Осумнаесетгодишник е уапсен под сомнение за убиство на 32-годишниот Мехмед Смјечанин, кој беше убиен во текот на ноќта пред објектот „Порт 04“ во сараевската населба Долац Малта. Оваа информација ја потврдија од Обвинителството на Кантонот Сараево. „Осумнаесетгодишник е лишен од слобода поради убиство. Во моментов, во Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево се спроведува криминалистичка обработка. Лицето е државјанин на ...

Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен во пукање пред угостителски објект во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, откако претходно избила тепачка меѓу неколку мажи, објави „Дневни аваз“. Расправијата наводно започнала поради девојка, кога двајца мажи се скарале, а потоа дошло до судир и со други присутни. Во обид да ги раздели, им пришол Мехмед Смечанин, познат како Меша, кој бил задолжен за обезбедување на објектот. Тој бил ...