Женскиот мозок претрпува длабоки промени низ текот на бременоста и по раѓањето на бебето. Нови докази сугерираат дека машкиот мозок, иако не мора да се реструктуира за време на бременоста, сè уште е значително изменет со раѓањето на бебето, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Нова студија, во која учествувале 25 татковци, покажува дека во неделите по раѓањето на детето, во татковиот мозок се одвива брзо реструктуирање, промена приметена ...

Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, пристигна во Џеда, Саудиска Арабија за реализација на петтиот столб од исламот – аџилакот, пишуваат албанските медиуми. Претседателот Бегај беше пречекан на меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ од принцот Сауд бин Абдула бин Џалави, гувернер на Џеда, како и други саудиски функционери. Тој е еден од над 1,5 милиони аџии од целиот свет кои веќе се пристигнати во Саудиска Арабија за ритуалите на хаџот. ...

Албанија денеска во Брисел влегува во нова фаза од преговорите со Европската Унија, со осмата Меѓувладина конференција меѓу Тирана и Брисел. Состанокот се одржува на 26 мај 2026 година и треба да го потврди исполнувањето на привремените услови од кластерот „Основи“, што е најчувствителниот дел од пристапниот процес, јавуваат медиумите. На конференцијата ќе се утврдат и завршните критериуми за кластерот 1, кој ги опфаќа правосудството, ...

Том Харди отворено проговори за своето минато и борбата со зависноста од дрога и алкохол, откривајќи дека во еден период од животот бил целосно изгубен, пишува „Гардијан“. Ѕвездата од „Лудиот Макс: патот на бесот“ (Mad Max: Fury Road) признал дека зависноста го довела до точка каде бил подготвен на сè. „Ќе ја продадев мајка ми за една доза кокаин“, изјавил актерот. Харди, кој е трезен и чист од 2003 година, рекол дека токму една директна ...

Единствениот специјализиран медиум за ракомет во Македонија, 24Ракомет, на свечена манифестација во хотелот Холидеј Ин во Скопје ги прогласи најдобрите во машката и женската Супер лига за сезоната 2025/2026. На свеченоста беа доделени признанијата за ALL STAR тимот на сезоната во машка и женска конкуренција, а 24Ракомет официјално го започна и новиот проект – Куќа на славните на македонскиот ракомет. Во машката конкуренција изборот се ...

Лука Модриќ замисли поинаков крај на неговата епизода во Милан. Хрватскиот фудбалер веројатно се надеваше на проштален круг на Сан Сиро со аплауз од навивачите по успешната сезона во која ќе биде еден од главните играчи. Наместо тоа, неговиот последен лик во црвено-црниот дрес ќе остане како разочаран и исцрпен шампион кој мораше да се соочи со неуспех, пишува „Тутомеркатовеб“. Неуспехот во обидот да се квалификува за Лигата на шампионите ...

Ракометниот клуб Пелистер продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона, а најново засилување во битолскиот состав е босанскиот интернационалец Омер Мехмедовиќ, кој настапува на позицијата среден бек. Откако претходно го доведе Едвин Џелиловиќ, битолскиот клуб се засили со уште еден ракометар од БиХ. Станува збор за 26-годишниот Мехмедовиќ, кој стави потпис на едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште ...

Пристапот до интернет во Иран почна да се обновува по речиси тримесечна блокада, изјави првиот потпретседател на земјата. Иранската влада го суспендираше пристапот до интернет по нападите на САД и Израел на 28 февруари, а официјалните лица како причина го наведоа спречувањето на надзор, шпионажа и сајбер напади, пишува Би-би-си. „Првиот чекор кон слободен и регулиран пристап до сајбер-просторот е направен“, објави првиот потпретседател ...

Игор Џамбазов упати отворена порака до оние кои со години го навредуваат на социјалните мрежи. Актерот уште еднаш покажа дека знае како на суптилен, но исклучително ефективен начин да испрати порака до јавноста и до своите следбеници на социјалните мрежи. Тој на својот инстаграм-профил сподели интересна мисла од славниот руски писател Фјодор Достоевски, која за кратко време привлече огромно внимание. „Ме навредуваа во седумдесет реда, а ...

Седум лица починаа во Франција директно или индиректно поради топлотниот бран во таа земја, објави денес заменик-министерот за енергетика Мод Брежон. Пет од седумте починати се удавиле во езера, реки или на плажи, изјави Брежон, пренесува Ројтерс. „Владата им нареди на локалните власти да преземат мерки за заштита на граѓаните за време на спортски настани“, рече француската министерка. Франција од саботата доживува повисоки од просечните ...

Актерот Расел Кроу имаше напната средба со обожаватели и ловци на автограми пред хотел во Париз, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Ѕвездата од филмот „Гладијатор“ (Gladiator) бил снимен додека излегувал од хотелот и се упатувал кон аеродромот, кога бил опколен од луѓе кои барале да се фотографираат со него и да добијат потписи. „Ме слушате ли? Стојте каде што сте, не ме туркајте и ќе дојдам до вас. Дајте им простор на сите. ...

Полната Месечина на 31.5.2026 година ќе биде еден од најпосебните лунарни моменти во годината. Станува збор за Сина Месечина во Стрелец, односно за втора полна Месечина во исти календарски месец. Астролошки гледано, оваа лунација ја активира оската Близнаци–Стрелец. Сонцето во Близнаци ја нагласува комуникацијата, информациите, секојдневните одлуки и начинот на кој размислуваме, додека Месечината во Стрелец го насочува вниманието кон ...

Една од најчесто користените пропагандни техники е: всадување страв – покажување кон непријател, будење омраза – покажување кон спасител. Накратко, негување менталитет на опсада. Тоа подразбира постоење во постојана состојба на тревога, што пак оправдува вонредни мерки, ограничувања на правата и слободите, дисциплина, еднодушност и зајакнување на централната влада, недоверба кон различноста, осуда и казнување на втората. Ова е патот од ...

На третиот ден од грен слем турнирот Ролан Гарос, ја видовме првата голема сензација во машка конкуренција. Австралискиот тенисер Адам Волтон приреди изненадување во првото коло и го победи шестиот носител Данил Медведев со 6:2, 1:6, 6:1, 1:6, 6:4 за нешто повеќе од три часа игра. Така, осмиот тенисер во светот, кој традиционално игра лошо во Париз, веќе ги спакува куферите. Играчот со вајлд-карта е рангиран на 97 место на АТП листата, а во ...

По долгогодишната правна битка меѓу хрватската пејачка Северина Вучковиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, пристигна нов пресврт во спорот за старателството над нивниот син Александар. Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда според која 14-годишниот Александар отсега ќе живее со мајката, додека средбите и односите со таткото ќе бидат уредени со судска одлука. Информацијата ја потврди адвокатката на Северина, ...

Христина, сопругата на баритонот Ристе Велков (51), кој трагично загина заедно со синот Адам Велков (20) и неговите другари Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, се огласи со уште една тажна порака на Фејсбук. Таа сподели видео од својот сопруг од 2011 година, како ја изведува композицијата „Ave Maria“ во придружба на клавир. Слушањето на песната „Ave Maria“ во моменти на длабока тага, збогување и погребни церемонии носи исклучително силна ...

Маж предизвика инцидент денеска на прометна раскрсница во Загреб, кога почна да се качува по колите и да скока врз нив, објави Индекс.хр. Инцидентот се случил на раскрсницата на Авенија Вечеслав Хољевац и улиците Дамир Томљановиќ и Радослав Цимерман, во близина на Бундек, кога човекот почнал да скока по автомобилите и да оди по нив. Во видеото, кое го снимил читател на Индекс.хр, може да се види како човекот качен на кола нешто покажува со ...

Фудбалот понекогаш знае да напише приказни што не можат да се режираат ниту во филм. Пред точно 21 година, македонскиот дефанзивец Игор Кралевски направи голем чекор во својата кариера, преминувајќи од Работнички во Хајдук Сплит, клуб кој тогаш беше предводен од легендарниот хрватски стратег Мирослав „Ќиро“ Блажевиќ. Само една недела по пристигнувањето во далматинската фудбалска гордост, Кралевски доби шанса за дебитантски настап на ...

Крлежите не се само непријатни паразити, туку и носители на опасни болести. Затоа е важно темелно да го прегледате вашето тело и телото на вашиот миленик секој пат кога сте надвор во природа, но понекогаш не е лесно да се пронајдат ситни крлежи. Постои еден трик со паметни телефони што може многу да го олесни пребарувањето, а малкумина знаат за него, објави „Индекс“. Покрај вакцинацијата, што е важна превентивна мерка, се препорачуваат и ...

Кошаркарите на Њујорк никс се пласираа во финалето на НБА-лигата откако го совладаа Кливленд кавалирс со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција во понеделник вечерта. Њујорк стигна до своето прво финале во НБА од 1999 година со максимални 4:0 во серијата. Карл-Ентони Таунс го предводеше победничкиот тим со 19 поени и 14 скокови, додека Оџи Ануноби додаде 17 поени. Ландри Шамет постигна 16 поени од клупата, додека ...

На 10 дена пред почетокот на Европската лига 2026, селекторот на македонската женска одбојкарска сениорска репрезентација, Милош Гавриловиќ го скрати списокот на 16 репрезентативки кои ќе ги има на располагање за пријателскиот двомеч со Косово на 29 и 30 мај. Три дебитантки, одбојкарката на Газели Волеј, Даниела Горбок и средните блокерки на Младост УГД, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ, влегоа во потесниот избор, а по подолга пауза на ...

Компанија претвора 684.000 пластични шишиња во еден километар пат што е до 60 проценти поотпорен и трае десетпати подолго од традиционалниот асфалт, пишува „Би-би-си“. Секој тон од мешавината на „Макребур“ може да искористи количина пластика еднаква на 80.000 пластични шишиња, додека за еден километар пат се употребуваат околу 684.000 шишиња или 1,8 милиони пластични кеси за еднократна употреба. Компанијата „Макребур“, основана во Локерби во ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со години – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по нивната денешна средба во Охрид. Според Мицкоски, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...

Ајрланд Болдвин, ќерка на Алек Болдвин и Ким Бејсингер, откри дека го очекува второто дете со својот партнер, музичарот Андре Ален Анжос, познат како РАЦ. Двојката веќе ја има тригодишната ќерка, Холанд, пренесуваат странските медиуми. Таа ја сподели среќната вест во симпатично видео на социјалните мрежи, во кое покажа како се подготвува за доаѓањето на нов член во семејството. Видеото ја прикажува Ајрленд како додава бебешки предмети во ...

Деканот на Градежниот факултет Јосиф Јосифовски по вчерашниот инцидент и свлекување на земјиштето на градилиште во Центар изјави дека има потреба од нови прописи и стандарди во градежништвото, а соопшти и дека во консултација со градоначалникот на општината Горан Герасимовски, експерти од Факултетот ќе излезат на терен и да направат увид и проценка за опасноста врз соседните објекти. – Ние сме техничка професија која е регулирана, што значи ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската Унија, а притоа зборуваше и дека „нема повеќе можност за идентитетски отстапки“. „Нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е на чело на институцијата од каде што се чека анализа на податоците што наводно компјутерски техничар ги „собрал“ од компјутерската мрежа на Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, е изненаден од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), прво затоа што оттаму биле транспарентни и дале изјава за медиуми. Истовремено, за него не е ниту скандалозен ...

Пред пратениците во Собранието се најде Фискалната стратегија за периодот од 2027 до 2031 година. Заедничко за сите што зедоа збор од собраниската говорница беше дека ова е многу важен документ, кој среднорочно ги утврдува насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции, проекциите за приходите и за расходите во наредните години и за буџетскиот дефицит. Но, додека за Министерството за финансии, Фискалната ...

Во Чешка е приведен рускиот митрополит Иларион Алфеев, кој важи за десна рака на рускиот патријарх Кирил. За ова известува Телеграм-каналот на архиерејот, пренесе Литургија. Според објавените информации, на 24 мај 2026 година, по заминувањето од православниот храм на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Карлови Вари, бил запрен автомобилот во кој се наоѓале митрополитот Иларион и операторот што го придружувал. Според зборовите на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1013
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
75%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
91%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.45
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
63%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.97
90%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15