Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Шпаркасе Банка започна нова кампања за депозитни производи под мотото „Висока, повисока, највисока каматна стапка“, со фокус на Депозит плус – производ со атрактивна понуда за штедење што носи повисоки фиксни каматни стапки за различни вредносни рангови, нови рочности и поголема флексибилност за клиентите при планирањето на нивните финансиски цели. Во рамките на промотивниот период, кој трае до 31.7.2026 година, клиентите имаат можност да ...
Горчливиот проблем со државните вили и резиденции конечно добива правна разрешница, откако Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) успеа да ги легализира овие објекти, вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски за „4ТВ“. Тој истакна дека претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба и најави сериозни градежни зафати за обнова на целосно запуштениот државен имот. На прашањето дали шефот на државата сè ...
Магнезиумот е исклучително важен минерал, клучен за регулирање на крвниот притисок, здравјето на коските и цревата, како и за правилната функција на мускулите. Се наоѓа во бројни намирници како овесни снегулки, црн грав, банани и јаткасти плодови, а многумина го земаат и како додаток во исхраната за намалување на немир или подобрување на сонот. Меѓутоа, и покрај сите негови придобивки, можно е да се внесе премногу магнезиум, што може да ...
Сè почестите топлотни бранови и рекордно високите температури претставуваат голем предизвик за градините, кои лесно стануваат суви во текот на летото. Сепак, со добра организација, соодветна грижа и внимателен избор на растенија, можно е да се зачува зеленилото дури и во најжешките денови кои ни престојат. Подготовката на градината за горештините не е само санирање на оштетувањата, туку стратешки пристап што ја трансформира во отпорен и ...
Чувството на глад е една од најчестите причини поради кои многу луѓе се откажуваат од диета и поздрав начин на исхрана. Кога организмот внесува помалку калории од вообичаено, гладот станува поизразен, што може да го отежне одржувањето на дисциплината и поставените цели. Сепак, постојат едноставни начини што можат да помогнат апетитот полесно да се контролира и диетата да биде полесна за следење. Важно е да се разбере дека гладот не е секогаш ...
Ново истражување покажа дека возраста на која сте го имале првиот интимен однос може да биде поврзана и со квалитетот на стареењето, вклучувајќи ја слабоста на организмот и лошите индикатори за долговечност во староста. Истражувачите од Универзитетот Шандонг во Кина анализирале голема генетска база на податоци за да пронајдат ДНК маркери поврзани со возраста на која луѓето го имаат својот прв интимен однос. Потоа провериле дали луѓето со ...
Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за хемиска преработка и производство на амбалажа во американската држава Вашингтон одзеде неколку животи, додека најмалку 10 лица се повредени, според американските служби, објавија американските медиуми. Инцидентот се случил околу 7:30 часот по локално време во фабриката на „Нипон дајнавејв пакејџинг“, соопшти противпожарната служба Лонгвју. Експлозијата се случила по пукањето на резервоар што ...
Сирил Рамафоса, претседател на Јужна Африка, економски најразвиената земја на континентот, се соочува со постапка за импичмент во Парламентот поради скандал од пред неколку години во кој беа вклучени 580.000 долари во готово скриени во кауч на неговата фарма за дивеч, а потоа украден, пишуваат светските медиуми. Поради потеклото на парите, Сирил Рамафоса беше обвинет за злоупотреба и за обид за прикривање на кражбата во 2020 година, бидејќи, ...
Кап д’Агд, на југот на Франција, со години важи за најголемо натуристичко населено место во светот, но во последно време привлекува внимание и поради зголемениот број свингери кои го посетуваат. Важно е да се објасни разликата меѓу нудизмот и натуризмот. Нудизмот претставува практика на престој без облека, најчесто поради удобност, рекреација или чувство на слобода. Фокусот е на самата голотија, како што е капење на нудистичка плажа или ...
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири луѓе влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, рече Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју на ТВ Телма. „Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и ...
Научниците открија нов вид на октопод во длабоките води околу архипелагот Галапагос, која веднаш го привлече вниманието поради својата необична појава — мала, сина и „како од цртан филм“, пренесува „Саенс дејли“. Видот, именуван Microeledone galapagensis, првпат бил забележан во 2015 година за време на длабокоморска експедиција во близина на островот Дарвин, на северниот дел од архипелагот. Истражувачите со помош на подводно возило ...
Снимката како американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор фаќа две змии со голи раце стана виралена, но службениците за диви животни ја предупредуваат јавноста да не го пробува ова дома. Во описот на видеото објавено денеска, Кенеди изјавил дека отстранува влекачи од терасата на својот колега д-р Мехмет Оз во Флорида, пишува Би-би-си. „Шерил навива додека отстранувам пар црни трчачи од терасата на д-р Оз“, напишал Кенеди, ...
Во рамките на концертната програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, сцената на Антички театар Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок-групи – „АРЕА“, која на 31 јули (петок) ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо. Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за многубројната публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат музички ...
Во првиот од двата контролни натпревари кои македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги игра против Словенија, забележан е пораз од 3:1. Гостите поведоа во 26 минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2:0. Во 42 минута Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2:1. Конечниот резултат беше поставен во 74. минута кога во листата на ...
Принцот Вилијам откри дека бил изненаден од познавањето на италијанскиот јазик на неговата сопруга Кејт Мидлтон, кое таа го покажала за време на неодамнешната службена посета на Италија. Принцот од Велс гостувал во британската радио-емисија „Харт брекфаст“, каде низ смеа признал дека ни самиот не знаел дека Кејт толку добро зборува италијански. Водителката Аманда Холден коментирала дека принцезата зборувала италијански за време на посетата ...
Ризиците од директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили со катастрофални последици во моментов растат, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на Меѓународниот форум за безбедност, пренесе Тасс. „Како резултат на деструктивните дејствија на колективниот Запад, се појави длабок и многу наелектризиран раскол меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои се и де јуре нуклеарни сили“, рече Рјабков ...
Конечниот список од 26 играчи за Светското првенство од селекторот на фудбалската репрезентација Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, без ниту еден од Барселона, со осум од Барселона, донесе клупски контроверзии, медиумски напади, а особено дебата, па дури и војна на социјалните мрежи. Шпанскиот селектор, во духот на Спартанците, веднаш ги прекина сите клупски манипулации. – Ова е Шпанија. За мене, најдобриот тим е Шпанија, нема друг. Не земам ...
Според „Л’Спортиу“, чии информации ги пренесува Мундо Депортиво, шпанскиот кошаркарски клуб Барселона сега разгледува опција што до неодамна изгледаше речиси незамислива – доаѓањето на Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата. Откако се појави информација дека Чави Пасквал практично решил да го напушти клубот на крајот од сезоната и да се пресели во Дубаи, каталонскиот гигант почна да разгледува алтернативи. Меѓу ...
Кина испрати тројца астронаути во својата вселенска станица „Тјангонг“, при што еден од нив ќе остане во орбитата цела година, што претставува најдолга мисија за земјата досега. Мисијата има цел да обезбеди податоци за влијанието на долготрајниот престој во вселената врз човечкото тело, како дел од подготовките за амбициозниот план на Пекинг за слетување на Месечината до 2030 година, пренесува „Ројтерс“. Вселенското летало „Шенџоу-23“ беше ...
Годишниот фестивал на уметноста „КреАрт“ (CreArt) е мултидисциплинарен настан што ги обединува изложбите, анимацијата, стрипот, фотографијата, инсталациите, перформансите, работилниците и музиката во една заедничка креативна целина. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, како дел од активностите во рамки на проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028, и Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Овогодинашното издание на ...
Роденденска атмосфера, честитки од најблиските и многу емоции – Маја Гроздановска-Панчева го прослави својот 52. роденден. Нејзината ќерка Марија Панчева преку инстаграм-приказна сподели момент од прославата, на кој Маја насмеана седи пред десерт со свеќичка, во опуштена атмосфера и со препознатливата ведрина. Покрај семејната честитка, емотивна објава пристигна и од долгогодишна пријателка на пејачката, која сподели ретро-фотографија од ...
Автомобилот Ситроен 2ЦВ, кај нас познат како „Спачек“, е еден од оние автомобили што одамна прераснаа во легенда. Тој беше едноставен, лесен, бавен и неверојатно практичен, а токму поради тоа стана еден од најголемите европски автомобилски симболи. Додека „Фолксваген Буба“, „Мини Купер“ и „Рено 4“ веќе добија современи верзии, „Спачек“ со децении остана без вистински наследник. Сега тоа конечно би можело да се промени. Првиот човек на ...
Во пресрет на големиот концерт „Срцевина“, култната македонска група „Архангел“ најави и нов видеозапис за песната „Дни оловни“, снимен во еден од најпрепознатливите урбани симболи на Скопје – опожарената шалтер-сала на Македонска пошта. Денеска тие споделија ексклузивни кадри од снимањето, откривајќи дел од атмосферата на новиот проект. „Пепелта на скопската Пошта и тежината на ‘Дни оловни’. Ексклузивни кадри од снимањето на новиот ...
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што беа пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое беше ископано на Сењак, пренесува Н1. Според обвинителството, со ДНК анализата е утврдено дека станува збор за А. Н., чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година. Поради кривичното дело тешко убиство извршено на штета на А. Н. на 12 ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се најде во друштво на одбрани светски државници и политичари кои го примија Орденот за пријателство, највисокото кинеско одликување што може да го добие странец, од кинескиот претседател Си Џинпинг. За да биде работата уште поексклузивна, Вучиќ за српските медиуми изјави дека Си го врачил орденот лично само нему и на Путин. Со тоа, додаде уште една ставка на листата на изговорени невистини, бидејќи ...
Многу сериозен инцидент се случил вчера попладне во скопската населба Драчево, а во кој е повредено 12-годишно дете. Според информациите од полицијата, двајца насилници се возеле на мотор, при што сопатникот го фатил за рака детето, а тоа паднало и со моторот продолжиле да го влечат по улица. „На 25 мај oколу 14:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица во Драчево, му се ...
Младиот фотограф Бојан Стоилковски, препознатлив по својот модерен и кинематографски израз, постојано ги поместува границите помеѓу фотографијата, видеографијата и современата уметност. Неговата најнова соработка со уметникот Бојан Ковски, изложбата „Декада на трансформации“, отвори ново визуелно поглавје на домашната сцена, спојувајќи боди арт, голо тело, видеоинсталации и силна емоција во едно уникатно доживување. Во разговорот за ...
Лидија Кочовска сподели емотивна порака посветена на нејзината покојна мајка. На својот инстаграм-профил, таа објави ретро-фотографија од мајка ѝ во младоста, со срцепарателна објава. „Денеска ќе беше твој ден, мајко. Пеј на цел глас со сите наши, со ангелите. Неизмерно ми фалиш.“ Во своите неодамнешни гостувања во медиумите, Лидија Кочовска низ солзи направи споредба меѓу својот живот некогаш и сега, признавајќи дека болката не стивнува. ...
Потоплото време би можело да доведе до поголем ризик од каснувања од змии низ целиот свет, бидејќи змиите ги менуваат своите живеалишта, сугерира ново истражување. Високо отровните видови змии, како што се „агкистродон писциворус“, познати како „водни мокасини“ во Северна Америка, „бунгарус“ или „краит“ во Азија и „црната мамба“ во Африка, би можеле да ги менуваат своите живеалишта сè почесто и почесто поради зголемувањето на температурите и ...
Актерот Васил Зафирчев искрено прозборе за својот љубовен статус во моментов. Зафирчев е познат по својата професионалност, но кога станува збор за приватниот живот, тој секогаш зборува со посебна зрелост и смиреност. Во најновото издание на поткастот „Естраден лексикон“, Зафирчев отворено одговара на прашањата кои често ја интригираат јавноста – од неговиот моментален љубовен статус, па сè до неговите први емотивни и сексуални искуства. На ...