СДСМ уште од самиот почеток покажува конструктивност во процесот на избор на нов јавен обвинител, но обидите за нормализирање на директните политички и телефонски контакти со правосудството се недозволиви. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа остро реагираше на, како што рече, обидите на власта да ги релативизира контактите меѓу премиерот Христијан Мицкоски и јавниот обвинител, ...

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против корисниците на албанскиот јазик да го полагаат правосудниот испит на својот мајчин јазик, доколку решението е целосно усогласено со препораките на Венецијанската комисија и европските стандарди. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го истакна портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, коментирајќи ги актуелните реакции и протести поврзани со ова прашање. Манасиевски посочи дека постојат реални проблеми со ...

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека Демократската унија за интеграција треба да биде во опозиција и во моментов не постои простор партијата на Али Ахмети да стане дел од владината коалиција. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој нагласи дека актуелната власт добила доверба од граѓаните токму со ветувањето дека ДУИ ќе замине во опозиција, поради што, според него, нема ...

Наместо европската иднина да стане реалност, Македонија повторно се оддалечува од Европската Унија поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, упатувајќи остри критики кон актуелната власт за блокирањето на евроинтегративниот процес и одбивањето на предлогот за референдум. Кузеска оцени дека најавите за „чекање со децении“ пред вратите на ...

Државата не може да има независен правосуден систем сè додека клучните обвинителски и судски институции функционираат во директна координација со СДСМ и ДУИ за заштита на партиските кадри. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, кој упати сериозни обвинувања кон шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Според Манасиевски, актуелниот начин на ...

Да се биде гласноговорник на најголемата и најорганизираната политичка партија во Македонија претставува огромна чест, но и сериозна одговорност. Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, каде зборуваше за својот политички пат, приватниот живот и мотивите што го насочиле кон политиката уште од најрана возраст. Иако има само 28 години, Манасиевски веќе зад себе има ...

Македонија веќе не води потчинувачка надворешна политика „со главата во ѕид“, туку настапува достоинствено, со аргументи и јасни национални позиции пред меѓународната заедница. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, зборувајќи за актуелните односи со Бугарија и европскиот пат на државата. Според Манасиевски, во последните две години е видлива промена и во ставовите на европските ...

Тезите на СДСМ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја оддалечува Македонија од Европската Унија целосно паѓаат во вода. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, нагласувајќи дека членството во ЕУ останува стратешка и јасно дефинирана цел на партијата. Според Манасиевски, евроинтегративниот курс на државата не се гледа преку политички декларации, туку преку конкретни реформи и ...

Матичните лекари во Македонија наскоро ќе можат да препишуваат никотински фластери и мастики како помош за граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. Ова беше најавено на одбележувањето на Светскиот ден без тутун, каде институциите најавија координирани активности за намалување на зависноста од никотин. Министерот Азир Алиу истакна дека станува збор за трансдермални фластери и мастики со никотин, кои ќе бидат достапни на пазарот и ќе ...

Во Собранието денеска повторно изостана директен одговор од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за задолжувањето на државата, иако пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, отвори прашања поврзани со јавниот долг, новите најави за задолжувања и неплатените обврски кон стопанството. На седницата за пратенички прашања на неговите прашање одговараше заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, додека Битиќи порача дека ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле седум возачи и со еден е извршен службен разговор за управување возило без возачка дозвола, од нив двајца малолетници и една малолетничка. Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола (еден малолетник), две лица во Гостивар (една малолетничка), едно лице во Битола и еден малолетник во Кичево. Додека, едно лице во Неготино управувало ...

Утре (29.05.2026) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар ...

Глобалната побарувачка за бакар постојано расте, а Македонија располага со едно од позначајните наоѓалишта во регионот. Според досегашните анализи, „Иловица-Штука“ содржи околу 410 илјади тони бакар, но проектот и понатаму останува без конечна реализација. Според претходните физибилити анализи, рудникот би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини се пресметаат според ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...

Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за плаќањата во Република Северна Македонија во 2025 година, при што беше констатиран натамошен раст на безготовинските плаќања и засилена употреба на дигиталните канали за извршување платежни трансакции. Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и ...

На 27.05.2026 околу 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат Велес – Скопје, Ј.П.(20) од Велес, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. На 27.05.2026 околу 19:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат Велес – ...

Во Кривичниот суд денеска започна судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, во врска со случајот со 350.000 евра кои беа пронајдени скриени во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино. На стартот од постапката, Ристов изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар. Според обвинението, станува збор за непријавени и неевидентирани 350.000 евра, пронајдени заѕидани во кујната на семејниот дом. ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања зборувајќи за задолжувањето, истакна дека во јуни нема да има ново задолжување како што претендира опозицијата, а правејќи компарација помеѓу шест години од владеењето на СДСМ и ДУИ и овие две години од владата на ВМРО истакна дека според ММФ, оваа влада за две години остварила поголема додадена вредност отколку владата на СДСМ и ДУИ за 6 години, а ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна да одговори на растечкото државно задолжување, динамиката на јавниот долг и најавите за нови кредитни аранжмани во услови кога долгот веќе се приближува до ниво од околу 11 милијарди евра. Битиќи потенцираше дека има ...

Соопштение за јавност на Левица: Левица ќе поднесе втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и судир на интереси. Претседателот на партијата, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција изјави дека состојбата во МВР дополнително се влошила, а институцијата наместо професионален сервис, станала „приватна ...

На 27.05.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.К.(19), Н.К.(27) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што претходно физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 27.05.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026″, што се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог”. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и нивните криминални тендери. Нема пари за граѓаните, нема за повисоки плати, нема за минимална плата од 600 евра, нема пари за мерки, нема пари за субвенции за земјоделците. Нема ниту ...

На 27.05.2026 во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг К.А.(37) од Охрид, физички ја нападнал. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со пријавениот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 27.05.2026 во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:00 ...

Неколку вработени во компанија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени проблеми кои укажуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни болки по консумирање на оброк обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија. Двајца од вработените, поради влошување на состојбата, побарале лекарска помош и ...

На 27.05.2026 во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Дебар ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. На 27.05.2026 во 22:10 часот полициски службеници од ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Уште само 3 дена остануваат до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека целосно ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат. 3 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски. Како што лажеше Мицкоски за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет, така и денес лаже за ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла. Надворешната канцеларија ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен број возила кои секојдневно доаѓаат и транзитираат ...

Возрасна жена починала во пожар кој синоќа избувнал во нејзината куќа во Пинтија. -На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира МВР. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60