Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи разговарал седум часа за најважните прашања со кои се соочува Иран, оценувајќи го состанокот како „многу позитивен“. Пезешкијан рече дека за време на средбата детално биле разгледани прашањата поврзани со санкциите, отпорноста и внатрешното единство, истакнувајќи дека сите државни функционери непрекинато работат на изнаоѓање ...

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица – ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник – сува трева ...

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...

Соопштение на ВЛЕН: ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол. За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви наброиме ...

Најмалку 50 лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија во понеделник. Најголем број жртви е потврден во департманот Вале дел Каука. Гувернерката Дилијан Франциско Торо изјави дека најмалку 27 лица загинале таму, не сметајќи го градот Кали. Најмалку 18 лица загинаа во Переира, главниот град на департманот Рисаралда. Епицентарот на земјотресот беше во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот ...

Со цел да се утврди дали на територијата на Грција постојат и функционираат ветерни електрани без потребните дозволи, како и дали се почитуваат пропишаните технички услови за нивна инсталација, одржување и работа, обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага, откако неодамнешниот пожар во областа Виотија започна токму од ветерници, јави ...

Министерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и ...

Соопштение на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови. Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко пресметување. Во демократско општество, на аргументите се одговара со аргументи, а ...

На 09.08.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, Г.С.(67) од кочанско пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле, при што едното од нив со употреба на физичка сила и одзело женски ранец со документи и лични предмети и избегале. Според пријавеното, таа тргнала по нив и влегла по нив во автобус сакајќи да си го врати ранецот, по што истото лице со тврд предмет ја удрило и избегале. Се преземаат мерки за ...

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај” не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни работи ги демантира ваквите наводи. Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои ...

Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својата Фејсбук страница, заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители. -Во касарната Илинден оддадовме почит на 8-те ...

Американската сајбер команда започна истрага по серија смртни случаи меѓу нејзините членови и луѓе кои тесно соработувале со единицата, при што најмалку пет самоубиства се регистрирани од почетокот на јуни до почетокот на јули, објави Блумберг. Концентрацијата на случаи во толку краток временски период предизвика загриженост кај военото раководство и Конгресот, а раководството на Сајбер командата ја третира ситуацијата како таканаречен ...

Во периодот од 22.00 часот на 08.08.2026 до 04.00 часот на 09.08.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на целата државата, насочена кон санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на ...

Распарчените тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку четворица од ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот при извршен претрес на пратка за осуденикот О.М.(48) од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено ...

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Eпицентарот на земјотресот бил во покраината Чоко на брегот на Пацификот, во близина на градот Сан Хозе дел Палмар. Според првичните информации има повредени лица и е предизвикана голема материјална штета, соопшти гувернерката на тој регион преку социјалната мрежа „Икс“. Силниот потрес бил ...

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави информации и препораки за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции, со апел до граѓаните да се грижат за своето сексуално и општо здравје. Што се сексуално преносливи инфекции? Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт (вагинален, анален или орален). Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, две лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана и две лица возеле без возачка ...

Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се ...

Двегодишно дете вчера било донесено во Општа болница Куманово по труење со лекови. Детето по укажаната медицинска помош денеска е пуштено на домашно лекување. – На 09.08.2026 во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на ...

Првото издание на „Џез-вечери”, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето”, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ” и на НУ „Охридско лето”. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија” и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...

На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

На 10.08.2026 во 04:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.П.(39) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...

На 09.08.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, Г.С.(67) од кочанско пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле, при што едното од нив со употреба на физичка сила и одзело женски ранец со документи и лични предмети и избегале. Според пријавеното, таа тргнала по нив и влегла по нив во автобус сакајќи да си го врати ранецот, по што истото лице со тврд предмет ја удрило и избегале. Се преземаат мерки за ...

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците: Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост во врска со владиниот спот објавен по повод 35-годишнината од независноста на државата, во кој Албанците се речиси целосно исклучени, додека албанскиот јазик целосно отсуствува. Неприфатливо е еден официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде изграден врз едноетнички наратив, создавајќи впечаток дека оваа ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот ...

На ден 10.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а 2 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак ...

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
34%
1003
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
87%
1005
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
62%
1008
weather icon

Софија

21ᴼ / 20ᴼ
8.23
47%
1003
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.99
44%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
97%
1008
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
74%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
61%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
83%
1005
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
7.2
45%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
8.75
69%
1005
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
94%
1012
Currency

61.717

Currency

55.625

Currency

73.863

Currency

37.968

Currency

39.079

Currency

66.806

Currency

8.3474

Currency

0.67181

Currency

0.34825

Currency

0.52401

Currency

1.1067

Currency

0.59226

Бакар

12.40

Злато

125211.08

Платина

48804.83

Родиум

293375.56

Сребро

1611.91

Рутениум

61086.42

Калај

46.87

Алуминиум

3.02

Иридиум

326330.08

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

31893.54