Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во Македонија. Маркетот во Гевгелија ќе се протега на површина од 2.356 квадратни метри, со продажен простор од 1.507 квадратни метри. Дополнителна придобивка за купувачите ќе ...
Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите. ,, Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро ...
Вечерва на каналот 4TV започнува емисијата „Ноќно студио“ со домаќинот и водител Јовица Пауноски. Гости во првата емисија ќе бидат претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски и екс министерот за финансии Кирил Миноски. Главна тема за разговор ќе биде минималната плата и нејзиниот износ, а ќе се отворат и други теми од областа на економијата и социјалната политика. ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за ...
Соопштение за јавност на Левица: Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи информира дека поднела иницијативи до Министерство за енергетика и Министерство за животна средина и просторно планирање, со барање за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти што поседуваат дозволи за експлоатација на територијата на Струга, но и над оние кои, според неа, работат незаконски и без важечки договори. Според Мојсоска, ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К.(46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Д.С.(41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, ...
Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и ...
На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Фиипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, укажа дека власта со новиот Закон за високо образование прави класичен упад во автономијата на универзитетите. „Јас не можам да сфатам како буткате таков еден закон на сила кога гледате дека цела академска фела, цела академска заедница е против тие измени. Тој закон е противуставен. Не смее владата да прави ...
Советот за оценка на обвинителен акт, при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи во оцена на два обвинителни акт поднесени од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по одржани седници и ценејќи ги фактите и доказите во двете обвиненија донесе решенија со кои: Обвинителниот акт со КОК – ооа 4/26, против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, ...
„Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време на транзицијата некои ваши претходници во СДСМ ги оставија на улица, а денеска се пензионери, и голем дел од нив со времето станаа транзициони херои, ограбувајќи го народниот имот, а стотици илјади луѓе тогаш останаа на улица како технолошки вишок. И за жал, пред доаѓање на оваа Влада, нивните пензии беа, би рекол, катастрофални. А со доаѓањето ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник (3 март) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопштуваат од надлежните институции. Домаќин на посетата ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а во рамки на агендата се предвидени и средби со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието Африм Гаши. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на НАТО ќе присуствува и на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во поткастот на ТВ Сител ги истакнува инфраструктурните планови на Владата за изградба на нови експресни патишта за поквалитетно регионално поврзување. Тој во поткастот вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридор 10 со Коридор Струма преку изградба на експресен пат од ...
Во ОВР Крива Паланка вчера во 18:00 часот било пријавено сообраќајно случување на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на село Жидилово, при што товарно моторно возило удрило во домашно животно. Според информациите од полицијата, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С. (59) од Бугарија, удрило во крава која се движела на патот. Од ударот животното починало на местото на настанот. По несреќата, возачот го напуштил ...
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија соопшти дека во оваа фаза нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, посочувајќи дека таа улога, согласно законските одредби, ѝ припаѓа на повисокото јавно обвинителство. Реакцијата на Советот следува по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков, кој побара итно свикување седница за разгледување на постапувањето на обвинителите во ...
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната програма за утрешниот „Блокадафест“, кој од 15 до 23 часот ќе се одвива пред влезот на Цементарница Усје во Скопје. Настанот е замислен како осумчасовен протест исполнет со музика, пораки и граѓанска солидарност, со јасна цел – притисок врз институциите и менаџментот на фабриката за, како што велат организаторите, заштита на уставно загарантираното право на чист воздух. „Со нас застанаа ...
На 25.02.2026 во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран” со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16 – годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило. По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен ...
Талибанското движење објави нов кривичен законик кој им дозволува на мажите да користат насилство врз жени и деца. Исто така, се наметнуваат казни за жените кои бараат засолниште во семејни домови за да избегнат злоупотреба, што предизвикува широко распространета загриженост за заштитата на жените и децата во Авганистан. Талибанците во Авганистан на 21 февруари донесоа нов кривичен законик кој им дозволува на мажите да ги тепаат своите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сака што поскоро да ја заврши војната со Русија, објави американскиот новински медиум „Аксиос“, повикувајќи се на украински функционер и уште два извори запознаени со разговорот. Според изворите, Трамп сака да постигне мировен договор до летото, но остануваат значителни разлики меѓу Украина и Русија, особено околу прашањето за територијална ...
рипадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25.02.2026 година, за што Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста. На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна ...
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ. Вистина е дека Артан Груби не е “обичен” поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса од југ) до недела 1 март 2026 во Македонија времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ветерот од северен и од северозападен правец значително ќе ја намали својата брзина и својот интензитет. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата што значи ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ. Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и нервоза пoради ...
Секторот за внатрешни работи Битола утрово информираше за нови случаи на телефонска измама во кои жртви се повозрасни граѓани, а измамниците повторно се претставувале како лекари. Според полицијата, 84-годишна битолчанка била измамена за 9.600 евра, откако вчера околу 16:00 часот добила телефонски повик од лице кое се претставило како доктор. Измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка наводно се здобила со сериозни скршеници и дека е неопходна ...
Следната недела започнуваме со прва реконструкција на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. За овие година и половина поминавме тежок процес, но успеавме да го легализираме аеродромот. Во меѓувреме работиме на Договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот и очекувам да воспоставиме директна линија меѓу двете земји, вели во поткастот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. ” Веќе поминавме ...
25 години по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со републиканците во Претставничкиот дом. Тие се подготвуваат да сведочат во конгресната истрага за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. По месеци борба да избегнат сведочење во она што го нарекоа републикански заговор, тие се согласија да се придржуваат дури откако Претставничкиот дом се приближи до гласање за тоа дали да ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни. Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, ...
Четири мажи на глисер регистриран во САД се убиени во кубански води, соопшти кубанското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението на министерството се вели дека патниците на глисерот отвориле оган врз брод на крајбрежната стража кој им се приближувал. Во инцидентот, кој се случил во близина на остров на северниот брег на Куба, повредени се уште шест лица, пишува Би-Би-Си . Во соопштение објавено преку кубанската амбасада во САД, ...
Соопштение за јавност на Левица: Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, ...