Марио Хила е едно од имињата со кои калчологашот Милан се засили во овој летен преоден рок. Шпанецот претходните четири години беше дел од Лацио, клуб во кој се избори за првотимски статус, се наметна со своите изданија и го привлече вниманието на клубови, а на крајот „росонерите“ беа оние кои дојдоа до неговиот потпис. Дефанзивецот веќе работи со новите колеги, соиграчи и е среќен, задоволен од тоа како е прифатен и како изгледа групата. ...

Тотенхем е една од најконкретните премиерлигашки екипи на трансфер пазарот ова лето, беа доведени докажани, проверени имиња, играчи кои се доста квалитетни и кои треба да му овозможат на клубот добра натпреварувачката 2026/2027. Токму едно од новајлиите во екипата, Матеуш Фернандеш постигна страшен погодок за победа на пријателскиот меч против МК Донс. „Петлите“ славеа со 1-0, а голот на Фернандеш беше вистинско ремек дело. Уживајте!!! What a ...

Две големи фудбалски ѕвезди Роберт Левандовски и Антоан Гризман дебитираа за своите клубови во МЛС лигата со тоа што нивниот учинок и резултатот на екипите за кои настапуваат беше сосема различен. Левандовски го облече дресот на Чикако Фајр и во првиот меч не успеа да се наметне, поточно ја загуби битката со Интер Мајами. Луис Суарез беше човекот кој беше во елемент, даде два гола за актуелниот шампион, директно учествуваше и во третиот во ...

Астон Вила ќе направи доста промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок, но заминувањето на дел од фудбалерите автоматски повлекува и ангажман на соодветни замени. Клубот од „Вила Парк“ остана без играчи како Роџерс, Дињ, Тилеманс, Мален…Онана долго време ќе биде повреден, меѓутоа премиерлигашот работи и е на добар пат да го комплетира четвртото засилување. По Манзамби, Гомеш и Кеба Сисе нов играч на поранешниот европски првак ќе ...

Франција потфрли на последните два натпревари на мундијалот и остана без медал на турнирот во САД, Мексико и Канада, но иако ова беше тешко прифатено од француската јавност, уште потешка за прифаќање е веста која ја добија Арсенал и Микел Артета по пристигнувањето на Вилијам Салиба во Лондон. По иницијалните лоши претпоставки од францускиот медицински тим, стоперот замина во Лондон на детални прегледи од клупските доктори, а тие само ...

Стефан Ристовски е име кое му помогна на Вардар во најтешките моменти и играч кој е вардарово дете од младинската школа на скопската гордост, но во период кога од дистанца ги следи случувањата во македонскиот фудбал, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација не пропушти шанса да ги искоментира тажните глетки од „Тодор Проески“. Босанските медиуми им фаќаа сеир на македонските фанови по натпреварот со Купс во првото ...

Челси го реализираше најскапиот трансфер во овој летен преоден рок, операција вредна 137 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец Морган Роџерс. „Сините“ максимално го отворија ќесето за досегашниот фудбалер на Астон Вила за кого постоеше интерес и од англискиот шампион Арсенал, но голем знак прашање е дали клубот од Бирмингем ќе може да извлече толкава сума на пари од „топчиите“. Со ова Челси само продолжи да се издвојува на ...

Екипата на Алкалоид ги започна подготовките за новата сезона, сезона во која клубот ќе биде активен на четири фронта, домашното првенство и Купот, новоформираната регионална лига и ЕХФ Европскиот Куп. Клубот од Алкалоид не направи премногу промени во ростерот и доведе само три нови имиња како засилувања, тројца странски ракометари од кои на двајца и тоа како им е позната македонската ракометна сцена. Се работи за бековите Вуко Борозан и Нејц ...

Во пресрет на стартот на подготовките за четвртото во низа Европско првенство на машката сениорска репрезентација, селекторот Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на кој се најдоа 18 одбојкари. Поголеми изненадувања или промени во изборот нема, а Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци кои го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026 на списокот недостасуваат младиот среден блокер Митко ...

Вардар не успеа да победи и на вториот натпревар кој го одигра пред своите навивачи во Европа ова лето, бидејќи денеска загуби од Рига во второто квалификациско коло во Конференциската лига. По поразот од Купс во квалификациите од Лигата на шампиони, Вардар на моменти беше одново доста неизбалансиран и против Рига, а грешките во потесната одбрана на крајот го чинеа нов пораз во трилер со пет голови. Вардар прво поведе со мајсторијата на ...

Феде Валверде ќе биде прв капитен на Реал Мадрид и во ерата на Жозе Мурињо, без оглед на тоа што уругвајскиот играч за врска ја заврши минатата сезона со скандал од кој дел беше и Орелијан Чуамени. Тепачката меѓу двајцата беше расчистена уште пред почетокот на мундијалот, а бидејќи Феде веќе се приклучи на тренинзите во првиот тим, веќе можеше да се запознае со првите методи и со ставот на новиот тренер. Реал Мадрид го доведе Мурињо со цел да ...

Гостите од Летонија профитираа од пропустита во одбраната на Вардар и си заминуваат дома со победа од 2:3, триумф по кој тренерот на Рига нагласи дека е задоволен од играта која ја понудил неговиот тим. Адриан Гула нагласи го коментираше натпреварот од прес-центарот во „Тодор Проески“ и говореше за карактерот на Рига, тим кој денеска во два наврати брзо реагираше по голови на Вардар. Словачкиот стратег е импресиониран од реакцијата која ја ...

Вардар ќе мора да брка негатива на реваншот во уште едно квалификациско коло во Европа, овојпат во Конференциската лига во која за ривал го има тимот на Рига. Второто коло во третото по ранг европско натпреварување донесе дуел меѓу македонскиот и летонскиот шампион, а во натпревар во кој Вардар на моменти делуваше доста конфузно, Рига едноставно знаеше како да профитира и да искористи дел од грешките во потесната одбрана на нашиот првак. Иако ...

Жоан Лапорта вчера самиот најави дека денеска ќе биде претставено второто летно засилување во Барселона, но официјализирањето на трансферот на Карим Адејеми уште еднаш е одложено. Иако ги мина лекарските прегледи уште пред една недела, фудбалерот на Борусија Дортмунд мораше да чека неколку дена поради фактот што Лапорта и Деко беа во САД на финалето на Светското првенство, па иако вчера претседателот на Барса најави промоција за денеска, ...

Шпанија издоминира во големото финале на Светското првенство и сосема заслужено го освои вториот златен медал во историјата на мундијалите, а играчите на Луис де ла Фуенте сосема оправдано ги собраа и најважните индивидуални награди. Дури тројца шпански репрезентативци беа дарувани од страна на ФИФА по последниот судиски свиреж во Њу Џерси, па така покрај Унаи Симон и Родри кои беа избрани за најдобар голман и најдобар играч на турнирот, ...

Аргентина беше целосно неутрализирана во финалето на Светското првенство и покажа немоќ како на ниту еден друг натпревар на мундијалот, па тоа натера дел од аргентинските медиуми да се занимаваат и со теории на заговор поврзани за можен инцидент кој се случил пред одлучувачкиот натпревар. Повод повеќе за тоа беше и говорот кој го имал капитенот Лионел Меси неколку минути пред играчите да излезат на теренот, а бидејќи во јавноста се крена ...

„Жога бонито“ е термин кој ја означува фудбалската игра како уметност и нешто возвишено, а бидејќи овој суперлатив со години и децении се користеше за бразилската фудбалска репрезентација, навистина е чудно да се гледа како мундијалите веќе подолго време не се сцена на која воодушевуваат „кариоките“. Бразил е во голем фудаблски пад повеќе од две децении и искрените фудбаски фанови подзаборавија на традиционалната „Жога бонито“, а фановите од ...

Феран Торес стана национален херој во Шпанија поради тоа што го постигна голот кој донесе втора светска титула за „црвената фурија“, но неговиот погодок сепак не ја израдува цела нација. Три дена по големото финале на Светското првенство, денеска во Каталонија на големо се зборува за уништениот мурал кој беше посветен на голгетерот од Њу Џерси, и тоа од вандали кои оставиле и јасна порака на ремек-делото. – Шпанијо, сакаме репрезентација на ...

Томас Тухел разочара голем број ѕвезди со тоа што ги прецрта од мундијалскиот список на Англија, а една од нив дефинитивно беше и Фил Фоден. Офанзивниот фудбалер имаше лош крај на сезоната во Манчестер Сити каде го загуби своето место во стартната постава, факт кој направи Тухел да го изостави од својот тим и да го остави без сонот наречен мундијал. Англија освои историска бронза на турнирот во САД, Мексико и Канада и во ситуација кога дома ...

Светското првенство во САД, Мексико и Канада беше 23-то по ред и доби своја завршница во Њу Џерси во неделата, а три дена по одиграното финале, ФИФА го објави тимот на турнирот изгласан од страна на најверните фудбалски следбеници. Фудбалските фанови имаа можност да гласаат за најдобрите фудбалери кои прикажаа највпечатливи перформанси на турнирот, а на крајот изборот падна на 11-мина играчи. ФИФА ова попладне го објави идеалниот тим на 23-от ...

Крајот на Светското првенство традиционално затвора едно фудбалско поглавје кое сите со голема страст го следеа повеќе од еден месец, но од друга страна, отвора нови хоризонти за клубовите кои допрва треба да ги конструираат замислените тимови. Европските великани се очекува посебно да се активираат во раната фаза на месец август за завршната фаза од летниот трансфер пазар, но на другите страни во светот веќе се официјализираат големи ...

Жозимар Дијаш, или скратено Возиња е голманот кој направи вистински бум на ова Светско првенство, не само со извонредните изданија кои ги имаше во САД, Канада и Мексико, туку и поради неверојатната популарност која ја доби на социјалните мрежи. По првиот меч против Шпанија на Светското првенство, Возиња собра 7 милиони следбеници на Инстаграм во само неколку часа и стана вистински хит, но до крајот на мундијалот бројата достигна неверојатни ...

Алваро Арбелоа не се задржа долго во Реал Мадрид и навистина се покажа како привремено решение, но после интензивните пет месеци кои ги имаше во шпанската престолнина, си најде интересна работа во Премиер лигата. Фулам му се довери на младиот шпански стручњак и му овозможи прво искуство надвор од родната Шпанија, а бидејќи проектот на лондонскиот клуб расте од година во година, очекувањата ќе бидат доста амбициозни во новата сезона. ...

Марк Кукурелја има лето од соништата, бидејќи најпрво направи голем трансфер во Реал Мадрид, а еден месец подоцна стана и нов светски шампион. Левиот бек остави неверојатен турнир зад себе и беше еден од најконстантните во неверојатните изданија на „црвената фурија“, па сосема заслужено, беше еден од играчите кои добија најмногу внимание за време на прославата за паметење. Кукурелја целосно се опушти пред навивачите и ги потсети на ...

Иако беше сигурен стартер во воведната фаза од мундијалот, Педри западна во втор план и го загуби местото во почетните 11 од Фабијан Руиз, но и во такви услови, офанзивниот играч на Барселона беше многу важен за крајниот успех. Педри влезе во вториот дел од финалето со Аргентина и одигра повеќе од 60 минути во ситуацијата кога имаше и продолженија, а како еден од осуммината играчи на Барселона кои станаа светски шампиони, офанзивниот фудбалер ...

Роберто Фабијан Ајала повеќе од една деценија беше столб во одбраната на Аргентина и запиша повеќе од 100 настапи во репрезентативниот дрес, но во последните години, препознатлив е и како човек кој е дел од стручниот штаб на Лионел Скалони. Ајала веќе со години ја извршува асистентската улога во елитниот тим на Скалони, но токму тој ги расипа впечатокот како човек кој мораше да остане мирен по финалето во Њу Џерси. Во ревијата од невкусни ...

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски успешно ја мина првата пречка на ИТФ фјучерсот во Олерсбах (Австрија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Калин важеше за огромен фаворит на хартија на соочувањето со Александер Чајка, но мораше да се препоти за да дојде до посакуваниот резултат. Чајка најави дека ќе биде максимално незгоден ривал уште во првиот сет кој го доби во тај-брејк со 9-7. Ивановски соодветно ...

Шпанија успеа да го освои пехарот на 23. Светско фудбалско првенство и тоа откако во завршниот натпревар славеше со 1-0 со гол во дополнителните 30 минути. Ова беше нова лекција на „црвената фурија“ како тимот, тимската игра може да донесе успех, пехар на највисоко ниво, но во исто време овој триумф на Шпанците отвори една интересна дебата, тема кога е во прашање „Златната топка“. По навистина долго време нема да имаме фаворит затоа што ...

Пеп Гвардиола ја заврши приказната со Манчестер Сити, клуб во кој мина цела деценија и во кој успеа да остави неизвршлива трага освојувајќи ги сите можни трофеи. Гвардиола долго време работеше без одмор во Сити и очекувањата се, беа дека тој ќе направи пауза за да ги наполни батериите пред да прифати некој нов предизвик во кариерата. Токму поради ова изненадувачки беа информациите дека е еден од кандидатите за нов селектор на Италија, односно ...

Ливерпул остана без неколку важни играчи од минатата сезона, играчи кои беа стандардни првотимци како Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахима Конате. Сите си заминаа како слободни играчи и допрва ќе видиме што ова ќе значи за Ливерпул, дали клубот ќе пронајде соодветни замена, фудбалери кои ќе можат да одговорат со својот квалитет, но и лидерство на теренот и соблекуваното. И други играчи од Ливерпул се поврзуваат со можна преселба во друга ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
35%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1009
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
68%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
9.77
52%
1005
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.02
72%
1003
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
96%
1012
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.71
77%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
56%
1007
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
88%
1006
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.26
53%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
7.2
72%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
9.26
93%
1012
Currency

61.745

Currency

55.672

Currency

73.909

Currency

37.985

Currency

39.11

Currency

66.834

Currency

8.3543

Currency

0.67238

Currency

0.34848

Currency

0.52431

Currency

1.1075

Currency

0.59256

Калај

46.87

Паладиум

31893.54

Платина

48804.83

Родиум

293375.56

Злато

125211.08

Сребро

1611.91

Бакар

12.40

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.02

Иридиум

326330.08

Кобалт

33.53