Кам-бекот на Жозе Мурињо во Реал Мадрид се повеќе добива на значење и сила во шпанската јавност, а бидејќи и угледните медиуми од престолната ги посочија како прв избор на Флорентино Перез, во јавноста се почести се и изјавите од легендарни фудбалери за враќањето на „специјалниот“. Мурињо го водеше Реал три години и оствари неколку рекорди во шпанската Ла Лига, но 13 години подоцна се појавува сериозна опција да се врати на „Бернабеу“, и тоа ...

Македонија ќе биде последниот тест за Босна и Херцеговина пред настапот на „змејовите“ на Светското првенство, бидејќи двете селекции закажаа пријателската средба за 29-ти мај во Сараево. Двете Федерации кои имаат близок однос решија да организираат натпревар на кој се очекуваат полни трибини, пред се поради фактот што домашните фанови ќе имаат можност да ги испратат своите фудбалери на мундијалот кој следи во месец јуни и јули. По повод ...

Флорентино Перез свика вонредна прес-конференција за денеска во 18:00 часот и цела Шпанија со големо нетрпение го чекаше неговото обраќање, па главна вест од воведниот дел е тоа дека првиот човек на Реал Мадрид не си поднесува оставка. Претседателот на Реал се најде под голем притисок поради двете сезони без освоен трофеј и многумина побараа од него да се повлече од функцијата која ја извршува со години, но Перез не сака да покаже слабост и ...

Поради послабиот квалитет во француската Лига 1, Луис Енрике имаше можност извонредно да ги менаџира своите фудбалери и да ги сочува за најважните натпрвари во Лигата на шампиони, па покрај тоа што посебно го правеше со капитенот Маркињос, слична е работата и со Усман Дембеле. „Златната топка“ паузираше и поради одредени физички проблеми и беше менаџиран и одморан од Лучо во добар дел од сезоната, но таков луксуз не ужива Пеп Гвардиола, кој ...

По долги преговори кои траеја со месеци, шпанските медиуми информираат дека Серхио Рамос и инвестицискиот фонд кој стои зад него постигнале договор за купување на Севилја, клуб кој во иднина ќе биде воден од некогашниот младинец на клубот. Рамос како претставник на инвестицискиот фонд „Five Eleven Capital“ успеа да ги убеди актуелните сопственици дека го водат клубот во погрешен правец, па целта на новата гарнитура ќе биде да го врати ...

Јаник Синер изгледа несопирливо во последно време, а после петте Мастерс турнири кои ги освои во низа, сега атакува и на шестиот во домашната земја. Мастерсот во Рим оди според планот за светскиот рекет број еден, кој денеска успеа да го победи својот сонародник Андреа Пелегрино и да израмни еден импресивен рекорд на Новак Ѓоковиќ. Синер стана само вториот тенисер кој стигна до 31-на победа во низа на Мастерс турнирите од серијата 1000, а во ...

Ханси Флик вторпат во кариерата доживеа шампионска парада како тренер на Барселона, а иако уживаше во втората како пред една година, сепак имало еден момент кој не му се допаднал. Ригидниот германски стручњак испорача една забелешка за незрелиот Ламин Јамал, кој покрај тоа што испрати провокација до Реал Мадрид, развеа и палестинско знаме и испрати политичка порака. Ханси Флик нема забелешки за спортските „пецкања“ кон Реал Мадрид, но затоа ...

Луис де ла Фуенте вчера ја испратил прелиминарната листа од 55 фудбалери до ФИФА по повод списокот на играчи за Светско првенство, а денесна угледните шпански медиуми информираат дека еден елитен член на Реал Мадрид и дефинитивно останува без мундијал. Дани Каравахал ја затвора ужасната сезона на најлош можен начин, не само поради тоа што нема да добие нов договор од Реал Мадрид, туку и поради фактот што останува без мундијал. Де ла Фуенте ...

НБА лигата беше активна со два натпревари во кои победи остварија екипите на Кливленд Кавалирс и Оклахома Сити Тандер. Кавси го одбранија домашниот терен и славеа над Детроит Пистонс со што израмнија на 2-2 во полуфиналната серија на Истокот, додека актуелниот шампион го доби Лос Анџелес Лејкерс и на тој начин со 4-0 се пласираше во финалето на Западот. Од двата натпревари ги имаме најдобрите, најубавите моменти, топ листата брои десет ...

Берат Јашари ја стартуваше одбраната на титулата со победа во вториот мастерс турнир од државното првенство во снукер, каде што во финалето играше со својот добро познат ривал и долгогодишен предизвикувач во борбата за титулата, Петар Панов. Се играа максимални седум фрејмови, во кои беа видени повеќе пресврти, за на крај по четири часа игра да се дојде до ситуација да одлучува еден удар. Ваква ретко видена драма го прави овој меч можеби ...

Еден од најквалитетните европски центри во изминативе 15 години, Јан Весели ја изненади јавноста и одлучи да и стави крај на играчката кариера по завршувањето на натпреварувачката 2025/2026. Јасно беше дека тој ќе си оди од Барселона по оваа кампања, ама никој не очекуваше дека ќе замине во пензија и неговото име го поврзуваа со повеќе тимови, па и со можно враќање во Партизан, тимот за кој играше од 2008 до 2011 пред да замине во НБА каде ...

Пред нас е финалето на Лигата на шампионите, финале закажано за 30 мај во Букурешт каде силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Арсенал. „Топчиите“ се тимот кој предизвикува и кој ќе се обиде да го тргне ПСЖ од тронот кој пак од друга страна ќе се обиде да потврди дека е најдобра екипа во Европа и дека минатогодишниот триумф воопшто не е случаен. Веќе почнаа коментарите, анализите, предвидувањата за тоа што може да се случи и од свој стручен ...

Касемиро ја заврши својата приказна со Манчестер Јунајтед, клуб во кој настапуваше во изминативе четири години. Тој како слободен играч си заминува од „Олд Трафорд“ и останува да се види кој ќе биде следниот чекор, дали по 13 години ќе ја напушти Европа или ќе прифати нов прредизвик на стариот континент. Бразилецот играше за Порто, Реал Мадрид, Јунајтед, бразилската репрезентација што значи имаше можност да соработува со доста играчи, но ако ...

Заврши сезоната за Лос Анџелес Лејкерс, а со тоа и сезоната за Леброн Џејмс за кого можеби е и последна во неговата кариера. Леброн во декември ќе го прослави 42. роденден, но останува да се види дали тоа ќе го направи на теренот како активен играч. -Ме прашувате за тоа, јас само одговарам на прашањата. Не излегувам да кажам дека пензионирањето доаѓа. Сè уште сум свеж од поразот. Не знам што ми носи иднината, очигледно, како што стојат ...

Женската сениорска репрезентација на Македонија утре ќе го има првиот собир со новиот селектор Милош Гавриловиќ во пресрет на настапот во Европската лига 2026, која од оваа година ја превзема улогата и на квалификациски циклус за следниот континентален собир во 2028 година. Прозивката е закажана за на пладне во хотелот „Континентал“ во Скопје, а на истата ќе се појават сите одбојкарки кои се најдоа на поширокиот список. Селекторот Гавриловиќ ...

Вардар има да одработи уште два натпревари до крајот на сезонава, но средбите со Тиквеш и Бутел нема ништо да променат затоа што скопскиот тим ги оствари целите, ја освои двојната круна на домашната сцена, а стигна во четвртфиналето на Лига Европа. Ова значи дека „црвено-црните“ можат и да се одморат, но и да размислуваат за наредната сезона со што играчкиот кадар е формиран, па клубот се посвети на дел од стручниот штаб кој доби награда. ...

Жозе Мурињо е на добар пат да потфрли во уште една фудбалска приказна, овојпат со Бенфика, тим кој го ангажираше да донесе титули, да го врати победничкиот дух, a на крајот клубот може да остане без пласман во Лигата на шампионите. Вчера Бенфика направи кикс и освои само бод во соочувањето со Брага, кикс кој Спортинг го искористи и дојде на второто место кое води во квалификациите за ЛШ. До крајот останува уште едно коло, па реално е ...

Жоао Кансело се врати во европскиот фудбал во оваа 2026 година, потег кој се покажа како одличен за него затоа што го облече дресот на Барселона и со своите изданија во изминативе месеци покажа дека се уште има што да понуди на највисоко ниво. Португалецот од 2024 година е член на Ал Хилал, но се соочи со проблеми по кои одлучи барем привремено да го напушти клубот од Ријад. Кансело освои титула со Барселона и испиша историја во европскиот ...

Лука Дончиќ поради повреда не можеше да му помогне на Лос Анџелес Лејкерс во плејофот, тим кој и без него направи изненадување во првата рунда и го елиминираше Хјустон Рокетс, меѓутоа во полуфиналето на Западот немаше сили против актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер. Дончиќ се уште закрепкува и така ќе биде и во наредниов период, па и летово во кое нема да го видиме во акција затоа што одлучи да не настапува за Словенија во квалификациите ...

Манчестер Јунајтед може да почне да размислува за следната сезона затоа што веќе ја оствари основата цел и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Премиерлигашот веројатно прво ќе мора да го реши прашањето околу тренерската позиција или поточно дали ќе се одлучи да му верува на Мајкл Карик или ќе донесе ново име кое ќе почне од почеток и ќе тргне да гради нова приказна. Времето минува и Јунајтед ќе мора да реагира и потоа да се активира и ...

Енцо Мареска веќе неколку месеци е без ангажман и тоа откако премиерлигашот Челси се откажа од неговите услуги откако претходно успеа да им донесе пехари во Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство. „Сините“ плаќаат за таа одлука и доказ за тоа се резултатите, а Италијанецот пак од друга страна по паузата која ја имаше е подготвен да направи исчекор и да се впушти во нов предизвик. -Се чувствувам подготвен за следното ...

Роберт Левандовски во август ќе го прослави 38. роденден со тоа што дотогаш може ќе ја промени средината и нема повеќе да го гледаме во дресот на Барселона. Договорот му завршува на крајот на месец јуни и засега нема јасен одговор за иднината, поточно има доста прашалници. Тој веќе некое време се поврзува со можна преселба во Италија, се споменуваат Соединетите Американски Држави, ама не се исклучува и останување во Барса по сосема други ...

Манчестер Сити до крајот на оваа сезона го очекуваат уште неколку предизвици, мечеви по кои може во своите витрини да донесе уште една или две титули. „Граѓаните“ играат финале со Челси во ФА Купот, а во исто време се борат со Арсенал за пехарот во Премиер лигата со тоа што во моментов ништо не е во нивни раце и потребен е кикс на „топчиите“ за да нешто се промени. Меѓутоа едно е јасно Сити ќе мора да притиска до самиот крај, да победува, но ...

Остануваат само уште две кола до крајот на оваа сезона во Серија А, две рунди кои ќе биде супер интересни, драматични кога е во прашање трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите. Само Интер официјално има обезбедено билет за елитното натпреварување за кампањата 2026/2027, односно останатите три позиции се отворени, а битка ќе водат пет екипи. Од Наполи кој е втор и Комо кој е шести разликата е само пет бода што доволно говори за ...

Екипата на Оклахома Сити Тандер дојде до првиот билет за финалето на западната конференција и тоа откако подели уште една „метла“ во плејофот. Бранителот на пехарот во првата рунда го суреди Феникс Санс со чисти 4-0, резултат кој сега го повтори и со Лос Анџелес Лејкерс. Во последниот меч кој рано утрово се одигра во Калифорнија, гостите славеа со 115:110. Домаќините попуштија во завршниот период, одиграа најслабо во одбраната (примија 35 ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) или поточно судискиот комитет ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на финалните средби, битките за трофеи во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Пари Сен Жермен и Арсенал ќе водат „војна“ за најважниот пехар во Будимпешта, а одговорноста се да биде во најдобар ред ќе ја има Даниел Зиберт, човекот кој последниот ангажман го имаше пред само неколку дена, го судеше реваншот меѓу ...

Клаудио Раниери од неодамна остана без работата што ја извршуваше во калчолигашот Рома, но е подготвен одново да се врати на големата сцена ако од тоа корист има италијанската репрезентација и фудбалот во оваа земја. Италијанеците третпат во низа останаа без пласман на Светските првенства, се прават промени, се бираат нови лица и засега останува отворено прашањето околу тоа кој ќе го преземе националниот тим или поточно ќе го наследи Џенаро ...

Пабло Гави и Винисиус Жуниор знаеле да имаат свои „Ел Класико“ епизоди и во минатото, а како двајца играчи кои се подготвени за ниски удари и провокации на теренот, дојдоа до израз и на последниот меѓусебен меч. Двајцата се „зајадоа“ по една мешаница и беше очигледно дека си разменуваат зајадливи зборови, па сега специјализираните шпански емисии ја открија целата содржина од вербалниот клинч. „Мовистар плус“ го улови инцидентот и обелодени ...

Рио Фердинанд, Вејн Руни и Рој Кин се три легенди на Манчестер Јунајтед кои од самиот старт му даваа предност на Арсенал во битката за титулата во Премиер лигата, а во ситуација кога „топчиите“ дојдоа на само два чекор од најголемиот успех во последните две децении, полека се прават проекции за тоа како може да изгледа завршницата на месец мај. Арсенал го чекаат уште два натпревари во Премиер лигата против Барнли и Кристал Палас за потврда на ...

Манчестер Сити утре ќе го одигра заостанатиот меч со Кристал Палас по што и официјално на сите екипи од Премиер лигата ќе им останат по уште два натпревари до крајот на натпреварувачката 2025/2026. Доста драматично беше 36. коло, се уште се зборува пред се за случувањата на мечот Вест Хем-Арсенал каде во завршницата беше донесена одлука која на крајот можеби и ќе го реши прашањето околу титулата, но и опстанокот (на „чеканите“) во елитната ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33