Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...
Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно и воздух и се испраќаат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...
Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации ...
Начинот на исхрана и соодветната хидратација имаат големо значење за нормалното функционирање на организмот. Во последно време сè почесто може да се сретнат и тврдења дека пиењето топла вода носи низа дополнителни здравствени придобивки. Сепак, дел од нив се пренагласени и немаат доволно научни докази. Пред сè, важно е да се знае дека зовривањето на водата може да уништи многу микроорганизми, но не ги отстранува автоматски тешките метали. ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови денеска ќе почувствуваа речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска во одредени периоди од денот ќе бидат погодени од температури над 35 степени ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...
Раната и прекумерна употреба на паметни телефони може негативно да влијае врз развојот на децата, особено ако времето пред екран ги заменува физичката активност, играта и непосредната комуникација со другите. Психологот и професорка на Факултетот за спорт и физичка активност при британскиот Универзитет Шефилд Халам, Лијана Азеведо, смета дека децата не треба да имаат сопствен паметен телефон пред шестата година. Според неа, периодот до ...
Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...
Соопштение на ВЛЕН: ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега? Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе”, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам ...
Иако младоста најчесто ја поврзуваме со повеќе енергија, спонтаност и желба за нови искуства, за многумина токму 30-тите години носат поинаков и позрел поглед кон љубовта. Со годините подобро се запознаваме себеси, стануваме посвесни за сопствените потреби и полесно препознаваме што сакаме, но и што повеќе не сме подготвени да толерираме во една врска. Токму затоа љубовниот живот по 30-тата за многу луѓе може да стане поквалитетен и ...
Според информациите, турскиот клуб му понудил тригодишен договор со годишна заработка од 10 милиони евра, како и дополнителен бонус од 10 милиони евра при потпишувањето. Влаховиќ ги завршил потребните формалности, а во 21:30 часот пристигнал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, каде што бил пречекан од голем број навивачи. Со ова завршува неговиот период во Јувентус. Српскиот голгетер подолго време беше меѓу најспоменуваните фудбалери на ...
Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите, велат од Центарот за управување со кризи. „Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на ...
Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во ...
Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми. Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на ...
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ имаше одличен настап на Европското првенство во Париз, поставувајќи нов државен рекорд на 200 метри слободно. Ѓуретановиќ, кој е единствениот македонски претставник на првенството, во квалификациите ја исплива делницата за 1:52.59 минута, со што за 15 стотинки го подобри досегашниот национален рекорд. Стариот рекорд беше во сопственост на Александар Маленко и опстојуваше цели 30 години, откако беше ...
Еквадорската полиција заплени голема пратка од 369 килограми кокаин во близина на границата со Колумбија, а вниманието го привлече необичниот начин на кој биле означени дел од пакетите со дрога – со фотографии од светските фудбалски ѕвезди Ерлинг Халанд и Лионел Меси. Според информациите на полицијата, при акцијата бил запрен сомнителен камион во близина на градот Тулкан. При деталниот преглед на возилото биле откриени 370 пакувања со ...
Соопштението на СДСМ: По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и ...
На 12.08.2026 во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. На 12.08.2026 во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство ...
Пиењето поголеми количества алкохол во младоста може да биде поврзано со зголемен ризик од мозочен удар, а опасноста расте доколку таквата навика трае со години, покажува истражување објавено во медицинското списание „Neurology“. Истражувачите анализирале податоци за млади возрасни лица, следејќи ги нивните навики за консумирање алкохол и здравствената состојба во период од повеќе години. Како граница во истражувањето биле земени 105 грама ...
Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко ниво од април 2024 година, но на долг рок таа и натаму ќе се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од германскиот град Кил. Во април 2024 година Украина доби 9,04 милијарди евра воена помош, пред САД да го прекинат финансирањето во февруари 2025 година. Според податоците на Институтот во Кил, јунското е трето најголемо зголемување на ...
Трагичен настан се случил вчера во кругот на фирма на подрачјето на скопската општина Аеродром, каде што 65-годишен маж го загубил животот при извршување работни задачи. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, околу 12:25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во круг на фирма има починато лице. Според пријавеното, В.Н.(65) од Скопје, при изведување работни задачи, бил прегазен од виљушкар кој ...
Тројца жители на Зелениково се приведени по инцидент во кој, според пријавите во полицијата, имало закани со остар и стаклен предмет, оштетување автомобил и прегазување на стапала со возило. Како што соопшти МВР, вчера во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од Зелениково. Полицијата постапувала по претходна пријава од А.Н., кој навел дека на 11 август околу 21 ...
Во масовен кибер-напад без преседан беа компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони полски граѓани, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, а пренесе „ТВП ворлд“. Според Гавковски, кибер-нападот бил насочен кон платформа која е еден од најголемите полски обезбедувачи на доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките. – Како што потврди и самата ...
Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Пријавената, во периодот од 23.10.2025 до 27.10.2025, неовластено искористила банкарска картица, во сопственост на друго лице, односно со неа направила 47 трансакции преку интернет апликација во вкупен износ ...
Соопштение на ДУИ: ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во ...
Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. Сиљановска-Давкова посочи дека ...