Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Доколку Киев не преземе чекори во рок од два дена за да продолжи со испраќањето руска нафта во Словачка преку украинска територија ќе се прекине итното снабдување со електрична енергија на Украина истакна словачкиот премиер Роберт Фицо се закани денеска дека ќе го Заедно со Унгарија, Словачка е една од само двете земји од ЕУ кои сè уште се потпираат на значителни количини руска нафта испорачана преку нафтоводот „Дружба“ од советската ера низ ...
„Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите. Затоа, и институционално и индивидуално, имаме обврска да ги негуваме македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот, влашкиот и сите други јазици што се користат во нашето богато мултиетничко општество. Само така ќе продолжиме да ги зацврстуваме мостовите на разбирање меѓу сите заедници и да ...
Тешка несреќа го потресе автопатот во Сантијаго, Чиле, откако камион натоварен со течен гас експлодираше вчера, предизвикувајќи разурнувања во радиус од околу 200 метри. Според првичните информации, најмалку четири лица го загубиле животот во силната детонација, меѓу нив и возачот на товарното возило. Повредени се уште 17 лица, кои биле пренесени во блиските болници. Очевидци наведуваат дека возачот претходно ја изгубил контролата врз ...
Околу 19.000 домаќинства во североисточниот дел на Словенија се без електрична енергија поради сериозни дефекти на дистрибутивната мрежа, предизвикани од обилните снежни врнежи што започнаа вчера, објави РТВ Словенија. Теренските екипи од повеќе региони се ангажирани на отстранување на дефектите и нормализирање на снабдувањето. Словенечкиот премиер, Роберт Голоб, најави посета на Марибор, каде што ќе одржи состанок со претставници на Електро ...
Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рок, до крајот на 2029 година. По увидот на работите на делницата ,,два” што се простира од Гостивар до село Букојчани, оваа информација ја потврдија премиерот Мицкоски, директорот на ЈП ,,Државни патишта”‘ Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Премиерот, Христијан Мицкоски искажа благодарност до соработниците и институциите кои, како што рече, имаат разбирање за ...
Повторно се одржува протест во Сараево. Трамвајската несреќа повторно беше причина жителите да излезат на улиците каде загина еден млад човек а четири лица беа повредени. Протестот започна пред Националниот музеј, па маршот продолжи кон центарот на градот. Главниот пат бил блокиран, додека граѓаните извикуваале „Правда“, носејќи транспаренти со натписи „Младост убиена од системот“, „Вашето молчење е најјасна оставка за нас“, „Доста со ...
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со тимот што го изработи Мастер планот за Чаир, во текот на неделата реализираше посети во неколку населби во општината, со цел следење на проектите кои веќе се во фаза на реализација. За време на теренските посети беа презентирани досега реализираните интервенции, како и следните фази на урбаниот развој. Меѓу клучните проекти што ја трансформираат локалната инфраструктура се работите на ...
Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запалило црево поврзано со плинска боца. Настанот предизвика загриженост кај граѓаните кои во тој момент се наоѓале во централното градско подрачје. Според информациите, вработените реагирале навремено и со противпожарни апарати успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири во останатиот дел од објектот. На местото веднаш ...
На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39) од с. Гајре пријавил дека околу 20.00 часот во с. Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „Голф” со тетовски регистарски ознаки, по што насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М. Таму му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет. По преземени мерки, околу 21.50 часот на ул. „Илинденска” во Тетово, ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија се наоѓа во фаза на засилен економски развој, со нов бран странски инвестиции и значајни резултати во земјоделството. Според него, во тек е реализација или финално договарање на повеќе стратешки проекти, додека земјоделството повторно станува силен двигател на економијата. Мицкоски нагласи дека Владата активно работи на привлекување на нови инвеститори, а најголем дел од проектите веќе се во ...
Осумдесет годишен дебранец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил негов сограѓанин со патничко моторно возило. На 20.02.2026 околу 20.55 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на ул. „Иса Болетини” во Дебар патничко возило „фолксваген голф” со дебарски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(20) од Дебар удрило во пешакот Н.Л.(80) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Специјалната ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг” и „прва и втора лига”. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден. Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната ...
На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса”, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има информации во врска со марихуаната која беше фатена во Србија, а која излегла од земјава, но рече дека во интерес на истрагата не би сакал да споделува детали. За обвинувањата на опозицијата за тоа како излегла марихуаната од земјава, Мицкоски вели дека има вмешани функционери од поранешната Влада и упати на детали од МВР. – Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред, можеби ...
Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства и во делот на експропријацијата и силната динамика ќе продолжи во следниот период за до крајот на 2029 година да возиме по овој автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска заедно со ...
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот обдор Правдата во државата се погребува, судството и обвинителството се стават под директна контрола на Мицкоски. Наместо независни правосудни институции –гледаме партиски инсталации. Наместо владеење на правото – контролирано судство. Власта го смени јавниот обвинител за да се инсталира обвинител под нивна контрола. Јавно, на телевизија Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка ...
Според „Автомагазин“, „хонда цивик“ успешно ги освојува купувачите во светот од 1972 година. Познат е како економичен, сигурен и пријатен за возење, а се нуди во многу верзии – од основните градски модели до спортските „тип Р“. Со продажба поголема од 24 милиони примероци „цивик“ се смета за еден од класичните модели во автомобилската индустрија. Со тоа го зазема петтото место на најпродаван автомобил во светот од Јапонија Четвртото место му ...
Со натпреварите меѓу Вардар – Башкими и Пелистер – Струга, денеска продолжува 19 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). По двете стартни победи во пролетниот дел од сезоната, Арсими и Работнички, лидерот Вардар посакува и трета радост, иако голманот на „црвено – црните“ Давор Талески, истакна дека Башкими е незгоден противник. „Да, добро го започнавме пролетниот дел од сезоната, и тоа секако дека ни годи. Сепак, никако не смееме да ...
Лишени биле од слобода двајца тиквешани кои изминатава ноќ возеле под дејство на алкохол, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Синоќа во 23:27 часот, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода З.С.(48) од овој град. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и владеење на правото во демократиите. – Не е лошо да се има Врховен суд и, следствено, владеење на правото. Добро е да се има моќ и противтежа на моќта во демократиите, рече Макрон на годишниот земјоделски саем во Париз, ...
Поради насилното однесување на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, кога четири часа дивееја пред Владата и Парламентот, уапсени се 46 лица. Судирите меѓу полицијата и демонстрантите започнаа веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, кога поддржувачите почнаа да фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон објектот на Владата. Тие продолжија пред Парламентот, каде што демонстрантите беа уште понасилни ...
Северната команда за воздушна одбрана на САД (НОРАД) соопшти дека вчера испратила воени авиони за да пресретнат пет руски авиони што летале во меѓународниот воздушен простор крај западниот брег на Алјаска, нагласувајќи дека руските авиони не биле непосредна закана. Командата соопшти дека забележала и следела два руски бомбардера Ту-95, два борбени авиона Су-35 и еден шпионски авион А-50 што летале во близина на Беринговиот Проток. Како ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“. Компанија која врши ископувања на еден од најпрепознатливите индустриски брендови на државата и значаен извозник на македонски мермер на глобалниот пазар. За време на посетата, министерката изврши непосреден увид во процесот на експлоатација на мермерот од ...
Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не се цени според системот на напредок, односно како се совладуваат предизвиците, туку целиот овој процес на приклучување кон Европската Унија се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата Европска унија за што се повеќе политичари во Брисел се свесни. За нас само, како земја ...
Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат. Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин (вклучувајќи ги и хибридите) се зголемил за 60%. Огромен раст од 45 пати ...
Соопштение на СДСМ: Последните информации за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога, објавени од обвинителството потврдуваат дека дрогата слободно ја поминала македонската граница, „повеќекратно”. Дополнително, пред тоа, дрогата во поголема количина била пренесувана со товарни и патнички возила од објект на правно лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Таму, во селото Сарамзалино, бил извршен претовар. Потоа било ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс. Наградата, ...
Најмалку 11 лица се повредени во украинскиот напад врз руската република Удмуртија, регион познат по својата одбранбена индустрија, соопштија денеска тамошните власти. Три лица се пренесени во болница, објави регионалниот министер за здравство на републиката, Сергеј Багин, на Телеграм во главниот град Ижевск. Нема потврда дали цел на украинскиот напад била фабриката за оружје во Воткинск, околу 50 километри североисточно од Ижевск, која ...