Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, нагласувајќи дека во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и ...

По денешниот прекин на испораката на топлинска енергија кај потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, испораката е нормализирана откако е лоциран дефектот на дистрибутивната мрежа. Како што информираат од ЕСМ Дистрибуција на топлина, дефектот е лоциран на булеварот „Крсте Мисирков“, поради што во моментов има прекин на испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите и институциите во овој дел од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 150 метри и појава на магла има на планинскиот премин Плетвар и слаби врнежи од снег, но без задржување на коловоз кај Смојмирово, информира попладнево ЈП „Македонијапат“. Оттаму истакнуваат дека сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања и манипулации и најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава. – Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета – рече Филипче на денешната прес-конференција во ...

Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи врз европски сојузници кои се спротивставуваат на неговите напори за стекнување на Гренланд како „целосно погрешна“. – Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова директно со американската администрација. Исто така, јасно ставивме до ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети. Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку развојната банка на компаниите им се префрлени некаде околу 225 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе бидат воведени царини од 10 проценти за осум европски земји што се спротивставуваат на неговата намера САД да го купат Гренланд. Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп наведе дека царини од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Според него, тие царини ќе се зголемат на 25 ...

Украинскиот преговарачки тим пристигна во Мајами, Флорида на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија, објави на платформата Икс, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов. – Ќе имаме важни разговори со нашите американски партнери за деталите за мировниот договор – истакна Буданов. Тој додаде дека во Мајами допатуваа и шефот на Украинската служба за безбедност Рустем Умеров и преговарачот Давид Арахами, ...

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, се стекна со „Ниво 3” – Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, како резултат на преземените активности во процесот на намалување на емисиите на јаглерод во рамките на работењето на аеродромите во пошироката околина. Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби акредитацијата за управување со емисии на јаглерод ...

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради „тековната ситуација и потенцијалот за воена акција на САД“ во регионот. – Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливи реакции имаат висок ризик за цивилните летови – се наведува во соопштението од ЕАСА. Агенцијата им ...

Иранскиот престолонаследник во егзил Реза Пахлави ја повика меѓународната заедница активно да им помогне на иранските демонстранти во уривање на режимот во Техеран. – Исламската Република ќе падне, не ако, туку кога- изјави Пахлави на прес-конференција во Вашингтон, а обраќањето го почна со една минута за „храбриот ирански народ“. Според него иранскиот режим ќе падне и без помош однадвор, но оти со конкретна акција на меѓународната заедница ...

Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел од сообраќајот со кој се намалува ризикот од несреќи, апсолутно во тој дел го поддржуваме, вели лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека има две битни работи за коишто треба да се зборува – за висината на казните и за тоа што и кој ги контролира огромната количина на податоци, кои системот ги собира. Прашан дали СДСМ ќе даде поддршка за измените на ...

Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа. Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција. – Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме ...

Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Од ЕСМ Дистрибуција на топлина информираат дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на точно лоцирање на дефектот и негово изолирање, со цел што поскоро воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија. За дополнителни ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче не мисли дека е грешка тоа што не присуствувал на лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели „не им верувам на луѓето на власта на тоа што го зборуваат, затоа што ги гледам што прават“, и нагласувајќи дека „општеството не е зрело“ за укинување на Пржинската влада. Прашан дали е прифатливо за СДСМ укинување на техничката влада по следните избори, со оглед дека не присуствуваше ...

Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје по претрпени физички напади. Во првиот случај, вчера во 9:20 часот во СВР Скопје 45-годишна жена од Скопско пријавила дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од Скопско. Според пријавата, А.Б. и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило. Во вториот случај, 29-годишна жена од Скопско пријавила во СВР-Скопје дека на 10 ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик. – Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил ...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 4:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Ј.П. (43) од Скопје, баран по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово. Како што информираат од МВР, Ј.П. е лишен од слобода по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од ...

Во парагвајскиот главен град Асунсион денеска во присуство на првите луѓе на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења Паласиос, ќе се одржи церемонија на потпишување на Договорот за партнерство ЕУ-Меркосур (ЕМПА) и на Привремената трговска спогодба меѓу двете страни (ИTA). Според најавите, во името на ЕУ договорите ќе ги потпише еврокомесарот за трговија, ...

Во Копенхаген и неколку други дански градови како и во главниот град на Гренланд денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот. На повикот на неколку гренландски организации повеќе илјади луѓе на социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе. Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на ...

Следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи ...

Европските интеграции нас ни се високо на агендата. Ништо лошо ние немаме со соседите. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски, истакна синоќа претседателката Гордана Силјановска Давкова. Не мора, посочи таа, да значи дека вие европски се интегрирате само ако почнете преговори, потоа излезе некој нов проблем, па вие пак треба нешто да направите, па за да направите еден ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува институционална рамка за продлабочена и системска соработка во области од заеднички интерес. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на Технолошко-металуршки факултет ...

Белгиската Група за управување со ризици (РМГ) донесе одлука за покачување на нивото на опасност од респираторни инфекции во Белгија од „жолто“ на „портокалово“, по информациите на здравствените власти дека грипот се шири забрзано и дека се зголемува притисокот врз болниците. РМГ е група составена од претставници на белгиските здравствени власти одговорни за утврдување на мерките за заштита на јавното здравје. Според правилникот на РМГ, ...

Википедија го прослави својот 25. роденден Глобалната енциклопедија Википедија го прослави својот 25. роденден, потврдувајќи ја својата улога како клучен извор на информации. Македонската Википедија — издание на Википедија на македонски јазик, пак, е енциклопедија што е слободна и достапна за уредување. Ова издание е почнато во септември 2003 година, а моментално има 158.016 статии и 128.751 регистриран корисник. Таа го достигнала бројот од ...

Како да станете астронаут Откога НАСА ја собра првата класа астронаути во 1959 година, повеќе од 350 луѓе успеале да го остварат својот сон и да се искачат во вселената. Ени Меклијан, астронаутка на НАСА, ги резимираше критериумите што агенцијата ги очекува од идните вселенски патници: „Бидете приспособливи, сигурни, упорни и фокусирани на деталите“. За време на вселенската трка од периодот на Студената војна помеѓу Америка и Советскиот ...

Дебарско-кичевската епархија подготвена како никогаш досега за најмaсовната верско-културна манифестација во земјава, Богојавление-Водици Православните верници во земјава со нетрпение го очекуваат понеделник, 19 јануари, за заеднички да го одбележат големиот христијански празник Богојавление-Водици. Како по традиција, празникот најмасовно се празнува во Дебарско-кичевската епархија, каде што речиси сите населени места на највисоко ниво ги ...

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Како што информира Министерството за здравство, според јавноздравствените стандарди, пушењето е ...

На 23 јануари, со почеток во 19:30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – тема што останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...

Мистична Македонија: Музеј под отворено небо Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Дали старите бабини деветини, митови, легенди, песни и преданија можат да ни овозможат почист поглед кон сегашноста и јасна визија за иднината? Веројатно нема ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
52%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
67%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
57%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
36%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
56%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
39%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
48%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Калај

50.64

Злато

166253.76

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Родиум

372948.66

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Бакар

11.73