Многу луѓе, од различни причини, одлучуваат својот начин на исхрана да го продолжат како вегани или вегетаријанци. Тоа го прават по сопствена волја и избор, внимавајќи на тоа организмот да ги добие сите потребни нутриенти за нормално и здраво функционирање, пишува „Љубимци“. Јасно е дека животните немаат можност да донесуваат вакви одлуки, ниту пак имаат потреба од нив. Но, што би се случило доколку едно куче „стане“ вегетаријанец? Кучињата, ...

Градското сообраќајно претпријатие „Белград“ (ГСП) се огласи по несреќата со трамвајот кој утрово излетал од шините во Белград. Трамвајот КТ4, сообраќал на линија број „5“ и излетал од шините, пренесуваат српските медиуми. Вкупно 15 лица се повредени, објави Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените имало две деца, кои биле пренесени во болница. Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска ...

Шкендија официјално потврди дека Јетон Беќири повеќе нема да биде тренер на тетовскиот состав, откако двете страни решија да не ја продолжат соработката по завршувањето на сезоната 2025/26. Од клубот информираа дека договорот на Беќири истекува по крајот на актуелната сезона, а по одржаните разговори било донесено заедничко решение тој да замине од кормилото на „црвено-црните“. Беќири ја презеде Шкендија во јануари 2024 година и за релативно ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи денеска изјави дека се постигнати заклучоци за многу теми дискутирани за потенцијален меморандум за разбирање со САД, но тоа не значи дека Техеран е блиску до потпишување договор, пренесува Гардијан. „Вистина е дека дојдовме до заклучок за голем дел од дискутираните теми“, потврди Багаи, алудирајќи на промена во дипломатскиот процес. Сепак, иранскиот функционер брзо ги ...

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го соопшти конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство, а најголемо изненадување е фактот што во составот нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Иако се очекуваше место во тимот да добие Дин Хујсен, кој во изминатиот период беше стандарден репрезентативец и стартер на завршницата од Лигата на нации, селекторот одлучи да не смета на него. Според Де ла Фуенте, ...

Астролозите тврдат дека четири хороскопски знаци од понеделник, 25 мај, ќе имаат многу повеќе среќа, љубовни можности и позитивни промени. Тие особено ќе привлекуваат изобилство и добри прилики благодарение на силната енергија на воздушните знаци, која поттикнува отвореност, комуникација и изразена интуиција. Вага За Вагите се наведува дека конечно ќе ја повратат контролата над сопствената енергија и јасно ќе ги постават границите кон луѓето ...

Париската полиција истражува повеќе од 100 наводи за малтретирање, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години од т.н. училишни надзорници за време на ручек, попладневен одмор и активности по наставата, потврдија обвинителите, пренесува „Гардијан“. „Имаме истраги кои се во тек во 84 предучилишни установи, околу 20 основни училишта и околу 10 дневни центри“, изјави главната обвинителка на Париз, Лор Бекуо. Адвокатите ...

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска официјално ги стартуваше подготовките за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29 мај) и Турција (1 јуни). Новиот селектор Гоце Седлоски ги собра репрезентативците во Скопје, каде националниот тим е сместен во хотелот „Хилтон“. Македонските фудбалери нема долго да останат во главниот град, бидејќи експедицијата наскоро заминува за Сараево, каде во петок ќе го одигра ...

Во полицијата во Берово вчера во 18:35 часот од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“ во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. Во полицијата во Берово вчера во 18:35 ...

Ракометарите на Охрид се поблиску до трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако минимално со 29:28 триумфираа против екипата на Татабања во Унгарија. Играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ можат да жалат што не извојуваа поубедлива победа, во текот на првиот дел имаа и предност од седум голови разлика. Македонскиот претставник имаше високо водство и во текот на второто полувреме, во 48 минута на семафорот стоеше 25:19. Во текот на мечот ...

По успешната и храбра битка со тешката болест, Сузна Турунџиева сподели емотивно видео. Водителката, пејачка и уметница уште еднаш докажа дека нејзиниот позитивен дух и креативност немаат граници. На својот Фејсбук профил, Турунџиева објави кратко видео (на кое свири на необичен, акустичен инструмент хендпен. Со кратка, густа и кадрава коса која повторно ѝ порасна по тешкиот период на лекување, таа зрачи со мир, спокој и рамнотежа. Оваа ...

На големата сцена на Театар „Комедија“ на 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток во 20 часот, ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина ...

Изгаснат e пожарот што избувна синоќа во Радовиш во кој изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“. -Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, како и на нивната пожртвуваност и професионалност, пожарот беше локализиран и изгаснат за релативно кратко време, и покрај тешките услови на терен.Пожарникарите вложија големи напори за да спречат негово понатамошно ширење и успешно ја завршија интервенцијата- ...

Калиопи на социјалните мрежи покажа дека знае како квалитетно да го помине слободното време. Овој продолжен празничен викенд, наместо за настапи, пејачката го искористи за патување, а како своја дестинација ја избра романската престолнина, Букурешт. Дека ужива во убавините на овој европски град, Калиопи сподели и со своите бројни следбеници на социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, таа објави прекрасна фотографија, која покажува дека ...

Антонио Конте и официјално заминува од клупата на Наполи, откако клубот од Неапол стави крај на соработката со искусниот италијански стратег по две сезони минати на кормилото на тимот. Разделбата беше потврдена на заедничка прес-конференција со претседателот Аурелио Де Лаурентис, а Наполи преку кратко соопштение му се заблагодари на тренерот за придонесот и постигнатите резултати. Конте пристигна во период кога неаполскиот клуб не беше во ...

Повеќе од 30 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад врз воз во југозападен Пакистан во неделата, соопштија официјални лица во понеделник, во најновиот напад за кој одговорност ја презедоа сепаратистичките милитанти од Белуџистан, пренесува Ројтерс. Двајца покраински службеници, зборувајќи под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да ги откријат информациите, во понеделник изјавија дека бројот на жртви се искачил на повеќе од 30. ...

Познатиот рок-музичар и фронтмен на бендот „Бертут“ (Beartooth), Кејлеб Шомо (33), јавно призна дека е геј преку емотивна објава на својот инстаграм-профил. Пејачот откри дека со години водел тивка битка со самиот себе, а веднаш по него се огласи и неговата сопруга Флер Шомо, со која беше во брак цели 14 години, потврдувајќи дека нивната заедничка приказна е завршена, пишува „Пипл“. Кејлеб реши да стави крај на гласините поврзани со неговиот ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели е победник на трката за Големата награда на Канада во рамките од Формула 1 шампионатот. 19-годишниот италијански возач ја забележа својата четврта последователна победа во пет трки оваа сезона на патеката во Монтреал. Второто место му припадна на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари, кој го имаше својот втор подиум во сезоната, додека четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од ...

Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Првиот прекин е најавен во општина Бутел, каде од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Во Центар, 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат Музејот на современа уметност и дел од корисниците на улицата ...

„Дедо ми ме бара“, вели 19-годишната Каи Трамп во видеото објавено во петокот на нејзиниот Јутјуб-канал, каде што го документираше нејзиното матурирање. Каи се јавува на телефон додека фризерот ѝ ја средува косата, а во заднина може да се слушне како му вели: „Добро, те сакам. Чао“. Тинејџерката потоа со одушевување му се обраќа на својот фризер: „Толку е слатко. Не е ли премногу слатко што ми се јавува кога и да посака?“ Во видеото, Каи ...

Европската унија пред две години го претстави Законот за дигитални пазари како историски чекор против монополската моќ на големите технолоски компании. Намерата беше едноставна, побрзи истраги, поостри казни и отворање на дигиталниот пазар за помалите компании кои со години се жалеа дека гигантите како Епл, Гугл и Мета ги контролираат правилата на игра. Денес, кога законот влегува во третата година од примената, критиките стануваат се ...

Полицијата на ГП „Табановце“ вчера при проверка на автобус на туристичка агенцијa од Тетово кој сообраќал на релација Германија-Македонија пронашла околу 35.000 евра кои не биле пријавени и повеќе канти за кои сопственикот немал дозвола за транспорт, по што биле уапсени шоферот и еден патник во автобусот. -Денеска од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на ...

Светската поп-ѕвезда Хари Стајлс отворено проговори за загубата на блиски луѓе во изминатите неколку години, вклучувајќи го и неговиот поранешен колега од бендот „Уан Дајрекшн“, Лијам Пејн. Пејачот накратко проговори за оваа болна тема за време на својот концерт во Амстердам, речиси две години по трагичната смрт на Пејн, пренесува „Мирор“. За време на четвртата вечер од својата концертна резиденција „Together, Together“ во холандската ...

Иако со Арсенал стигна до шампионската титула во Англија, Деклан Рајс минуваше низ вистински емотивен ролеркостер поради судбината на неговиот поранешен клуб. Камерите забележаа моменти во кои англискиот фудбалер од средниот ред, целосно отсутен од славјето околу себе, нервозно ги очекуваше вестите од натпреварите на Вест хем и Тотенхем. На неговото лице јасно се гледаа загриженоста и тагата, доказ дека Рајс не ги заборавил годините поминати ...

„Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Но, децениската запуштеност и немањето институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално нерепрезентативен објект „накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена“, напиша на „Фејсбук“ Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна ...

Американскиот рап-артист Роб Бејс (Rob Base), најмногу познат по хип-хоп класикот од 1980-тите „It Takes Two“, почина на 59-годишна возраст по битката со ракот. Музичарот, чие вистинско име е Роберт Гинјард, го создаде овој планетарен хит заедно со својот долгогодишен музички партнер Ди-џеј И-Зи Рок (DJ E-Z Rock), пренесува „Би-би-си“. На оваа песна ѝ се припишува заслугата за пробивањето на хип-хопот во мејнстрим културата, на поп-листите и ...

Група водечки светски научници испрати предупредување до ФИФА дека актуелните мерки за заштита од високи температури за време на Светското првенство во 2026 година се недоволни и дека здравјето на фудбалерите би можело сериозно да биде загрозено. Во писмото, меѓународни експерти за здравје, клима и спортски перформанси посочуваат дека насоките на светската куќа на фудбалот не се во согласност со најновите научни сознанија и оценуваат дека ...

Екипата на Торенсе приреди вистинска сензација во финалето на Купот на Португалија, откако со 2-1 го совлада фаворизираниот Спортинг и испиша историски успех со пласман во Лига Европа следната сезона. Второлигашот шокантно го отвори натпреварот и поведе уште во четвртата минута, оставајќи го лисабонскиот гигант во резултатска негатива уште на стартот. Спортинг успеа да се врати во игра со гол на почетокот од второто полувреме, но и покрај ...

Две малолетни деца биле нападнати од две агресивни кучиња во кичевското село Другово, објави нивната мајка Лени Ангелоска-Здравеска од Гостивар. Таа јавно побара реакција од институциите откако на 22 мај, додека шетала со нејзините деца, се случил овој инцидент. „Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете ...

За првпат по убиството во белградската населба Сењак, од кое поминаа повеќе од 10 дена, со изјава се огласи министерот за внатрешни работи на Србија и рече дека тој не го донел Веселин Милиќ во полициските сили, ниту го назначи на функција, објави Н1. -Тој е од милјето на поранешниот директор на полицијата Вељовиќ, кој беше назначен од Демократската партија. Не е сега дека некој го донел, или дека оваа влада го донела, па врз основа на тоа, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.75
55%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
92%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
87%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
50%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.97
81%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.35
86%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
64%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
66%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.95
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
6.26
82%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
61%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.45
86%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59