Четворицата обвинети бизнисмени, поврзани со компанијата „Интелекса“ и шпионскиот софтвер Предатор, се прогласени за виновни во судскиот процес за скандалот со прислушувањата во Грција од 2022 година. На секој од нив изречена му е вкупна казна затвор од 126 години и 8 месеци. Ќе треба да издржат осумгодишна затворска казна, но со одложно дејство до судењето на втор степен, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за основачот на ...

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk откри дека подолг период е цел на следење и притисоци поради неговата борба за повисоки работнички плати. Иако случајот е веќе во рацете на МВР и Обвинителството, Трендафилов посочи дека се обезбедени видеодокази кои набрзо треба да донесат разрешница. „Ова не е случај од еден ден, ова трае повеќе од една година, објави ...

Премиерот Мицкоски во гостувањето нa Сител телевизија уште еднаш покажа дека кога нема аргументи, прибегнува кон навреди и етикетирање. Граѓаните кои мислат поинаку од него, оние што го критикуваат неговото владеење, ги нарекува „прокси ботови”, откако претходно ги нарекуваше „талог на општеството”. Ова не е начин на кој се води држава. Ова е стил на некој што се плаши од вистината и од одговорноста. Граѓаните знаат, гледаат, не се слепи ...

Денес можеме да се пофалиме со конкретни бројки, согласно кварталните извештаи за 2025 година се бележи раст во откупот и продажбата на земјоделското производство”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Наткаст”. „Согласно извештаите за примарните земјоделски производи и преработките, ќе видите дека сме извозно ориентирани и бележиме зголемување токму во овој сегмент”, посочи ...

Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција” (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот. Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите ...

Работниците во Македонија преживуваат со мизерни плати, додека надлежните имаат слух само за своите привилегии, алармира претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во гостувањето на „Ноќно студио“ na 4TV.mk Тој упати остар прекор до Владата и работодавачите, нагласувајќи дека трпението на работниците е при крај, објави 4news.mk Трендафилов потсети дека барањата на ССМ се јасни: минимална плата од ...

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот” во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт истакна дека Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина. „Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на ...

Европратеникот Томас Вајц, ги повика македонските власти да го искористат позитивниот момент во ЕУ за проширувањето. Тој повика на итна политичка волја за да се реши застојот со уставните измени. За реформите во владеење на правото, правосудството и борбата протов корупцијата рече дека се недоволни. Додаде дека тоа е резултат на изборите минатата година. „Апликацијата е стара повеќе од 20 години и мислам дека е време да продолжат напред. ...

Поради свлечиште затворена за сообраќај од 18.30 часот е обиколницата околу Битола, информира ЈП „Македонијапат“. -Сообраќајот ќе се праносочува преку градот Битола, екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на свлечиштето и на нормализирање на сообраќајот, соопшти јавното претпријатие. Поради свлечиште затворена за сообраќај од 18.30 часот е обиколницата околу Битола, информира ЈП „Македонијапат“. -Сообраќајот ќе се ...

Меланија Трамп на 2 март, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кога САД официјално ќе го преземат едномесечното ротирачко претседателство со ова тело на светската организација. Меланија Трамп на состанокот ќе го нагласи образованието како начин за промовирање на толеранцијата и светскиот мир,нагласуваат од Белата куќа. Тоа ќе биде прв пат прва дама на САД да претседава со телото од 15 члена, објави ...

Украинска делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, денеска во Женева ги продолжи билатералните разговори со американски претставници. На средбата учествуваат специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер. Главни теми на разговор се економската поддршка за Украина, подготовката на нови мировни преговори и процесот на размена на воени заробеници. Како што ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, побара ЕУ да ја процени штетата на нафтоводот ,,Дружба” во Украина. Тој најави дека тоа би можело да помогне во деблокирањето на новото финансирање на ЕУ за Украина, се наведува во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое Ројтерс имал увид. „Унгарија ја поддржува идејата за мисија за утврдување факти со учество на експерти делегирани од Унгарија и Словачка за да се потврди ...

Британскиот весник „Телеграф“ објави како Џефри Епстајн со години криел делови од својата електронска опрема, фотографии и други материјали во изнајмени складишта низ САД. Според документите до кои дошол весникот, монструмот им платил на приватни детективи да ја отстранат опремата од неговиот дом во Палм Бич, Флорида, кога дознал дека полицијата може да изврши рација и ја преместил опремата во неколку одделни складишта… Податоците од ...

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерката за образование Весна Јаневска, а се однесуваа на ограничувањето на автономијата на универзитетите со предложениот закон за високо образование, односно на одредби со кои Владата дава мислење на статутот, предлага членови во Националниот совет, има влијание врз клучните академски стандарди, бројот на студенти ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа работен состанок со градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Во фокусот на разговорите беа инвестициите кои Министерството ги реализира во Тетово, вклучувајќи ја реконструкцијата на главниот водовод од Попова Шапка до градот, проширувањето на примарната мрежа во населбата „Вонвардарска” и изградбата на колектори за атмосферска канализација во Фалише и Дарданија, ...

Разрешен е Кире Наумов од функцијата директор на Развојна банка на РСМ. За нов в.д директор е именувана Ефимија Димовска. Таа во јануари беше именувана за нов член на надзорниот одбор како академски професор. Наумов е разрешен на една година пред редовното истекување на негоовиот мандат како извршен директор. Разрешен е Кире Наумов од функцијата директор на Развојна банка на РСМ. За нов в.д директор е именувана Ефимија Димовска. Таа во ...

59 годишен бугарски државјанин удрил во крава која се движеча на патот Крива Паланка – Куманово. Во ОВР Крива Паланка вчера во 18:00 часот било пријавено дека во атарот на село Жидилово, товарно моторно возило удрило во домашно животно. Според информациите од полицијата, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С. (59) од Бугарија, удрило во крава која се движела на патот. Од ударот животното починало на местото на настанот. По ...

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини остро реагира на изјавата на директорот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), дадена за Слободен печат, во која се имплицира дека инфлуенсерите избегнуваат регистрација „за да не се види од каде им се парите“. Оваа квалификација е неоснована, навредлива и опасна. Инфлуенсерите во Македонија не заработуваат „црни пари“, ниту работат без договори и „на жими ...

Советот на јавните обвинители на Македонија соопшти дека во оваа фаза нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители. Истакнаа дека таа улога припаѓа на повисокото јавно обвинителство. Од Советот појаснуваат дека, согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, надзорот над законитоста во работата на јавните обвинители го врши повисокото јавно обвинителство, а не Советот на јавни обвинители. Во ...

Пет години затвор добија турските државјани кои беа соучесници во убиството во кафуле во Штип на градскиот плоштад. Тие во мај 2025 година му помогнале на Кадир Кара во извршување на убиството. Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова денеска ја објави пресудата за четворица обвинати за помагање во извршување на убиство. -Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан Кулдур како помагачи за ...

Дел од општина Центар утре ќе остане без струја, поради планирани технички зафати во електросистемот. Според најавите, прекинот ќе трае во периодот од 07:30 до 15:30 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „Новопроектирана 2“, како и дел од локалите и зградите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15-17) и на булеварот „Климент Охридски“. Дел од општина Центар утре ќе остане без струја, поради планирани ...

Осомничениот 25- годишен маж Т.Б за убиство во Старо Нагоричане е сместен во казнено- поправната установа Куманово. -Лицето Т.Б. се наоѓа во КПУ Затвор Куманово, на издржување мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот му е извршен лекарски преглед од страна на медицинско лице и е во добра здравствена состојба, соопштија од затворот. Основното јавно обвинителство Куманово, соопшти дека сите надлежни ...

„Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР Зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места, а во делот на извозот се очекува да го зголемат за околу 2 % од БДП, поточно во вредност од околу 400 милиони долари дополнителен извоз на почетокот, што би достигнало до една милијарда евра. И тоа се ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес го пречека Претседателот на Република Албанија, Н.Е. Бајрам Бегај, во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија, при што Чаир беше првата точка од оваа државна посета. Посетата започна со институционален прием во просториите на Општина Чаир, каде што се одржа средба во духот на меѓусебно почитување и соработка. Во продолжение, програмата беше насочена кон ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено. Тааупати апел да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите, не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план. ...

Општина Кочани подготвува низа активности по повод првата годишнина од страотниот настан во клубот „Пулс“, кој се случи на 16 март 2025 година. Локалната самоуправа, во соработка со институциите и граѓанскиот сектор, најави достоинствена тридневна програма посветена на сеќавање на жртвите, поддршка на повредените и изразување благодарност до сите кои помогнаа во најтешките моменти по трагедијата. Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, ...

Скопјанка вчера била хоспитализирана во кумановскиот ургентен центар откако била физички нападната во домот за стари лица во кој престојува. Случајот во СВР Куманово бил пријавен од страна на медицинскиот персонал во 16:55 часот. Според полицискиот билтен, жената С.Ц се здобила со повреди по напад од две лица кои исто така се корисници на услугите во истиот дом. „Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, ...

Поднесени се 476 приговори до Основниот кривичен суд Скопје во првиот месец од примената на ,,Безбеден град”. Од 476 приговори, 431 се приговори од правни лица и 45 физички по кои постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека граѓаните и правните лица што не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок имаат законско право да поднесат приговор до надлежниот суд. – ...

На настанот ,,Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост” се предложија мерки за поголема подршка на лицата со попреченост. Предложените мерки беа унапредување на системот мој термин со тоа што ќе се воведат механизми за приоритетно закажување за луѓето со попреченост, особено на оние на кои им треба поголема поддршка, или се со хронични состојби. Истовремено, здравствените установи да бидат физички попристапни и да се ...

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на Lajm TV, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис. Според соопштението, пред поднесувањето ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.71
60%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.16
80%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
85%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
66%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1031
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -1ᴼ
0.45
66%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
79%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Злато

163613.54

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Алуминиум

3.29

Кобалт

66.14

Сребро

2648.90

Рутениум

45750.51

Цинк

3.27

Платина

67998.83

Паладиум

51794.85

Бакар

11.75