Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење”, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот. Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува. Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина. ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Тетарот и режираното сцeнарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ. Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор. Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју”, во контекст на посетата на хрватскиот министер за надворешни и европски работи, говореше за билатералните односи со Хрватска, осврнувајќи се на постојните стратешки договори со Обединетото Кралство и Унгарија, како и на најавата за нов договор за стратешко партнерство со Хрватска. „Во најава имаме договор за стратешко ...

Северна Македонија станува дел од „Плазма – Спортските аматерски игри за деца“, кои во изминатите години обединија повеќе од два и пол милиона деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари што ќе се одржат во август годинава во Сплит. Иницијативата трае веќе 27 години, а во неа вклучени се деца од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Словенија. Целта е да се почувствува вистинската вредност на спортот и преку ...

Соопштение на Левица: Цел месец нема исплата на надомест за породилно отсуство. Мајките кои се на породилно отсуство, жени што родиле, кои се во најчувствителниот период по породување, се оставени без средства што им следуваат по закон. Породилното не е владина милостина, туку надоместок што произлегува од работен однос и платени придонеси. Кога Владата доцни со исплатата, таа практично им ги задржува парите на мајките во момент кога секој ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност. На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и ...

На 26.02.2026 во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата ...

Здравствената состојба на потпретседателот на Владата на Србија и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, е непроменета и засега е стабилна, изјави помошник-директорот на Клиниката за пулмологија во Белград, Спасоје Попевиќ. – Продолжуваат мерките за интензивно лекување. Засега е стабилно, ноќта ја помина мирно – рече д-р Спасоје Попевиќ во изјава за новинарите пред Клиниката за пулмологија, каде што е хоспитализиран Дачиќ, пренесува РТС. Доктор р ...

Таткото на 35-годишната Марија Маринковска, Зоран Маринковски, чие тело беше ексхумирано поради сомнежи во причините за смртта, тврди дека неговата ќерка претходно пријавувала дека осомничениот Т.Б. ја следи и вознемирува, а семејството за тоа ја известило полицијата. Во изјава пренесена од Радио Бум, Маринковски раскажува дека во последниот телефонски разговор со братот, Марија му рекла дека некој ѝ тропа на вратата и дека се плаши. Неколку ...

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица биле на возраст од 15 до 64 години, 185 биле деца на возраст од пет до 14 години, 164 – деца на возраст до четири години, а 143 биле лица на возраст над ...

Овој ден носи мешавина од емоции, одлуки и можности за нов почеток. Ѕвездите укажуваат на потреба од трпение и внимателна комуникација, особено во односите со блиските и на работното место. Некои знаци ќе почувствуваат силен наплив на енергија, додека други ќе имаат потреба да забават и да размислат за следните чекори. Овен Денес ќе бидете полни со иницијатива и желба да ги завршите обврските што долго време ги одложувате. На работа е можен ...

Пакистанските воздухопловни сили во текот на ноќта ги нападнаа воените објекти во соседен Авганистан по офанзивата на авганистанските талибански сили, соопштија официјални лица рано утрово, при што беа погодени цели во Кабул и провинциите Кандахар и Пактија. Портпаролот на талибанската влада, Забихула Муџахид, ги потврди нападите на X, велејќи дека нема извештаи за жртви од воздушните рации. Пакистан соопшти дека десетици талибански борци ...

Обиколницата околу Битола од вчера од 18:30 часот заради свлечиште е затворена за сообраќај, а сообраќајот се преносочува преку градот Битола. Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од ...

„Биеналниот „Зимски салон 2026“ е резултат на внимателно осмислениот концепт, што цели да обедини на едно место различни генерации сликари, со различни ракописи, насликани за различни генерации набљудувачи, сите гладни за уметност“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на 21 издание на оваа ликовна манифестација, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, коешто годинава ...

Сведочењето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епштајн заврши по повеќе од шест часа. По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа на она што го знаела“. Поранешната државна секретарка рече дека таа ...

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, преку видео-порака доцна синоќа реагираше на најновиот потег на премиерот Еди Рама за смени во владата, нарекувајќи го “обид да се спаси себеси”. -Најновиот потег на Еди Рама е потег со кој тој се обидува да си ја спаси сопствената кожа. Со својот потег, тој се обидува да ги измами луѓето, во време кога самиот е на чело на криминалната организација што ја предводи, вели ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај. Како што известува Кабинетот на претседателката, по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација. Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција. -Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...

Третото издание на Саемот на образование и кариера ќе се одржува денеска и утре на вториот кат на ТЦ „Скопје сити мол“ во организација на студентската и младинската информативна платформа „Студентарија“. Во двата дена настанот ќе биде отворен од 11 до 16 часот, со бесплатен влез за сите заинтересирани. Како што е најавено, на отворањето на саемот денеска ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која ќе ги поздрави ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизија „Сител“ изјави дека побарал детално објаснување од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за безбедносните проценки врз основа на кои било оценето дека поранешниот вицепремиер Артан Груби не би бил безбеден доколку биде притворен во истражниот затвор „Скопје“. Мицкоски рече дека ги добил објаснувањата од безбедносните институции, но ...

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде што го коментираше најавениот договор со Соединетите Американски Држави, според кој Македонија би отстапила 0% царини за американските производи. Во однос на најавите, Миноски истакна дека глобалната трговска сцена во последните години е исклучително динамична и непредвидлива. „Гледаме дека ситуацијата во САД неколкупати се менуваше, имаше и ...

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на минималната плата. Според Миноски, во актуелниот трипартитен дијалог помеѓу Владата, синдикатите и работодавачите, недостига сеопфатна анализа за нето-ефектите од покачувањето на минималецот. Тој нагласи дека секоја ...

Албанскиот премиер соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“. Тој беше формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори. Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи. Се ...

Трпението на државата кон трговците кои го изигруваат законот е при крај. Пратеникот Бојан Стојаноски во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4TV.mk најави сериозна офанзива против нефер трговските практики, која ќе вклучува десеткратно зголемување на казните и можност за привремено затворање на објектите кои манипулираат со цените. Стојаноски посочи дека досегашната практика на маркетите да објавуваат сложени и непрегледни табели со цени, само ...

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, пратеникот Бојан Стојаноски упати остри критики до раководството на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), обвинувајќи ги дека водат политика наместо вистинска синдикална борба. Стојаноски направи јасна дистинкција меѓу резултатите на различните синдикални организации, посочувајќи дека додека ССМ, предводен од Слободан Трендафилов, се фокусира на јавни препукувања и, како што рече, ...

Владата преминува од моделот на краткорочни ограничувања на цените кон долгорочни системски решенија за заштита на стандардот на граѓаните. Бојан Стојаноски во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk призна дека претходните мерки, како замрзнатите маржи и потрошувачките кошнички, давале резултати само додека биле на сила, по што трговците веднаш ги нивелирале цените на штета на потрошувачите. Наместо моментални решенија, фокусот сега е ставен на ...

Притисоците и заканите врз работниците кои бараат достоинствени примања се секојдневие, особено во јавниот сектор, алармира претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk. Според него, најжестоките притисоци доаѓаат со политичка поддршка, а често се реализираат преку структури на синдикати кои одбиле да ги поддржат протестите. Трендафилов го посочи примерот со вработените ...

Владата има улога на фасилитатор кој треба да го гарантира тоа што социјалните партнери ќе го договорат, а не активна страна која наметнува решенија во преговорите за платите. Ова го истакна Бојан Стојаноски во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, нагласувајќи дека најдобра плата е онаа која работникот реално ќе ја добие на својата сметка, без притоа да се загрозат економските прилики. Тој упати повик до раководството на синдикатите уште ...

Времето утре ќе биде сончево, со мала локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 4 степени. Во гевгелија ќе биде најтопло, каде се олекува дневна температура до 16 степени. Во Скопје, исто така, ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.71
60%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.16
80%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
85%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
66%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1031
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -1ᴼ
0.45
66%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
79%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Злато

163613.54

Сребро

2648.90

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Паладиум

51794.85

Калај

50.04

Алуминиум

3.29

Цинк

3.27

Кобалт

66.14

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Бакар

11.75