Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
На 19.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Т.Х.(51) од Гостивар, со живеалиште во Скопје. Имено, околу 21:40 часот, при опсервација на терен, забележана е и спречена група од пет лица – турски државјани и Т.Х., кој им бил придружба, при обид илегално да ја преминат границата од Р.С. Македонија кон Република Грција. Турските државјани се ...
Припадниците на Логистичката база (ЛБ) денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база, единица која претставува носечки столб на логистичката поддршка во Армијата. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заменик-министерот за одбрана, Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во Армијата, ...
Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на наивните граѓани успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев ...
„Тоа што го говорев пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија, денеска и официјално се потврди – Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора”, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на ...
Со објава на социјалната мрежа „Икс“, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, испрати остро предупредување дека евентуално ново разгорување на конфликтот со САД и Израел би донело, како што вели, „многу поголеми изненадувања“. – Нашите моќни вооружени сили се етаблираа како првите што го соборија широко рекламираниот ловец „Ф-35“ – изјави тој. Со научените лекции и стекнатото знаење враќањето во војна ќе донесе уште поголеми ...
По повод Денот на пожарникарството, беше упатена честитка и изразена длабока благодарност до сите пожарникари за нивната пожртвуваност, храброст и несебична служба кон граѓаните. Во обраќањето беше истакнато дека пожарникарите се херои на секојдневието – луѓе кои секогаш се први таму каде што опасноста е најголема и кои секојдневно ги ризикуваат сопствените животи за да спасат човечки животи, домови и имоти. Беше нагласено дека ...
Простор за едукација на околу 200 деца ќе се овозможи со доградба на осум училници во ООУ „Јоаким Крчовски“ во населено место Волково-Орман во општина Ѓорче Петров. Камен телемникот на доградбата денеска беше поставен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и општинските власти. Проектот е финасиран со 42 милиони денари преку вториот повик на Владата. – Денеска одбележуваме 80 години јубилеј на училиштето и ги поставуваме темелите за ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста. „Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто ...
Реакција на Левица за новото задолжување: Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех”, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење. Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари”, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално ...
Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува ...
Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, утревечер, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара. Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ (Altus NB) – македонско-француска уметничка платформа посветена на современото музичко творештво и афирмација на ...
Пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само Вистина” на Канал 5, реагираше на одбивањето на власта да го поддржи предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства. Лукаревска обвини дека власта избегна да даде јасен одговор зошто законот не доби поддршка и рече дека зад тоа стојат заткулисни игри. „Да објаснат зошто веднаш го тргнаа законот, ...
Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ). Намалување од 0,33 метри кубни има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од ...
На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за ...
На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу земјите ...
Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата. Според информациите на „Делфи“, најголемиот информативен портал во земјата, литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот, Јуозас Олекас, веднаш биле преместени во засолништа. – Веднаш ...
Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026″, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. „Културно лето на Чаир 2026″ ...
Прес конференција на Маријан Јовановски, СДСМ: Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна. Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се само ...
Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Џјинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. „Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени дека ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна. Протестот заврши, но ...
На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од ...
Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...
Украинскиот пристанишен град Одеса е под интензивен напад со дронови, одекнуваат силни детонации, соопшти преку својот профил на „Телеграм“ шефот на Регионалната воена администрација, Олег Кипер. Според локални информации, повеќе од 20 дронови го нападнале ураинскиот град од акваторијата на Црното Море, а локалните власти апелираат граѓаните да се засолнат во скривниците. Инаку, најмалку 11 лица се повредени по руски напади врз градот Днипро ...
Силни врнежи дожд со поплави неделава ја погодија Кина, при што животот го загубиле најмалку 12 лица, а десетици илјади се принудени на евакуација, јавуват кинеските државни медиуми. Телевизијата „Си-Си-Ти-Ви“ објави дека пет лица загинале, а 11 се водат како исчезнати во округот Шимен во провинцијата Хунан, каде врнежите не престануваат, а спасувачките служби интензивно работат на терен во отежнати временски услови. До синоќа во реонот биле ...
Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија денес од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. „За нас ова ...
Овен Денес ќе бидете полни со енергија и желба да ги завршите сите обврски кои подолго време ги одложувате. Ќе чувствувате силна потреба да покажете иницијатива и да преземете контрола врз ситуациите околу вас. На работното место можна е неочекувана промена која на почетокот ќе ви создаде нервоза, но подоцна ќе сфатите дека оди во ваша корист. Во љубовта, партнерот ќе бара повеќе внимание и искрен разговор. Слободните Овни лесно ќе ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Како што информира Црариснката управа, случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка ...