Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Пожар избувнал попладнево во стан во скопски центар во кој 13-годишно дете се здобило со изгореници и било пренесено во болница. Според информациите, детето се затруло од густиот чад. Настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“, соопштуваат од МВР. Според неофицијалните информации, пожарот ...
Вест хем одлучи да ја продолжи соработката со тренерот Нуно Еспирито Санто, и покрај тоа што клубот не успеа да го задржи статусот во Премиер лига. „Чеканите“ во последното коло го совладаа Лидс, но триумфот не беше доволен за опстанок. Сезоната ја завршија со 39 бодови, највисок број на освоени поени на екипа што испаднала од елитата во последните 15 години, објавува „Скај Спортс“. И покрај испаѓањето, раководството на клубот и ...
Актерот Мајкл Даглас ѝ се извинил на својата сопруга Кетрин Зета-Џонс откако изјавил дека неговиот рак на грлото е поврзан со орален секс, пренесува „Лед бајбл“. Двојката е во брак од 2000 година, а во 2010 година, по неколку месеци болки во грлото и увото, на Даглас му бил дијагностициран четврт стадиум на сквамозен клеточен карцином на устата и грлото. Болките започнале со чувствителност во непцата, при што лекарите првично мислеле дека ...
Седумдесет и седумгодишна државјанка на Србија е извлечена без знаци на живот од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, јавува ЕРТ. Според соопштението на Пристанишната управа на Неа Муданија, која беше информирана за инцидентот денес во утринските часови, жената е пренесена со амбулантно возило во Здравствениот дом во Касандра, каде што е констатирана смрт. Прелиминарната истрага ја спроведува Второто пристанишно одделение на Неа ...
Од денеска граѓаните кои имаат возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW. Ова следи откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците ...
Околу 40 проценти од пациентите со дијабетес не можат да направат регуларни навремени прегледи за својата состојба и компликациите, па затоа Сојузот на здруженија на дијабетичари до Министерството за здравство и ФЗОМ денеска побара итно да се зголеми бројот на термините за подобра достапност до специјалистички прегледи за лицата со дијабетес во Македонија. Сојузот долго време укажува на потребата од подобрување на пристапот до редовни, ...
Со почеток од 15 јуни, лентите од патарините означени со М-таг ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови, со што се укинува можноста на овие ленти да се наплатува и преку опцијата М-кард, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Како што се вели во соопштението на ЈПДП, со М-кард ќе може да се плати на останатите достапни ленти на патарината, согласно нивната намена. Од државното претпријатие ...
Во Македонија со мултипла склероза (МС) живеат околу 2.500 лица, а лани биле регистирани нови над 100 пациенти, бројка што се повторува скоро секоја година. Според Националното здружение за мултипла склероза, иако медицината бележи напредок во третманот на болеста, лицата со МС и понатаму се соочуваат со бројни предизвици – од доцна дијагностика и ограничен пристап до терапија, до стигматизација во општеството. Во време кога сè поголем број ...
Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката Социјалистичка партија (ПСОЕ) во Мадрид со судски налог за собирање информации за можна нелегална финансиска шема од страна на поранешен член на партијата, објави јавниот радиодифузен сервис РТВЕ. Леире Диез е осомничена за нелегални плаќања поврзани со државната холдинг компанија СЕПИ, која учествува во управувањето со некои стратешки компании. Операцијата доаѓа два дена откако судија во ...
Каспер Шмајхел официјално стави крај на својата богата професионална кариера, откако 39-годишниот голман во изминатата сезона се соочуваше со сериозни проблеми поради тешка повреда на рамото. Иако имаше уште една година од договорот со Селтик, искусниот Данец реши летово да се повлече од активното играње фудбал, токму поради здравствените проблеми. „Секој фудбалер сонува да се прости на теренот, но животот секогаш не оди според желбите. Имав ...
Европа забрзано старее, а Македонија се наоѓа меѓу земјите со повисока медијална возраст на населението на континентот. Најновите податоци на Европската статистичка служба – Евростат за 2025 година покажуваат дека медијалната возраст во Македонија е околу 42 години. Македонија не спаѓа меѓу најстарите држави во Европа, но е јасно во групата на земји со постаро население. Со медијална возраст околу 42 години, таа се наоѓа над дел од Балканот ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска ја повика власта да распише референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за иднината на земјата и за интегративниот пат кон ЕУ. Според Филипче, граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Тој нагласи дека не се работи за политичко прашање, туку за референдумско за секој граѓанин. „Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може ...
Свидетелствата за прво, второ и трето одделение годинава ќе бидат електронски, но, со оглед дека првпат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат и печатени, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Како што посочи таа, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028 година процесот ќе биде заокружен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа година воведуваме ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утре околу 16.00 часот ќе го игра мечот од второто коло на Ролан Гарос против Французинот Валентин Роаје, објавија организаторите на турнирот. Организаторите изјавија дека дуелот меѓу Ѓоковиќ и Роаје е планиран како трет по ред во дневната програма на централниот терен „Филип Шатрие“. Пред овој дуел, ќе се играат мечевите од второто коло во женска конкуренција: Ига Швјонтек (Полска) – Сара Бејлек (Чешка) и ...
Треисет и петгодишнината од независноста на Македонија ќе се слави еден месец, од 8 август до 8 септември. Централниот настап ќе биде на 8 септември на Градскиот стадион во Скопје со славниот француски диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета. Дејвид Гета, како главната музичка ѕвезда на прославата на 35 години независност на Македонија, беше најавен на претходната пресконференција од страна на Бобан Милошески од „Авалон продукција“, кој ќе ...
Основно училиште во Македонија сегрегирало ученици Роми и ги распределило во паралелки во кои нема или има мал број ученици припадници на друга етничка заедница, констатираше Комисијата за заштита од дискриминација. Во учебната 2023/2024 година од вкупно 453 ученици, 385 биле Роми што значи дека 17 паралелки биле сегрегирани со 77 проценти, а 12 паралелки биле целосно етнички сегрегирани со 100 проценти ученици Роми. Покрај наведените, уште ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски на вчерашната прес-конференција изјави дека актуелниот прв човек во Општината и негов наследник Сотир Лукровски, бил забележан во трговскиот центар „Сити мол“, иако веќе повеќе од 20 дена е на боледување и не оди на работа. – „Сити мол“ е на 300 метри од неговото работно место, но не оди на работа затоа што е болен, а не е болен за да оди на шопинг – изјави ...
Соединетите Американски Држави (САД) ги известија европските сојузници дека планираат значително намалување на воениот удел во НАТО и ги повикаа брзо да преземат мерки за пополнување на празнината, објави германскиот весник „Дер Шпигел“. Висок функционер на Пентагон ги информирал европските сојузници за плановите на администрацијата на Трамп за време на доверливиот состанок во седиштето на НАТО во Брисел минатата недела, објави весникот, ...
Заврши уште една сезона во Премиер лигата, а Манчестер јунајтед повторно се врати меѓу елитата. По сезона без европски настапи, „црвените ѓаволи“ обезбедија пласман во Лигата на шампионите, но еден податок може да предизвика загриженост. Мајкл Керик успеа целосно да ја промени сезоната, тимот избори место во Лигата на шампионите, а Керик доби доверба и за постојана функција откако претходно пристигна само како привремено решение. ...
Пред да стане сопруга на британскиот престолонаследник и најфотографираната жена во светот, принцезата Дијана замислувала сосема поинаква иднина. Таа не сонувала за палати, титули или кралски протоколи. Сакала да танцува, и тоа професионално. Да „постигне нешто“ во светот на уметноста. Оваа нејзина желба ја открило писмото што го напишала кога имала само 17 години, а кое неодамна повторно стаса во јавноста. Во неколку едноставни реченици, ...
Најдобрите летни оброци се лесни за варење, ладни и се приготвуваат без готвење. Почестете се со салата што ги задоволува сите критериуми, а нејзината интересна комбинација буди љубопитност. Салата од најдоброто летно овошје и едноставен кисел дресинг е навистина совршена! Кељот, црешите и кремастото козјо сирење се комбинираат во совршено трио од бои и вкусови, што се надополнува со брзиот и лесен балсамико прелив за салатата. Свежи ...
Претставата „Кокошка“, реализирана во копродукција на независната театарска група „Вортекс“ и Театар „Комедија“, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационален театарски фестивал во Приштина, кое се одржа од 18 до 23 мај во Приштина. Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ беше доделена на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Ала во претставата „Кокошка“, додека претставата ја ...
Македонија сè повеќе купува, плаќа и комуницира онлајн, но и покрај растот на е-трговијата, земјава сè уште е далеку од вистинска дигитална економија. Недовербата кај потрошувачите, сивата економија, недоволната дигитална писменост и неподготвеноста на дел од компаниите остануваат најголемите предизвици за развојот на онлајн пазарот. Во интервју за „Слободен печат“, Нина Ангеловска-Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на ...
Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ...
Земјотрес утрово ја погоди централна Хрватска, во близина на Сисак, покажуваат податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, (EMСЦ). Според прелиминарните податоци од EМСЦ, земјотресот со магнитуда од 4,1 степени се случил во 9:51 часот по локално време, пренесе ХРТ. Епицентарот бил 56 километри југоисточно од Загреб и 10 километри јужно од Сисак, на длабочина од девет километри. #Earthquake (#potres) possibly felt 23 sec ago in ...
Финалниот натпревар во Конференциската лига меѓу Кристал палас и Рајо Ваљекано, кој вечерва се игра од 21 часот, доби несакана увертира по сериозните хулигански инциденти во Лајпциг. На социјалните мрежи се појавија видеа од масовна тепачка во близина на локал во центарот на градот, каде што дошло до судир меѓу навивачи на двата клуба. Според информациите на локалните медиуми, група лица облечени во црно се упатила кон фановите на Кристал ...
Сината месечина што ќе се појави овој викенд е ретка небесна појава што уште еднаш покажува колку е фасцинантна механиката на нашиот Сончев Систем. Кога на 31 мај полната месечина ќе се издигне над хоризонтот, тоа ќе го означи појавувањето на сината месечина во 2026 година, пренесува „Би-би-си Скај ет најт магазин“. Но тоа не е единствената причина поради која полната месечина кон крајот на мај 2026 година ќе биде вистинска астрономска ...
Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија, вчера најави формирање на шест парламентарни истражни одбори, кои ќе ги испитуваат наводите за корупција и злоупотреба на власта во изминатите 16 години, за време на мандатите на поранешниот премиер Виктор Орбан, пренесува Ej-би-си њуз. Ќе се истражуваат и сомнежите за проневера јавни средства со кои управува Народната банка на Унгарија, која веќе е под истрага. „Целосно ќе ја разоткриеме целата ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, го објави списокот на играчи кои ќе настапат на Светското првенство. Очекувано, главни имиња во составот се Кристијан Пулишиќ, Тајлер Адамс и Вестон Мекени, кои ќе ја предводат американската селекција. На конечниот список се најдоа 26 фудбалери, а половина од нив беа дел и од репрезентацијата што настапи на Мундијалот во 2022 година. Останатите 13 играчи за првпат ќе играат ...
Семејството на Метју Пери бара правда по сознанијата дека долгогодишниот асистент на актерот, личност на која безусловно ѝ верувале, имал активна улога во неговото смртоносно предозирање во 2023 година. Во пресрет на изрекувањето на пресудата, мајката на Пери и неговите сестри проговорија за длабочината на измамата на Кенет Ивамаса, кој ја признал вината за набавка и давање кетамин кој ја предизвикал смртта на актерот. Ивамаса бил пријател и ...