепак, уште на првиот меч по освоената титула, станува јасно дека оваа мисија на Флик станува невозможна, едноставно поради фактот што неговите фудбалери не пронајдоа мотив да се надигруваат во Виторија. Алавес е во ...