Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс се екипите кои рано утрово остварија победи во НБА лигата, две екипи кои сега имаат водство од 2-0 во плејоф сериите против Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс. И овојпат стандардно имаме избор на најдобрите моменти на денот и во фокусот се пет потези кои се најдоа на најновата топ листа. Шампион е Херис со потегот како Џордан со кој надмудри двајца играчи на Кавс, вицешампиони се Ривс и Џемс со ...

Од утре па до понеделник ја имаме 36. рунда во англиската Премиер лига, коло кое е значајно за трката за титулата, излез во Европа и она последно место кое обезбедува опстанок во најсилната фудбалска конкуренција на островот. Алан Ширер како амбасадор на „Бетфер“ и овојпат имаше можност да го сподели своето размислување и да даде свои типови на сите натпревари. Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата не очекува изненадувачки ...

Хулијан Алварес ја игра втората сезона во Атлетико Мадрид, а она што веќе е јасно и дека и во оваа втора година нема да освои ниту еден пехар во клубот. Атлетико беше блиску до трофеите во Копа Дел Реј и во Лигата на шампионите, меѓутоа залудни беа елиминациите на Барселона кога во шпанскиот Куп загуби од Реал Сосиедад во финалето, додека во полуфиналето на ЛШ беше запрен од Арсенал со вкупни 2-1. Ова како и интересот за Аргентинецот прави да ...

Јувентус се бори за пласман во Лигата на шампионите и ако се оствари таа цел клубот од Торино би можел да доживее значајна трансформација престојново лето. Се најавуваат сериозни засилувања, освежувања за екипата, играчи со квалитет, а една од желбите е Бернардо Силва од редовите на Манчестер Сити. Португалецот ќе биде слободен фудбалер по тековнава сезона и Јуве сака тоа да го искористи иако има и други клубови кои се во трката. Анџело Ди ...

Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона, сезона која е негова најдобра во клубот од „Олд Трафорд“. Неговото заминување ќе остави „дупка“ на средината на теренот и останува да се види кој ќе пристигне како соодветна замена, но освен засилувања кои дефинитивно се потребни, премиерлигашот мора да затвори уште едно важно прашање-менаџерската позиција. Мајкл Карик дојде во Јунајтед како човек кој треба да „гаси пожар“, ...

Реал Мадрид го очекува дербито со Барселона во Примера, но во пресрет на Ел Класико се случи голем инцидент во кој учесници беа Федерико Валверде и Орелијан Чуамени. Уругваецот и Французинот два дена „водеа војна“, постоеше тензија која на крајот кулминираше со пожесток конфликт при кој Валверде заврши во болница по ударот со глава во маса. Иако информациите беа дека Чуамени го нокаутирал соиграчот, капитенот тоа го негираше посочувајќи дека ...

Арсенал полека како да ја враќа енергијата, сигурноста која во определен период како да исчезна, ја загуби, се направија неколку киксови и почна да се чувствува притисокот по елиминацијата од двата англиски Купа, плус поразот од Манчестер Сити во првенството. Меѓутоа потоа „топчиите“ го добија Арсенал со минимални 1-0 и од тука екипата како полека да се крева, ремизираше со Атлетико во Мадрид, супериорно за едно полувреме го реши Фулам во ПЛ, ...

Лаутаро Мартинез веќе долго време е дел од калчолигашот Интер, тим во кој дополнително напредуваше како играч и денеска е лидер на екипата која е на добар пат да освои двојна круна во натпреварувачката 2025/2026. Аргентинецот кога е во форма, ритам важи за една од најдобрите „деветки“ на светот и можеби е изненадување што некоја поголема, побогата екипа не притиска да го добие неговиот потпис. Тој во последниот период е поврзуван со ПСЖ, ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за баражот со Словачка за пласман на Светското првенство. На првиот список на Лазаров имаше 35 повикани ракометари, а на денешниот имаме 20 играчи кои ќе се обидат да ја однесат Македонија на уште едно големо натпреварување. Од она што е највпечатливо го нема кружниот напаѓач Жарко Пешевски, Васил Гогов добива шанса пред Марко Кизиќ ...

Јап Стам не мина премногу време во Манчестер Јунајтед, но трите години на „Олд Трафорд“ оставија трага кај него да го цени и почитува клубот до крајот на животот. Холанѓанецот сака да го види Јунајтед на врвот, да биде успешен, да се бори за најважните титули, но да се реализира тоа сценарио дефинитивно ќе мора да се решат некои проблеми, а и соодветно да се засили екипата. Премиерлигашот сигурно ќе ја освежува средината на теренот и според ...

Екипата на Еурофарм Пелистер официјално од вчера повеќе не е шампион на Македонија и сега тој статус на најдобар клуб во државата го има Вардар. Клубот од Битола вчера доживеа убедлив пораз од „црвено-црните“ на соочувањето во СЦ Јане Сандански во Скопје, пораз кој ја налути навивачката група Чкембари која одлучи да им се обрати на сопствениците, стручниот штаб и ракометарите. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост: -Со што Битола и Чкембари ...

Астон Вила го здрби Нотингем Форест (4-0) на реваншот на „Вила Парк“ и успеа да избори пласман во големото финале на Лига Европа каде за ривал ќе го има составот на Фрајбург. Ова за клубот од Бирмингем е прво големо европско финале по пауза од 44 години, резултат за кој огроми заслуги има менаџерот Унаи Емери кој е експерт за ова натпреварување во кое има освоено четири титули со Севилја и Вилјареал, а со Арсенал играше меч за титула кој го ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе некое време не го гледаме на терените, ситуација која треба да се промени оваа седмица каде ќе се појави на Мастерсот во Рим. Ноле е без официјален меч од 12 март кога беше елиминиран од Дрејпер на Индијан Велс, односно може да се каже дека нема соодветна подготовка за тоа што за брзо време следува, вториот грен слем-Ролан Гарос. Има многу прашања, дилеми околу формата на Ѓоковиќ, но некогашниот ...

Тимот на Вардар 1961 е нов шампион на Македонија, титула која официјално ја потврди со триумф над големиот ривал и состав кој досега беше на тронот-Еурофарм Пелистер. Скопскиот клуб издоминира на соочувањето во СЦ „Јане Сандански“, славеше со 34-19 и го обезбеди првото место на три кола до крајот. Искусниот Гоце Георгиевски кој долго време е во клубот призна дека постоел притисок по минатата сезона кога титулата беше испуштена на домашен ...

Кристијан Киву од оваа сезона го предводи калчолигашот Интер, сезона која клубот може да ја заврши со двојна круна и да потврди дека е најдобар тим во Серија А. Интер веќе го освои Скудетото, а ќе игра и финалето на Купот каде ќе ја има улогата на фаворит во соочувањето со Лацио. Водечките луѓе на клубот се задоволни од работата на Романецот и последните вести кои доаѓаа од Италија се дека стратегот ќе добие нов, подобрен договор. ...

Екипата на Еурофарм Пелистер не е повеќе на тронот на македонскиот ракомет, поточно од вчера тоа место му припаѓа на составот на Вардар 1961. Вардар го „оддува“ Пелистер и се врати на тронот во македонскиот ракомет „Црвено-црните“ со убедливиот триумф над Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ ја официјализираа титулата во кампањата во која издоминираа на домашната сцена затоа што претходно го освоија Купот, а во Лига Европа стигнаа до ...

Пари Сен Жермен втора година по ред ќе игра во финалето на Лигата на шампионите што значи дека е на чекор од историски резултат да стане една од ретките екипи кои го одбранила трофејот во ова натпреварување. За ова огромна заслуга има тренерот Луис Енрике кој по доаѓањето на „Паркот на принцовите“ направи големи промени, се откажа од сериозни имиња, ама изгради состав, тим кој може да одговори на неговите барања, а резултатите се фантастични. ...

Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс го одбранија домашниот терен и поведоа со 2-0 во пресметките со Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс во полуфиналните битки во западната и источната конференција во НБА лигата. Актуелниот првак беше подобар од „езерџиите“ со 125:107 и тоа во средба во која направија пресврт во вториот дел и ја оправдаа улогата на фаворити. Победникот имаше тројца играчи со 20+ поени и тоа Мичел, Холмгрен и ...

Екипата на Еурофарм Пелистер не е повеќе на тронот на македонскиот ракомет, поточно од вчера тоа место му припаѓа на составот на Вардар 1961. Вардар го „оддува“ Пелистер и се врати на тронот во македонскиот ракомет „Црвено-црните“ со убедливиот триумф над Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ ја официјализираа титулата во кампањата во која издоминираа на домашната сцена затоа што претходно го освоија Купот, а во Лига Европа стигнаа до ...

Роберт Левандовски е на излезна врата од Барселона или барем тоа го тврдар најголемиот дел од медиумите што и не е изненадување ако се земе предвид дека договорот му истекува наредниот месец. Засега немаме официјална потврда на оваа информација, но во наредните денови се треба да биде појасно особено откако Барса официјално ќе ја потврди титулата во Шпанија. Напаѓачот се поврзува со преселба во Италија, се споменуваат Јувентус, Милан, земја ...

Златан Ибрахимовиќ важеше за голем фудбалски професионалец и токму таквиот пристап го однесе до најголемите спортски височини, но Езекиел Лавеци открива дека и Шваѓанецот знаел да ужива во ноќни излегувања и да претера со некоја чаша алкохол. Легендарниот аргентински напаѓач ја стекна својата слава во Наполи и потоа направи голем трансфер во ПСЖ, а токму во Париз можел да ужива во една незаборавна ноќ со Ибракадабра. Иако има повеќе анегдоти ...

Феде Валверде и Орелијан Чуамени предизвикаа вистински фудбалски земјотрес во Реал Мадрид, и тоа на неколку дена пред големото Ел Класико дерби на „Камп Ноу“. Подготовката за големата пресметка тргна во погрешен правец уште во средата кога имаше прва пресметка меѓу Валверде и Чуамени, но ако во првата рунда останало на вербални препукувања, втората донесе и последици врз еден од капитените на „кралскиот клуб“. Инцидентот од вчерашниот тренинг ...

Се ближи крајот на оваа сезона, а се уште не е познато каков потег ќе повлече Манчестер Јунајтед кога е во прашање тренерската позиција. Мајкл Карик беше доведен како привремено решение и легендата си ја заврши својата задача, ја оствари целта и му донесе пласман на клубот во Лигата на шампионите. Меѓутоа и покрај добрата атмосфера, резултатите, поддршката од самите играчи се уште не се знае каква е иднината на Карик на „Олд Трафорд“ што ...

Заврши полуфиналната рунда во Лигата на шампионите и ги имаме двете екипи кои на крајот на овој месец ќе се борат за трофејот-тоа се Пари Сен Жермен и Арсенал. Арсенал беше подобар од Атлетико Мадрид, ПСЖ го доби соочувањето со Баерн Минхен, па сега англискиот и францускиот клуб во директна битка во Будимпешта ќе одлучат која екипа ќе биде на тронот до 2027 година. Фор-фор-тунс знае на свој начин да ги одбележи најзначајните натпревари, па ...

Премиерлигашот Астон Вила и бундеслигашот Фрајбург ќе ги одмерат силите во големото финале на Лига Европа закажано за 20 мај во Истанбул. Ова е резултатот по комплетираните полуфинални битки во кои Астон Вила и Фрајбург забележаа убедлив домашни победи и ги избришаа негативите од првите соочувања. Избраниците на Емери беа подобри од Нотингем Форест со 4-0 со головите на Воткинс, Буендија и капитенот МекГин (2). Фрајбург ја доби Брага со 3-1 ...

Шпанско-англиска пресметка не очекува за пехарот во третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА-Конференциската лига. Кристал Палас и Рајо Валјекано ја оправдааа фаворитската улога и со дупли победи во полуфиналната рунда закажаа соочување во Лајциг, финале закажано за 27 мај. Премиерлигашот одново беше подобар од Шахтјор Доњецк, овојпат со 2-1 и со вкупни 5-2 доминатно дојде до посакуваната цел. Клубот од Ла Лига пак оваа вечер славеше во ...

Тимот на Ал Наср славеше над Ал Шабаб со 4-2 и направи нов исчекор кон освојување на пехарот во првенството на Саудиска Арабија. Португалците Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа во центарот на вниманието, ветеранот беше автор на еден погодок, додека Феликс испорача хет-трик. ⚽️ 𝗕𝗨𝗨𝗨𝗨𝗨𝗧𝗧𝗧 ! Cristiano Ronaldo 🐐 ONE CHANCE, BANG. ☝️ BUT NUMÉRO 971 POUR LE GOAT ⚽️ 75’ | Al Shabab 1 – 3 Al Nassr pic.twitter.com/wa9MMxi7Ds — SPL 🇸🇦 ...

Кошаркарите на Реал Мадрид изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата и тоа откако со 3-1 ја затворија плејоф серијата против Хапоел Тел Авив. „Кралевите“ триумфираа со 87:81 во Ботевград и на тој начин ја затворија оваа рунда и се изборија за место во Атина каде ќе се обидат да донесат уште еден трофеј. Избраниците на Скариоло разликата ја направија во првите 20 минути кои им припаднаа со 46:36, третиот период беше изедначен, а оној ...

Кошаркарите на ТФТ доживеаа убедлив пораз од Борац Чачак во првиот меч од борбата за пласман во АБА-лигата. Домаќините лесно го одбранија својот терен и запишаа триумф од 97:61 и се чекор поблиску до задржување на статусот на абалигаш. Клубот од Чачак беше подобар во сите четири четвртини во кои ТФТ не успеа ниту еднаш да постигна преку 16 поени. Јошило и Николиќ со по 20 поени беше први стрелци кај Борац, единствен играч кој заслужи ...

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид конечно се огласи во јавноста по инцидентот кој денеска се случи Валдебебас, а во кој главни актери беа Федерико Валверде и Орелијан Чуамени. Уругваецот и Французинот имаат втора рунда од кавгата која донесе и последици затоа што Чуамени го нокаутираше соиграчот кој потоа според информации удрил со главата во маса и се онесвестил, поточно со инвалидска количка бил изнесен од тренинг центарот. Чуамени го ...

Цезар салата

53 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09