Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во следната рунда на Ролан Гарос, откако со 3-1 (6-3, 6-2, 6-7, 6-3) во сетови го совлада Французинот Валентин Роаје за време од три часа и 47 минути. Во тешки услови и високи температури во Париз, српскиот тенисер од самиот старт наметна силно темпо, очигледно со намера што побрзо да го заврши мечот. Ѓоковиќ доминираше во првите два сета, дозволувајќи му на 74. тенисер на АТП-листата да освои само три гема во ...
Акутниот стрес го отежнува поврзувањето на сеќавањата на минатите настани со нови информации, сугерира нова студија. Резултатите од ова истражување помагаат да се објасни зошто луѓето се борат да покажат способност за разбирање кога се под притисок и акутен стрес, како што е интервју за работа. Студијата комбинирала скенирања на мозокот и психолошко тестирање за да покаже како стресот се меша во способноста на луѓето да се потпрат на ...
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, деновиве е во посета на Кина, при што беше и во иновативниот центар на компанијата „Минт фјучр фектори“ (Mint Future Factory) во градот Џиаксинг. Таму, заедно со домаќините, беше пречекан од роботи кои зборуваа на српски јазик, а потоа го заиграа Моравачкото оро. Вучиќ ги сподели своите впечатоци од посетата на Инстаграм, каде прикажа делови од центарот и активностите што таму се случуваат. View this ...
Данил Медведев доживеа шокантна елиминација уште во првото коло на Ролан Гарос, откако беше поразен од Адам Волтон со 3-2 во сетови. Сепак, покрај самиот резултат, внимание привлече и една необична сцена за време на натпреварот. Рускиот тенисер, кој е познат по својот темперамент и честите реакции на теренот, овојпат влезе во вербална расправија со сопругата Дарија Медведева. Фрустриран од високите температури во Париз и својата игра, ...
Капитенот на Македонија, Енис Барди нема да биде во комбинација за претстојните два пријателските натпревари против БиХ и Турција. Македонија во петок ќе игра против БиХ во Кошево, додека на 1 јуни во Истанбул ќе ги тестираме силите со Турција. Барди отпадна од комбинација поради повреда, иако пристигна на собирот на националниот тим. „Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не ...
Пејачката Марина Перазиќ и поранешниот тапанар на групата „Екатарина Велика“, Иван Феце Фирчи, го слават доаѓањето на нивниот внук. Нивната помлада ќерка Луна се породила, а токму гордиот дедо прв ја сподели среќната вест со јавноста. Пејачката Марина Перазиќ (67) и музичарот Иван Феце Фирчи (63) станаа баба и дедо. Среќната вест ја сподели Фирчи на социјалните мрежи, откривајќи дека нивната ќерка Луна родила син. – Станав дедо пред половина ...
Внатрешна контрола до Обвинителството во Битола поднесе кривична пријава против млад полицаец, кој, во време кога не бил на должност, отишол во претпријатието за паркинг и поднел барање за да се поништи налогот за незаконски паркираното „ауди“ на брат му, а притоа дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против ...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, првпат јавно проговори за инцидентот на тренингот со неговиот соиграч Орелиен Чуамени, признавајќи дека физичката пресметка била тежок и важен момент од неговата кариера. Уругвајскиот репрезентативец, кој моментално се подготвува за Светско првенство во фудбал 2026, истакна дека во целиот период добивал голема поддршка од навивачите на мадридскиот клуб. По пристигнувањето во Уругвај, Валверде ...
Промената на мобилен телефон од 1 јуни ќе стане значително поедноставна и побрза, бидејќи Европската Унија воведува нови правила што ќе го олеснат преносот на податоци меѓу уредите на „Епл“ и оние со „андроид“ систем, пренесува „Еуроњуз“. Откако успешно воведе универзални полначи за сите паметни телефони, Европската Унија сега поставува нова цел — олеснување на префрлањето податоци од еден телефон на друг, без разлика кој оперативен систем ...
Рубриката „Човекот зад името“ започнува таму каде што завршува јавната слика. Честопати мислиме дека ги познаваме успешните личности, но најчесто ги познаваме само нивните улоги. Во оваа рубрика ги оставаме настрана титулите, професиите и успесите – не зборуваме за кариери и проекти, туку за внатрешните состојби, копнежите, сомнежите и пресвртите што го обликуваат човекот. Преку лични и интроспективни прашања се обидуваме да ја откриеме ...
По три децении од завршувањето на средното образование, Вера Милошевска-Јосифовска од Љубојна заедно со својата генерација одбележа значаен јубилеј – 30 години матура, во атмосфера исполнета со смеа и убави спомени. На фотографиите споделени на социјалните мрежи може да се забележи весело дружење со поранешните соученици, каде што насмевките и добрата енергија сведочат дека пријателствата создадени во младоста сè уште траат. „На тема матура, ...
Германската полиција соопшти дека привела двајца навивачи по судирите меѓу приврзаниците на Кристал палас и Рајо Ваљекано во Лајпциг, во пресрет на вечерашното финале во Лига на конференции. Откако на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од масовната тепачка меѓу двете навивачки групи, локалната полиција потврди дека се извршени две апсења, а на сите лица вмешани во инцидентите им било наредено да го напуштат подрачјето. Во нередите ...
Францускиот актер Пјер Дени, кој глумеше во серијата на Нетфликс „Емили во Париз“, почина по храбрата борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Пјер Дени, со децении исклучелно сакана личност на француската телевизија, почина на 69-годишна возраст од компликации од болест што предизвикува прогресивна парализа на мускулите. Дени се појави во третата и четвртата сезона на хитот на Нетфликс „Емили во Париз“, каде што го играше Луј де ...
Жена чиј пес од расата икс-ел були усмрти тинејџерка призна на суд дека е одговорна за смртоносниот напад. Келси Рид (24) пред Крунскиот суд во Бристол се изјасни за виновна по точката од обвинението што ја товари за одговорност за опасен пес кој бил надвор од контрола и предизвикал смрт, пишува „Скај њуз“. Нејзиниот пес Принс ја нападнал и ѝ нанел смртоносни повреди на 19-годишната Морган Дорсет во стан во бристолската населба Витивуд на 26 ...
Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска информираше дека денеска започна реновирањето на улицата „Речиште“ во Драчево, заедно со нејзините споредни краци. – Започнуваме со темелна промена и модернизација на ликот на улицата „Речиште” во Драчево. Со овој голем чекор, сите краци и главната улица целосно се обновуваат и модернизираат, со што конечно создаваме инфраструктура каква што доликува за квалитетно секојдневие на ...
Според хороскопот, до 13 јуни 2026 година, астролошката атмосфера станува значително помека и помирна – Венера е во Рак, а Марс е во Бик, и заедно овие два транзита се чини дека го забавуваат засиленото темпо од последните месеци. Луѓето се помалку склони да се вклучат во површни разговори, емоционални промени и бескрајна врева и возбуда. Сигурноста, топлината и чувството за внатрешен мир се во центарот на вниманието, пишува „Сенса“. Венера ...
По победата на пејачката Дара, која на Бугарија ѝ ја донесе првата победа на Евровизија, Софија се наметна како најсериозен кандидат за домаќин на следното издание на натпреварот, пишува „Б92“. Бугарија во Виена за првпат триумфираше на ова натпреварување, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката ширум Европа. Директорката на БНТ, Милена Милотинова, по победата порача: „Добредојдени сте во Софија следната година“, но подоцна појасни дека ќе ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на сè поголемиот недостиг од украински системи за противвоздушна одбрана, особено на капацитетите за противбалистички ракетни одбранбени системи, објави „Киев Индипендент“. Апелот доаѓа во момент кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран далекудосежни удари врз Киев, ...
Постои неизвесност околу следниот домаќин на Фајналфорот на кошаркарската Евролига. Поради нестабилната политичка ситуација на Блискиот Исток, претходно избраниот организатор, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, е под знак прашалник, поради што првите луѓе на елитното европско клупско натпреварување мора да размислуваат за алтернативи. Една од нив наводно е и српскиот главен град Белград. Како што пишува Јонас Лексас, од литванскиот портал ...
Грижата за вашата мачка да има среќен и здрав живот е повеќе од само храна, вода и чисто креветче. Вежбањето и менталната стимулација се неопходни за нивната благосостојба, помагајќи им да одржуваат здрава тежина и да спречат болести како дијабетес и артритис. Дневната активност го намалува стресот и здодевност и ги задоволува нивните природни ловни инстинкти. Но, како знаете дали вашата мачка не вежба доволно и како можете безбедно да ѝ ...
Никола Јанков – Коки сподели емотивна приказна за својата ќерка Лара, која живее со него во Штип. По повод 17. роденден на својата ќерка Лара, тој сподели емотивна порака која ги допре срцата на неговите пријатели и обожаватели на социјалните мрежи. Коки објави прекрасен портрет од својата наследничка, која веќе е порасната девојка. „Татино мое, 17. Мирисот на животот препознавај го и поплочи го патот со вистински одлуки. Ако не знаеш како, ...
Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на иницијален неофицијален рамковен документ за меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави, пренесува Ројтерс. Според нацртот, Иран би дозволил обновување на комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормускиот Теснец на ниво од пред војната во рок од еден месец, додека САД би ги повлекле воените сили од регионот околу Иран и би ја укинале поморската блокада на ...
Русија ѝ се закани на Ерменија дека ќе ги суспендира договорите за снабдување на земјата со евтини енергенси ако продолжи процесот на пристапување кон Европската Унија, објави Ројтерс. Москва го предупреди Ереван пред парламентарните избори во Ерменија на 7 јуни, пред кои, според анкетите, убедливо води партијата Граѓански договор на актуелниот премиер Никол Пашинјан, кој е близок со Западот. „Руската амбасада официјално достави писмо во кое ...
На 20 мај турскиот електронски систем за јавни набавки ЕКАП ги објави резултатите од тендерот на Општина Есенлер за осветлување на Камениот мост во Скопје, кој го доби понудувачот „Јакуп Јазичи“(Yakup Yazici). Градоначалници на градови што биле европски престолнини на културата споделуваа искуства и совети во Скопје На тендерот не конкурирала ниту една фирма од Македонија, а според избраната понуда, осветлувањето на Камениот мост ќе ја чини ...
Ига Швјонтек обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос, откако во Париз славеше над Сара Бејлек со 6:2, 6:3 и дополнително го подобри својот импресивен биланс на гренслемот на париската земјена подлога. Полската тенисерка, која четирипати го освојуваше трофејот на Ролан Гарос, сега има учинок од 42 победи и само три порази на овој турнир. Швјонтек титулите ги освои во 2020, 2022, 2023 и 2024 година, со што уште еднаш потврди дека е ...
Туристка одлучила да тужи луксузен хотел затоа што одбиле да ѝ послужат бесплатна вода од чешма. Гостинката побарала обична вода на вечерата, но персоналот на хотелот во Јужен Тирол, Италија одбил и наместо тоа ѝ наплатил седум евра за вода од шише. По години судски спорови, италијанскиот Врховен суд донесе конечна одлука на крајот на април, објавува италијанскиот портал „Кориере алто адиџе“. Случајот беше против познатиот хотел „Сасонгер“ ...
Унгарскиот Парламент денес го одобри законот со кој се запира повлекувањето на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС), поништувајќи ја претходната одлука на претходната влада за напуштање на Трибуналот, пренесува Анадолу. Пратениците гласаа за отповикување на процесот на повлекување започнат во 2025 година, кога на власт во Унгарија беше Виктор Орбан. Предлог-законот е поддржан од 133 членови на партијата Тиса, додека 37 пратеници од ...
Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку што Собранието има ефективна контрола врз извршната власт, а пратениците ги застапуваат сопствените и партиските интереси наместо интересите на граѓаните. Ова е перцепцијата на граѓаните што ја оцениле работата на Собранието со просечна оценка 2.7 на скалата од еден до пет во анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република ...
Роналд Куман денеска го соопшти списокот на фудбалери на Холандија за претстојното Светско првенство во фудбал. Холандската селекција и овојпат важи за една од репрезентациите што може да стигне далеку на Мундијалот, иако „лалињата“ сè уште ја чекаат својата прва светска титула. Една од најдобрите вести за Куман е враќањето на Мемфис Депај, кој во последниот период настапува во одлична форма за Коринтијанс. На списокот се најде и Јуриен ...