Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, а акцијата на Дирекцијата за ...

Заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за воведување царини од 200 отсто на увозот на француски вина и шампањ се недозволиви и невидено брутални – изјави денеска министерката за земјоделство на Франција, Ани Женевар. Според неа, ваквите дејствија би погодиле сектор кој веќе се соочува со сериозни тешкотии. – Заканата во оваа фаза е неприфатлива, со невидена грубост и очигледно не може да остане без реакција – не само од страна на ...

Третиот оператор наскоро со свои понуди Ќе добијат ли македонските граѓани уште поквалитетни услуги во делот од телекомуникациите? Имено, со дефинитивниот избор на третиот мобилен оператор, Владата најавува крај на дуополот на нашиот телекомуникациски пазар. Најавите на надлежните, но и очекувањата на граѓаните се дека ова ќе води кон зголемен квалитет, а и пониски цени во телефонијата, но и поголем избор и подобар квалитет на услугите за ...

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп. -Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на ...

Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесим, по денешната седница на Советот на јавни обвинители на која Фидовски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. – Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и дел од членовите оценија дека треба да му се даде шанса. И ќе му ја дадеме ...

Министерката за образование Весна Јаневска, во интервју на МРТ1, рече дека учениците во Македонија имаат помалку часови од нивните врсници во ЕУ и нагласи дека тие се стандардите кои Македонија сака да ги достигне. -Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е ...

Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците можат денеска да го почнат второто полугодие од учебната година – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево, таа кажа дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Пораката на министерката следува откако деновиве ...

На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа ...

Во Шпанија денеска е прогласена тридневна жалост додека спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат уништените вагони за да ги пронајдат жртвите по судирот на возови во кој загинаа најмалку 40 лица, а десетици се повредени. Според последните информации, бројот на жртви во железничката несреќа во Адамуз во Кордоба се зголеми на 40, додека 41 лице е хоспитализирано, од кои 12 се на интензивна нега – соопштија андалузиските служби за итни случаи. ...

ДЕНЕС Е СОБОРОТ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ И ПРЕТЕЧА ГОСПОДОВ Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзините верници, денес, на 20 јануари, според новиот календар, молитвено и торжествено го слават празникот Собор на Свети Јован Крстител и Претеча Господов. Овој ден е посветен на еден од најголемите и највозвишени личности во историјата на спасението – човекот што стои на границата меѓу Стариот и Новиот завет и кој со ...

Дваесет и шест години од смртта на еден од втемелувачите на современата македонска книжевност по Втората светска војна Денес се навршуваат 26 години од смртта на Славко Јаневски, основоположникот на македонската современа литература и автор на првиот роман на македонски јазик „Село зад седумте јасени“, објавен во 1952 година. – Неговото дело беше и остана видовито, пророчко и, истовремено, потресно книжевно сведоштво за морничавата игра со ...

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека има намера да воведе царини од 200 проценти за француски вина и шампањи, како дел од пошироката закана со царини за европските земји кои се противат на неговиот план во врска со Гренланд. На новинарско прашање за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се приклучи на Одборот за мир, Трамп рекол: „Дали го кажа тоа? Па, никој не го сака бидејќи многу наскоро нема да биде на ...

Повод: Обнова на фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопјe Градот Скопје започна целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“, која се наоѓа на влезот на Градскиот парк. Проектот е најавен и потврден со видеообјава од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, обновата опфаќа санација и реставрација на самата фонтана – враќање на оригиналниот изглед и функционалност и уредување на плоштадот околу фонтаната со нова урбана ...

Американската филмска академија ги објави кандидатите за „оскар“ Академијата за филмска уметност и наука објави дека вкупно 317 играни филма се подобни за разгледување на 98. доделување на „оскарите“, од кои 201 филм ги исполнуваат условите за категоријата најдобар филм. Ова претставува благ пад во однос на минатата година, кога 323 филма беа подобни во целина, а 207 конкурираа за најдобар филм. За разлика од другите категории, кандидатите за ...

Минатиот месец Ивица Челиковиќ го објави својот нов роман, со наслов „Повратник со две лица“, во издание на издавачката куќа „Паблишер“. Ивица Челиковиќ е препознатлив по своето богато творештво – автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи. Како докажан автор, тој има добиено повеќе значајни награди и признанија, како „Млада Струга“, „Стојан Христов“, „Стале Попов“, „Караманов 2023“, „Златно перо“. Освен како автор, за ...

Неверојатна адаптација на лавовите На брегот на Атлантски Океан, среде суровиот пејзаж на Скелетон Коуст во Намибија, сцената изгледа речиси нереално: лавица стои на песочната плажа додека брановите упорно удираат по карпите. Зад неа лежи пленот – мртва птица. Фотографката Гриет ван Малдерен од Белгија помина денови чекајќи го овој момент, свесна дека станува сведок на нешто што никогаш порано не се случило. Нејзината фотографија на лавицата ...

Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во Давос, Швајцарија од 19 до 23 јануари 2026 година. Под мотото „Во духот на дијалог“, Давос 2026 треба да обезбеди непристрасна платформа за поврзување на лидерите за да се соочат со заедничките предизвици и да поттикнат иновации што ја дефинираат иднината. Во време на длабоки геополитички, технолошки и ...

Силни сомнежи за иднината на европскиот проект, Брисел сам ги подрива темелите на кои почива ЕУ Европскиот проект како никогаш досега е доведен во прашање, потресен од американските ЕУ-скептични политики на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според многу европски аналитичари, воопшто не греши кога кажува дека „Европа не е силна и ги губи своите вредности и принципи“. Токму низа европски аналитичари ја истакнуваат и релацијата ...

Утринските температури во земјава се значително ниски, при што во Берово се измерени -11 степени целзиусови. Следат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со -10 степени, Скопје-Петровец со -9, а -8 степени се измерени во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево. Во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип термометрите покажаа -7 степени. Највисока снежна покривка утрово до 7 часот има на Попова Шапка – 24 сантиметри, ...

Европската унија нема да попушти пред царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд – изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Таа додаде дека Унијата нема интерес да влезе во конфликт со САД, но дека има голем број инструменти за заштита на своите интереси, особено кога станува збор за Гренланд, и нагласи дека „суверенитетот не е на продажба“. – ...

Аналитички осврт врз бугарското признавање на Македонија од 1992 година Фрламе аналитички поглед на бугарското признавање на македонската држава од 1992 година главно од гледна точка на декларативната теорија, една од неколкуте доминантни меѓународни теории за признавање на државите. Но, за потсетување, признавајќи ја Македонија според „иновативната формула“ „држава – да, народ и јазик – не“, Бугарија имплицитно во таа своја одлука од 1992 ...

Рационалноста над емоциите: Потребни се дијалог и градење доверба меѓу Македонија и Бугарија Последните искричења на релацијата Софија-Скопје предизвикани од неодамнешниот инцидент со кршењето на стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје покажуваат дека двете земји имаат да изодат уште долг пат за да се нормализираат меѓусебните односи, нарушени поради бугарската блокада на македонските евроинтеграции. Она што особено ...

Вековната традиција за време на празникот Водици годинава во знакот на младоста Деца, тинејџери и млади луѓе беа меѓу верниците што годинава стигнаа до чесниот крст на повеќе места низ Македонија, со што празникот Богојавление годинава беше одбележан во знакот на младоста. Во Дебар најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот што се ...

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, сс акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа ...

Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални ...

За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почнува второто полугодие. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие. -Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на ...

Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од ...

Бугарскиот претседател Румен Радев попладнево во говор објави дека ќе поднесе оставка, што поттикна широки шпекулации дека ќе формира своја политичка партија за да се кандидира на претстојните парламентарни избори, откако претходната влада „падна“ минатиот месец. Радев, кој требаше да извршува функција до јануари 2027 година, изјави дека ќе поднесе оставка утре. – Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата – рече Радев. – ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани учествува на тридневна регионална конференција „Од рамка до акција: Градење посилни, поинклузивни и интегрирани социјални услуги“ во Букурешт, Романија. Конференцијата, како што информира Министерството за социјална политика, демографија и млади, ги обедини креаторите на владини политики на европско ниво, претставниците на Светска Банка за Европа и Азија, академската фела и ...

Се повеќе докази покажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) во наставата може да ги подобри перформансите на учениците во решавањето специфични задачи, но во исто време не мора нужно да придонесе за нивниот напредок во процесот на учење- објави денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Префрлањето на задачи што му служат на когнитивниот процес на вештачка интелигенција за општа намена носи ризик од интелектуална ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
52%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
67%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
57%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
36%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
56%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
39%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
48%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Бакар

11.73

Калај

50.64

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05