За две години Мицкоски ја задолжи државата за нови 2,5 милијарди евра, укажа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Владата на ВМРО е целосно фокусирана единствено на нови задолжувања, додека економската состојба во државата континуирано се влошува. „Едноставно, владата е фокусирана да најде нови извори за задолжувања. Јавниот долг е зголемен. За само две години, генериран е нов долг од ...

На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш. Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени ...

Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, научниот соработник и заменик национален координатор за трансплантација Александар Гавриловска Брзанов, упатува силна порака за поддршка на органодарителството. -Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи – органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец. Трансплантацијата на ...

На 22.05.2026 околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ на подрачјето на Центар во Скопје. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде ...

Соопштение за јавност на Левица: Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари. Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG”, која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата. Додека македонските граѓани тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со ...

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...

Илјадници граѓани излегоа синоќа на масовни протести во украинскиот главен град Киев, упатувајќи итен апел до Владата да го поништи неодамна донесениот закон за кој семејствата на исчезнатите војници тврдат дека овозможува нивните блиски предвреме да бидат прогласени за мртви. Спорниот закон, кој беше усвоен во февруари годинава, го регулира правниот статус на исчезнатите лица. Критичарите на овој нормативен акт алармираат дека тој им дава ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Денеска објавуваме нови информации, како продолжение на изминатите соопштенија поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Ова што денеска го презентираме отвора сериозни прашања и претставува повод надлежните институции да постапат и да го испитуваат потеклото на капиталот и имотот. Станува збор за компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје, која е во сопственост на Недим Рама и партискиот донатор на ВЛЕН, Анид ...

Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од територијата на САД, согласно новото правило на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата ДПА. Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС) вчера соопшти дека отсега секој странски државјанин кој престојува привремено во САД, а сака да добие „Зелена карта“, ќе мора да се врати во ...

Минатата недела, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова заедно со помошник директорката Весна Новаковиќ, учествуваше на меѓународен настан организиран од Меѓународен монетарен фонд во Атина, на тема: „Од реформа до резултати – докази за впечатлива реформа на даночна администрација“. На настанот присуствуваа директори и високи претставници на даночни администрации, меѓународни експерти и креатори на политики, кои дискутираа за ...

На 22.05.2026 во 22:45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Б.(40) од Гостивар. Претходно, полициски службеници забележале дека тој со патничкото возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, поминал на црвено светло на семафор. Набргу, возилото било запрено и при контролата било утврдено дека возилото го управувал без возачка дозвола, и под дејство на алкохол, ...

Најмалку 90 лица го загубија животот по експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина, објавија денеска државните медиуми. Спасувачките екипи сè уште интензивно трагаат по деветмина рудари кои се водат како исчезнати, наведува државната новинска агенција Синхуа. Експлозијата се случила синоќа во рудникот за јаглен Лиушенју во округот Чинјуан во Шанси, една од најсиромашните кинески провинции, а во моментот на катастрофалниот ...

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на ...

Денес, со гордост и длабока почит го одбележуваме 23-ти Мај – Националниот ден на Власите. Овој историски датум, кој не враќа во далечната 1905 година и султанскиот указ (Ираде) за признавање на влашкиот идентитет, е симбол на нашата вековна борба за зачувување на својот јазик, култура и посебност. Влашкиот народ на овие простори, но и во поширокиот европски контекст, никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на ...

Во рамки на процесот на дигитализација и модернизација на институционалната работа, советниците на Советот на Општина Чаир беа опремени со службени лаптопи, со цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците на Советот. Седницата на Советот, предводена од претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, се одвиваше со ...

Соопштение на Левица: Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси”, „модерен транспорт” и „бесплатен јавен превоз”. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно. Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат ...

Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје. Инцидентот се случи во населено место во округот Оринџ, во јужните предградија на Лос Анџелес, каде што попуштил резервоар со капацитет од 26.000 литри во кој имало метилметакрилат – ...

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар смета дека истакнатите филмаџии имаат „морална должност“ да говорат против влошувањето на политичката клима денес. На премиерата на неговиот претстоен филм во Кан, тој одговараше на прашања во врска со неговите претходни коментари во коишто го критикуваше недостатокот на протест на „Оскарите“ претходно оваа година. – Не сакам никого да осудувам, но мислам дека уметниците имаат должност да зборуваат за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите двa дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска. Во рамки на состанокот беа разменети мислења за повеќе актуелни глобални безбедносни предизвици, со посебен акцент на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година. Фокусот на ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Циклон југоисточно од нас за време на овој викенд во Македонија ќе ни донесе многу променливо и нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме. Сепак и покрај многу променливото и нестабилно време кое ќе го имаме во Македонија за време на овој викенд, температурите остануваат релативно високи и ќе биде топло времето. Метео анализа на Славчо Попоски: Циклон ...

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на претстојната свадба на својот најстар син Доналд Трамп Помладиот со Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бијч, поради итни државни обврски во Вашингтон. „Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата љубов ...

Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет. Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар донесе одлука со која се забранува увозот на земјоделски производи од Украина, се наведува во негова објава на социјалната мрежа Икс. Локалниот медиум „Хангари тудеј“ забележува дека во Унгарија веќе подолго време се водат жестоки дебати околу аграрната политика на Будимпешта во однос на украинскиот увоз. Министерот за земјоделство и храна, Соболч Бона, на социјалните мрежи појасни дека претходната власт го ...

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентите најавија дека собирањето ќе започне во 13:00 часот на четири локации во Белград, а протестот на Славија е планиран од 18:00 до 20:00 часот. По кампањата ...

„Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот која воспостави национално ...

Фудбалерите на Коњаспор, чиј дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди, не успеаја да го освојат Купот на Турција откако во финалето загубија од Трабзонспор со 2:1 Трабзон водеше од 18-та минута со голот на Онуачу, а изедначи Мулека во 50-та минута. Барди потоа не реализира пенал за целосен пресврт, а казната Коњаспор ја стигна во 79-та минута кога Онуачу од пенал го постави конечниот резултат. Фудбалерите на Коњаспор, чиј ...

Мексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции. Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор за трговските аспекти ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени, информира Управата за ...

Во последното издание на емисијата „Бизнис 21“, стопанственикот Горан Рафајловски даде своја анализа за работата на актуелната влада и економските политики во државата. По подолга пауза од јавноста, Рафајловски оцени дека кај премиерот Христијан Мицкоски препознава силна и искрена желба за напредок на државата, но истовремено изрази сериозен сомнеж во капацитетот на владините кадри. Според него, главниот проблем е што визијата на премиерот не ...

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Според информациите од Обвинителството, осомничениот 76-годишник управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница на Скопје, во правец од запад кон исток. Во близина на клучката ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59