Министерството за финансии одобри вработувања на пет инспектори по македонски јазик за во Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик. Директорката Менче Андреева за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека Инспекторатот почна со работа како орган во состав на Министерството за култура и туризам, по донесување на соодветни измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места одобрени од Министерството за јавна ...

– Авторот, проф. д-р Гоце Цветановски, со помош на издржана методологија и научни аргументи го претставува историскиот развој на македонскиот јазик преку научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови во словенски и во индоевропски контекст. Особено важно и впечатливо е толкувањето на македонските зборови што првпат и единствено тука можеме да ги најдеме. Преку Речникот се отсликуваат националната и културолошката ...