Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Претседателот на светската шаховска федерација ФИДЕ, Антони Дворкович, објави дека го препушта раководењето со организацијата на поранешниот светски првак, Индиецот Вишванатан Ананд, бидејќи неговото име се појавило на листата на санкции што ја објавила ЕУ. Потегот на ЕУ е елабориран со претходните политички ангажмани на Дворкович (54) како заменик премиер во руската влада, како и со наводна јавна поддршка на руските воени операции, поточно ...
Турнирот од АТП Мастерс серијата во Монтреал ќе биде посиромашен за две големи ѕвезди, бидејќи Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ решија да го прескокнат ова натпреварување. Синер требаше да биде прв носител како светски рекет број еден, а Ѓоковиќ еден од неговите најголеми ривали со 24 грен-слем титули зад себе, но и двајцата решија дека подобро ќе им дојде одмор во пресрет на Ју-Ес Опен. Турнирот започнува на 2. август и требаше да биде генералка ...
Раководството на ГРК Охрид обезбеди сериозни засилувања за екипата во пресрет на новата сезона, а тренерот Борис Ројевиќ денеска официјално ја реализираше првата прозивка, како почеток на подготовките. Охриѓани го одработија првиот тренинг во својот дом, салата „Билјанини Извори“, а во новата сезона веројатно ќе имаат уште поголеми амбиции, вклучувајќи ги и трофеите на домашната сцена, каде имаат сериозна конкуренција. Минатата сезона беше ...
Марио Хезоња реши да ја прекине соработката со Реал Мадрид и да се врати во НБА лигата, а се чини дека одлуката на ЛеБрон Џејмс да ја засили Филаделфија, му направи услуга и на хрватскиот кошаркар. Кливленд беше екипата која до последен момент чекаше евентуален камбек на ЛеБрон, но откако таа опција отпадна, очигледно решила да го ангажира Хезоња. Неговиот агент Мишко Ражнатовиќ во свој стил, преку специфичен пост на „Икс“ индиректно најави ...
Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години загуби од Грузија (83:66) во првата рунда на Европското првенство Б дивизија, кое се одржува во Хрватска. Јуниорите и врсниците од Грузија одиграа интересно прво полувреме во кое заминаа со резултат 36:36 на подолгата пауза, но противникот направи двоцифрена предност во продолжение и до крајот стигна до посакуван резултат. Цветковски со 20 и Ѓорѓевиќ со 11 поени беа најефикасни во ...
Крисенсио Самервил беше избраниот фудбалер за кој Рома планираше да инвестира поголема сума и да го доведе во пресрет на сезоната во која ќе игра во Лигата на шампионите, но холандскиот репрезентативец денеска официјално е промовиран во Ал Хилал. Наместо сума меѓу 40 и 50 милиони евра, Вест Хем за младиот фудбалер ќе добие дури 80 милиони евра од саудискиот прволигаш, па јасно е дека премиерлигашот немал дилеми која понуда да ја прифати и ...
Душан Влаховиќ и натаму не го решил својот фудбалски статус и допрва ќе донесе одлука за кој клуб ќе настапува претстојната сезона, а еден од најупорните да го добие неговиот потпис е Бешикташ. Откако му истече договорот со Јувентус, Влаховиќ не ги прифати новите услови на „бјанконерите“, но сега може повторно да се одлучи за црно-бела комбинација на дресот. Турски Бешикташ му понудил 8 милиони евра по сезона на српскиот репрезентативец и се ...
Манчестер Јунајтед со подмладен состав издоминира на пријателскиот натпревар со Розенборг (0:5), а менаџерот Мајкл Карик го искористи денешниот натпревар за да им даде солидна шанса и на голем број талентирани фудбалери од младинската академија. Џошуа Зиркзе е еден од поискусните кои немаа обврски за мундијалот, па затоа и од почеток се на подготовките со својот клуб, за денеска да го постигне и најатрактивниот гол на дуелот во Трондхајм. ...
ПСЖ последниот период не само што доминира во Франција и освои две европски титули по ред, туку профитира максимално дури и од продажбата на играчи кои не добиваат многу шанса од Луис Енрике. Хиерархијата во францускиот клуб е јасна и дел од играчите мораа да си најдат нова средина за да добијат посакувана минутажа, а меѓу нив е и Канг-ин Ли, кој решил да ја прифати понудата на Атлетико Мадрид. Не само што заминувањето на Ли нема да биде ...
Раководството на Реал Мадрид има императив да формира многу посилен тим за новата сезона, а тренерот Жозе Мурињо веќе доби неколку значајни имиња со кои се зголемуваат и амбициите во споредба со претходниот период. Светското првенство како и секогаш овозможи да бидат пикирани и некои нови имиња, но она што Реал Мадрид дефинитивно го извлече како поука е дека вреди да се бори за потписот на Родри. Освојувачот на „Златната топка“ се врати по ...
Белгиската фудбалска репрезентација од денеска има нов селектор, а тоа е поранешниот холандски репрезентативец Марк ван Бомел. 49-годишниот Ван Бомел, кој своевремено беше капитен на холандскиот национален тим, добил договор само за претстојните две години, односно до ЕП 2028, а двете страни оставиле простор за продолжување на соработката и по овој период. Ван Бомел ќе го замени Руди Гарсија, кој не доби позитивен сигнал за останување на ...
Јирген Клоп денеска одржа прес-конференција со која официјално започна неговиот ангажман како германски селектор, а на истата отворено пред новинарите зборувал за својата фудбалска филозофија и идеите кои ги има за националниот тим. Германците разочараа на последното светско првенство, Клоп е експресна замена за отпуштениот Јулијан Нагелсман, но трофејниот стручњак ги предупредил медиумите за една работа уште на првиот прес. – Ако се ...
Тиквеш и Арсими ја отворија новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со натпревар со многу голови, во кој сепак издоминира домашниот тим. Тиквеш ги израдува своите фанови во Кавадарци со победа од 5:1, а победникот на дуелот беше решен уште по првиот дел, кој заврши со гол помалку во мрежата на Арсими. Лавал и Сила со по два гола во првиот дел го откажаа противникот од желбата за позитивен резултат, а единствениот гол на Арсими беше ...
Раководството на Баерн Минхен сака по секоја цена да го задржи Хари Кејн и по истекувањето на неговиот актуелен договор, а агентот на англискиот напаѓач наскоро ќе влезе во преговори за продолжување на соработката. Последните информации од Англија се дека Кејн по крајот на СП 2026 решил да активира забрзани преговори, со што би било потврдено дека останува во Германија на подолг рок уште пред почетокот на сезоната. Актуелниот договор на Кејн ...
Одговорните во Италијанската фудбалска федерација не успеаја да го убедат Пеп Гвардиола да стане нов италијански селектор, па веднаш по ваквиот епилог, донесоа и конечна одлука за официјалниот наследник на Џенаро Гатузо. Федерацијата многу скоро ќе го промовира Андреа Пирло за нов предводник на „азурите“, одлука која Паоло Малдини и Леонардо ја донеле како логично решение по неуспешните преговори со трофејниот шпански стручњак. Пирло ќе добие ...
ЛеБрон Џејмс одамна потврди дека го напушта Лос Анџелес и официјално се збогуваше со фановите на Лејкерс, а американските медиуми денеска го соопштија и неговиот избор за идниот клуб. НБА легендата ќе се пресели во редовите на Филаделфија, екипа која прифатила двегодишна соработка вредна 8 милиони американски долари. ЛеБрон размислуваше и за пензионирање, имаше опција да стане член на неколку клубови, но на крајот ги избрал 76-ките, со што ...
Раководството на Њукасл успеа да ја наполни клупската каса со последните неколку трансфери, а реконструкцијата на тимот подразбира и реинвестирање на голем дел од тие средства. „Црн0-белите“ веќе го обезбедиле потписот на Алаџи Бамба, досегашен фудбалер на Монако, за кој премиерлигашот ќе плати околу 34 милиони фунти. Интересно е што Бамба имаше свое сениорско деби минатата сезона, но експресно се наметна со своите квалитети и сега ќе треба ...
Родри одигра во одлична форма на светското првенство и беше еден од клучните фактори што Шпанија стигна до мундијалската титула, но сега повторно мора да направи оперативен зафат. Неговиот нов менаџер, Енцо Мареска, денеска потврдил дека Родри мора да направи рутински оперативен зафат поради проблем со грбот, а потоа ќе направи и одредена пауза без притисок за враќање на терените. – Сега му следува оперативен зафат во понеделник, а потоа и ...
Најдобрите клубови во Европа или поточно оние кои ќе ги гледаме во Евролигата продолжуваат да ги градат составите за новата сезона. Олимпија Милано и Барселона затворија зделки во кои беше вклучен и македонски репрезентативец. Центарот Мозес Рајт од неодамна доби македонски пасош и во иднина треба да го видиме во нашата репрезентација, ас кој од денеска официјално е нов „манекен“. Тој имаше преддоговор со Барселона, но истиот го прекрши за ...
Искусниот фудбалски стратег Јирген Клоп на враќа на сцената и тоа како селектор на Германија. Тоа што изминатиов период јавно се говореше, денеска доби официјална потврда и Јирген ќе го гледаме како предводник на „панцирите“ до 2030 година под услов докрај да го одработи договорот. Клоп во изминатиов период имаше можност да одмори, но и отстрана да ги гледа работите и на денешната промоција им испрати јасна порака на медиумите да не го ...
Аргентина не успеа да се справи со Шпанија во големото финале на Светското првенство, а еден од играчите кој доста потфрли е Леандро Паредес. Тој влезе во второто полувреме и наместо да ја смири играта, да покаже дел од собраното искуство на теренот тој беше еден од најнервозните играчи на теренот, донесе тензија што кулминираше по последниот судиски свиреж кога се фати во клинч со неколку шпански репрезентативци. Паредес се врати дома, веќе ...
Рафаел Леао е дел од италијанскиот великан Милан од 2019 година, клуб со кој има договор до 2028 година, но токму ова лето може да биде негово последно на „Сан Сиро“. Во таборот на Милан долго време очекуваа Португалецот да преземе поголема одговорност, да биде вистински лидер, предводник и затоа е и најплатен играч во екипата, меѓутоа од сезона во сезона напаѓачот како да игра се полошо и полошо и „црвено-црните“ веќе се отворени за ...
Арсенал подолго време нема да може да смета на услугите на стандарниот првотимец Вилијам Салиба кој се повреди настапувајќи за Франција на Светското првенство. Се споменува пауза од неколку месеци и токму поради тоа англискиот шампион не сака да ризикува и ќе го искористи овој преоден рок да доведе соодветно засилување. Според медиумите на островот „топчиите“ целат кон две имиња, двајца англиски репрезентативци. Првата опција е Џон Стоунс, ...
Запонува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и тоа со мечот во Кавадарци каде Тиквеш ќе го пречека составот на Арсими. Ова треба да биде интересно соочување од почеток до крај, битка за бодови, битка за победа која ја посакуваат двете екипи. -Поминавме одлични подготовки, каде игравме со тешки противници и имавме шанса да видиме каде треба да се поправам, а каде сме добри. Првенството сега почнува побрзо од минатите години, и ...
Во неделата официјално беше спуштена завесата на 23. Светско фудбалско првенство кое заврши со триумф на Шпанија која во големото финале беше подобра од Аргентина со 1-0 со погодок во продолженијата. Со ова беше комплетиран уште еден голем настан кој беше специфичен поради доста причини меѓу кои и најголемиот број на учесници (48). Сега вниманието постепено се насочува кон клупската сезона и летниот преоден рок, но во меѓувреме време е за ...
Македонската кошаркаска репрезентација до 18 години го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во Ријека и Опатија (Хрватска). Нашите надежи се во група со Шведска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Грузија, селекција со која ќе се соочиме вечерва од 20:30 часот. -Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и за мене, и за моите соиграчи. Голем предизвик е да бидеме дел од ова натпреварување ...
Германската фудбалска федерација официјално го затвори најважното прашања, новиот германски селектор, наследникот на Јулијан Нагелсман со кого беше завршена соработката по Светското првенство на кое „панцирите“ беа елиминирани во нокаут фазата од скромниот Парагвај. Германците целеа високо и на крај го добија она што го посакуваа, Јирген Клоп е назначен за предводник на националниот тим со догодот до 2030 година Јирген зема одмор откако ја ...
Шпанија успеа да стане светски шампион и тоа без некој конкретен учинок на фудбалерот кој требаше да биде клучен за нив на овој турнир-Ламин Јамал. Младата ѕвезда на Барселона постигна само еден гол на комплетното Светско првенство и тоа против Саудиска Арабија, но често знаеше и да направи разлика на теренот, со своите дриблинзи, визија иако конкретен придонес со бројки немаше. Повеќе од јасно е дека се очекуваше повеќе од офанзивецот, но ...
Италија е во потрага по нов човек, ново име, стратег кој ќе биде дел од новиот бран во италијанскиот фудбал, италијанската федерација која по назначувањето на Џовани Малаго за претседател ги доби уште легендарниот Паоло Малдини и Леонардо како негов советник. Прва задача на двоецот Малдини-Леонардо е да пронајде селектор и самиот Паоло откри дека целат највисоко, прво го контактирале Карло Анчелоти, а во изминатиов период преговараа, ...
Укинат е притворот за поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и тоа откако судија на претходна постапка ја прифати понудената гаранција во вредност од над 1.150.000 евра. Според информациите од Судот, гаранцијата е обезбедена со засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – ...