Триесет и тригодишно лице од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид – соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал. По ...

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата. Оваа година го имаме најголемиот интерес досега – стигнаа вкупно нешто повеќе од 6.000 апликации, што е силен индикатор дека граѓаните имаат желба, знаење и самодоверба да ...

Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови. Според одбраната, се очекува да се дададат воведни зборови и обвинетите да се произнесат за вина на текст од ...

По пронаоѓањето на телото на 42-годишен жител на Тетово надлежните институции отворија истрага за утврдување на околностите околу случајот. -Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на ...

Уште еден поглед кон Копнената безбедносна зона (КБЗ), тесниот немирен појас по должината на административната линија меѓу Косово и Србија Копнената безбедносна зона (КБЗ) е постконфликтна зона на територијата на Република Србија. Нејзиниот изглед и нејзините граници беа дефинирани со воено-технички договор потпишан во 1999 година во Куманово. Договорот беше потпишан помеѓу меѓународните безбедносни сили (КФОР) и владите на Сојузна Република ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Осврт кон едно хронично безбедносно жариште во близината на северната македонска граница: Ситуацијата е стабилна, но непредвидлива, нестабилна, неизвесна… Ова се зборовите што надлежните службеници најчесто ги користат во последните години за да ја опишат ситуацијата во Копнената безбедносна зона (КБЗ), тесен појас по должината на административната линија кон Косово и Метохија, во правец на Централна Србија. Деновиве оваа област повторно е ...

Научната и пошироката јавност се фокусира на имињата на добитниците на Нобеловите награди, но истовремено се доделува и една своевидна пародија на Нобеловата награда, наречена Иг Нобел. Имајќи предвид кој ја доделува, таа не е сосема занемарлива. Станува збор за награда што потекнува од некои од најважните американски универзитети, како „Харвард“ и Масачусетскиот институт за технологија. Основана е во 1991 година, со цел да промовира малку ...

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека предложениот мировен план, кој моментално се разгледува со САД и Европа, содржи „правилни точки“, но дека чувствителните прашања ќе бидат дискутирани директно со американскиот претседател Доналд Трамп. Во своето вечерно видеообраќање Зеленски посочи дека по преговорите во Женева бројот на точки се намалил од 28 и дека во новата рамка се вклучени многу „правилни елементи“. -Во ...

Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. -Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но ...

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата во ноќниот клуб. ...

Песни што ме тераат да играм Еден ден моите домашни купија радио за дома, но не обично, туку од оние модерните за тоа време (пред многу години). На него имаше и часовник со бројки, кои беа поставени на мали метални плочки и се вртеа секоја минута, имаше правоаголен облик (25*10 см), некоја кафеаво-црна метална кутија и на него имаше копче со кое можеш да го наштелуваш кога да се исклучи или вклучи. Соседите доаѓаа да го видат тоа чудо на ...

Постигнат е огромен напредок во разговорите за прекин на војната во Украина, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио, по завршувањето на разговорите со украинската делегација во Женева во неделата, додавајќи дека е „голем оптимист“ оти нешто може да се постигне. Рубио им рече на новинарите дека „нема да шпекулира ниту да навлегува во детали за ниту една од специфичните ставки во најновата верзија на предлогот“ за постигнување мир во ...

„Вистински реформски политики во здравствениот систем започнуваат кога веќе се скенира актуелната состојба од инфраструктурна гледна точка и од најважниот екосистем во здравството, а тоа се човечките капацитети“, порача министерот Азир Алиу во емисијата „Топ тема“, на телевизија Телма. Тој појасни дека токму поради ова приоритетот уште од првиот ден како министер беше анализа на здравствените ресурси со цел да се види до каде е здравството од ...

Грант за Општина Прилеп за постројка за складирање, третман и преработка на биоразградлив и инертен отпад Општина Прилеп е рангирана на првото место меѓу четирите општини добитници на голем грант до 50 илјади долари, по спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање техничка документација за изработка на инфраструктурни проекти од областа на животната средина, како дел од третиот повик во рамките на Фондот за техничка ...

Агенцијата за филм денеска на прес-конференција презентираше дополнителни појаснувања поврзани со Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на Агенцијата заклучно со декември 2024 година, како и да бидат презентирани информации за тековните реформи што се спроведуваат под актуелното раководство. -Во однос на објавеното соопштение од ДЗР и насловот „Слабости во работењето и неправилностите во ...

Со концерт на Драган и Ратко Даутовски, со рецитал на актерот Игор Трпчески и со доделување на наградите на годинешните лауреати, на 28 ноември во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица ќе се одржи свеченото отворање на третото издание на фестивалот „Јаков од Камена Река“. Овој фестивал се одржува во чест на првиот македонски печатар Јаков од Камена Река, денешна Македонска Каменица, група ентузијасти и интелектуралци одлучуваат да го ...

Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50 издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал. -Живееме во специфични времиња во кои времето се ...

Во првата половина на 19 век во Солун опстојувале повеќе семејства од Дебарската Област. Тие, пред сѐ, се занимавале со занаетчиство и трговија. Притоа биле организирани во занаетчиски и трговски еснафи, кои одржувале врски со повеќе македонски градови, но и со своите родни краишта Во текот на 18 век при самоволијата на Али-паша Јанински, а и потоа за време на судирите и борбите за превласт помеѓу првенци од албанско потекло, мнозина ...

Врховниот судија на иранската покраина Семнан објави дека лице осудено за силување и принудување на две жени е јавно погубено во Бастам. Главниот судија на покраината Семнан, Хоџатолеслам Валмуслимин Акбари, изјави дека случајот е под посебна истрага, за време на која е утврдено дека обвинетиот „измамил две жени и извршил силување со сила и принуда“, објави Мизан. Исто така, беше додадено дека обвинетиот користел „заплашување и закани“ за да ...

Велика Британија, Франција и Германија излегоа со предлог-Измени на мировниот план на САД за Украина Три европски држави излегоа во јавноста со изменета верзија на мировниот план на Соединетите Американски Држави за Украина. Имено, „контрапредлогот“ е подготвен од таканаречените „европски сили Е3“ – Велика Британија, Франција и Германија. Тие го зедоа предлогот на САД како основа, но стипулираа и свое видување, во вид на предлог- измени. Во ...

Повеќеслојноста на македонскиот суверенизам (2) „Нова Македонија“ од неодамна почна со серијал анализи во кои редакцијата се осврнува на повеќеслојноста на феноменот – суверенизам (правно-политички суверенитет, територијален суверенитет, економски суверенитет, енергетски суверенитет, културен суверенитет, суверенитет на водите во државава…) и, во тој контекст, за повеќеслојноста и на македонскиот суверенизам, кој доживува длабока ерозија ...

Полицијата го расчистува случајот во кој новинарот и публицист Владимир Перев (80) пријави во МВР, а потоа и објави во јавноста дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје. Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев пишува дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата во маркетот. Инцидентот се случил во петокот, а полицијата објави дека презема мерки за расчистување ...

Деновиве во Риека, Хрватска, од печат излезе поетската книга „Географија на слободата“, која содржи избор песни од сите шест поетски книги и неколку необјавени песни на Наташа Сарџоска, во издание на Хрватското книжевно друштво, а со поддршка од Министерството за култура и туризам. Сарџоска за оваа книга одржа две промоции во Хрватска. Првата беше во рамките на Деновите на македонската култура во Риека, каде што за авторката и книгата ...

Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Кои наводно не кажаа кои елементи од мировниот план се отстранети. Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со Русија, но не дадоа детали за тоа како ќе се решат некои ...

Многу одредби од американскиот план за Украина изгледаат прифатливи, додека европскиот план е неконструктивен – изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. – Постојат многу шпекулации за американскиот план за Украина, но руската страна верува во она што ѝ е пренесено преку соодветните канали. Многу одредби од американскиот план за Украина кои ги видовме, изгледаат прифатливи – рече Ушаков, пренесен од руските медиуми. ...

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата во ноќниот клуб. ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека и Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, бидејќи, како што нагласи, ситуацијата на теренот и во Европа се влошува секој ден. Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски политичари“. Според него, секој обид за избегнување на ова решение води ...

Бебе родено во 2024 година синоќа починало во Општата болница во Кичево, и покрај напорите на медицинскиот тим да го реанимираат. Според информациите од СВР Кичево, случајот бил пријавен вчера, во 22.10 часот. Бебето било однесено на детското одделение во тешка здравствена состојба. Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето. Од страна на медицинските лица била констатирана ...

weather icon

Скопје

-8ᴼ / -8ᴼ
1.03
79%
1026
weather icon

Белград

-4ᴼ / -6ᴼ
1.03
68%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
75%
1020
weather icon

Софија

-8ᴼ / -8ᴼ
2.57
79%
1027
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
1.38
80%
1023
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -4ᴼ
1.03
92%
1022
weather icon

Атина

5ᴼ / 3ᴼ
3.58
48%
1022
weather icon

Тирана

-2ᴼ / -2ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
0.51
92%
1021
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
1.03
69%
1020
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
100%
1021
Currency

61.555

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Бакар

12.08

Сребро

2703.41

Иридиум

169549.30

Родиум

313469.78

Калај

44.71

Платина

75300.49

Злато

147759.41

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Паладиум

59575.33