СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” во врска со кривично дело „кражба”. На 03.03.2026 во СВР Тетово, пријавениот лажно пријавил дека на 01.03.2026 во неговиот дом, неговите дедо и баба одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради ...

На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска” во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500″ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...

Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“. Независниот полициски синдикат потврди дека повторно се појавил проблем со здравственото осигурување на вработените и побара итно решение. На вработените кои побарале здравствена услуга им било кажано или приватно да ...

На ден 11.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, а 6 пожари се изгаснати, информираат од ЦУК Активен пожар: Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Пожар под контрола: Општина Делчево – градска депонија (депонија). Изгаснати пожари: Општина Виница – с. Блатец (ниска ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара (Турција) користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“. Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран. ...

На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. Во врска со настанот, на ...

Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство во вторник, откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна. Братучедот на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, исто така беше осуден на смрт на истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара што му претходеше на востанието и последователната ...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се најдоброто решение за земјата, оценувајќи дека е потребно да се промени политичката клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува. Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Ахмети рече дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку следната, но посочи дека неговата партија е подготвена за избори во секое време. „Треба да се ...

Интегрален текст од прес конференција на Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ: Во Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење. Над 50 населени места се со загадена вода. А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа. Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. ...

Додека новиот филм „Одисеја“ ја освојува светската публика и повторно го насочува вниманието кон легендарниот свет на Хомер, во древна Троја продолжуваат археолошките ископувања предводени од Министерството за култура и туризам на Туркије, со кои се откриваат нови детали. Во рамки на археолошката сезона оваа година, истражувачите работат на неколку локации. Во Долниот град се откриваат улици со колонади и продавници од римскиот период, кои ...

Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. ...

На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници од Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на бул.„Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. И покрај тоа што девизните ...

Партијата за Движење на Турците – ТХП со сериозна загриженост ги следи последните случувања поврзани со заканите и повиците за насилство кон новинарот и писател Ерол Ризаов. Сметаме дека заканите кон новинар, особено кога се проследени со говор на омраза, навреди и етнички мотивирани пораки, не се само напад врз една личност. Тие претставуваат сериозен удар врз слободата на мислата, слободата на изразување и слободата на медиумите, а со тоа и ...

Нападот на украински дронови врз Москва во ноќта меѓу 10 и 11 август привремено го ограничи сообраќајот на градските аеродроми. Руските власти објавија дека се уништени најмалку 13 дронови, а информацијата ја објавија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин , и Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација). Реакција на владата Градоначалникот Сергеј Собјанин првично објави дека воздушната одбрана соборила седум дронови на пат ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја. Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те години на ...

Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погодија земјата во последните години. Властите прогласија вонредна состојба, а се очекува бројот на жртви да се зголеми додека спасувачите бараат луѓе закопани под урнатините, јавува Би-Би-Си . Според геолошкото истражување на земјата, земјотресот со магнитуда од 7,4 степени се случил во понеделник во 7:34 часот наутро по локално време на длабочина од 64 милји ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов. Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници” и „одроденици”. Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, ...

Земјотрес со магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 23:50 часот по локално време на територијата на Македонија. Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу девет километри североисточно од селото Делогожда, во Струшко. Потресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри. Со оглед на ниската магнитуда, станува збор за микро-потрес. Земјотресите со ваква јачина ...

Светските океани достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од ...

Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат да се потпираат на тврдењата на САД дека ќе им осигуруваат безбедност како во минатото – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. -Амбициите на ционистичкиот режим не се нешто за кое можеме да кажеме дека се скриени. Нападите на израелскиот режим врз Либан, Палестина и Сирија и заканите кон земјите од Блискиот Исток укажуваат дека земјите во регионот не ...

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека одредени модели на размислување можат значително да влијаат на квалитетот на животот, односите со другите и чувството на лично задоволство. Луѓето кои со насмевка се осврнуваат на своите животи во старост генерално имаат едно заедничко нешто – научиле да не се грижат за неважни работи и да ја ...

Да се биде родител е тешка улога, а однесувањето на детето често може да покаже колку безбедно и прифатено се чувствува покрај своите родители. Кога детето има доверба во родителот, полесно е да се обрати до него за помош, отворено да разговара за своите чувства и слободно да го изрази своето мислење. Ваквите однесувања можат да бидат знак на емоционална сигурност и доверба што се развиле во нивната врска. Според истражувањата и советите на ...

Колумбиската влада прогласи состојба на „национална катастрофа“ откако силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер погоди неколку департмани во земјата. Поради обемот на катастрофата предизвикана од земјотресот со епицентар во Чоко, во кој загинаа повеќе од 70 лица, Комитетот за вонредно управување со катастрофи објави прогласување на национална катастрофа. Комитетот го претседава новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, ...

Во наредните денови ќе дефинираме возен ред, а на 21 август првата делница од проектот “Градски воз” треба да добие и технички прием. Целта е што повеќе ученици да го користат градскиот воз и да им се олесни секојдневното патување до училиште, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека во градскиот воз ќе бидат ставени најновите ...

Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декемри годинава, или јануари 2027год. Ова вечерва во “Тема на денот” го соопшти заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој истакна дека процесот за жалба е завршен и сега министерството ќе пристапи кон потпишување на договор со избраниот понудувач. “Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес ...

Кинескиот модел на вештачка интелигенција (ВИ) „Кими К3“ успеа да ја напушти заштитената изолирана средина („сендбокс“) на Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) за време на тестирање, по што на интернет-платформата „Гитхаб“ (GitHub) самостојно го пронашол решението за поставената тест-задача. Според експертите, „Кими К3“ не извршил софистициран хакерски напад, ниту, пак, нападнал надворешна веб-страница или ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
34%
1003
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
87%
1005
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
62%
1008
weather icon

Софија

21ᴼ / 20ᴼ
8.23
47%
1003
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.99
44%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
97%
1008
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
74%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
61%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
83%
1005
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
7.2
45%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
8.75
69%
1005
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
94%
1012
Currency

61.717

Currency

55.625

Currency

73.863

Currency

37.968

Currency

39.079

Currency

66.806

Currency

8.3474

Currency

0.67181

Currency

0.34825

Currency

0.52401

Currency

1.1067

Currency

0.59226

Кобалт

33.53

Злато

125211.08

Бакар

12.40

Иридиум

326330.08

Алуминиум

3.02

Калај

46.87

Паладиум

31893.54

Родиум

293375.56

Рутениум

61086.42

Платина

48804.83

Цинк

3.76

Сребро

1611.91