Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На 27.02.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош била пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош, а кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, а со неа бил и П.С.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. На 27.02.2026 околу ...
Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини. Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај ...
Изјава за медиуми на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувани, СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат. Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и прес-конференции, од СДС не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала. Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и останатиот ...
Израелските напади врз Иран беа насочени кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, и претседателот Масуд Пезешкијан. АПА објави дека анонимен израелски функционер му кажал на „Тајмс оф Израел“ за нападот. Беше објавено дека во нападите биле цел на највисокото воено и политичко раководство на Иран. Сепак, резултатите од нападите сè уште не се познати. Треба да се напомене дека претходно, иранските медиуми ги негираа ...
На 27.02.2026 во 21:05 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Г.Ц.(38) од Кавадарци. По добиени оперативни сознанија и по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Г.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, семки од канабис и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, ...
Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека земјата била подложена на „очигледен напад од ирански балистички ракети“. Додадено е дека системите за воздушна одбрана на ОАЕ „работеле многу ефикасно“ и успешно пресретнале повеќе ракети. И покрај ова, остатоци паднаа врз станбена зона во Абу Даби, предизвикувајќи материјална штета и смрт на азиски цивил, чиј идентитет не е објавен. Министерството го осуди нападот како ...
Велика Британија денес, по американско-израелските напади врз Иран, објави дека „не сака да види понатамошна ескалација во поширок регионален конфликт“. Тој додаде дека Велика Британија има низа одбранбени капацитети во регионот на Блискиот Исток и е подготвена да ги заштити своите интереси. Би-Би-Си објави дека Велика Британија не учествувала во нападите на САД и Израел врз Иран. Се очекува премиерот Кир Стармер денес да претседава со ...
Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, веќе три месеци не работи. Причина за тоа е што по завршувањето на мандатот на директорката во декември 2025 година, не е избран нов директор. Иако претходната директорка Пламенка Бојчева пред заминувањето на 25 декември дала овластувања на службите во Агенцијата таа ...
Според бахреинската државна новинска агенција БНА, центарот на Петтата флота на американската морнарица „бил изложен на ракетен напад“ утрово. Петтата флота на американската морнарица управува со операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан. Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на X дека се активирани сирените за предупредување и ги повика граѓаните и ...
Изјава за медиуми на Јон Фрчкоски член на ИО на СДСМ: Најновиот скандал е окупацијата на Развојната банка поради бизнис интересите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. АКТ откива, како шемите на Мицкоски од хидроцентралите се шират во институциите. Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Ресорното министерство објави и СОС-контакти доколку граѓаните имаат потреба од помош, а посочи и дека воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови. ...
Црногорската полиција во сабота го уапси бизнисменот Александар „Ацо” Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Приведувањето дошло по повеќечасовен претрес на неговиот стан во центарот на Подгорица и на семејната куќа во никшиќкото населба Растоци, при кој биле пронајдени три пушки, полициска опрема и панцир. Акцијата е спроведена по налог на Основното државно обвинителство. Полицијата уште во петокот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили на Иран, да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“. Трамп рече дека САД започнале „големи борбени операции“ во Иран, предупредувајќи дека може да има американски жртви. Нападите, за кои Трамп тврди дека имаат за цел уништување на ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби. Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на стабилна и сува воздушна маса од југ викендов времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро во дел од котлините особено оние котлини во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност. Во Скопје и околината викендов времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Наутро во дел од котлината ќе ...
Првото предупредување за претстојни ракети во Израел беше упатено утрово околу два часа откако САД и Израел почнаа да вршат напади врз Иран. Во известувањето од Командата за внатрешна одбрана, испратено директно на мобилни телефони, се предупредува дека се очекуваат предупредувања во областа „во следните неколку минути“ и дека граѓаните треба да се подготват за влез во заштитеното подрачје. Израелската војска соопшти дека идентификувала ...
Иран се подготвува да возврати по утринските напади на Израел и САД, изјави официјален претставник од Техеран за новинската агенција Ројтерс. Службеникот изјави за агенцијата дека „одговорот ќе биде катастрофален“. Не е јасно што конкретно значи ова или кои цели би можел да ги таргетира Иран. Израел во саботата објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги ...
На 28.02.2026 во 01:38 часот, кај месноста „Копачка”, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно ...
Израел објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, јавуваат светските агенции. Нападот, кој се случи откако Израел и Иран влегоа во 12-дневна воздушна војна во јуни, доаѓа по повторените предупредувања од САД и Израел дека ќе нападнат повторно ако Иран продолжи со своите ...
Пишува Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Попреченоста не е најголемиот страв на родителите. Најголемиот страв е неизвесноста — што ќе се случи со нивното дете кога тие повеќе нема да бидат тука? Во Македонија нема единствен регистар на деца со попреченост. Податоците се фрагментирани, а многу деца остануваат недијагностицирани. Системот официјално обезбедува образование, здравство и социјални услуги, но во реалноста тие често не ...
Израел започна, како што го нарече, „превентивен напад“ врз Иран соопшти израелскиот министер за одбрана Кац Кац изјави дека операцијата има цел „елиминирање на непосредните закани“ за Израел по што прогласи „посебна и постојана вонредна состојба“ на територијата на целата земја. Експлозии во Техеран Иранските медиуми јавуваат дека во центарот на Техеран се слушнале најмалку три силни експлозии. Според агенцијата Фарс, повеќе проектили ...
Окружниот суд во Бремгартен изрече пресуда во необичен кривичен случај во кој 29-годишен државјанин на Северна Македонија беше осуден на пет години затвор поради серија грабежи и други кривични дела, а неговото објаснување за стореното предизвика изненадување кај судиите. Тој признал дека намерно извршувал кривични дела со единствена цел – да биде уапсен и да се ослободи од зависноста од алкохол додека се наоѓа зад решетки. Според судските ...
Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, вечерва во емисијата „БИЗНИС21“ на ТВ21 остро реагираше на предложените измени во Законот за извршување, оценувајќи дека тие се на штета на граѓаните и мора итно да бидат повлечени и дополнително консултирани со синдикатите. Ристески потенцираше дека во пракса најголем товар паѓа врз граѓаните, кои, како што рече, го извлекуваат „најдебелиот крај“. ...
Бил Клинтон, американскиот екс претседател ќе сведочи пред конгресниот панел за неговите врски со Џефри Епстин. Сведочењето на Клинтон, закажано за 17 часот по средноевропско време, ќе следи по сведочењето на неговата сопруга и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон. Таа му кажа на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со Епстин и дека нема што да сподели за неговите сексуални злосторства. ...
Лежалки и чадори нема да се издаваат под закуп на делови од две познати пчажи на островот Куфониси. По силната реакција од локалната заедница, грчкото министерство за финансии ги откажа плановите. Одлуката, потпишана од генералниот секретар Антигони Јанакаки, има за цел зачувување на автентичниот карактер на островот и го исполнува барањето на општина Наксос. „Министерството не беше информирано за случајот, бидејќи барањето на општина Наксос ...
Построги правила на ЕУ за третман на барателите на азил и бегалците одобри Германија. „Европската политика за азил е нефункционална со години, новите правила се голем чекор напред“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт во дебатата пред гласањето во Бундестагот. Реформата беше поздравена и од помладиот партнер на Фридрих Мерц во владата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Пратеникот на ...
Кремљ денеска официјално потврди дека се подготвуваат нови трилатерални преговори со цел ставање крај на војната во Украина. Оваа потврда доаѓа по серијата интензивни, но одделни состаноци на руски и украински претставници со американската делегација во Женева оваа недела. Киев веќе најави дека разговорите би можеле да се одржат на почетокот на март во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј ...
Без нејзина согласност, албанската актерка Анила Биша стана лице и глас на првата министерка за вештачка интелигенција во светот – Диела. Минатиот септември, албанскиот премиер Еди Рама претстави дигитален аватар наречен Диела, вештачка интелигенција на која ѝ е доверена задачата да ги следи јавните тендери со цел борба против корупцијата. Кратко по презентацијата, виртуелната министерка одржа говор во парламентот, во видео порака што ги ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма истакна дека Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните. Според податоците за 2025 година, Порталот за услуги оствари: * 290% раст на издадени услуги, и * 166% раст на корисници, што, како што нагласи министерот, е јасен показател дека граѓаните го препознаваат, ...
Повеќе од 1.100 случаи на мали сипаници се регистрирани од почетокот на годината во САД . Експертите предупредуваат дека бројките укажуваат на можни фатални исходи, со оглед на сериозните компликации од болести како што се енцефалитис и пневмонија. Над 96 проценти од заразените не се вакцинирани со MMR вакцината, а повеќе од 80 проценти од случаите вклучуваат деца и тинејџери, вклучувајќи една четвртина од деца под петгодишна возраст. ...