На 18.08.2026 во 18:10 часот, на улица „Влашки пат” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По целосно документирање на настанот, против него ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека: – Авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. – Терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден Доколку временските услови не го дозволуваат ...

На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски” во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување ...

Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Наместо навремена превенција, навремена ...

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. „Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 ...

На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул.„Македонска фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(48) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. ...

Од 1 септември ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава. Градежните зафати за адаптација на објектот се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во подготовките на училиштето ...

Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира власта, ...

Дваесетидеветгодишната русинка Снежана Королева починала откако беше нападната од кафеава мечка во туристички камп во селото Артибаш во рускиот Алтајски регион. Королева и нејзиниот партнер кампувале на брегот на езерото Телецкое. Според сведоците, околу 1 часот по полноќ, мечката го пробила шаторот, ја извлекла жената и ја одвлекла кон реката Бија. Нејзиниот вереник, кој наводно ѝ предложил брак само еден ден претходно, бил сведок на ...

Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег”, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика”. Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег” и во Чаршијата. Со ...

Соопштение за јавност на Левица: Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, ...

Соопштение за јавност на СДСМ: СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија. Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа” групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ”. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира ...

Од добар род до загуба за само неколку недели – македонското земјоделство повторно се соочува со истиот парадокс: земјоделците имаат производство, но немаат сигурен пласман. Падот на откупот, високите трошоци и слабата поврзаност со пазарот ги туркаат производителите кон директна продажба од нивите, додека потрошувачите истите производи ги купуваат по значително повисоки цени. Македонскиот земјоделец одамна знае како да произведе. Она што сè ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на ...

Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје. Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности ...

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар. Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица. Затоа воопшто не ...

Град Скопје ја врати линијата број 37 на ЈСП која ќе сообраќа од населбата Радишани до Карпош. Новата траса е дизајнирана за првпат да го искористи булеварот „Словенија“, овозможувајќи им на жителите од Бутел и Радишани директно поврзување со средните училишта во Карпош, како и со трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Проектот се реализира во координација меѓу Градот Скопје и Општина Бутел. Според најавите, линијата започнува со тест-период ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно ...

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго сега надминува 5.000, покажаа владини податоци во вторник вечерта, додека здравствените службеници предупредија дека напорите за ограничување на смртоносната болест не успеваат. 17-тата епидемија на ебола во Конго стана најголема во историјата на земјата во однос на бројот на случаи кон крајот на јули, а во текот на викендот бројот на смртни случаи достигна 2.378, соопшти ...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска, околу полноќ Младеновац, на лице место загина возач на автомобил „ауди“, додека возачот на автобусот и седум патници се повредени, неофицијално дознава српски „Блиц“. Поради силината на ударот, „аудито“ излетало од коловозот, а возачот на автобусот и седумте млади лица кои се здобиле со повреди биле итно пренесени во Ургентниот центар. Животот го загуби М.Ј (42). Според првичните информации, ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширеше лаги и паника поврзани со водата за пиење. И, наместо да преземат одговорност за кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица. Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата? Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам. Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен. А сите заминаа на одмор – во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната” екскурзија не можеше да ...

Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината. Апликацијата во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play. Новата апликација е уште еден чекор во процесот на дигитализација и има ...

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски Македонија денес се наоѓа пред едно суштинско политичко прашање дали е можно да се формира Влада со ограничен политички хоризонт, односно само еден мандат чија примарна задача ќе биде завршување на европскиот пат на државата? Одговорот во принцип би бил да, можно е. Но, тоа би барало нешто што досега ретко сме го виделе во македонската политика политичките партии европската интеграција да ја постават над ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50 проценти за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден. Новите царини требаше да стапат на сила во среда и да ...

На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на познатиот македонски пејач и текстописец Елвир Мекиќ. Веста за неговата смрт предизвика тага кај семејството, блиските и пријателите. Елвис беше брат на Елвир Мекиќ, едно од препознатливите имиња на македонската поп-сцена, особено во текот на 2000-тите години. Елвир својата музичка кариера ја започна уште како тинејџер, а пошироката публика го препознава по повеќе песни кои оставија ...

Повеќе од пет тони марихуана биле пренесувани од Северна Македонија во Србија преку организиран синџир во кој, според судски документи, биле користени камиони со легално декларирана стока, патнички возила и магацини од двете страни на границата, објави БИРН.РС. Според пресуда на Основниот кривичен суд во Скопје, донесена по спогодба за признавање вина, еден од обвинетите признал учество во транспортот на големи количини марихуана од ...

По повод 34-тиот роденден на Армијата, денеска во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата”. На свеченоста се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1022
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
89%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.84
98%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
96%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
86%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
98%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
87%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
67%
1025
Currency

61.579

Currency

55.056

Currency

73.824

Currency

37.95

Currency

39.108

Currency

67.24

Currency

8.2593

Currency

0.67154

Currency

0.34798

Currency

0.52359

Currency

1.0979

Currency

0.58615

Злато

132371.05

Калај

46.53

Бакар

12.71

Родиум

297394.41

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.05

Кобалт

33.53

Паладиум

32600.86

Цинк

3.76

Иридиум

321507.47

Сребро

1691.13

Платина

50123.01