Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за повторно започнување на преговорите за членство во Европската Унија уште во август, според два извори запознаени со подготовките на земјата за пристапување. Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство веќе следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, ...
Утрово на Граничниот премин Блаце беше уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби кој неколку месеци беше избеган од државата. Тој е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во рамки на случајот што се однесува на работењето и договорите на Државната лотарија на Северна Македонија. Поранешниот прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари (петок), под слоганот „Блокада фест“. Според организаторите блокадата ќе започне во 15 часот и ќе трае се до 23.00 часот. Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор“. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерка „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка. Тој е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на ...
Немесио Рубен Осегера Сервантес, познат во криминалниот свет како „Ел Менчо“, важеше за еден од најопасните и најмоќните нарко-босови во современата историја на Мексико. Неговиот животен пат – од сиромашно детство до лидер на една од најбруталните криминални организации во светот – ја отсликува трансформацијата на мексиканските картели во високо милитаризирани структури. Осегера е роден во 1966 година во рурална област на сојузната држава ...
Фрапантни 2,8 милијарди евра уплатиле граѓаните во текот на минатата година во казина, обложувалници и автомат-клубови, покажува анализата на емисијата „Бизнис објектив“. Огромната сума открива колку коцкарската индустрија станала значаен фактор во финансиските текови во земјава, но истовремено отвора сериозни прашања за економските и социјалните последици што ги носи ваквиот тренд. Според експертите, обложувањето и коцкањето сè почесто се ...
Кога станува збор за појадок, веројатно сте навикнати да го јадете истото секое утро – леб, житарки, можеби јогурт или овошје. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека постојат три намирници што треба да се избегнуваат на празен стомак. Тие можат да го забават метаболизмот, да предизвикаат скок на шеќерот во крвта или да ве натераат да се чувствувате уморни и гладни долго пред ручек. Наместо да ви дадат енергија, овие намирници го прават ...
Вечерва во мексиканскиот град Гвадалахара се создаде вистинска паника на Меѓународниот аеродром, откако на социјалните мрежи почнаа да се шират информации за пукање, вооружени пресметки и насилни инциденти во и околу аеродромскиот терминал. Патниците во страв масовно трчаа кон излезите, барајќи засолниште, додека видеа од наводни престрелки и нереди брзо се ширеа на интернет, предизвикувајќи дополнителен хаос и прекин на дел од аеродромските ...
Зошто хотелите вообичаено користат бела постела за своите соби? Според познавачите од хотелската индустрија, одговорот е во спојот од стандардизација и психологија. Имено, Дилејн Меккој – менаџерка во „Кари хоспиталити“ (Coury Hospitality), која управува со хотелот „Колкорд“ во Оклахома Сити, САД, вели дека, по безбедноста, чистотата е апсолутен приоритет на секој хотел. – Белата, беспрекорно чиста постелнина веднаш му испраќа порака на ...
Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на Доналд Трамп, што го натера да објави нови глобални тарифи од 15 проценти. Европската комисија го повика Вашингтон да биде „јасен“ во врска со мерките што се подготвува да ги преземе по пресудата на највисокиот ...
Лишувањето од сон го зголемува ризикот од низа здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и депресија, предупредуваат американските Центри за контрола и превенција на болести. Затоа, на човек му треба шест до осум часа сон секоја ноќ. Сепак, не е невообичаено луѓето, особено студентите, да останат будни цела ноќ, т.е. 24 часа. Но, колку долго луѓето можат да издржат без сон? Во 1963 година, 17-годишниот Ренди ...
Норвешка е најуспешна нација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано-Кортина со рекордни 18 златни медали и вкупно 41. Норвешките олимпијци освоија и 12 сребрени и 11 бронзени медали, а историски успех постигна Јоханес Клебо, кој ги освои сите шест златни медали во крос-кантри. Норвешка претходно беше најуспешна нација на Игрите во 1924, 1928, 1936, 1948, 1952, 1968, 2002, 2014, 2018 и 2022 година. Конечна табела со освои медали: ...
Случајот со уапсениот 25-годишник од кумановскиот регион, осомничен за серија тешки кривични дела, предизвика силни реакции во јавноста и меѓу жителите на локалната заедница. Сè погласни се прашањата дали трагедиите можеле да бидат спречени доколку институциите навреме преземеле соодветни мерки, особено по претходните пријави за сомнителни смртни случаи на повозрасни жени. Жители од регионот, чии реакции ги пренесе телевизија Телма, тврдат ...
Бразил не сака „нова Студена војна“, изјави денеска претседателот Луиз Инасио Лула да Силва. „Сакам да му кажам на американскиот претседател Доналд Трамп дека не сакаме нова Студена војна. Не сакаме да се мешаме во работите на која било друга земја, сакаме еднаков третман за сите земји“, рече Лула на прес-конференција во Њу Делхи на крајот од тридневната посета на Индија. Тој изјави дека очекува да се сретне со Трамп во Вашингтон во првата ...
Министерот за одбрана на Велика Британија Џон Хили изјави дека сака да распореди британски војници во Украина, оценувајќи оти таквиот потег „би го означил крајот на руската војна“, која оваа недела ја одбележува својата четврта годишнина, пренесува Анадолија. – Нема поголем товар за ниту еден министер за одбрана или за која било влада од ангажирањето на нашите вооружени сили во операции. Сакам да бидам министерот за одбрана кој ќе распореди ...
Сомалиленд е подготвен да им даде на САД привилегиран пристап до своите минерали, како и можност за распоредување американски воени бази, изјави министерот во владата на Сомалиленд, Хадар Хусеин Абди. Во декември минатата година, Израел стана првата земја што ја призна Сомалиленд по нејзиното отцепување од Сомалија во 1991 година. Одлуката предизвика силно негодување во Могадишу, кој продолжува да тврди дека има контрола врз територијата. ...
Интернет-пребарувачот „Мозила фајрфокс“ воведува нова функција „Контроли на ВИ“ што ќе им овозможува на корисниците веднаш да ги тргнат вградените алатки со вештачка интелигенција (ВИ) со еден прекинувач, давајќи им целосна контрола врз тоа како функционира ВИ во пребарувачот. Така, корисниците ќе можат да ги блокираат сите или некои ВИ-функции на „Фајрфокс“, или пак, да задржат и вратат дел од нив. Опцијата, наречена „Блокирај подобрувања на ...
Американските медиуми објавија фотографија од маж за кој постои сомневање дека денеска влегол со оружје во комплексот Мар-а-Лаго во Флорида, сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, поради што беше застрелан од припадници на Тајната служба. Според американските медиуми, станува збор за 21-годишниот Остин Такер Мартин од Северна Каролина. Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат. Фотографијата е од објава за ...
Околу 500 патници биле принудени да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен среде зима, соопшти денеска портпарол на германскиот авиопревозник Луфтханза. Патниците веќе се качиле на своите летови, закажани за четврток навечер, кога биле откажани поради обилни снежни врнежи, пренесува ДПА. Патниците не можеле да се вратат на терминалот поради недостаток на автобуси и паркинг места, а потоа биле принудени да останат во авионите преку ноќ, ...
Во емисијата „Код“ на Телма вечерва беа објавени нови детали за транспортот на марихуаната која беше запленета во Србија, откривајќи како дрогата била пренесена од Македонија преку внимателно осмислена шема за прикривање. Според истражувањето на „Код“, марихуаната влегла во Србија со камион деклариран како товар со „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“, кои наводно требало да бидат транспортирани до Манчестер, Англија. Наместо ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). Од таму посочуваат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Од досега процесуирани десет компании што имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма. – Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот – изјави Алиу. Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до ...
Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. ...
Пејачот Здравко Чолиќ поминал речиси два часа во полициска станица давајќи исказ во врска со инцидентот, во кој на 3 февруари била фрлена бомба врз неговата семејна куќа на Дедиње во Белград. Како што пишува српски Курир, Чолиќ бил испрашуван веднаш по враќањето од Хрватска, каде го снимал новиот албум и каде што престојувал за време на инцидентот. Пејачот ги изнел сите детали што би можеле да помогнат во расветлувањето на настанот пред ...
Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма, со оглед на тоа што Вашингтон акумулира огромни воени сили на Блискиот Исток, изјави специјалниот американски пратеник во преговорите со Техеран, Стив Виткоф во интервју за Фокс њуз. – Не сакам да го користам зборот „фрустриран“ бидејќи тој разбира дека постојат многу алтернативи. Но, тој е љубопитен ...
Арапските и муслиманските земји синоќа остро ги осудија изјавите на американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, кој тврдел дека Израел има право на голем дел од Блискиот Исток, објавија светските агенции. Хакаби ги даде контроверзните коментари во интервју со конзервативниот коментатор Такер Карлсон, кое се емитуваше завчера. Карлсон изјави дека, според Библијата, потомците на Авраам треба да ја добијат земјата што денес би го опфаќала ...
Генералниот секретаријат на Владата планира да потроши околу 80.000 евра за организација на тридневни тим-билдинг настани за своите административни службеници во Охрид, Берово и Струмица, објави порталот „Сакам да кажам“. Според огласот објавен на системот за јавни набавки, се бараат хотели со најмалку четири ѕвездички кои ќе обезбедат сместување на база на два полни пансиона, како и високотуристички автобуси за превоз на вработените од ...
Шкендија се искачи на второто место на табелата, откако попладнево триумфираше над Силекс во Кратово со 2-1 во дербито на 19 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а гостинска победа забележа и Арсими против Шкупи со 3-0. Шкендија дојде во водство во 17 минута со голот на Тамба, а откако Буторовиќ го израмни резултатот во 45 минута, Зејнулаи во 89 минута биеше прецизно за победа на актуелниот шампион. Арсими до триумфот над ...
Хокеарите на САД се новите олимписки победници откако ја совладаа вечерва по продолжение Канада со 2-1 (1-0, 0-1, 0-0, 1-0) во финалето во Милано, освојувајќи го првото злато по 46 години. Финалето помеѓу Канаѓаните и Американците беше последниот спортски настан на ЗОИ во Милано и Кортина пред свечено затворање. За Американците, ова е трето злато во историјата, првите два ги освоија на домашен терен, во 1980 година во Лејк Плесид и во 1960 ...
Соопштение на СДСМ: Како и за сè друго, фатени во скандалот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во соседна Србија, ВМРО-ОКГ се обидува да се сокрие зад лаги. За назначување почесен конзул, одлука носи Владата на седница. Толку. Тука завршува прашањето на одговорност. Но, исто така, критериумите за избор се клучни. Зошто Адамовиќ е избран? ВМРО-ОКГ вели дека исполнувал критериуми, ама не кажа кои критериуми ги исполнува ...