Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Од клучно значење е да се обезбеди сигурно финансирање за Украина, согласно договорот од октомврискиот Самит на ЕУ за покривање на финансиските потреби на земјата за следните две години, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри за одбрана. – Министрите денеска инсистираа дека треба итно да се договориме за ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска упати силен апел за меѓурелигиски дијалог во Либан, пофалувајќи ја земјата како пример за соживот меѓу различни верски заедници. – Во земја погодена од војни и кризи, Либан покажува дека „христијаните, муслиманите, Друзи и многу други можат да живеат заедно и да градат држава обединета со почит и дијалог. Во време кога коегзистенцијата изгледа како далечен сон, народот на Либан, иако припадник на различни ...
Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција. Многу од подзаконските акти не се донесени. Државата има формална, но нема суштинска посветеност на проблемот, врзан за заштитата на жените. Ова е заклучокот од денешната јавна расправа посветена на „Имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното ...
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии, соопштија вечерва од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна, како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во ...
Во прилепската болница „Борка Талески“ за првпат успешно е изведена сложена хируршка интервенција на ‘рбетниот столб, конкретно на лумбалниот сегмент. Ова претставува прва операција на ‘рбет изведена надвор од Скопје и Охрид, што претставува значаен чекор за прилепскиот регион. – Операцијата беше изведена од д-р Игор Мерџановски, во координација со колегите од Клиниката за ТОАРЛИУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека неговите повеќечасовни разговори со францускиот претседател Емануел Макрон биле фокусирани на изнаоѓање начин за завршување на војната, нагласувајќи дека мирот во Украина мора да биде навистина траен. – Војната мора да заврши што е можно побрзо. Многу зависи од ангажманот на секој лидер. Денеска ќе разговараме и со други лидери – напиша Зеленски во објава на Икс. Зеленски денеска ...
Повеќе прехранбени продукти, како грчкото фета сирење, францускиот рокефор или италијанската пршута досега беа заштитени со нашата европска шема за географско потекло, но од сега ваква пракса ќе биде воведена и за занаетчиските и другите индустриски производи во ЕУ, соопшти портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет и истражување Тома Рение. – Помислете на италијанското стакло од Мурано, плочките од португалската Мадеира или ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за ...
До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е ...
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина. Информациите не можат да бидат независно потврдени. Во меѓувреме, три лица загинаа, а најмалку осум се ранети во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот Днепар, Владислав Гајваненко. – Операцијата за спасување е во тек, според прелиминарните податоци, има штета на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашата држава д-р Аким Али денеска потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026 – 2030 година. Како што информира Министерството за здравство, на настанот со онлајн вклучување се обратил и директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново ...
Деновите кога на унгарскиот премиер Виктор Орбан му беше потребна дозвола од Берлин за да преземе акција се одамна минато, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија и трговија, Петер Сијарто, додавајќи дека Унгарија води политика заснована на национални интереси „која вклучува контакти со Русија“. – Времињата кога Будимпешта мораше да бара дозвола од Берлин се зад нас. На премиерот на Унгарија не му е потребна ничија дозвола, ниту од ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе актуелни прашања поврзани со пензиите, нивната исплата и финансиската состојба на Фондот. На прашањето дали има проблем со исплатата на пензиите за ноември, директорот на Фондот Мемов рече дека пензионерите треба да бидат спокојни и дека во буџетот се обезбедени средства за исплата на пензиите. – Буџетот на Фондот за следната 2026 ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ...
Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од годинава изнесува 2,02 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во групата Елементарни занимања, објави денеска Државниот завод за статистика. Во третиот квартал годинава се регистрирани вкупно 10.033 работни места. Од нив, 2.393 се во преработувачката индустрија, 1.830 во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 867 во ...
Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по ...
Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на свеченото отворање на Волонтерската програма за 2025 година, што денеска се одржа во законодавниот дом. Програмата им овозможува на младите да се запознаат одблиску со работата на Собранието и да стекнат практично искуство во институцијата. Гаши истакна дека визијата од првиот ден на неговиот мандат е Собранието да биде достапно за граѓаните, ...
Градежна механизација при изведување на ископ оштети две доводни цевки на водоводот кој го снабдува Гостивар и околните населби. Од ЈП „Комуналец, претпријатието кое управува со водоводниот систем информираат дека станува збор за голем дефект и не можат да кажат кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Првично, станува оштетување на збор за едната главна цевка со дијаметар 500 мм и уште една помошна со 200 мм кои носат вода од изворот на ...
Берлинскиот процес придонесува за подобрување на соработката во рамки на земјите од Западен Балкан во постигнување на стандардите на Унијата и е одлична платформа за поддршка на интеграцијата во ЕУ и уникатен пристап за дијалог и соработка во рамките на самиот Западен Балкан, но тоа не е замена за членство во ЕУ. Нашата Реформска агенда и нашата оценка во постигнувањата на тие обврски е еден голем дел можеби и најкрупниот во оценката за ...
Локалните власти на Хонг Конг денеска соопштија дека истрагата за смртоносниот пожар во кој загина најмалку 151 лице, а десетици се водат како исчезнати, покажува дека мрежата што ги покривала скелињата на зградите во реновирање не била во согласност со противпожарните стандарди. Антикорупциската агенција уапси 11 лица, вклучително директори и инженерски консултант на градежната компанија. Пожарот, кој избувна во средата минатата недела, а ...
Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. На новинарско прашање Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен и оти за тоа сведочи метежот и побарувачката во ...
Пензионери од целата држава кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска се собраа денеска пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Од пред Уставниот суд, Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите со мали пензии” и дека за тоа треба некој да ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да ги објави резултатите од скенирањето со магнетна резонанца (МРИ) што го направил во октомври, нагласувајќи дека наодите се „совршени“ и дека когнитивниот тест поминал со одлични оценки. Претседателот на САД додаде дека „нема поим“ кој дел од неговото тело е скениран. -Тоа е само МРИ. Кој дел од телото? Не мозокот, направив когнитивен тест и го поминав со одличен успех – рече ...
Археолозите открија воена тврдина стара 3.500 години во северната пустина Синај, недалеку од медитеранскиот брег. Тврдината со површина од околу 8.000 квадратни метри содржи ѕид во цикцак-облик и остатоци од печка што укажува на секојдневниот живот на војниците, пишува „Лајв сајенс“. Археолозите проценуваат дека гарнизонот имал меѓу 400 и 700 војници. Откритието се поврзува со владеењето на фараонот Тутмес Први, кој го проширил египетското ...
Сузбивањето на неформалната економија бара волеви плански, синхронизирани и централизирано-координирани мерки на повеќе полиња Сивата економија е честа тема низ македонските медиуми, особено поради фактот што таа опфаќа солиден дел од бруто-домашниот производ, што е причина за помал прилив во државната каса. Ова секако води и кон други непосакувани ефекти, а тоа се намалените можности на државата да инвестира во сегментите што е должна да ги ...
Нови пакети за здравствено патничко осигурување Травел Смарт и Травел Смарт Плус (Travel Smart и Travel Smart Plus) се новите пакети за здравствено патничко осигурување, кои што Триглав Осигурување започнува да ги нуди на своите клиенти денес. Травел Смарт и Травел Смарт Плус се дизајнирани да понудат флексибилна, достапна и сигурна заштита за секој вид патување. Со новата понуда, клиентите добиваат можност сами да го креираат нивото на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е оптимист по разговорите меѓу претставниците на Украина и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина. Зборувајќи во авионот „Ер форс уан“, тој се осврна на Украина која има „мали проблеми“ и рече дека скандалот со корупција во земјата „не е од помош“, јави ДПА. Трамп не одговори на новинарско прашање дали тоа ќе ги попречи мировните преговори, но набргу ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава. Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел – подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за патниците. ...
Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности (ФУЕН), а поднесена од Македонско друштво „Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за македонски весник „Илинден” го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности, а посебно внимание да посветат и меѓународните ...
Опциите за Украина се: влез во НАТО или неутралност. Опцијата во која Украина би била принудена да склучи каков било пакт предводен од Русија (и со тоа да биде подредена на Русија) воопшто не постои, ниту пак некој се залага за тоа. Ако Западот се бори за потчинување на Украина на НАТО, тоа не значи дека Русија се бори за истото тоа, но со спротивен знак (подреденост на Русија), туку само за неутралност. Несфатливо е некој да се нарекува ...