Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Канал 103 ги започнува активностите по повод 35 години од своето постоење. Првиот јубилеен настан, под наслов „Стотројка: Нова пролет“, ќе се одржи денеска во „Котур“, со почеток во 20 часот. На програмата се најавени BNELETI – соло проект на музичарот и етномузиколог Ben Wheeler, кој ја истражува фолклорната традиција на Кавказот, загрозените јазици и исчезнувачките инструменти. Во својот настап ги спојува грузиската полифонија и азерската ...
Соопштение на СДСМ: Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот. Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не ...
Соопштение на Левица: Со предложените измени на Законот за високо образование, ДПМНЕ уште еднаш покажува дека образованието го гледа како елитистичка привилегија. Министерката предложува зголемени критериуми за избор во наставно-научни звања, барајќи од 6 до 7 научни трудови, од кои најголем дел во списанија со импакт фактор од Web of Science и Scopus. Она што намерно се премолчува е дека објавувањето во овие списанија чини илјадници евра по ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на СДС и ДУИ. Власта на СДС беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица носеле ...
Денес, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана. „Матица македонска“ од каде што и почна иницијативата за дарување книги и „Алкалоид“, првата општествено одговорна компанија што се приклучи кон иницијативата, заеднички донираат капитални дела за македонистиката на Катедрата за ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска соопшти дека официјалниот број на жртвите во антивладините протести што избувнаа во Иран во декември и јануари е 3.117, пренесува ДПА. – Исполнувајќи го нашето ветување за целосна транспарентност кон сопствениот народ, иранската влада веќе објави сеопфатен список на сите 3.117 жртви на неодамнешната терористичка операција, вклучувајќи околу 200 офицери. Доколку некој ја оспорува ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство уништија 1010 кг небезбедна „здрава храна” во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај 14 оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ. Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Најмалку 10 лица беа убиени, а 50 ранети во израелски напад во долината Бека во Либан. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале командни центри на Хезболах во областа Баалбек, дел од долината Бека. Хезболах сè уште не го коментирал инцидентот. Според изралекси извори, меѓу загинатите е и висок претставник на Хезболах. Нападот е меѓу најсмртоносните регистрирани во источен Либан во последните недели и ризикува да го наруши ...
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите. Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на ...
Американската војска соопшти дека нападнала брод во источниот Пацифик за кој тврди дека бил вмешан во трговија со дрога, при што загинале три лица. Јужната команда на САД (USSOUTHCOM) објави снимки од нападот на својата веб-страница и соопшти дека бродот бил „вклучен во операции за трговија со дрога“. Порано оваа недела, уште три брода биле погодени во Пацификот и Карибите, при што загинале 11 лица. Американската војска соопшти дека ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд вчера ги укина неговите царинските тарифи од април минатата година. – Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална тарифа од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш, напиша Трамп на Truth Social. Неколку часа претходно, Трамп ja најави мерката, велејќи дека новите тарифи од 10 ...
Конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“ продолжува денеска во Скопје, со воведни обраќања и три панел дисусии, а на неа меѓу другите ќе се обратат премиерот Христијан Мицковски и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Конференцијата, која е во организација на Паневропската Унија на Македонија, во соработка со Паневропската ...
Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе провејува и снег, особено на повисоките населени места и на планините и Скијачките центри. Во Скопје и околината исто така времето викендов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Што се однесува до ...
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска корисниците од село Драчево во општина Кисела Вода ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа. Како што соопштуваат од претпријатието, ќе се изведува замена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, во близина на мостот, поради што водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па сè до завршување на санацијата на дефектот. ЈП „Водовод и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од четири до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
За време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор и неговата средба со граѓаните, се случи емотивна и контроверзна сцена кога една жена, на инсистирање на претседателот, откри семејна тајна пред своето болно дете и присутната публика. Настанот започнал кога Гордана Кариќ, корисничка на социјална помош, побарала збор за да укаже на административните проблеми со кои се соочува, објави 4news.mk, повикувајќи се на Telegram.hr. ...
Вооружен напад бил спречен денеска во Тетово по брзата и координирана интервенција на тетовската полиција, која веднаш реагирала на терен со цел да спречи посериозен инцидент и да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Полициските сили привремено го блокирале главниот пат во близина на кружниот тек познат како „Мема“, при што биле преземени засилени безбедносни мерки и контроли во поширокото подрачје. Според информациите, паралелно со овој ...
Голем дел од луѓето со покачен „лош“ холестерол воопшто не се свесни дека имаат проблем. Лекарите предупредуваат дека освен храната, и изборот на пијалаци може да игра значајна улога во заштитата на срцето. Еден од напитoците што често се споменува е сокот од калинка. Поради високата содржина на антиоксиданси, тој може да помогне во намалување на штетното влијание на ЛДЛ холестеролот врз крвните садови. Одредени истражувања покажале дека ...
Слабеењето никогаш не е едноставно, а по 40-тата година може да стане уште поголем предизвик. Хормоналните промени, особено во периодот на менопауза, како и поинаквиот ритам на живот, често влијаат врз наталожување маснотии во пределот на стомакот. Според стручњаците, правилната исхрана има клучна улога во контролата на тежината. Личниот тренер и диететичар Џеси Федер, тренерот Ендру Вајт, нутриционистката Мери Сабат и советничката за исхрана ...
Сè поголем број трговци во Германија се соочуваат со т.н. „изложување“ – појава кога купувачите разгледуваат и бараат совет во продавница, а потоа производот го нарачуваат онлајн по пониска цена. Една од оние што решиле да се спротивстават на оваа практика е Стефани Кранц, сопственичка на семејна продавница за училишни чанти во Бохум и Хаген, која вели дека ваквото однесување станува сè почесто и им создава загуби на локалните бизниси. „Им ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во некои делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопштија од УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период ...
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости. Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за ...
НАСА на 6 март планира да ја испрати мисијата „Артемис II“, што ќе биде првиот лет со астронаути во орбитата на Месечината по повеќе од пет децении. Воедно, станува збор за најдолг човечки лет во длабоката вселена досега. Четворица астронаути ќе поминат околу 10 дена патувајќи околу темната страна на Месечината пред да се вратат на Земјата, со што ќе се постават темелите за идни мисии и слетувања на Месечината, пренесува Би-Би-Си. Датумот на ...
Тројца скијачи денеска загинаа во лавини во Австрија, што е дел од низата фатални инциденти оваа зима. Две лица беа пронајдени мртви по одрон на снег во западното скијачко одморалиште Сент Антон ам Арлберг. Жртвите биле извлечени од снегот, но не можеле да бидат спасени, изјави портпаролот на полицијата. Други три лица се повредени. Властите првично не соопштија детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите. Претходно, ...
Унгарија ќе го блокира заемот од 90 милијарди евра за Украина додека не продолжат испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Петер Сијарто нагласи дека ова е реакција на унгарската влада на одлуката на Киев да не го обнови протокот на руска нафта во Унгарија, иако, според Сијарто, нема технички пречки за ова. Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека украинската ...
Германската владејачка конзервативна партија, Христијанско-демократската унија денеска повторно го избра канцеларот Фридрих Мерц за свој претседател. Мерц беше поддржан од огромно мнозинство од 878 делегати, од вкупно 963 валидни гласови дадени на националниот собир на партијата во Штутгарт, пренесе ДПА. Ова беше негов втор најдобар резултат. Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 отсто од гласовите на онлајн партиска конференција, што ...
СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.01 до 12.02.2026, осомничениот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „срамна“ одлуката на Врховниот суд на САД да ги поништи неговите царини, јави Би-Би-Си. Тој ја изнел забелешката на состанок со државните гувернери, но сè уште нема официјална реакција од Белата куќа. Со одлука од 6 спрема 3 гласа, судот го блокираше користењето на законот за вонредни овластувања за воведување еднострани царини за поголемиот дел од трговските партнери на САД, нанесувајќи удар ...
Извршителите на тестаментот на осудениот финансиер Џефри Епстин се согласија од неговиот имот да се исплатат до 35 милиони долари за решавање на колективната тужба во која негови двајца блиски соработници се обвинети за помагање во трговијата со млади жени и малолетнички. Спогодбата ја објави адвокатската фирма „Боис Шилер Флекснер“ (Boies Schiller Flexner), која ги застапува жртвите на Епстин, во документ поднесен до сојузниот суд во ...