Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а најдоцна до септември се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија, најави денеска министерката Весна Јаневска, која беше на увид во градежните работи за темелна реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда. Таа им порача на студентите дека повеќе нема ...
Осумдесет и петгодишна жена загина во пожар што ноќеска избувнал во семејна куќа во скопската населба Пинтија. Според неофицијални информации на „Скопје1“, пожарот избувнал на долниот кат од куќата, а жената не успеала навреме да се извлече. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт на местото, додека на други лица им била укажана прва помош. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во 01:48 часот. „Во СВР Скопје е пријавено ...
Европа и во 2026 година ја избра својата најубава плажа, а првото место оди во Португалија — и тоа на место кое не е ниту Грција ниту некоја од класичните масовни летни дестинации, пренесува „Н1“. Плажата Монте Клеригу (Praia de Monte Clérigo), сместена на португалскиот брег Коста Висентина на крајниот југозапад од Португалија, е прогласена за најдобра плажа во Европа според рангирањето на „European Best Destinations“. Таа е опишана како ...
Министерот за здравство Азир Алиу најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. Тој на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден без тутун, рече дека годинашното мото е насочено кон разоткривање на привлечноста и зависноста од никотин и тутун. „Целта е поголема достапност на советувањето за откажување од пушење, зајакнување на системот за упатување и континуирана ...
Во салата „Јанко Узунов“ во Валандово вчера се одржа уште едно успешно издание на „Фолк-фест Валандово“. Фестивалот собра голем дел од најдобрите од македонската естрада на вечерта што го оправда годинешниов слоган на фестивалот: „Да ни е жива песната македонска“. Првата награда ја добија Христијан Божинов – Кико и композиторот Зоран Ванев за „Гратче мое убаво“, а втората награда за песна и признанието за најдобра интерпретација ги понесе ...
Македонските музички ѕвезди Јован Јованов и Елвир Мекиќ вчера (27 мај) одржаа прес-конференција пред дел од македонските медиуми, на која открија нови детали за претстојниот концерт што ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во опуштена атмосфера во еден скопски локал, двајцата долгогодишни пријатели и соработници зборуваа за подготовките за концертот, пробите со бендот и танчарите, но и за возбудата што ја ...
Финалето од Евролигата беше засенето од инцидент, откако во физичка пресметка влегоа сопственикот на Олимпијакос и Нотингем форест, Евангелос Маринакис и поранешниот советник на грчкиот премиер, Григорис Димитријадис. Според информациите од грчките медиуми, инцидентот прераснал во физички судир, по што Маринакис решил да поднесе тужба и најавил дека ќе бара санкции против Димитријадис за нападот. На видеоснимките што се појавија на ...
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација в петок на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево со почеток од 20.30 часот ќе игра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина. Главен судија на натпреварот ќе биде Раде Обренович од Словенија кој од јануари оваа година е во елитната категорија на УЕФА арбитри. Предводникот на националниот тим, Гоце Седлоски, на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го ...
Американската војска вчера погоди уште еден брод во источниот Пацифик, кој бил сомнителен дека транспортира дрога, при што се убиени две лица, пренесе АП. Американската јужна команда објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како бродот плови по вода пред да биде погоден, а во последните неколку секунди од видеото се гледа оган и чад. On May 27, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force ...
Овогодишниот Европски конгрес за дебелина 2026 (ECO 2026) се одржа од 12 до 15 мај во Истанбул, обединувајќи водечки светски експерти, научници и организации посветени на истражувањето и современиот третман на дебелината. Од Клиника „Жан Митрев“ велат дека се горди што дел од овој престижен глобален настан беше и д-р Џулиана Михајловска, ендокринолог, чие учество има особено значење за понатамошниот развој и стратегијата на Центарот за ...
Не се чувствувам виновен ниту за првото, нити за второто кривично дело со оглед на правната квалификација. Вака се изјасни поранешниот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, кој е суспендиран откако Обвинителството му најде пари заѕидани во цигли во кујната во куќата на неговиот дом во Неготино. Судијата Ристов кој долги години судеше во Кривичниот суд, денеска седна од спротивната страна, на обвинителското столче. Обвинителката Искра Хаџи ...
Англискиот фудбал се подготвува за историска и во многу погледи револуционерна натпреварувачка година на меѓународната сцена. Англија во европските клупски натпреварувања ќе има рекордни девет екипи за сезоната 2026/2027. Ова е нов рекорд за една нација во историјата на европскиот фудбал. Премиер лигата даде пет претставници во Лигата на шампионите: Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Астон Вила и Ливерпул. Борнмут, Сандерленд и ...
Холивудскиот актер Џони Деп станал жртва на голема финансиска измама, откако 27-годишен државјанин на Јордан наводно украл податоци од неговата банкарска картичка и потрошил повеќе од 620 илјади евра, пренесува „Дејли мејл“. Актерот повеќе од две години воопшто не забележал дека од неговата сметка исчезнуваат огромни суми пари. Сомнителните трансакции биле откриени дури кога банката ги означила како невообичаени и започнала истрага. ...
Гледав во екранот вчудоневидено: На видеото што го добив преку „Телеграм“, имаше ливче хартија со моето корисничко име и датумот 19 мај 2026 година. Хартијата беше поставена врз ќеси полни со прашкаста материја. Дилерот, чиј број го најдов во навидум обичен оглас на македонски интернет-огласник, тврдеше дека станува збор за „Франкенштајн“ – смртоносен синтетички опиоид од видот „нитазени“. Името „Франкенштајн“ не е случајно. Оваа дрога е ...
Многу авантуристи, креативци и љубители на истражувањето нови земји, сѐ почесто ја избираат Македонија како туристичка дестинација, која нуди богата историја, култура и вкусна храна. Една од нив е фотографката Наталија Калјакина од Русија, која покрај мајчинството, посветена е и на работата во своето фотостудио, а ужива и да патува и да создава рачно изработени предмети. Благодарение на македонската музика, особено песните на Тоше Проески, ...
Партизан ја одбрани шампионската титула во Србија, но финалната серија против Војводина заврши во хаотична атмосфера и со сериозен инцидент. Вториот натпревар од финалето беше прекинат по нешто повеќе од 14 минути игра, при резултат 6-5 за Војводина, откако навивачите на Партизан употребија пиротехнички средства. Според информациите, топовски удар експлодирал во непосредна близина на теренот, со што била загрозена безбедноста на ракометарите ...
Русија изгуби околу 1.360.110 војници од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, објави утрово Генералштабот на украинските вооружени сили. Оваа бројка ги вклучува загубите на 1.160 војници што ги претрпеа руските сили во последните 24 часа, пишува „Киев индепендент“. Според украинскиот извештај, Русија изгубила и огромна количина воена опрема од почетокот на војната. Се наведува дека изгубила 11.956 тенкови, 24.625 ...
Црниот дроб е орган што често го земаме здраво за готово. Додека здравјето на мозокот и цревата се популарни теми, за тоа како да го зачувате здравјето на црниот дроб здрав не се зборува толку често. Можеби треба, со оглед на тоа што црниот дроб е најголемиот внатрешен орган, клучен за метаболизмот, детоксикацијата и имунитетот. Без функционален црн дроб животот е невозможен. Познато е дека алкохолот го оштетува црниот дроб, но заканата ...
Украинката Јулија Стародубцева приреди големо изненадување на Ролан Гарос откако ја елиминираше втората носителка, Елена Рибакина со 2-1 во сетови. За Стародубцева ова е најголемата победа во нејзината кариера, а успеа да слави со пресврт. Рибакина го доби првиот сет со 6-3 и изгледаше сигурно на патот кон следната рунда, но Стародубцева потоа целосно го сврте текот на мечот. Во вториот сет украинската тенисерка доминираше и ѝ препушти на ...
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, вели дека мислела оти нејзиниот сопруг, претседателот Џо Бајден, добива мозочен удар за време на неговата многу критикувана и нестабилна претседателска дебата во 2024 година, објави Би-би-си. Таа зборуваше за моментот од дебатата кога Бајден беше несигурен, со рапав глас и изгледаше изгубено. „Бев исплашена, бидејќи никогаш претходно не сум го видела Џо таков, ниту потоа. Никогаш“, изјави Џил Бајден ...
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело“, порачаа од Владата како одговор на барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за членство во Европската Унија. „Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија се јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. А, ...
Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по наплатната станица Сопот. Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачката Л.Ќ., како и сопатничките Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес. Повредите биле ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо ...
Американската војска започна нови напади врз Иран, насочувајќи се кон локации за кои американските претставници веруваат дека претставуваат закана за американските сили и комерцијални бродови во Ормускиот Теснец, потврди за Ројтерс неименуван американски функционер. Функционерот додаде дека американската војска, исто така, пресретнала и соборила неколку ирански беспилотни летала кои претставувале слична закана. Набрзо следеше одговорот на ...
Извештајот на Стејт департментот за Западен Балкан испрати порака што во регионот не помина незабележано: за Вашингтон е завршена ерата во која Соединетите Американски Држави ја предводеа изградбата на нации. Наместо јазик на реконструкција, спасување и меѓународен надзор, во документот доминираат стабилноста, економската соработка, енергетиката, безбедноста и обострано корисните партнерства. Токму оваа формулација отвори дилема во земјите ...
Џенифер Лопез минува низ многу емотивен период додека се подготвува за голема животна промена, заминувањето на нејзините 18-годишни близнаци Макс и Ема од семејниот дом. Пејачката и актерка не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за тоа дека нејзините деца наскоро ќе заминат на факултет и ќе се иселат од нивната вила вредна 18 милиони долари, пренесува „Дејли мејл“. За време на гостувањето во емисијата на Џими Кимел, Лопез беше видно ...
Кога ќе пристигнат топлите летни денови и пазарите ќе замирисаат на свежи јагоди, домашниот сладолед од ова вкусно овошје е идеален начин да се освежите. Овој рецепт е брз и лесен, без комплицирани чекори, а резултатот е кремаст десерт полн со природен вкус на овошје. На децата особено ќе им се допадне, но и на возрасните што сакаат лесни летни десерти. Состојки: – 500 г свежи јагоди – 150 г шеќер во прав – 200 мл слатка павлака – 100 мл ...
Во Австрија се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните, а најновите податоци покажуваат дека огромен дел од богатството е концентриран кај многу мала група луѓе. Според анализата на консултантската компанија „Бостон консалтинг груп“, околу 500 супербогати лица кои живеат во Австрија контролираат речиси 39 проценти од вкупното нето богатство во државата. Тоа практично значи дека една мала група луѓе, која би можела да се смести во еден ...
Силно невреме со силни ветрови попладнево ги погоди источните делови на Словенија, а нови бурни системи се формираат над западниот и централниот дел од земјата и се движат кон југоисток, пишува „Н1 Словенија“. Невремето веќе предизвика штети. Ветерот носеше покриви и уриваше дрвја, поради што пожарникарите имаа голем број интервенции. На дел од местата падна и град со големина на орев, кој дополнително оштети покриви. Локалните бури со силен ...
Тројца луѓе загинаа, а тројца се повредени при уривање на конструкција на градилиште за демонтажа на надвозник во Сеул, соопштија јужнокорејските власти, објави АП. Несреќата се случила во округот Сеодамун, каде што се вршело уривање на надвозникот „Сеосомун“. Според првичните информации, девет лица, меѓу кои раководител на градилиштето, надзорник и инженери, извршувале безбедносна инспекција без да бидат поставени заштитни потпори. 😱 ...