Министерството за правда на САД ќе покрене обвинение за убиство од прв степен против Авганистанецот осомничен за пукањето и убиството на припадник на Националната гарда, како и за ранување на друг припадник на гардата, изјави денеска обвинителката од Вашингтон, Џанин Пиро. Британските медиуми јавија дека таа вчера изјави дека осомничениот ќе биде обвинет по три точки за напад со намера за убиство, како и по три точки за поседување огнено ...

Една жена е убиена во напад со украински дрон во рускиот регион Белгород, соопштија денеска локалните власти. Петгодишно дете исто така е повредено кога била погодена приватна куќа во селото Драгунское, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм. Имало неколку пожари, додаде тој. Украина се брани од руска инвазија повеќе од три и пол години. Како дел од својата одбранбена борба, таа напаѓа цели во Русија. Бројот на жртви и штетата што ...

Ставот на Унгарија кон конфликтот меѓу Украина и Русија е јасен, и кога ќе се одржи Самитот за мир во Будимпешта, ќе направиме сè за да биде успешен, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со рускиот претседател Владимир Путин. – Како соседи на конфликтот, го гледаме неговото влијание секој ден, врз семејствата и врз нашата економија. Ставот на Унгарија е јасен. Сакаме мир и сме подготвени да бидеме домаќини на разговори ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка. Зеленски изјави дека не сака никој да поставува прашања за Украина и затоа денеска ќе бидат донесени некои внатрешни одлуки. – Кабинетот на претседателот на Украина ќе назначи ново лице за шеф на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка – рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина. ...

Еден од лидерите на ВРЕДИ и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска потврди дека поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали прв вицепремиер. Потенцира дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи. – Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е ...

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска во изјава за медиумите попладнево истакна дека сè уште не може целосно да се заклучи од што е пожалувањето на стомачни тегоби кај децата од ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, бидејќи се уште траат испитувањата. Но досега, како што потенцира, кај носот на една вработена најден е Стафулококус ауреус. Потенцира дека на три чешми се најдени бактерии од групата Ентеробактериаце ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатувал во Москва без европски мандат и одобрение од европските лидери. За време на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, Орбан рече дека Унгарија не подлегнала на надворешни притисоци и продолжува да развива соработка со Москва. – Го знаеме ставот на Виктор Орбан веќе неколку години. Ова не е негово прво патување во Москва… Но, ...

Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето – информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ). Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва ...

Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата „Хибридни и информациски закани“, во организација на Институтот за комуникациски студии. Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и ...

Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти на денешната прес-конференција. Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10.18 часот по локално време (02.18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за исчезнати. Властите соопштија дека 16 тела сè уште се наоѓаат во објектите, а 89 од пронајдените жртви ...

Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (Европол) соопшти дека во предбожиќната акција запленети се осум милиони лажни и штетни играчки од продавници и пазари во 26 држави. Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“. Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети за боење и кадифени играчки што би можеле да претставуваат ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри. Истражувањата за климатските изгледи за зима, како што велат од УХМР, се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции ...

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување сака да ја извести јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари). – Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има ...

Со сведочење на раководителка на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија, денеска во Основниот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Онкологија 2” во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор на ...

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата. Одговарајќи на прашање на новинарите, Мицкоски истакна дека регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. Дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини, одредува регулаторот откако ќе ...

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“. Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе работи на трајно запирање на имиграцијата од „земјите од третиот свет“. – Трајно ќе ја запрам имиграцијата од сите земји од третиот свет за да му дозволам на американскиот систем целосно да заздрави – објави Трамп на социјалните мрежи. Тој најави дека неговата администрација ќе ја запре федерална помош и субвенции за лицата кои не се државјани на САД. Трамп, исто така, ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска истакна дека по локалните избори заедно со европските партнери се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, со цел да се надмине спорот и да се одблокира евроинтегративниот процес на земјава. Муртезани ова го посочи на денешната прес-конференција во Скопје со министерката за европски прашања на Шведска Јесика Розенкранц, одговарајќи на новинарско ...

Имаме реални проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% следната година, а тоа е доказ дека државата се движи во правилна насока – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Во телевизиско гостување, таа посочува дека иако проекцијата за јавниот долг беше 62,1%, годината ќе ја завршиме под 61%, што, според неа, е јасен сигнал дека Владата работи внимателно, стабилно и одговорно. – Веќе работиме на подготување материјал, којшто ...

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го опслужиме целиот карго-превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето на Канал 5 телевизија во „Само Интервју“ вечерва истакна дека со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром. – Дваесет% раст имаме на туризмот од изборот на оваа Влада. Ние правиме многу во делот на привлекување на туристи, за само ...

Она на што во минатото се гледаше како на „суровинска база“ за технолошки развој, денес во Европската унија е во центарот не само на економските, туку и на стратешките безбедносни политики. Рударството и преработувачките капацитети станаа критично неопходни за постигнување на климатските цели, како и целите на дигиталната и енергетската транзиција на земјите членки. На десеттата конференција за критични минерали, Европската унија најави нов ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека почина Сара Бекстром, припадничка на Националаната гарда, која беше застрелана во близина на Белата куќа. -Сара Бекстром од Западна Вирџинија, еден од припадниците на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, прекрасна личност… Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас – истакна Трамп. Додека другиот припадник на Националната гарда е повреден, како и напаѓачот. Трамп посочи ...

Копретседавачите на Мешаниот парламентарен комитет (МПК) Европска Унија-Македонија, пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер, со своите воведни излагања на првата работна сесија го отворија 24-от состанок на МПК. Василевска, која е и копретседавачка со МПК, во своето воведно обраќање истакна дека како држава целосно сме посветени на спроведувањето на реформската агенда и на планот за раст на Европската Унија. Во таа ...

Сведоштва за преселбите на македонските печалбари како градители, врвни мајстори и градежни работници, со посебен осврт кон дебарските градители со документирани историски сведоштва и извори, преку извадоци од книгата „Дебар и Дебарско низ историјата“ од Ѓорѓи Илиевски… Мајсторите (sидари) од дебарскиот крај, како печалбари, освен во Солун, оделе во Србија, Романија и во други држави. По ослободувањето на Бугарија, тие почнале помасовно да ...

По иницијатива на Симона Трповска од Охрид, која ги држи македонскиот и балканскиот рекорд за жени, денес во посета на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид беше светскиот рекордер во длабинско нуркање Ахмед Габр од Египет. Ахмед Габр е 42-годишен поранешен офицер во египетската армија. Својата кариера ја продолжува во американската армија каде што го завршува курсот за борбени нуркачи и станува единствен сертифициран американски борбен нуркач ...

Европската унија, руските замрзнати пари и празниот буџет на Киев: Европските земји итно работат на резервен план за да спречат Украина да остане без пари на почетокот на следната година, во случај на отсуство на договор за присвојување на замрзнатите средства на Русија за финансирање на воените напори на Киев, објавуваат светските медиуми. На самитот пред еден месец, лидерите на Европската Унија се надеваа дека ќе се согласат за предлогот за ...

Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ќе ја изведе претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Утре ќе се случи претпремиерата, а задутре премиерата (29 ноември) на претставата. Тоа беше поводот и за денешната прес-конференција, на која директорката на ЦК „Марко Цепенков“, Марија Попова Јованоска, рече дека ова е втора премиера годинава, но воедно претстава што носи силна симболика. – Создадовме сосема нова сцена, во ...

Во организација на НУ „Охридско лето“ утре, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. „Концертот насловен како „Timeless“ ќе донесе безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија, ...

За изградбата на брзата пруга на Коридорот 10 ќе одиме со единствено решение што ќе опфаќа проектирање и градба во исто време, така што целокупната одговорност ќе биде на оној што ќе биде избран за изведувач и државата нема да има ризик од одлагање на роковите и од непотребни додадени трошоци, изјави потпретседателот на Владата и министер за транспорт Алексаднар Николоски. Одговарајќи на прашање од пратеникот Благој Бочварски од СДСМ кои се ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
59%
1026
weather icon

Белград

-5ᴼ / -5ᴼ
3.09
63%
1024
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
74%
1021
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
6.17
58%
1026
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
6.75
62%
1022
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -3ᴼ
1.34
84%
1022
weather icon

Атина

5ᴼ / 3ᴼ
8.23
53%
1020
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
51%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
44%
1026
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
3.13
81%
1020
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
1.34
61%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
6.17
70%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Калај

44.71

Паладиум

59575.33

Родиум

313469.78

Платина

75300.49

Кобалт

59.52

Бакар

12.08

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30

Рутениум

44946.74

Цинк

3.10

Злато

147759.41

Сребро

2703.41