Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот е излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан. Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што 50 педесет проценти или 7.445 евра по студент обезбедува ...

На денешното рочиште за случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје на предлог на одбраната сведочеше сведок вработена како архивар во установата, која поради боледување на секретарката на директорот била на замена на тоа работно место. Прашана дали на состанок со директорот дошло лице со име и презиме Небије Заимовска, одговори потврдно. -Дојде едно лице, се претстави со тоа име, дојде со еден човек и рече дека имала закажано, ...

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шесте лица во случајот со злоупотреби во прилепската болница – потврдува претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска. -Притворот е продолжен на шестте лица.Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но постои можност за жалба. Поднесени се жалби до Апелацискиот суд во Битола за продолжувањето на притворот – ...

Европската Унија сака да стане светско седиште на вештачката интелигенција, но нејзините планови може да се судрат со една од најопасните последици од климатските промени – недостиг од вода. Во април Брисел најави дека во наредните пет до седум години ќе го зголеми тројно капацитетот на центрите за податоци, клучната инфраструктура што ги поттикнува дигиталната економија и ВИ-системите како ЧетГПТ. Но, додека плановите се претставуваат како ...

Фонд создаден од јавната инвестициска банка „Бпифранс“ цели да собере 450 милиони евра од граѓани и од мали и средни претпријатија за француската индустрија за оружје Од 14 октомври годинава поединци во Франција можат директно да инвестираат во домашната воена индустрија преку „револуционерен фонд“ лансиран од јавната инвестициска банка „Бпифранс“. Оваа можност нуди годишен принос/камата од пет отсто и е дизајнирана за да ги поддржи малите и ...

Одделот за владина ефикасност (DOGE) на американскиот претседател Доналд Трамп е распуштен осум месеци пред истекот на неговиот мандат, со што заврши иницијативата започната со голема помпа како симбол на ветувањето на Трамп за намалување на големината на владата. -Тоа не постои – изјави за „Ројтерс“ на почетокот на месецов директорот на Канцеларијата за управување со персоналот (ОПМ), Скот Купор, кога беше прашан за статусот на DOGE. -Тоа ...

Синиша Каран од српската владејачка партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), победи на предвремените претседателски избори во Република Српска (РС), српскиот ентитет во рамките на Босна и Херцеговина, според прелиминарните официјални резултати. Каран доби 200.116 гласови, или 50,85 проценти, победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша, професор по електроника од опозициската СДС, кој освои 188.010 гласови (47,8 посто), ...

Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј, пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи. -Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – наведуваат од МВР. Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за ...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди ...

„Научното и уметничкото творештво е и среќа и коб, смисла на постоењето, но таа смисла станува бесмислена, без човечка толина, толерантност и разбирање, без срце на дланка“, е мисла на академикот Јордан Поп Јорданов, која денеска поповод сто години од неговото раѓање ја изнесе пртседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов пред пруситните на настанот, на кој се оддаде почит на животот и делото на Поп ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила работна средба со амбасадорката на Словачка во земјава Ивета Хрицова, во насока на унапредување на политичките односи и отворање нови можности за соработка меѓу двете држави. Како што соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, разговорите биле со фокус на можностите што постојат во енергетскиот сектор, трансформацијата на ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател. Гаши на брифингот со новинарите објасни дека опозициските партии бараат мнозинство што не е во ...

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во петокот на настап во Кавадарци. Тој посочи дека не знаел за случајот и оти пред неколку дена бил информиран од соработниците во кабинетот, по завршувањето на настанот, нагласувајќи дека внимателно ќе ги следат, како што рече, однесувањата на таквите естрадни ...

Откако Судот во Стразбур ги потврдил повредите на правото на правично судење во предметот „Tенк“ кој се водел против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, премиерот Христијан Мицкоски вели дека подолго време укажувале на судски случаи во кои има нарушување на човековите права и оти судиите кои го направиле тоа се истите оние на кои им се мали платите и кои се партиски опструирани и заробени од минатата влада. – Да, ...

Во рамките на годинашното, шесто издание на фестивалот „Котон блуз“, ја најавуваме и ликовната колонија како составен дел од програмата веќе трета година по ред. Имено, станува збор за интеракција на ликовни уметници што сликаат додека музичарите свират. Нотите и топлиот звук на блуз-музиката спонтано пливаат низ линиите, формите и боите на сликарите во еуфоричната атмосфера што ја креира публиката. – Оваа година со гордост можеме да најавиме ...

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на неjзиниот Фејсбук-профил објави дека по пет години од поднесувањето на апликацијата пред Европскиот суд за човекови права, во однос на пресудата против неа за предметот „Тенк“ за набавка на блиндирано возило за потребите на државата, Судот во Стразбур ги потврдил повредите на правото на правично судење во предметот. – Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара ...

Енергетскиот сектор минува низ најдинамичниот реформски период досега, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при учествувото на „Форумот за слобода“, меѓународен политички настан во организација на Унијата на млади сили во Македонија и глобалната мрежа на центар-десни и конзервативни политички подмладоци. – Се соочивме со обврска сè да се одвива забрзано – да создадеме институција од нула, да ја ...

Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ Димитрија Чуповски е личност која во македонската национална историја остави вечна и неизбришлива трага. Чуповски како општествен деец, револуционер, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог е еден од најдоследните афирматори на македонската национална мисла, бранител на македонските национални особености и политички интереси кон крајот на ...

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е прогласен за добитник на наградата Гран при за Академска Институција 2025 на престижниот фестивал SEE Paris–Berlin–Washington. Свеченото врачување се одржа на 18 ноември 2025 година во величествениот Пантеон Асас – Сорбона II во Париз, на делегација составена од проф. д-р Игор Ѓорѓиев, проф. д-р Александра Богдановиќ и ...

ФЕЉТОН: ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН – СПОМЕНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕЧКИ ПРАВДИНИ (3) Во првиот број на легендарното списание „Лоза“, Младата македонска книжовна дружина го споменува повикот на еден барон со македонско потекло. За него во домашната литература нема многу податоци, а кратката биографија можеме да ја прочитаме во Македонската енциклопедија од 2009 година. Бели – Македонецот, барон Костадин Александров (роден во ...

Археолошкиот музеј во Скопје и Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во 12 часот покануваат на претставување на дигиталната збирка натписи и приказни „Прометеј“ на веб-страницата https://prometheus-epigraphy.eu/ во Археолошки музеј во Скопје. Оваа збирка содржи селекција од 30 натписи од периодот на римскиот принципат, напишани на грчки и латински јазик и пронајдени на териториите на Република Македонија, ...

„Живи рани, мелем песни“ е прва поетска книга на Габриела Стојаноска, иако е шесто по ред нејзино дело, по претходно објавените три збирки раскази „Гола“ (2007), „Приказни за краткоста – раска(з)(ж)и за своја душа“ (2019), „Сега би пишувала за…“ (2022), драмите „Трудници/Тајни“, како и научната студија „Кусиот расказ и сонот“ (2018). Габриела Стојаноска е авторка од Прилеп, членка на Друштвото на писателите на Македонија и наставничка по ...

По долги години настапи и работа во странство, музичарот Џими Роџерс алијас Владо Поповски, за пријателите Лаци, одлучи албумот на кој моментално работи да го отпее на македонски јазик. Снимени се веќе три нумери во разни студија, кај нас и во Австрија, каде живее долги години со семејството. По обработката на култната песна „Скитник“ на Јаков Дренковски, која Лаци ја донесе на автентичен начин, тој ги сними и песните „Како во приказна“ и ...

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р АМИРА ХАЛПЕРИН, ИЗРАЕЛСКА ПРОФЕСОРКА И НАУЧНА ИСТРАЖУВАЧКА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО Првпат сте во Македонија, зошто сте тука? – Од 7 октомври 2023 година (масакрот во Израел од страна на Хамас, н.з.) одам на многу места, како и сега во Македонија, и зборувам за искуството со антисемитизмот. Имав говор во Собранието и задоволство да ги претставам моето разбирање, истражување, искуство. Причината зошто сум овде е да им се обратам ...

Дојдовме до крајот на една важна задача што ја поставивме пред 6 месеци и наскоро успешно ќе ја заокружиме. Имаме нова Стратегија за образование со рок на имплементација од 2026 година до 2032 година, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето во Владата каде што се претставува новата стратегија за образование за наредните шест години. Го пренесуваме интегрално обраќањето на министерката Јаневска: „Ја ...

Од изложбата во МАНУ: Осврт врз историското значење на научната мисија на Никодим Павлович Кондаков Со непроценлива тежина и симболичка моќ е научната мисија на Никодим Павлович Кондаков во далечната 1900 година – настан што не е само епизода во историографијата, туку вистинска културна епифанија. Преку изложбата и монографијата претставени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), тој миг повторно оживува пред нашите очи, ...

Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со престижните европски маркетинг-агенции „Алфапанда“ (Alphapanda) и „Лакитајм“ (Luckytime), го објавува повикот за учесници на дводневниот хакатон за филмски маркетинг, кој ќе се одржи од 4 до 6 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите ...

Соединетите Американски Држави и Украина изготвија „ажурирана и подобрена“ мировна рамка за ставање крај на војната во Украина, по вчерашните разговори одржани во Женева, се вели во заедничка изјава од Киев и Вашингтон. Двете страни се согласија да продолжат со интензивна работа на заедничкиот предлог во наредните денови и да останат во блиска координација со европските партнери, се наведува во заедничката изјава, пренесува ДПА. „Конечните ...

ПОВЕЌЕСЛОЈНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ СУВЕРЕНИЗАМ „Нова Македонија“ од неодамна почна со серијал анализи во кои редакцијата се осврнува на повеќеслојноста на феноменот суверенизам (правно-политички суверенитет, територијален суверенитет, економски суверенитет, енергетски суверенитет, културен суверенитет, суверенитет на водите во државава…) и, во тој контекст, за повеќеслојноста и на македонскиот суверенизам, кој доживува длабока ерозија нешто ...

weather icon

Скопје

-8ᴼ / -8ᴼ
1.03
79%
1026
weather icon

Белград

-4ᴼ / -6ᴼ
1.03
68%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
75%
1020
weather icon

Софија

-8ᴼ / -8ᴼ
2.57
79%
1027
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
1.38
80%
1023
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -4ᴼ
1.03
92%
1022
weather icon

Атина

5ᴼ / 3ᴼ
3.58
48%
1022
weather icon

Тирана

-2ᴼ / -2ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
0.51
92%
1021
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
1.03
69%
1020
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
100%
1021
Currency

61.555

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Кобалт

59.52

Рутениум

44946.74

Калај

44.71

Сребро

2703.41

Платина

75300.49

Паладиум

59575.33

Иридиум

169549.30

Родиум

313469.78

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Злато

147759.41

Бакар

12.08