Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Георгиевски и во наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Вардар. Искусното десно крило од 2020 е член на „црвено-црните“, тим во кој е капитен и во кој ќе настапува до крајот на натпреварувачката 2026/2027. Ова ќе биде последна кампања за Георгиевски во кариератата која ја започна во Металург пред да заигра за Тулуз од Франција и ЧСМ Букурешт од Романија. -РК Вардар е неизмено горд што нашиот ...
Бетис по две децении или поточно по 21 година повторно ќе биде дел од елитната Лига на шампиони, пласман кој официјално го обезбеди со вчерашната победа над Елче и поразот на Селта Виго против Леванте. Форналс режираше мајсторија, Бетис ќе игра ЛШ после две децении (Видео) Долго време клубот од Севилја бараше начин да биде дел од ЛШ, играше во Лига Европа, Конференциската лига, меѓутоа не успеваше да направи исчекор се до оваа сезона и тоа ...
Македонската сениорска ракометна репрезентација ја очекува двомеч со Словачка, бараж соочување за место на Светското првенство во 2027 година. Првиот натпревар е закажан за утре од 19 часот во Прешов, додека реваншот е на програмата на 17 мај во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Ракометарите денеска летнаа за Словачка, односно е обезбеден чартер лет што е уште една позитивна работа за националниот тим кој потоа ќе треба ...
Трофејниот хрватски стратег, Лина Червар повторно се враќа на македонската ракометна сцена и тоа со ангажман во екипата на Еурофарм Пелистер. Некогашниот македонски селектор и екс предводник на Металург одговори позитивно на повикот од Битола и ќе го води клубот во следните две сезони. -Чест ми е што доаѓам во Еурофарм Пелистер, клуб со голема ракометна традиција и историја. Ќе направам сè, за со играчите, управата и моето искуство да ...
Македонскиот прволигаш ГРК Охрид го официјализираше и петтото засилување за наредната сезона, засилување од Франција. Нов член на охриѓани е 28-годишниот Адама Кеита, некогашен младински француски репрезентативец и екс член на ПСЖ кој во Македонија доаѓа од АЕК од Атина. -Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ...
Мануел Нојер веќе влезе во петтата деценија од животот, но тоа не е пречка за него како и за Баерн Минхен кој има огромна доверба во него и уште една потврда за тоа ќе добиеме во следниов период. Имено Нојер и Баерн се на добар пат да ја продолжат соработката, поточно може слободно да се каже дека останува само официјална потврда на потписот според кој капитенот ќе остане на „Алијанц Арена“ до 2027 година. Ману од 2011 година е член на ...
Ливерпул по крајот на оваа сезона останува без две значајни имиња Мохамед Салах и Енди Робертсон, листа која може дополнително да биде проширина. Веќе некое време се говори за голманот Алисон Бекер и неговото потенцијално враќање во италијанскиот фудбал, а сега едно такво слично сценарио најави уште еден играч со долгогодишен стаж во клубот- Џо Гомез. Дефанзивецот повеќе од една деценија е дел од премиерлигашот, има договор до 2027 година, но ...
Членот на младинската школа на ШК Алкалоид Стефан Мелник беше повикан за настап во репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти, која учествуваше на Светското екипно првенство во шах во издание на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска асоцијација). Тој беше најмладиот член на репрезентацијата и единствениот играч под 18 години на целиот турнир, кој се одигра во Црна Гора, а на кој учествуваа 21 репрезентација. Македонската селекција беше ...
Во текот на вчерашниот ден сите ги шокираше веста за смртта на играчот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, но од Соединетите Американски Држави ни доаѓа уште една тажна, негативна вест поврзана со некогашниот центар на Њу Џерси Нетс, Атланта Хокс, Минесота Тимбервулвс, Бостон Селтикс, Вашингтон Визардс, Мемфис Гризлис и Бруклин Нетс, Џејсон Колинс. Имено Колинс почина во 47. година од животот откако ја загуби битката со туморот на мозокот. Тој ...
Сеск Фабрегас врши одлична работа во калчолигашот Комо и со настапите, играта на екипата и секако резултатите го привлекува вниманието на големите клубови. Минатото лето исто така беше интересен, меѓуто остана во сегашната средина, но останува да видиме што ќе донесе оваа година особено ако некој топ тим затропа на неговата врата. Фабрегас како што е познато е дете на Барселона, па затоа е интересна неговата изјава дека е отворен да го води ...
Манчестер Сити го очекува меч со Кристал Палас, заостанат натпревар од 31. коло во Премиер лигата на кој ако фаворитот слави тогаш ќе дојде на само минус два од првопласираниот тим на табелата Арсенал. Средбата се игра вечерва од 21 часот на „Итихад“, а пред истата менаџерот Пеп Гвардиола имаше интересна изјава за судиите и пред се ВАР системот кој во неделата му помогна на Арсенал да го освои целиот плен кај Вест Хем и на тој начин многу ...
Англиската фудбалска легенда и воедно рекордер по бројот на постигнати голови во Премиер лигата, Алан Ширер го има тимот на колото (36) во најсилната конкуренција на островот. Некогашниот капитен на Њукасл се одлучи за формација 4-3-3 во која интересно нема класичен напаѓач, „деветка“ и тој дел од составот го резервираше за Рајан од Борнмут, Сар од Кристал Палас и играчот кој е во најдобра форма кога е во прашање Манчестер Сити-Доку. Борнмут ...
Лацио и Интер ќе ги одмерат силите во финалето на Купот на Италија, средба закажана за вечерва од 21 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим. Интер одамна потврди дека е најдобар тим во Италија со освоеното Скудето, па ако слави и во Купот тоа ќе значи потполна доминација на клубот во натпреварувачката 2025/2026. Од друга страна го имаме Лацио кој има една од најлошите лигашки сезони во последниве 10-15 години, но титулата во Копа Италија ќе ги ...
Екипата на Сан Антонио Спарс повторно има предност во битката со Минесота Тимбервулвс, овојпат води со 3-2 што значи дека е на чекор од пласман од конференциското финале на Западот каде веќе е пласиран составот на Оклахома Сити Тандер. Клубот од Тексас рано утрово славеше со 126:97 и тоа во меч во кој блескаше првата ѕвезда Вембањама, играч кој не се прослави на минатата средба во Минеаполис каде имаше неспортски потег во раната фаза, лакт во ...
Весли Снајдер се истакна како стручен коментатор кој бира интересен речник за да долови актуелни ситуации во фудбалот, па откако стана вирален со својот коментар за полуфиналето меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, сега реши да и се нафрли на Барселона. Снајдер е свесен дека Барселона сосема заслужено ја освои титулата во Ла Лига, но поранешниот член на Реал Мадрид смета дека каталонците претерале со провокациите за време на шампионската прослава. ...
Цел стадион во Ријад беше подготвен за големо шампионско славје и прослава на титулата во домашното првенство, но во ситуација кога секунди го делеа Ал Наср од потврда на трофејот, се случи нешто што тешко се објаснува со зборови. Голманот Бенто ја избоксува топката во својата мрежа и донесе израмнување на Ал Хилал (1:1), а со тоа го одложи шампионското славје на трибините и теренот. Автоголот на голманот на Ал Наср значеше дека Ал Хилал се ...
Англиската фудбалска легенда, Вејн Руни се повеќе го гледаме во улога на стручен коментатор, аналитичар, односно како да ја стави тренерската работа во втор план. Некогашниот ас на Евертон и Манчестер Јунајтед станува се поактивен и поактивен низ англиските медиуми и дефинитивно има интересни размислувања со кои добива екстра внимание во јавноста. Арсенал е најдобрата англиска екипа во сезоната ако се земе предвид дека се лидери во ПЛ и ќе ...
Барселона до крајот на сезонава ја очекуваат уште три натпревари и целта сите три да се добијат и да се дојде до бројката од 100 бодови во Примера. Ривали се Алавес, Бетис и Валенсија и останува да се види дали каталонците можат да дојдат до три од три и овој состав да влезе во историјата на Ла Лига, а во меѓувреме тренерот Ханси Флик даде одговор за иднината на двајца играчи за кои постои можност да ја напуштат Барселона. Се работи за ...
Македонската репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на воведниот натпревар од турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија. Двете селекции одиграа 2:2 во регуларниот дел, а противникот се радуваше на победа по изведувањето пенали (2:4). Нашата надежна репрезентација уште во првата минута имаше одлична шанса за отворање на резултатот. Велески не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ со противничкиот голман. Во 15. минута ...
Екипата на Маџари направи големо изненадување, го елиминираше ТФТ и ќе се бори за титулата во Суперлигата. Маџари славеше над ТФТ и во вториот полуфинален меч од плејофот, овојпат со 71:69 и со 2-0 ја затвори серијата, а со тоа испиша нова страница во клупската историја. Беше драматично, неизвесно во салата „Наум Наумовски-Борче“, се водеше борба до последната секунда, а домаќините беа оние кои имаа повеќе нерви, смиреност, но и среќа во ...
Две сезони без освоен трофеј беа незамислив поим во ерата на Тони Крос во Реал Мадрид, но сега „кралскиот клуб“ се доведе во ситуација да дојде до таков учинок, што секако е прва најава за тубулентен преоден рок. Флорентино Перез денеска одговори на критиките со објава дека нема да поднесе оставка и закажа претседателски избори во најскоро можно време, но без оглед на исходот, јасно е дека во актуелниот тим на Реал мора да има промени. ...
Хауард Веб во минатото беше најдобар арбитар во Премиер лигата и воопшто во англискиот фудбал, а како човек кој сега е шеф на судиското тело, мораше да дава изјава за ситуациајта која стана топ тема во јавноста. Победата на Арсенал над Вест Хем беше одбележана со ВАР драмата во самата завршница, во која на домашниот тим му беше поништен гол за 1:1 поради прекршок врз Давид Раја. Дел од експертите во Англија заклучија дека голот не требал да ...
Иницијативата на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање на подобри услови за децата и младите почна да се применува во нашата земја, откако денеска во Босилово беше отворен првиот фудбалски терен во нашата земја изграден во рамки на голабниот проект „FIFA Arena“. На отворањето на новиот терен присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски, директорот на ФИФА за национални ...
Ал Наср беше на секунди од математичко обезбедување на титулата во Првата фудаблска лига во Саудиска Арабија, но наместо да слави вечерва со своите фанови, ќе мора да почека барем до последното коло за заверка на трофејот. Големото дерби меѓу Ал Наср и Ал Хилал беше директна битка за титулата во Саудиска Арабија, па иако играчите во „жолто-сино“ беа многу блиску до незаборавна прослава, истата беше одложена во 98-та минута. Ал Наср поведе со ...
Бетис стигна до бодовите кои обезбедуваат математички пласман во Лигата на шампиони на две кола пред крајот, не само поради киксот кој го направи Селта Виго, туку и поради победата која ја оствари над Елче. Тимот од Андалузија се избори за тешка и тесна победа против тимот кој се бори за опстанок, но избраниците на Мануел Пелегрини успеаја да дојдат до толку посакуваната цел и наредната сезона ќе играат во најелитното европско натпреварување. ...
Лино Червар по се изгледа ќе биде човекот кој ќе го води новиот проект на Еурофарм Пелистер, бидејќи покрај информациите кои пристигнаа од нашата земја, информацијата за подадената рака меѓу двете страни се погласно се шири и во Хрватска. Угледни спортски медиуми од Хрватска како „Индекс“ информираат дека трофејниот ракоментен стручњак ќе се врати во македонскиот клупски ракомет по пауза од девет години, бидејќи славниот Лино последно го ...
Килијан Мбапе се соочува со голем притисок во Реал Мадрид и фановите почнаа да му го вртат грбот во период кога тимот не оствари ништо со него втора година по ред, па во такви услови големата француска ѕвезда ќе се подготвува за најважниот спорски настан во светот. По новото разочарување на клупски план, Мбапе ќе мора да се дефокусира и целосно да се посвети на француската репрезентација, во која како капитен ќе го води тимот на Светското ...
Најдобриот британски тенисер на сите времиња во блиска иднина ќе го тренира најдобриот британски тенисер во овој момент, вест која денеска ексклузивно ја пренесоа дел од англиските медиуми, а ја потврди и Џек Дрејпер. Најдобро рангираниот британски тенисер во овој момент се реши за нова промена во пресрет на клучниот дел од сезоната, односно настапи на Ролан Гарос и Вимблдон. Всушност, промената која ја прави се однесува посебно за грен слем ...
Антонин Кински беше понижен од Игор Тудор кога беше повлечен од игра по само 17 минути игра со Атлетико Мадрид, па иако во тој момент се доби впечаток дена неговата иднина е далеку од Северен Лондон, судбината посака токму тој да биде човекот кој ќе се бори за спас во Премиер лигата. Повредата на Викарио му го отвори патот на Кински до голот на Тотенхем, а вчера тој беше главен виновник што тимот освои барем бод во пресметката со Лидс ...
Американската кошарка и НБА лигата објавија црна панделка овој вторник, а причина за тоа е шокантната вест која ја пренесе агенцијата која ги претставува услугите на Брендон Кларк. Крилниот центар на Мемфис Гризлис подолго време не е дел од тимот поради повреда на листот, но вечерва пристигна информација за негова смрт, и тоа на само 29 години. Агенцијата на самиот кошаркар не откри детали и не се знае точната причина за смртта, а во период ...