Претседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ја започнува процедурата за назначување на службена влада. Првата средба на Јотова ќе се одржи утре со претседателката на Парламентот, Раја Назарјан, информираат од прес-службата на шефицата на државата. Од потпишувањето на указот за назначување на привремената влада директно зависи и датумот на претстојните предвремени парламентарни избори. Се очекува Јотова да оствари разговори со сите ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража, соопшти вечерва АМСМ. Оттаму дополнуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но, како што велат, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Британскиот премиер Кир Стармер утре ќе отпатува во Кина, на првата премиерска посета на земјата по осум години, потврди неговата канцеларија. Стармер, исто така, ќе отпатува за Јапонија оваа недела, соопшти неговата канцеларија на Даунинг стрит. Посетата означува значаен момент во обидот на лидерот на лабуристите да изгради мостови со Пекинг по замрзнувањето на кинеско-британските односи во последните години од претходната конзервативна ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе го испрати својот специјален претставник за контрола на имиграцијата, Том Хоман, во Минесота. Хоман ќе пристигне во државата во услови на тензии по вториот смртен случај во Минеаполис, откако американски државјанин беше застрелан од агенти за имиграција во текот на викендот. – Том е строг, но фер и ќе ми поднесува извештаи директно мене – напиша Трамп во објава на социјалните мрежи. ...

Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број даночни обврзници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски, соопштија од градот. Од Градот потсетуваат дека јавен повик за подмирување на заостанати долгови по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина беше објавен на 9 декември 2025 година. Според ...

На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, известува МИА. Кристијан Панов, невработен млад човек, кој ...

Министерството за внатрешни работи информира за сообраќајните прекршоци што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и за глобите за разни видови прекршоци: Пречекорување на брзината на движење во населено место(дозволена брзина до 50 km на час, по исклучок до 70 km на час со знак): до 10 km на час над дозволеното – 15 евра од 10 до 30 km на час над дозволеното – 50 евра од 30 до 50 km на час над дозволеното – 300 евра и забрана за ...

Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД – јавија денеска американските медиуми. Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува „Еј-би-си“. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во ...

Најмалку 16 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во силните снежни врнежи што ја парализираа Јапонија – соопштија локалните власти. Меѓу загинатите има маж штопаднал од покрив додека расчистувал снег, како и маж кому му се слошило додека со лопата чистел снег. Најголем број смртни случаи се регистрирани во префектурата Ниигата – 11, како и во префектурата Акита – четири. Уште еден смртен случај е пријавен во префектурата Јамагата. ...

Како дел од протестите на возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, напладне ќе бидат блокирани 15 гранични премини во Србија – Батровци, Шид, Нештин, Бачка Паланка, Богоево, Бездан, Бачки Брег, Келебија, Хоргош, Српска Црња, Ватин, Ѓердап, Градина и Прешево. Камионџиите ги блокираат граничните премини за товар кон земјите од Шенген зоната, поради ограничувањето на престојот во тие земји на 90 дена во период од шест ...

Новите правила за влез во Шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Одговорајќи на новинарско прашање по посетата на „Титан Усје“, ...

Ова предупредување доаѓа навреме и сметам дека февруари и март треба максимално да се искористат и земјите членки на шенген зоната да изнајдат решение – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој на граничниот премин Блаце им даде целосна поддршка на транспортерите кои заедно со нивните колеги од Западен Балкан почнаа седумдневни блокади барајќи решавање на електронската евиденција за престој во шенген ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека американските сили користеле тајно оружје во операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп одговарајќи на прашањето дали САД во Венецуела употребиле оружје со енергетски импулси, тој посочи дека бил користен „Дискомнобулатор“ за да се неутрализира венецуелската опрема. – „Дискомбобулатор“. Немам право да зборувам за тоа – посочи Трамп, ...

Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувнал во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а ...

Сведок кој кобната вечер бил гостин во дискотеката „Пулс” во Кочани, за првпат во судницата во Идризово објасни од лично искуство што се случувало во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот – настанало стампедо и се чувствувал мирис на чад, а на скалите пред излезот од притисокот еден пред него паднал, по што сите се струполиле, и следно што се сеќава е како лежел со приклештени нозе и бара помош, пренесе МИА. Сведокот Иван Данаилов, ...

Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – соопштија денеска од СВР Струмица. -На 25.01.2026 во 20.30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени ...

До денеска вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија. Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите. Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ. Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна ...

Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија – соопшти АМСМ. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато. Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот ...

Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и за вечерта на несреќата кога во пожарот загинал и брат му, Андреј Панов. Тој појасни дека не бил формално вработен, туку бил ангажиран директно од сопственикот Дејан Јованов-Деко, а парите секогаш ги добивал во кеш, како што пренесе МИА. – Бев плаќан во износ од 1.500 денари, ги добивавме на ...

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје – трајно го решаваме проблемот со паркирањето, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Денеска, посочува градоначалникот, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржавме координациски состанок со кој официјално го отпочнуваме процесот за изградба на две монтажни катни ...

Судијката Дијана Груевска-Илиевска пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, повика на ред и дисциплина во судницата порачувајќи дека „без ред, нема судење” и предупреди дека секое нарушување на јавниот ред ќе биде казнето и дека тоа се однесува за сите во постапката, како оштетени, така и обвинети и бранители, пренесе МИА. – Неколкупати досега се случува ...

„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена. Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите, ...

Интервју со професорот Игор Јанев по повод неговиот нов филозофски пристап и нови дијалектички принципи Метадијалектика (или метадијалектика(и)) претставува концепт на општата филозофија формулиран првенствено од професорот и научник Игор Јанев, кој открива нови дијалектички принципи покрај класичните формулирани во марксистичката и Хегеловата филозофија, проширувајќи ги оние со принципите на општата системска теорија (ГСТ). Токму за неговите ...

Сериозен пад на авторитетот на Макрон Меѓународниот авторитет на францускиот претседател Емануел Макрон доживува сериозен удар. По извештаите од италијанскиот весник „Ил темпо“, папата Лав XIV го одбил Макрон, блокирајќи ја секоја можност за аудиенција во Ватикан – и приватна, и државна. Овој потег доаѓа во време кога Макрон веќе се соочува со повлекување на поддршката од други светски лидери. Според италијанските медиуми, „доверливи извори ...

И косовските Албанци имаат проблем со името, идентитетот и вероисповедта Прашањето за името и идентитетот на Косово станува чувствителна, дури веќе длабоко предизвикувачка тема во косовското општество. Иако Косово денес функционира како „независна држава, признаена од голем дел од меѓународната заедница“, но не според Резолуцијата на ОН 1244, дискусиите за неговото именување и историските корени на мнозинското албанско население, внатре во ...

КОНЦЕРТ НА „ПАРУСИОН“ ВО МКЦ По 22 години континуирано присуство на домашната и регионалната сцена, ансамблот „Парусион“ повторно се враќа во Младинскиот културен центар (МКЦ) со концерт што го надминува поимот жанр. На 28 јануари МКЦ ќе биде простор за авторско фјужн-доживување, каде што музиката не се репродуцира, туку се создава во моментот – низ ритам, колектив и продукција во живо. Во актуелниот состав, „Парусион“ функционира како цврст, ...

„Рождество на Пресвета Богородица“, позната и како „Пресвета Богородица“, претставува православна пештерна црква што со својата мистична архитектура и положба со векови ја чува духовната меморија на преспанскиот крај. Изградено на живописниот остров Мал Град – мал каменест бисер што се издига од сино-зелените води на Преспанско Езеро – ова светилиште е повеќе од храм: тоа е симбол на тишината, возвишеноста и вечната врска меѓу човекот и ...

„Македоника литера“ деновиве објави нова книга за деца на Киро Донев – еколошкиот роман „Приказни од Пизуловата воденица“. Овој еколошки роман, пред сè, им е наменет на децата и младите, чија иднина зависи од нивниот однос кон природата, кон нејзиниот севкупен животински и растителен свет, ама и кон нивната животна околина. Приказната во него е и порака и апел, децата никогаш да не потклекнат пред предизвиците на модерната наука и техника ...

Во издание на „Илика“ излезе екофикцискиот роман „Министерство за иднина“ од етаблираниот писател на научна фантастика Ким Стенли Робинсон, во превод на Игор Раиден. Романот ја истражува можната иднина на светот и создава детална анатомија на надежта за преживување на човекот во идните децении и векови. Занимавајќи се со климатската криза и нејзините општествени и економски последици, отвора прашања за опустошувањето и зачувувањето на нашата ...

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ги соопшти добитниците на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, која традиционално се доделува во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, и на неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Наградата „Гоцева мисла“ е високо признание што им се доделува на личности што со својот творечки, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.62
70%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.53
78%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.66
72%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
77%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -2ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Сребро

2711.59

Бакар

11.73

Злато

166253.76

Кобалт

66.14