Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
„Што бара капиталот во една Македонија? Па, да ја развива државата. Кој ја развива? Наконтените бирократи со кравати и бели кошули? Јок, море. Работниците се тие што ја прават државата да биде весела или тажна. Не можеш нив да ги нахраниш со кошничка составена во кабинет. Затоа веднаш дај им го на работниците тоа што им припаѓа. Своевремено постоеше една жена по име Елена Чаушеску која три децении ги хранеше Романците на научна база. Со ...
Во време кога културата сè појасно се профилира како еден од најсуптилните, но истовремено и најмоќните инструменти на меѓународно поврзување, директорот на Македонски културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, оствари значајна работна средба со градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски. Средбата претставуваше продлабочен и визионерски дијалог за иднината на културната соработка, како и за стратешката ...
Во средата, на 18 февруари, во скопското кино „Синаплекс“ се одржа македонската премиера на филмот „Соучесници“ чиј режисер е Марко Новаковиќ. Продуцент на филмот е Лазар Ристовски („Зилион Филм“), а копродуценти се Роберт Насков („Партизанс“) и Иван Малоча („Интер Филм“). Филмот се снимаше минатата година во Србија, поточно во Ужице и оваа година имаше премиера исто така во земјата на главниот продуцент. Сакам да се заблагодарам на ...
Уметноста на Френсис Бејкон ја остава публиката љубопитна и револтирана уште од неговиот ран успех во 1940-тите. Но, „материјалот за имагинација“, сложената и егзистенцијална литература и филозофија што ја инспирирале неговата работа честопати не биле вклучени во неговата биографија. Бен Вер тврди дека распаѓањето и исчезнувањето на неговиот опус се влева во филозофски поглед што сме го превиделе и кој дополнително го нагласува неговиот ...
„Диџеј Ахмет“, првиот долгометражен филм на македонскиот режисер Георги М. Унковски се најде во топ 10 најгледани филмови во 2025 година во „Синаплекс“ каде што лани беа прикажани повеќе од 60 различни остварувања. По три години пауза од „Те дуа жими мене“ на режисерот Марјан Гавриловски, македонскиот филм повторно е дел од Топ 10 листата. „Диџеј Ахмет“ е еден од најгледаните македонски филмови во Синаплекс, кој остана на репертоарот во текот ...
На покана на Џилда Цесарио, уметнички директор на танцовата компанија „Еутопија“ Рисима Рисимкин и Дејан Битровски деновиве претстојуваат во Таранто, Италија. Во рамки на проектот „AEthos X Lab” Рисимкин работи со компанијата на нова оригинална кореографија, на музиката е на композиторот Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а дизајн на светло на Матеа Мијановиќ. Во рамки на проектот, кореографот и танчер, Дејан Битровски, ќе ...
Државниот архив на Република Македонија организира промоција на книгата „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од авторите Бранислав Светозаревиќ и Драган Јакоски, која ќе се одржи во НУ Музеј на Тетовскиот крај – Тетово, на 20 февруари 2026 (петок), во12:00 часот Промотори: проф. д-р Димитар Пандев проф. д-р Михајло Марковиќ Настанот е во организација на Државниот архив. Државниот архив на ...
На 28 февруари/сабота/ и на 1 Март/ недела/ од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза.Адаптација и режија: Весна Петрушевска Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес на билетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот и од 18 до 20.00 часот и ...
Има едно место во градот, се наоѓа на средината од Широк сокак е, удобно, топло е и се дваат супер филмови:) Почитувана публико, и оваа недела нашата филмската програма во Кино браќа Манаки нема да ве остави рамнодушни. Петок 20.02 во 18.00 часот „Сунгерот Боб“ – титлувано на македонски јазик Сунѓерот Боб патува во океанските длабочини за да се соочи со духот на Летечкиот Холанѓанец, при што наидува на предизвици и открива морски мистерии. ...
Има коефициент на интелигенција 228. Највисок некогаш забележан. Повисок од Алберт Ајнштајн. Повисок од Стивен Хокинг. Повисок од било кого што некогаш бил тестиран. Гинисовата книга на рекорди официјално ја призна како личност со највисок IQ на планетата –Мерилин вос Савант. Презиме што звучи како судбина. Savant- ученак, гениј. На десетгодишна возраст веќе ги имаше прочитано сите дваесет и четири тома од Енциклопедија Британика. Не ги ...
Во Младински културен центар во Скопје вечерва на 20 февруари 2026 година ќе се одржи првиот LIVEUROPE концерт за оваа година. Настапите ќе започнат по отворањето на вратите во 20:00 часот. На бината ќе настапи IDEM од Загреб, соло-проект на Антун Алекса, познат по учеството во составите Porto Morto, JeboTon Ensambl и Trophy Jump. IDEM зад себе има два албума – „poyy“ и „CIAO“, како и повеќе концерти низ регионот. Проектот е добитник на ...
„Приватен живот“ е филм за оние што сакаат интелигентни трилери, каде што мистеријата не се решава само со факти, туку и со соочување со сопствената совест. Филм што прашува: Колку далеку сме подготвени да одиме за да ја дознаеме вистината — и што ако таа вистина е премногу лична? ПРИВАТЕН ЖИВОТ A Private Life Ребека Злотовски / Франција / 2026 / 107 мин Проекции: Петок, 20 февруари 20:00 „Приватен живот“ е филм за оние што сакаат ...
Поп-пејачот Јоце Панов ќе одржи концерт во Скопје на 18 март, во Филхармонијата од 20 часот. Лани на 8 март во истата сала, пејачот одржа концерт со оркестар, со кој прослави 25 години на сцената. „Го подготвуваме секој детаљ, избор на песни, аранжмани, сцена. Јоце Панов е влезен во студио и подготвува две нови песни, ‘Жено вистинска’ и ‘Алкатраз’, чија премиера ќе биде на концертот”, велат од тимот на пејачот. „Во секоја песна оставам дел од ...
Здружението „Македониум“ од Белград ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со свечена академија вечер од 19 часот во Градската библиотека во Белград. На настанот ќе биде промовирана книгата „Континуитетот на македонскиот јазик 1“ од проф. д-р Соња Новотни и проф. д-р Михајло Марковиќ, кои ќе одржат и предавање на тема „Македонскиот јазик – пламен на зборот“. Програмата ќе биде збогатена со музичко интермецо на ансамблот ...
Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters) по истомената драма на американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни ќе биде изведена вечер во 20 часот во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов и Верица Недеска. Ангелов е и режисер кој за претставата избира минималистички пристап. Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе од детството до зрелоста — нивниот однос се развива низ писма што сведочат ...
Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски – во улогата на Жорж Жермон, во другите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, ...
Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ вечер од 20 часот ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. – „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која го отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по ...
Битолскиот диригент Владимир Димовски ќе гостува во Ниш, каде ќе диригира со Нишкиот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата е „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот ќе се одржи денеска во Офицерскиот Дом во Ниш со почеток од 19 часот. Роден во 1984 година во Битола, Димовски своето музичко образование го започнува на отсек виола, а ...
Игор Маџиров е роден во 1970 година во Струмица. Тој беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот”, но и многуте улоги во Театарот за деца и младинци. Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Стојан во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат ...
Сара Кнафо, европратеничка од партијата „Реконкет“ (Reconquête) и советничка на Ерик Земур брзо гради профил на нова ѕвезда на француската десница. Нејзината кандидатура за градоначалничка на Париз во март 2026 година веќе привлекува големо внимание. Ако ја задржи поддршката од околу 10-12% (според најновите анкети на Cluster17 и други) ќе стане првата крајно десничарска кандидатка која влегува во втор круг во Париз, градот кој традиционално ...
Delirium Tremens од Благоја Ристески Платнар беше изведена синоќа на Сцената 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изведбата на актерот Игор Трпчески беше во рамките на роденденската недела на театарот, што одбележува 76 години постоење. -Интензивна, директна и вознемирувачки искрена изведба што ја избриша границата меѓу сцена и публиката. Драга публико, ви благодариме што бевте дел од оваа театарска ноќ – велат од Театарот. ...
Во шестиот број од рубриката „Старо-Нова Македонија“, вниманието е насочено кон одржувањето на Второто заседание на АСНОМ – настан што претставува значаен државотворен момент во современата историја на Македонија. Низ страниците на тогашниот весник Нова Македонија, заседанието е прикажано како симбол на единството на македонскиот народ со останатите народи во рамките на југословенската федерација. Во текстовите детално се наведуваат времето и ...
Ленче прва ја врати освоената награда за улогата на Трајанка во претставата „ Ни ќар, ни зијан“ , доделена од МТФ „ Војдан Чернодрински“ зашто не беше награден режисерот. Ова го кажа актерот Благој Чоревски, на комеморацијата за неговата сограѓанка од Битола , актерката Ленче Делова, со која играле, како што рече, во битолската младинска театарска група , а која почина на 15 февруари годинава на 77- годишна возраст, по кратко боледување. Не ...
Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје свечено беше одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Поздравно обраќање имаше директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, а пригодно обраќање на темата за значењето на мајчиниот јазик имаше Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик. Актерот Никола Ристановски и ученици од основните и од ...
Најважно е сите ние да се обидеме да се чуеме како говориме македонски, секаде и секогаш, во сите институции, во сите организации, на сите нивоа и да се запрашаме дали така како што мајките се грижеле за нас, ние се грижиме за мајчиниот јазик, порача претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. – Без ...
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт официјално е призната како најпродаван глобален изведувач за 2025 година. Во средата, претставници на International Federation of the Phonographic Industry (IFPI) соопштија дека хитмејкерката е најуспешниот артист во светот во изминатата година. Ова е четврта година по ред Свифт да доминира на IFPI Global Artist Chart и вкупно шести пат да ја добие оваа престижна награда. „Шестата награда на Тејлор Свифт за Глобален ...
Вечерва, во 18:45 часот, во холот на гимназијата „Орце Николов“ ќе се одржи промоција на романот „Сета боја зад црнината“ од Васја Мицковски. Овој роман на младиот автор веќе доби свое место меѓу читателите, откако минатата недела стана достапен во издание на ТРИ. Иако не е негово дебитантско дело, Мицковски минатата година ја објави својата филозофско-психолошка повест „Апокалипса на младиот роб“, прирачник за животот на младите. Во 2024 и ...
Министерството за култура и туризам учествува на 47-от Меѓународен саем за туризам „Belgrade Tourism Fair 2026“, кој под мотото „Едно патување, илјада приказни“, од 19 до 22 февруари се одржува во Белград, Р Србија. На македонскиот национален штанд, покрај Министерството, присутни се и претставници од приватниот туристички сектор, хотелската индустрија и ХОТАМ, како и општините Гевгелија, Крушево, Струга, Ресен, Охрид и Дојран. Со заедничко ...
„Научната фантастика не треба да ја предвиди иднината, туку да ја спречи.” Со оваа мисла на Реј Бредбери, авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер”, во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”. Настанот се одржа во преполната книжарница „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, во рамките на фестивалот „Денови на литературата”. Промоторка на книгата беше уредничката ...
Тој е еден од ретките фолкери со рокерски имиџ. Долга руса коса, фармерки, да не го знаете ќе помислите дека е пејач на некоја рок група. Но исто така е еден од ретките фолк изведувачи со академска диплома. Дипломирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, но сепак негов инструмент е хармониката иако јавноста многу повеќе го познава како фолк пејач. Љубовта кон музиката и свирењето хармоника воопшто ќе му ја пренесе неговиот татко кој ...