Пливачите што тренираат во базенот „Карпош“, во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, повторно се соочуваат со неизвесност. По инцидентот од април минатата година, кога оштетувањето на дел од покривот ги остави со месеци надвор од вода, објектот сега влегува во нова фаза – големо реновирање кое, според најавите на директорот Данијел Апостолоски, е во финални подготовки. Тоа значи дека базенот најверојатно ќе биде затворен уште подолг ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на охридскиот аеродром го пречека својот хрватски колега Адреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на Македонија. „Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност“, напиша Мицкоски на Фејсбук. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет ...

Сони Ролинс, саксофонистот и немирниот гениј чиј смел, препознатлив тон и постојано експериментирање го држеа на чело на џезот повеќе од 50 години, почина на 95-годишна возраст. Портпаролката Тери Хинте изјави за „Асошиејтед прес“ дека Ролинс починал во својот дом во Вудсток, Њујорк. Таа не прецизираше конкретна причина за смртта, но рече дека во последните неколку години тој најчесто бил затворен во домот поради разни здравствени проблеми, ...

Во Англија се одржа традиционалниот натпревар во тркалање со сирење, а победник беше 24-годишниот Германец Том Копке, кој го победи локалниот победник, 38-годишниот Крис Андерсон, пренесува „Гардијан“. Трката се одржа во Куперс Хил во Глостершир, а победникот, младиот германски јутјубер, го предизвика Андерсон, кој престана да се натпреварува, да се обиде уште еднаш. Иако Андерсон го презеде водството на самиот почеток, Копке сметал дека ...

Судот им одреди притвор на четворицата турски државјани кои синоќа беа уапсени во Скопје поради сомнение дека учествувале во инцидент – прво со „ауди“ удриле доставувач на мотор, па потоа го истепале младиот скопјанец. „На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на ...

Фудбалерот на Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, не е сериозно повреден, откако претрпел истегнување на мускулот, објави клубот од Мајами. Меси се повреди на вчерашниот натпревар од МЛС лигата помеѓу Интер и Филаделфија унион (6:4). Клубот од Мајами објави дека по дополнителните лекарски прегледи е утврдено дека Меси претрпел истегнување на мускулот на левата нога и додаде дека точниот датум на враќање на ...

Легендарниот рок-музичар Брус Спрингстин добива сѐ поголем број смртни закани за време на неговата нова турнеја, пренесува „Еуроњуз“. „Оваа турнеја е малку поразлична поради засиленото обезбедување“, изјави Стивен Ван Зандт, долгогодишен гитарист во „И Стрит Бенд“, за „Дејли мејл“. „Турнејата има многу јасна политичка тема и има многу закани, па дури и смртни закани. Обично секогаш има по некоја, но овојпат нивниот број се зголемува.“ ...

Активисти денес организираа протест во зградата на австралискиот Парламент против третманот на израелските војници кон членовите на глобалната флотила „Сумуд“, која се обиде да достави помош во Газа, и побараа од австралиската Влада да воведе санкции кон Израел, пренесува Анадолу. Демонстрантите се собраа во Мермерното фоаје, клекнувајќи со рацете зад грб во симболичен чин наменет да го прикажат притворањето на активистите на флотилата од ...

Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината. Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела). Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво во поставените контејнери. Од комуналното претпријатие на ...

Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопштија од Центар. По извршениот увид, велат оттаму, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при ...

Фудбалскиот клуб Вардар ја информира јавноста дека е продолжена соработката со двајца играчи, Бобан Николов и Дарко Велковски. Николов (31), играчот од средниот ред, потпиша нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2029 година. Оваа сезона, во која скопските „црвено-црни“ ја освоија титулата во Првата македонска лига, Николов запиша 16 настапи и четири голови. Велковски се согласи за нов договор со клубот до 30 јуни 2027 година. Искусниот ...

Американскиот град Њу Орлеанс би можел да стане првата жртва на зголемувањето на нивото на океанот, а експертите предупредуваат дека градските власти мора веќе да го започнат процесот на преселување на жителите, со цел да се избегне хаос, пишува Си-ен-ен. Крајбрежниот дел на Луизијана е еден од најниските региони во светот, а Њу Орлеанс, град со 360.000 жители, е особено изложен на ризици. Се наоѓа во слив во облик на чинија, претежно под ...

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата професионална кариера остави белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. Постдипломски студии по ...

Сопственикот на Нотингем форест и Олимпијакос, Евангелос Маринакис, се најде во центарот на инцидент за време на натпреварот меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид во Евролигата, кој грчкиот тим го доби со 92:85. Според информациите на грчките медиуми, Маринакис влегол во вербална и физичка пресметка со Григорис Димитрадис, поранешен советник на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи може да се ...

Продадени цркви и станови за милиони долари, црковни имоти што не се префрлени на МПЦ-ОА, асоцијации што, според митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, функционираат надвор од црковниот поредок, но и нерешени статуси на поранешни монаси и монахињи. Ова се дел од најсериозните забелешки што владиката ги изнесе во „Попкаст со Мартин Богатиноски“. Најостар беше за состојбите во Австралија. Според него, таму проблемот е во тоа што дел од ...

Европската Унија повторно влегува во период на жестоки политички судири околу распределбата на заедничките пари, а овојпат конфликтот е насочен кон долгорочниот буџет за периодот од 2028 до 2034 година. Предлогот на Европската комисија тежок 1,8 билиони евра веќе предизвикува силни поделби меѓу државите членки. На едната страна се побогатите земји кои сметаат дека Брисел бара премногу средства во време кога националните влади се соочуваат со ...

Државната агенција за железници и патишта на Португалија побара од двајца овчари да платат 25.000 евра отштета откако регионален воз минатата година прегази 89 од нивните овци, пренесува ДПА. Државниот оператор на железничката и патна мрежа го оправда барањето за вкупно 26.400 евра со тоа што се осврна на штетата предизвикана на возот и фактот дека имало големо задоцнување во железничкиот сообраќај. Несреќата се случила лани на 28 декември ...

Осми пат по ред, Никола Јокиќ се најде меѓу трите најдобри петорки во изборот на НБА-лигата, со што стана рекордер на Денвер нагетс, а место имаше и за словенечката ѕвезда Лука Дончиќ. Српскиот центар вкупно шести пат е избран во идеалниот тим на сезоната, продолжувајќи да испишува историја во најсилната кошаркарска лига во светот. Во регуларниот дел од сезоната, Јокиќ бележеше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар, ...

Од една страна: ХДЛ (липопротеин со висока густина), херојскиот „добар“ холестерол кој помага во чистењето на артериите и одржувањето на протокот на крв. Од друга страна: ЛДЛ (липопротеин со ниска густина), т. н. „лош“ холестерол кој се таложи во крвните садови и тивко го зголемува ризикот од срцеви болести, објавува „Саенс фокус“. Тоа е уредна и едноставна приказна. И со децении доведуваше до еден јасен совет од лекарите ширум светот: ...

Четворица турски државјани се уапсени во Скопје поради сомнение дека синоќа учествувале во инцидент – прво со „ауди“ удриле доставувач на мотор, па потоа го истепале младиот скопјанец. „Ноќеска околу 01:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција. Приведувањето следуваше по пријава добиена на 24 мај околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по ...

САД соопштија дека започнале нови напади врз Јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни позиции и бродови кои се обидуваат да постават мини, објави Би-би-си. Нападите, како што велат, биле преземени во „самоодбрана“ и биле наменети „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“, се вели во соопштението на Централната команда на САД. Портпаролот на Централната команда, капетан Тим Хокинс, изјави дека американската ...

Камионџија загина, а неколку патници се повредени откако патнички воз излета од шините по сударот со камион во западна Полска, соопштија полските служби за итни случаи, пренесува ТВП. Несреќата се случила во близина на градот Рогозно, во западниот регион Великополска, на железничката линија што го поврзува градот со регионалниот центар Познањ. Портпаролот на полицијата, Кристов Ползин, ја опиша како „сериозна несреќа“ на железнички премин ...

Штом ќе заврши престижниот филмски фестивал во Кан, филмските критичари веќе со сигурност знаат каде да ги насочат погледите за претстојната сезона на Оскарите. Историјата покажа дека Кан е вистинска отскочна штица за Оскарите — токму таму своите премиери ги имаа претходните лауреати и фаворити како „Анора“, „Емилија Перез“ и „Супстанца“, пишува „Би-би-си“. Годинашниот Кански фестивал штотуку ги затвори своите врати, а трката за златната ...

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди Чиле, околу 30 километри источно од градот Калама на северот на земјата, соопшти Геолошки завод на САД, пренесува Ројтерс. Земјотресот бил на длабочина од 109 километри во пустината Атакама. Чилеанските власти засега не пријавија повредени лица или материјална штета, единствено прекини со струја или вода. „Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјавил Фелипе Плаза од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 26 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, се се откажувајте при првата пречка – вашите идеи ќе бидат разбрани ако ги презентирате јасно и без брзање. Денеска се отворате кон саканата личност повеќе од вообичаено, што носи нова доза на блискост. Слободните луѓе го привлекуваат вниманието на интересна личност од нивната околина. Внимавајте на исхраната. Прекумерното ...

Чешката влада денеска одобри измена на законот со која би се поостриле правилата за престој и финансиска поддршка за украинските бегалци, наведувајќи дека на тој начин реагира на злоупотребата на помошта и на перцепцијата според која бегалците во некои аспекти имаат предност во однос на локалното население, пренесува Ројтерс. „Земјата со повеќе од десет милиони жители прими 385.000 украински бегалци“, изјави министерот за внатрешни работи ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за „360 степени“ најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори. Во случајот беа осомничени 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, ...

Земањето додатоци на витамини и минерали одеднаш, наутро или во друг период од денот, се чини како практичен и едноставен начин да направите нешто корисно за своето здравје и да не заборавите или прескокнете некои од додатоците во исхраната во текот на денот. Сепак, колку и да е практичен таквиот пристап „сè одеднаш“, лекарите и нутриционистите веруваат дека тој не значи и дека е добар. Некои витамини и минерали влијаат едни на други, или ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1013
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
75%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
91%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.45
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
63%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.97
90%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00