Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте допрва ќе го објави составот кој ќе ја претставува „фуријата“ на СП 2026, но медиумите сметаат дека најголем дел од позициите се веќе резервирани и може да се претпостави кои играчи имаат сигурен мундијалски билет. Сепак, како што потенцира „АС“, неколку места ќе донесат неизвесност до последен момент, пред се поради слабата форма или некој проблем со повреда на помалку од еден месец до стартот на ...
Шпанија важи за еден од главните кандидати за светската титула на претстојниот Мундијал, но селекторот Луис де ла Фуенте би можел да донесе одлука која ќе ја изненади фудбалската јавност. Според шпанските медиуми, во конечниот список за Светското првенство можно е да нема ниту еден фудбалер од Реал Мадрид. Најголемо внимание привлекува ситуацијата со младиот стопер Дин Хујсен, кој наводно не е во плановите на селекторот за завршниот турнир. ...

