Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вкупнато количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемена во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува ...
Болеста сипаници кај овци и кози е потврдена во четири одгледувалишта, информираа од АХВ. Велат дека првпат болеста била евидентирана во едно одгледувалиште во кумановско Лопате, пред еден месец кога Факултетот за ветеринарна медицина Скопје потврдил присуство на болеста сипаници кај овци и кози во едно одгледувалиште – Досега болеста е потврдена во четири одгледувалишта. Во првото примарно жариште убиени и нештетно отстранети се 65 овци. Во ...
Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Собранието истакна дека му е чест што е во посета на земја која со неговата држава има одлична соработка. -Нашите односи имаат влијание и во регионот, тие остануваат важен столб на стабилноста, регионалната соработка и нашата евроатланска ориентацијата. За Албанија, Северна Македонија е главен фактор во чувањето на мирот, безбедноста и меѓуетничката кохезија-вели Бегај. Во својот говор, Бегај опфати ...
Во врска со здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, се огласи помошникот-директор за пулмологија, Спасоје Попевиќ, кој е задолжен за неговото лекување. Засега е стабилен, интензивните мерки за лекување продолжуваат и ноќта ја помина мирно – рече лекарот. Како што истакна, јавноста ќе добие нови информации попладне, во 17 часот. Тој истакна дека сите евентуални ...
Поради матноста,останува забраната за пиење на водата од струшкиот водовод.Водата може да се користи само за техничка употреба, потврди денеска д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје – Охрид. Мострите земени денеска од неколку мерни места, според Симоноска, покажуваат матност од 0,62 до 1,73, а дозволените вредности се 1,5 матност. – Намалена е матноста. Мострите земени од три мерни ...
Лишено е од слобода 18 – годишно лице М.Р од с. Палатица. Се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни. Полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во ...
18-месечно бебе преживеа пад од неверојатни 33 метри во Санкт Петербург. Две медицински сестри кои случајно се нашле под зградата и инстинктивно го искористиле својот капут како импровизирана заштитна мрежа и го спасиле. „Делувавме инстинктивно. Го видовме малото момче како се качува на работ од прозорецот и знаевме што ќе се случи. Само се погледнавме со другата жена и рековме: ‘Ајде да го фатиме’“, раскажува сестрата Ана Камасова. ...
Oд името на Владата можам да кажам дека сме Во своето обраќање при потпишувањето на договорот со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски истакна дека Владата е исклучително задоволна и дека е чест што се дел од овој настан бидејќи како Влада исклучително многу внимание во политиките посветувале во вложувањето кај младите. ,,Сите ние сме свесни дека демографијата претставува општ ...
*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ...
Објавен е оглас за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници од страна на министерството за транспорт. 100 автобуси се наменети за град Скопје, а останатите 50 за општините. Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година. Според ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка. Претседателката искажа искрена ...
Градоначалникот на Град Скопје денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на досегашната соработка, со посебен акцент на борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зајакнувањето на учеството на граѓаните во локалната самоуправа. Градоначалникот ги ...
„Денес читаме наслов: 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција. Ова е наслов кој не смее да биде само уште една вест што ќе ја заборавиме утре. До кога ќе се молчи? Колку жртви треба да изброиме за некој да преземе одговорност?”, прашува во својата изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското ...
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата”, со цел достојно одбележување на 21 Март, денот кога ширум светот се слави поетскиот збор. Настанот има за цел да ја афирмира македонската поезија, да ја истакне нејзината вредност и да го потврди безвременскиот карактер на делата на македонските поети. Во рамките на проектот се предидени содржини што ќе го спојат поетскиот израз со соодветна музичка ...
Албанскиот претседател Барам Бегај, заедно со македонската претседателка Силјановска – Давкова порачаа дека Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи и соработка. Велат дека меѓу двете земји нема отворени прашања, што е дополнителен импулс во унапредувањето на соработката. Одличните пријателски односи се градат само врз меѓусебна почит, доверба, партнерство и заедничка визија за европската иднина. Членството во ЕУ не е само ...
Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: 30 автобуси во рок од 6 месеци 60 автобуси во рок од 12 месеци 60 автобуси во рок од 18 месеци ...
На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка. На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, ...
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права информираат дека Европскиот суд за човекови права вчера донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот Фитим Муслиу против Северна Македонија, поднесена на 30 август 2022 година. Предметот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осудено лице било физички нападнато и тепано од припадник на затворската полиција пред кантината во ...
На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрило во објект на маркет и го ...
Нема потреба законот да се повлече затоа што секое повлекување и одложување на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи на штета на студентите и на младите луѓе и, генерално, на целата држава – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали предложениеот закон за високо образование ќе се повлече за доработка. Како што рече, нема толку многу ...
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен ...
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: ...
Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ, објавува Слободен печат. Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој е управител. Во 2019 година Димовски беше на ...
Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци. На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско. Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е ...
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница во село Блатец, обвинувајќи за незаконско пролонгирање на роковите и игнорирање на волјата на локалното население кое како што рече „веќе една деценија со своите тела, со един вид жив штит, си ја бранат реката и правото на незагадена природа и вода”. Крмов истакна дека ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села. Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Огромна е разликата на температурите помеѓу оние во ноќните и во утринските часови и температурите преку ден, во ноќните и во утринските часови температурите во поголем дел од Македонија се минусни и зимски и има појава на мраз а преку денот тие се пролетни и многу повисоки. Разликата меѓу ноќните и утринските температури со максималните дневни температури е дури за околу 20 степени што е навистина премногу. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај. Како што известува Кабинетот на претседателката, по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација. Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција. -Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република ...
На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да и врати несразмерен износ од 15.000 евра. Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски ...