Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Маркус Рашфорд даде фантастичен гол во слободен удар во победата на Барселона над Реал Мадрид, победа со која каталонците официјално ја освоија титулата во Примера. Ова за Маркус е прва лигашка титула во кариерата, вкупно втора во дресот на шпанскиот великан, меѓутоа и понатаму е неизвесно дали ќе остане на „Камп Ноу“. Тој е на позајмица до крајот на сезонава, постои опција неговиот договор да биде откупен од Манчестер Јунајтед, ама засега по ...
Нејмар со добри изданија се обидува да се наметне кај Карло Анчелоти или поточно да добие повик во националниот тим кој летово ќе настапи на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Искусниот напаѓач е фит, подготвен и почна да врзува натпревари на кои постигнува голови, па откако стрелаше во Копа Судамерикана, тој реализираше и во бразилскиот шампионат на средбата со Брагантино. Сантош славеше со 2-0, триумф кој беше најавен со ...
Милан загуби од Аталанта со 3-2 и со тоа уште еднаш потврди дека се наоѓа во многу лоша форма во завршницата на оваа сезона. „Црвено-црните“ имаат четири порази на последните шест средби во Калчото, освоени 4 од вкупно 18 поени и токму поради ова сега виси нивниот пласман во Лигата на шампиони. Јувентус веќе ги мина на табелата, Рома со триумфот над Парма се израмни со нив, додека Комо е на минус два што доволно говори дека избраниците на ...
Имаме доста Македонци кои настапувале во Германија, но најголема трага од сите нив има оставено Николче Новески. Поранешниот македонски репрезентативец скоро две децении играше фудбал во оваа земја, почна во Ханза Рошток, продлжи во Ауе за да потоа премине во Мајнц 05 каде мина најголем дел од кариерата. Битолчанецот овде се задржа 11 години и сосема заслужено има статус на легенда. Тој беше и капитен на екипата, а дека Мајнц воопшто не го ...
Амбициозниот ГРК Охрид продолжува да го надополните тимот за наредната сезона, а четвртото засилување доаѓа од соседна Србија. Нов член на македонскиот прволигаш е капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ. Се работи за лев бек кој може да одговори во двата правци на теренот. -Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на ...
Пари Сен Жермен го совлада Брест со голот на Дуе и сега останува само уште математички да ја прослави новата титула во францускиот шампионат. Тоа може да се случи оваа седмица, но во меѓувреме хит на социјалните мрежи е реакцијата на тренерот Луис Енрике. Шпанецот беше задоволен од освоените три бода, ама и веднаш се насочи кон дербито во Шпанија. Тој доби информација дека Барселона го совлада Реал Мадрид по што се израдува јасно покажувајќи ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ доживеа пораз и во вториот меч со Борац Чачак и на тој начин остана без сонот, пласман во елитната АБА лигата. Борац беше доминантен на двата меча, ТФТ немаше никакви шанси, но тренерот Боро Смилковски е горд на тоа што екипата во направи во тековнава сезона и верува дека од последните резултати ќе се извлече поука за тоа што е потребно да се обезбеди пласман во најсилната АБА конкуренција. -Она што го ...
Рома даде се од себе и се избори за трилер победа над Парма со два погодоци во судиското продолжение, резултат со кој остана во игра за позициите кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027. „Волчицата“ сега е израмнета со Милан, еден бод повеќе има Јувентус, но од позадина треба да се внимава и на Комо, па сето ова е најава за драматични две рунди во Калчото. Пауло Дибала по подолго време беше стартер и одигра 90 минути ...
Арсенал излезе како победник од драматичната и исцрпувачка битка со Вест Хем, победа од 1-0 со која широко си ги отвори вратите за освојување на пехарот во Премиер лигата. Ова беше меч во кој „топчиите“ лесно можеа да останат без бодови или да освојат само еден со што во целост ќе го вратеа Манчестер Сити во трката за првата позиција. „Чеканите“ промашија зицер на 0-0, потоа гостите дадоа гол, ама домаќините не се предадоа и во судиското ...
Жоао Педро од минатато лето е дел од англискиот прволигаш Челси во кој има добра сезона и е на чекор да забележи „дабл-дабл“ во сите конкуренции. Напаѓачот има учинок од 20 гола и 9 асистенции на 48 средби што не е лошо ако се земе предвид како Челси игра и сите турбуленции во натпреварувачката 2025/2026. Бразилецот имаше можност да води битки со доста дефанзивци, но еден е на врвот на неговата листа. -Најтешкиот дефанзивец против кога играв ...
Милан игра многу лошо во завршницата на оваа сезона и многу лесно може да се случи да остане без пласман во Лигата на шампионите. „Росонерите“ на последните шест натпревари во Калчото имаат забележано само една победа и тоа против отпишаната Верона, период во кој екипата загуби четири меча од кои последниот беше против Аталанта на „Сан Сиро“ со 3-2. Тренерот Масимилијано Алегри не може да биде задоволен од играта, резултатите, меѓутоа излезе ...
Минесота Тимбервулс го одбрани домашниот терен и со победата над Сан Антонио Спарс од 114:109 успеа да израмни на 2-2 во полуфиналето на западната конференција во НБА лигата. Голема заслуга за ова има гостинската ѕвезда Вембањама кој во раната фаза на мечот, втората четвртина се исклучи при една ситуација и му подели лакт на Рид, потег поради која беш испратен на предвремено туширање. Спарси и без него беа конкурентни, се бореа, меѓутоа ...
Барселона славеше над Реал Мадрид (2-0) и на тој начин и математички ја потврди титулата во Ла Лига, титула број 29. за клубот од „Камп Ноу“. Барселона во години кога се мачи на финансиски план и се уште не може да се стабилизира успеа да освои два лигашки пехари во низа и тоа под водство на Ханси Флик, Германецот има огроми заслуги за овие резултати, успеси, а и самиот тој се повеќе и повеќе се поврзува со клубот. Вчерашниот ден не беше ...
Арсенал успеа да го совлада Вест Хем (1-0) во мечот во кој донесе голема борба, драма која кулминираше на крај со поништен погодок за домаќините во судиското продолжение. Погодокот прво беше признаен, ВАР се вклучи во акција и одлучи да го повика главниот судија Крис Кавана да ја погледне спорната ситуација за да на крајот и тој пресече дека постоел прекршок врз голманот Давид Раја пред Калум Вилсон да ја спроведе топката во мрежата. ...
Винисиус Жуниор ја носеше капитенската лента на Реал Мадрид на „Ел Класико“, дерби кое ќе остане запаметено по тоа што Барселона ја освои и ја потврди својата 29-та титула во домашното првенство во клупската историја. Каталонскиот великан го „сомле“ лутиот ривал и можеше да постигне далеку повеќе голови во мрежата на Тибо Куртоа, но ако Белгиецот беше расположен да одржи што е можно поприфатлив резултат за својот тим, капитенот Вини реши да ...
Столе Димитриевски испорача уште еден голмански мастерклас во шпанската Ла Лига, а истиот беше клучен за Валенсија да освои многу важни три бода во борбата за опстанок. „Лилјаците“ успеаја да го освојат „Сан Мамес“ и да запишат тесна победа од 0:1 во Билбао, но иако голот за триумф го постигна Умар Садик, играч на мечот беше македонскиот чувар на мрежата. Од четирите одбрани кои ги имаше, три беа од светска класа, а особено тоа беше случај во ...
Лионел Меси важи за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, ас кој ги освои сите можни титули на клупско и репрезентативно ниво. Сега Лео настапува во МЛС за Интер Мајами и се уште прави разлика, а додека се чека неговата одлука за тоа дали ќе биде дел од аргентинската репрезентација на престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико тој издвои еден фудбалер за кого може да го наследи. Не се работи за Аргентинец, туку за ...
Манчестер Јунајтед ја оствари основата цел за оваа сезона, топ 4, топ 5 пласман во Премиер лигата кој носи место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027. Секако клуб како Јунајтед мора да има повисоки амбици, цели и останува да се види што ќе се случи наредната кампања, а во меѓувреме клубот ќе мора да реши некои прашања како менаџерската позиција, но во исто време ќе треба добро да го одработи и летниот преоден рок. „Црвените ...
Македонија сака да го продолжи настапот на големите ракометни натпреварувања, а за да се случи тоа ќе мора да ја добиеме Словачка во баражот за Светското првенство во 2027 година. Ќе играме дома и гости против Словаците, прво во Прешов на 14 мај, а потоа три дена подоцна ќе го пречекаме во СЦ „Јане Сандански“. Ние го имаме статусот на фаворити, меѓутоа македонските репрезентативци се свесни дека тоа ќе мора да го оправдаат на теренот, но и ...
Екипата на Крива Паланка e нов шампион на Македонија во женска сениорска кошаркарска конкуренција. Вечерва, во четвртиот натпревар од финалето на Плеј-офот, како гости славеа минимална победа против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3-1) ја затворија серијата која го даде новиот државен првак за натпреваруваќката сезона 2025/2026. По одличното отворање на гостинската екипа во овој натпревар во кое во првите десет минути се стекнаа со високо ...
Пари Сен Жермен е на добар пат да ја одбрани титулата во Франција откако вечерва забележа минимален триумф во соочувањето со Брест. Тимот што го предводи Луис Енрике славеше со 1-0 со погодокот на џокерот Дуе кој влезе во 53 минута, а во 82 ја смести топката во мрежата на гостите. „Светците“ сега имаат шест бода повеќе од второпласираниот Ланс и ако тука останат непоразени и математички ќе го потврда статусот на најдобар клуб во Лига 1. Merci ...
Македонскиот прволигаш ТФТ Скопје го заврши својат настап за оваа сезона АБА лигата и тоа без остварување на сонот, место во елитното јадранско друштво. ТФТ не успеа докрај да ја круниса оваа кампања преку АБА2 лигата каде падна на последниот чекор против Широки Бријег, но имаше уште една можност, бараж соочувањето со Борац Чачак. Меѓутоа српскиот тим е на друго ниво, многу подобар, поквалитетен и тоа се види на двете средби, првата во Чачак ...
Фудбалерите на Барселона издвојуваа победа над Реал Мадрид од 2-0 во второто сезонско Ел Класико во Примера, победа со која каталонците и официјално се старо-нови шпански шампиони. Избраниците на Ханси Флик ја имаа улогата на фаворити пред овој меч, а тоа го потврдија на теренот каде беа многу подобри од лутиот ривал. Барса уште по 18 минути игра водеше со 2-0 со головите на Рашфорд од слободен удар и на Торес по одличната асистенција на ...
Милан продолжува да губи бодови бодови и со тоа да си го загрозува пласманот во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвено-црните“ оваа вечер загубија од Аталанта на „Сан Сиро“ со 3-2, пораз со кој Милан сега останува 67 бода, исто колку што има и Рома, а шестопласираниот Комо 65 што значи не очекуваат пеколни две завршни рунди. Аталната имаше предност од 3-0 по 52 минути игра со погодоците на Едерсон, Запакоста и Распадори. Домаќините ...
Македонската репрезентација ќе биде активна во наредниот период, односно ќе води битки со Словачка во баражот за пласман на Светското првенство. Термините за двомечот се 14 и 17 мај, поточно Прешов и Скопје, а нашата селекција има една и единствена цел, пласман на уште едно големо натпреварување. -Сакам да кажам дека голем дел од играчите се во добра форма, а најважно е дека сите сме здрави. Мора да сме максимално подготвени за двомечот со ...
Македонските репрезентативеци, Андреј Јакимовски и Ненад Димитријевиќ забележаа победи со своите Тренто и Баерн Минхен во последните натпревари од регуларниот дел во првенствата на Италија и Германија. Андреј и другарите мораа да го добијат Олимпија Милано ако сакаа пласман во плејофот и притоа да чекаат пораз на Варезе, сценарио кое се реализираше. Тренто го доби евролигашот со 84:74, додека Варезе немаше сили за изненадување и загуби на ...
Македонските фудбалери, Андреј Тодороски и Милан Ристовски потврдија дека се во одлична форма со нови квалитетни партии за ТСЦ Бачка Топола и Бохемијанс. Тодороски даде гол и забележа асистенција во убедливата победа над Јавор од 6-1 во српскиот шампионат. поточно во фазата каде екипите се борат за опстанок во елитата. Инаку офанзивецот на последните пет натпревари има учинок од 6 гола и 1 асистенција. Репрезентативецот Ристовски пак беше ...
Кошаркарите на Пелистер славеа над МЗТ Скопје со 81:76 во вториот натпревар од полуфиналето на плејофот во Суперлигата. „Зелено-белите“ го надиграа бранителот на титулата, го добија првиот дел со 46:33 и потоа во вторите 20 минути ги одбија сите напади на скопјани и дојдоа до израмнување на серијата, поточно се изборија за „мајсторка“ која ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Џенкинс со 31 поен беше прво име кај победникот, Дејвис додаде 15, ...
Тимот на Рома успеа да издвојува победа во трилер соочувањето со Парма кое се одигра на „Енио Тардини“. Мален донесе водство за гостите во првиот дел, меѓутоа потоа „волчицата“ дозволи противникот да направи пресврт со погодоци во 47 и 87 минута. Тука веќе изгледаше дека клубот од Рим е пред невозможна мисија да дојде до трите бода, меѓутоа фудбалот е чудесен спорт и тоа се потврди уште еднаш. Ренш во 94 израмни на 2-2, а врз истиот играч во ...
Барселона и Реал Мадрид вечерва ќе ги одмерат силите во второто сезонско Ел Класико во Примера, средба која од 21 часот е закажана на „Камп Ноу“. Двајцата тренери Ханси Флик и Алваро Арбелоа ги отворија картите и германскиот стратег направи неколку изненадувања. Во почетните единаесет нема место ниту за Кунде, ниту за Де Јонг, Левандовски, па и за Рони кој во изминатиов период го менуваше Јамал. На голот е Гарсија, во одбраната се Ерик ...