Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Со владината одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупризводите и суровините, ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Донесовме одлука со која се зголеми обемот на полупризводи и суровини кои ги користат производителите и извозниците во Македонија за да извезуваат. Претходно имавме усогласување 50-на отсто, сега имаме ...
Сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава предизвикал ограничувања и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор, дознава 4news.mk. Според официјалните воздухопловни известувања (NOTAM), Контролата на летање во Скопје (МНАВ) се соочила со значителни проблеми во комуникациската инфраструктура, што директно влијаело врз нормалното одвивање на воздушниот сообраќај. ...
Обединетите нации синоќа предупредија на опасната ескалација на војната во Украина поради бранот големи руски напади и заканите за понатамошни напади, а генералниот секретар Антонио Гутереш изјави дека „спиралата на смртта мора да се запре“. ОН на својата веб-страница објави дека, во говорот на вонредната седница на Советот за безбедност во Њујорк, Гутереш рече дека последните напади на Русија на 23 и 24 мај – заедно со нејзиното најавување ...
На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово. Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување” со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице. Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 ...
Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот ...
Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти. Како што информира Државниот завод за статситика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се ...
Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица ...
На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во работнички камп лоциран во кичевското село Извор, турскиот државјанин Ш.А.(57), вработен во градежна фирма, при самоволно извршување на сеча на гранки од дрво и невнимание, паднал и се здобил со скршеници. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е ...
Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта од 2018 година, добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува заштита од можна екстрадиција во Македонија, објави истражувачкиот портал ВиСквер, повикувајќи се на извори од владата на Унгарија. Порталот пишува дека Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува ...
Малолетникот починал во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу „мерцедес“ и електричен тротинет. – На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од ...
Населението на Јапонија во последните пет години се намалило за 2,5 проценти, покажуваат податоците од пописот објавени утрово, што претставува најголем пад откако започнаа пописите во 1920 година. Според прелиминарните резултати од пописот, кој се спроведува на секои пет години, населението на четвртата најголема економија во светот се намали на 123 милиони луѓе во 2025 година, што е за повеќе од три милиони луѓе помалку од претходниот попис ...
Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенцијата за филм, на седница одржана на 28.05.2026 година, ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година (прв рок), за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Оваа година за прв пат беше воведен модел на презентација (пичинг) на долгометражните филмски проекти, при што апликантите имаа ...
Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница. На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен. Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти (Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дарко ...
Откако руски дрон удри станбена зграда во центарот на романскиот град Галаци, се огласи и НАТО. Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“. Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата. Early this morning, an apartment building in Romania was struck by a drone as ...
Американската војска ги негираше иранските извештаи дека американски дрон наводно бил соборен над Заливот, јави ДПА. Извештаите беа лажни, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM) на Икс, додавајќи дека ниту едно американско летало не било соборено и дека сите американски воздушни средства се на број. Иранската агенција Тасним – која е блиска до Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC) – претходно објави, повикувајќи се на воен ...
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, ...
Во текот на 27 и 28 мај 2026 година во Скопје се одржа 4. Форум за културна дипломатија – Скопје 2026, на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог”. Настанот беше во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за ...
Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирна рампа во Флорида за време на тест на моторот. Видеата од местото на настанот покажуваат огромна огнена топка како го зафаќа објектот во Кејп Канаверал, а компанијата во сопственост на Џеф Безос потврди дека има проблем, пренесе Би-би-си. Во објава на социјалните мрежи, „Блу Ориџин“ потврди дека доживеале аномалија за време на тестот за палење на моторот на лансирната рампа и дека сите вработени ...
Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3, и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, 9, ...
Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14 500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...
Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро. Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите ...
Една жена (51) и 14-годишно дете се повредени во експлозија утрово откако руски дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галати. Каталин Сион, портпарол на локалната противпожарна служба, потврди дека повредените биле во стан кој бил оштетен во експлозијата, објавува „Либертате“. „Дронот удрил во покривот на зградата, а ударот предизвикал експлозија што го погодила станот подолу. Не го погодил директно станот, туку покривот. Во станот ...
Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ. Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година ...
Во последниот натпревар сезонава во македонската Суперлига, ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа вечерва во дербито против Алкалоид со 31-26. Со триумфот пред домашната публика во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер го обезбедија второто место на табелата и настап во Европската лига на ЕХФ. Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната со 52 бодови, колку што освои и ГРК Охрид, но битолскиот состав има подобар скор во меѓусебните дуели. ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека ѝ наредил на војската да ги занемари условите од прекинот на огнот кој е во сила од октомври, и да „преземе контрола“ над 70 отсто од Појасот Газа, пренесе израелската телевизија. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД во октомври 2025 година, ја воспостави демаркациската „Жолта линија“ која остави 53 проценти од Газа под израелска воена контрола. – Во моментов го држиме Хамас за ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на стабилна, сува и на малку посвежа воздушна маса од север во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во Скопје и околината исто така во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 времето ќе биде стабилно, суво и сончево со ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има друга, скриена цел за која не зборува јавно, а нејзините постапки целосно се разликуваат од реториката што ја пласира пред граѓаните. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвинувајќи ја власта дека свесно ја турка Македонија кон изолација и ја оддалечува од Европската Унија. Кузеска упати директен повик до премиерот Христијан Мицкоски да престане ...