Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ ја доживеа својата Светска премиера во рамките на 76. издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Проекцијата се одржа во Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) , а успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е надополнет со фактот дека „17“ е првиот дебитантски македонски игран ...
Дваесет и првото издание на „Зимски салон 2026“, во организација на Друштво на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), ќе биде отворено на 26 февруари 2026 година (четврток) во 20:00 часот во Национална галерија – објект Мала станица. „Зимскиот салон“ е биенална изложбена манифестација со повеќедецениска традиција и се смета за една од националните платформи за презентација на современата визуелна продукција. Во рамки на оваа изложбена ...
„Златната мечка“ за најдобар филм на 76-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале) му беше доделена на „Жолти букви“ од германскиот режисер Илкер Чатак. Филмот е за турски филмски режисер и неговата сопруга актерка на кои одеднаш им е забрането да работат поради нивните политички ставови. Снимен во Германија, филмот ја освои главната награда на крајот од церемонијата обележана со конфликтот на Блискиот Исток и политичката улога на ...
Вековната карневалска традиција уште еднаш ја крена на нозе Струмица со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 39 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство, кои со голем елан ги промовираа своите карневалски креации. И годинава кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече реката од карневалски креации, а традиционално први настапија струмичките мажоретки. За кусо време ...
Дуото Дац и Александар ја издаде првата плоча насловена по неговиот хит „Уште ми фалиш“. На неа се песните кои продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац ги испеаја од 2019 до денес, како „Цреши охридски“, „Душа бакшиш“, „Четири страни“, „Љуби ме“ и други. „Ова е нашата прва плоча, со најголемите хитови на Дац и Александар. Плочата е црвена како љубовта, а можете да ја имате и вие посветена со наши потписи“, рекоа Митевски и ...
Филмот „Златни писма“ на германскиот режисер од турско потекло Илкер Чатак ја освои Златната мечка на Берлиналето, чие 76. издание заврши синоќа. Ова е првпат по повеќе од 20 години филм на германски режисер да ја добие главната награда на фестивалот. Последен пат тоа се случи во 2004, кога „Со глава низ ѕид“ на Фатих Акин, исто така со турско потекло, ја освои Златната мечка. Чатак е роден во Берлин со родители турски емигранти, е режисер и ...
Yellow Letters на Берлинале 2026 ја освои Златната мечка за најдобар филм на 76. Берлински филмски фестивал, на церемонијата одржана на 21 февруари во Берлин, каде германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја прими наградата од претседателот на жирито Вим Вендерс. Филмот е политичка драма што ја следи брачната и професионалната криза на театарска двојка, откако сопругот е мета на државен притисок поради критичка онлајн содржина, по што и ...
Денес, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. И секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот… Ваков е начин на којшто денеска се одбележува еден од големите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади. По меѓусебното ...
Новиот албум со наслов „Ентропија“ на Никола Бочваров Квартет содржи девет теми, на дигиталните платформи се појави на 30 јануари, а на почетокот од февруари имаше и слушачка промоција во „Синдикат“. Композиторот и бас-гитарист Никола Бочваров зад себе има оставено интересна музичка трага. Со својата бас-гитара досега бил дел од групи што имале различни жанровски определби, од џез-рок и поп-рок до метал, панк, реге и рап-музика, притоа ...
Театар „Златен Елец“ одбележува шест години од своето постоење со нова изведба на претставата „Хинкеман“ (Hinkemann), која ќе се одигра на 28 февруари 2026 година, со почеток во 19 часот, во сала „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Билетите се достапни преку tix.mk. Претставата е работена според експресионистичката анти-воена драма „Der deutsche Hinkemann“ (1923) од германскиот автор Ернст Толер. Режијата и адаптацијата ...
Илија Чашуле e роден на 24 јули 1957 година во Скопје, каде и дипломирал на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години. Во 1987 година доаѓа во Австралија и 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот “Маквори” во Сиднеј. Од 2000 година беше професор на Катедрата по лингвистика. Автор е на 10 книги и на повеќе од 100 статии објавени во најистакнати европски ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 321, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (21-22.2.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со писателката Хана Корнети, добитничка на наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ: Наградите не се цели, туку обележја во патот на еден уметник – разговор со писателката Ирена Јурчева за романот „Ќе помине и моќта“: Сакам да го ...
Стојан Арсиќ, роден во село Жбевац, Јужна Србија е самоук бравар, кој завршува вечерни училишта и факултет. Пишува поезија, проза, афоризми, есеи, текстови за народна, забавна и детска музика. Ги има објавено во следните збирки поезија „Графити, испишани по душата“, „Песни за возрасни“, „Топлината на осојот“, „Песни“, „Шарени ноти“ (детска стихозбирка), „Јужни ветрови“ (стихозбирка на српски јазик), „Врање у срцу“, напишана на врањски ...
Дела од серијата „Равенки“ на ликовната авторка Марија Павловска од 10 до 29 јануари се изложени во Академијата за уметност на цртежот во Фиренца, Италија. Учеството на Павловска на оваа престижна изложба е резултат на освоената Специјална награда на WAVA (Светско здружение на визуелни уметности) за извонредност во уметноста, која ја доби на XV Биенале во Фиренца, што се одржа во октомври 2025 година. Со изложбата се оддава посебно значење на ...
ПРЕЗЕНТАТОРКАТА НА BBC, Аманда Харпер, возвратила на критиките што ги добила за облеката што ја носела за да ја води емисијата. Откако 57-годишната водителка носела тесни кожни панталони, таа била преплавена со грди коментари на социјалните мрежи, а еден од нив беше дека е „овца во овча кожа“. Љубов кон винтиџ парчињата Аманда Харпер, регионална водителка на вести на BBC, е позната по својата љубов кон винтиџ модата и често носи облеки во ...
Претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо ...
ПОВЕЌЕ од илјада луѓе во црвени костими за капење се појавија на јавната аудиција за новата верзија на култната серија „Baywatch“, која се одржала во Марина дел Реј во Калифорнија. Организирана од „Фокс“ и „Фримантл“, настанот има за цел да пронајде нови имиња за серијатакоја севраќа во ново руво. Аудиција на плажа Аудицијата се одржала во средата, 18 февруари, на плажата Mother’s Beach. Илјадници кандидати дошле облечени како во оригиналот – ...
Фото: Зоранчо Малинов е директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје Зоранчо Малинов е директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје – најстарата научна установа во Македонија посветена на проучувањето и зачувувањето на народното творештво. Објавил повеќе статии што се однесуваат на улогата на Институтот за фолклор низ историска перспектива во заштитата и презентацијата на нематеријалното културно наследство, ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс. Првата ...
Виница, 20 февруари 2026 (МИА) - Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска е отворена ретроспективната изложба на Танас Дедов, еден од најплодните и најпознатите ликовни творци од регионот. Изложбата, која го обележува неговото шестдецениско творештво, вклучува и некои негови значајни и познати дела, кои ја потврдуваат неговата посветеност кон сликањето и неговото влијание на развојот на ликовната сцена во овој дел на Македонија. ...
„17“ е тешко да се гледа. Но, ова е реалноста, се чини дека вели Митиќ, затоа не го свртувајте погледот. Изборот да го свртите погледот од фикционализирано сценарио може да значи дека ќе се свртите уште побрзо од вистинското, пишува Оливија Поп во Cineuropa.org Престижниот „Обсервер“ го нарече филмот „17“ на Косара Митиќ за најдобро откритие на 76. Берлински филмски фестивал, кој ќе биде затворен утревечер. Младата актерка Ева Костиќ, пак, ...
Нашиот познат бас ќе годтува на три нови претстави во оваа улога од операта на Моцарт во NCPA во Пекинг, во април – мај 2027 година. Годинава Дурловски ќе гостува и во Teatro Regio во Торино, Италија, во улогата на Анџелоти од операта „Тоска“ на Пучини, во септември ќе има концерт во Париз и во октомври ќе настапи во Моцартовиот „Реквием“ во Teatro Colon de Bogota во колумбиската престолнина. „Во меѓувреме редовно на репертоарот на мојата ...
Драги Михајловски е роден на 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола, а дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Филолошкиот факултет („Книжевниот лик на Скендербеј кај Прличев и во делата на англиски јазик“), а докторирал исто така во Скопје („Очудување и можни преводни модели врз примери од англиската ...
Маја Вељковиќ Пановска е родена на 21 февруари 1971 година во Скопје. Таа е истакната македонска театарскa, филмскa и телевизискa актерка. Димпломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на Проф. Владимир Милчин. Во 1999 се вработила во Драмски театар – Скопје. Од тогаш реализира главни и споредни улоги во бројни претстави не само во матичниот театар, туку и во другите театарски ...
Со завчерашното театарско шоу на актерката Надица Петрова во Охрид, започна одбележувањето на шестгодишното постоење на независниот театар „Златен Елец“, кој ќе одржи повеќе претстави за публиката, до крајот на февруари. Веќе на 23 февруари, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе биде одиграна најновата претстава „Сина сенка“ во режија на Тамара Стојаноска, од авторот Брајан Рејнолдс и во која играат актерите: Кристијан Танчевски, Мина ...
Во текот на промоцијата, волонтерите од Црвениот крст на интересен и интерактивен начин ги презентираа содржините на македонски и на турски јазик пред учениците и нивните ментори од ООУ ,,Раде Кратовче“ од Кочани, при што учениците покажаа интерес активно да учествуваат во презентацијата, читањето и преведувањето на басните. „Нашата цел е преку литературните дела, читањето и развивањето на љубовта кон пишаниот збор да се негува, пред сè, ...
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театарски претстави „Принцезата на зрно грашок“ и „Царевата нова облека“ Улогите во детските престави ги толкуваат Никола Боцевски, Сара Арнаудова, Софи Петреска, Софија Тасеска, Јаков Трпески, а режијата и сценариото се на Драгана Боцеска. OhridNews ...
Кинотеката на Македонија соопшти дека поради зголемен интерес на публиката за документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, воведува дополнителни термини кога тој ќе може да се погледне. Новите термини на проекциите се на 23, 25 и 26 февруари од 18:00 часот. Филмот, инспириран од познатата македонска бајка „Силјан штркот“, ја следи судбината на Никола, земјоделец, кој по тешка криза останува сам и на депонија ...
На листата на најевтините земји се Македонија со 24,38 евра и Молдавија со 30,32 евра, што потврдува дека овој дел од Европа е особено привлечен за оние кои сакаат да уживаат во оброк по пристапна цена. На спротивниот крај од листата, каде што вечерата во ресторан бара значително поголем буџет, се наоѓа Швајцарија. Просечната цена за вечера од три јадења за две лица во ресторан од средна категорија изнесува 107,24 евра. Данска го зазема ...
Во исклучително позитивна и креативна атмосфера во Македонскиот народен театар започнаа пробите за претставата „Страв и надеж“ од живиот театарски класик Франц Ксавер Крец, во режија на култната белграѓанка Татјана Мандиќ Ригонат, соопштија од МНТ. Ригонат е режисерка, авторка на драматизации и поетеса, чии претстави се наградувани на домашни и меѓународни фестивали. Добитничка е на престижните награди „Љубомир Драшкиќ“, „Јагош Марковиќ“ и ...