Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ...

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Oвој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Либан во замена за разоружување на ...

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. „Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“. „Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк. Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став. „Она што го правиме ...

Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...

Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите. Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат ...

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја кората, нежно притиснете го плодот и помирисајте го. Прво, обрнете внимание на изгледот. Квалитетниот домат не треба да има темни дамки, големи пукнатини или оштетувања. Ако кората е кашеста или плодот е видливо вдлабнат, подобро е да го прескокнете. Потоа нежно притиснете го со прстите. Добриот, зрел домат треба да ...

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија. Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот бил во море, околу 30 километри североисточно од Нагекео, во покраината Источна Нуса Тенгара. По главниот удар, регистрирани се ...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 33 Целзиусови степени. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни ...

Голема меѓународна полициска акција против организирана криминална група е во тек, а во операцијата се вклучени надлежните институции од Македонија, Косово и Грција. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, акцијата ја спроведува Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со службите за борба против недозволена трговија со дрога од ...

Утрото по катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето околу Омиш и Сплит откри сцени на пустош – изгорени автомобили, уништени куќи, опожарени бродови и огромна материјална штета. Во огнената стихија загина едно лице, а 42 лица се повредени. Осуммина од нив се во критична состојба и се борат за живот на респиратор. Сплитската полиција го пронашла телото на починатата жена на локацијата Мала Лука. Според првичните неофицијални информации, ...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во 18:08 часот во Охридско-Ресенскиот регион. Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на селото Куратица, североисточно од Охрид и Лескоец. Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри. Потресите со магнитуда од околу 2 степени спаѓаат во категоријата на многу ...

Двајца пожарникари биле нападнати додека интервенирале на пожар во близина на Прилеп, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарникарите со помало противпожарно возило биле првите што пристигнале на местото каде што горела штала во која била складирана поголема количина тутун. Додека се обидувале да го изгаснат пожарот, наводно биле физички спречувани од сопственикот на објектот. ...

Пратеничката Славјанка Петровска повторно побара целосно расчистување на случајот со водата во Гостивар, оценувајќи дека еден месец по труењето јавноста сè уште нема одговори за институционалната одговорност. Повод за нејзината реакција е фотографијата на претставници на институциите пред чешма, со која, според Петровска, се испраќа порака дека проблемот е надминат. „Од големи планови за иднината, стигнавме до групна фотографија со чаши вода. ...

Локалните власти и ЈКП „Бошава“ воведоа целосна забрана за пиење и подготовка на храна со водата од градскиот водовод во Демир Капија, откако две лабораториски анализи направени во различни институции покажале спротивставени резултати за нејзината исправност. Според информациите од комуналното претпријатие, примероците биле земени во понеделник и вторник од истото мерно место, но анализите не дале ист одговор на прашањето дали водата ги ...

Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал 72-годишен маж од Скопје кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот Западен Нил. Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој посочи дека пациентот имал тешка клиничка слика на менингоенцефалитис. „Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно ...

Во голема меѓународна полициска операција, спроведена координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици. Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана. Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити ...

На 13.08.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Известен е јавен ...

Откако водата од градскиот водовод беше прогласена за безбедна за пиење, неколку функционери денеска се напија вода директно од јавна чешма во Гостивар. Со овој симболичен потег, тие сакаа да покажат дека водата повторно може слободно да се користи за пиење и секојдневна употреба. Пред присутните, функционерите се напија вода од чешма, со што испратија порака до граѓаните дека по извршените проверки, водата е оценета како безбедна за ...

На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот. Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги ...

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Ова доаѓа по последните добиени резултати потврдуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. „Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“ изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Водата ...

РУСИЈА ја отфрли идејата за примирје со Украина на Црното Море, велејќи дека тоа би било полусрдечно решение кое само ќе ѝ даде време на другата страна да се одмори. Русија и Украина ги засилија нападите врз бродови во Црното Море во последните недели, што доведе до зголемување на цените на житото. Захарова ја обвини Украина за напади врз бродови Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Украина ...

Центарот за управување со кризи инфомира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор. Од регистираните пожари, активни се шест пожари, под контрола се два пожари, додека четири пожари се веќе изгаснати. Активен е пожарот кај селата Морани и Рамни Габер во општина Студеничани, а активни пожари има и во општиние Кичево, Велес, Јегуновце, Новаци и Македонски Брод. Во моментов, под контрола се пожарите во ...

Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства. Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во Центарот ...

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка Таман помисливме дека со одењето на Мицкоски на екскурзија, не на одмор, ќе се одмориме, едноставно од лагите од страна на Владата, кога еве се појави неговиот заменик, кој што лаже колку него, а веројатно и уште повеќе. Го слушаме Муцунски како ја објавува новата фаза во ВМРО, а новата фаза е откако редовно не демантираат нас, сега почнаа самите себе да се ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар… Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...

36 лица побарале помош во Сплитската клиничка болница по катастрофалниот пожар во областа Омиш, а 14 од нив се хоспитализирани. Десет пациенти се на интензивна нега, додека седум се во критична состојба. Мирела Павичиќ Ивеља од КБЦ Сплит истакна дека лекувањето на пациенти со изгореници е исклучително тешко. „Од 36 лица кои побарале помош во Сплитската клиничка болница , 14 биле хоспитализирани, од кои 10 се на интензивна нега. Од тие 10 ...

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава. Наградната ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
88%
1004
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1002
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
76%
1010
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.21
91%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
98%
1002
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
75%
1017
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
68%
1010
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
94%
1010
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.24
82%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
96%
1003
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
6.69
95%
1013
Currency

61.472

Currency

55.097

Currency

73.544

Currency

37.856

Currency

38.851

Currency

66.648

Currency

8.2671

Currency

0.66567

Currency

0.34659

Currency

0.52263

Currency

1.0968

Currency

0.58777

Бакар

12.62

Алуминиум

3.04

Сребро

1680.82

Платина

49801.51

Паладиум

33854.74

Родиум

300609.48

Злато

129229.93

Цинк

3.77

Калај

46.56

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53